Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АЛО…, ДАЛИ ЌЕ ГЛАСАТЕ ЗА ВМРО ДПМНЕ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote:АЛО…, ДАЛИ ЌЕ ГЛАСАТЕ ЗА ВМРО ДПМНЕ?


Предизборната кампања потврди неколку работи. Дека во Македонија овие избори се разбрани како избори за „слобода или смрт“, дека сѐ уште не се создадени услови за фер и слободни избори, дека резултатот ќе биде неизвесен, не во смисла кој ќе победи, туку кој ќе формира влада... Но, најважната работа што само се потврдува на овие избори е таа, дека Македонија, во суштина, нема избор!


Многу порано од официјалниот почеток на изборната кампања, поточно уште многу пред да се знаеше дека ќе има предвремени избори, за оној што внимателно ги проследува настаните беше јасно дека ќе биде жешко, гнасно и валкано.

Двете банди кои наизменично управуваат со Македонија веќе 20 години, а кои се генерички производ на комунистичката банда што е на власт од 1945. год., се закрвија по прашањето дали е време да се смени владетелот на престолот на „Илинденска бб“. Причината е едноставна. Огромниот тек на нелегалните пари што се во оптек, било од корупција, било од криминал, како и поради карактерите и политичките кариери на еден „мртовец“ од типот на Бранко Црвенковски и на еден класичен „фејкер“ каков што е Никола Груевски.

Ние тука на овој форум, одамна напишавме дека за БЦ ова е прашање на живот или смрт, поради тоа што уште еден пораз ќе значи негово исфрлање од неговата партија на клоци. Тоа го образложивме со простата математика, дека два мандата надвор од власта значи растурање на партијата по вертикала и хоризонтала, поради заминувањето на сите партиски активисти кои очекуваат да добијат нешто од победата. Мала утеха ќе бидат пратеници во опозициски редови, оти тоа е сал 0,1 отсто од партиските активисти кои чекаат позиции или барем вработување.

Но, за лидерот на левата банда има уште една голема причина за тревога. Секнувањето на славините од кои се финансира и тој и партијата. Имено, ставањето под хипотека на имотот на „Бихаќка бб“ (зградата на штабот на СДСМ, со сѐ дворното место и ресторанот, за да се земе кредит од неговото другарче Хари од Комерцијална банка, наменети за изборнава кампања), покажува дека БЦ и СДСМ имаат проблем со ликвидноста, односно со кешарица за намирување на тековните потреби. Иако, предизборните спотови на А1 ТВ не ги чинат ништо, зашто беше направен еден фин трик со продажбата на телевизиското време на заинтересираните субјекти за овие избори, СДСМ сепак треба да плаќа за рекламите на другите медиуми, кои речиси сите се под контрола на лидерот на десната банда Никола Груевски.

Од друга страна, шефот на десната банда со своето авторитарно, да не речеме диктаторско држење на конците, пред сѐ преку неговиот братучед кој управува со тајната полиција (и со многу други работи), забразди многу длабоко во „реформите“, врза многу пари во разни сегменти, одработи многу „тендери“ и тендери, а нема време сето тоа да се покрие.

Оттаму и нему му е јасно дека евентуален изборен пораз би значел голем ризик од одмазда, дури и по неговата глава, оти со покренувањето обвинение за Бучко, падна непишаното правило што владееше до тогаш, дека главните не се чепкаат меѓу себе дури и со промената на власта.

Значи не само за него, туку и за најблискиот соработнички круг, со исклучок на браќата Мијалкови (оти тие се заштитени подобро од белите мечки), евентуалното губење на избори ќе значи голем ризик за завршување на „најубавиот период во животот“ и реален ризик од соочување со кривични пријави, обвинителни писанија, притвори и затвори.

Затоа велиме и сме напишале тука оддамна, дека претстојните избори и двете банди ги сфаќаат како прашање на живот и смрт. Или што би рекол многу прецизно брат Љубе, „слобода или смрт“. А ако така се пристапува кон една нормална процедура во демократијата наречена избори, тогаш е јасно дека кампањата што се води за истите ќе биде валкана и гнасна, безмалку безмилосна.

ОБСЕ со предупредување

Впрочем тоа се покажа и се најави уште со случајот „Пајажина“ и медиумите на Велија, кои станаа едно од главните обележја на овие избори. Ние сме пишувале многу за случајов, но тука ќе потенцираме една кристално јасна слика, еден недвосмислен факт. Случајот „Пајажина“ покажа и ќе покаже многу нешта. И досега и во иднина. Но, највредното од овој случај ќе биде рентгенската слика што се создаде во врска со македонските медиуми, македонскиот медиумски простор и со состојбите во новинарството.

После „Пајажина“ ништо веќе нема да биде исто во македонското новинарство. Тој случај на јасно светло на денот ја исфрли сета беда и празнотија на содржините што ги продуцира новинарството во Македонија, а во истовреме и моќта што ја има и околу која отсекогаш се тепала која било власт, а не само оваа актуелнава во Македонија.

Затоа, случајот „Пајажина“, освен што во иднина ќе се најде во зборниците на правните факултети, во судските и обвинителските анали, треба да се најде и во учебниците за историја на новинарството во Македонија. Случај кој ќе биде точка пресвртница, после која работите во медиумската сфера ќе се изместат на подобро, иако тоа ќе оди многу постапно и бавно. Патем, дното на македонското новинарство не е допрено. Доправа ќе дојде.

Но, да се вратиме на кампањата. Пред некој ден набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија излезе со предупредување, чие тежиште се однесуваше на заплашувањата во јавната администрација, случај што, иронично, го „открија“, поточно го сработија, токму новинари од А1 ТВ.

Иако правдањето беше во стилот дека тие лажат или дека откриле „топла вода“, оти и двете банди правеле така и досега, факт е дека за прв пат во јавноста се презентирани и докази за тоа. Само ако овој случај го земеме предвид, факт е исто така, дека не можеме да зборуваме за фер и слободни избори. Но, има уште еден момент за кој медиумите малку пишуваат, односно само онака, попатно го споменуваат.

Имено, за прв пат од осамостојувањето на Македонија и за прв пат од почетоците на која било изборна кампања, една од бандите агресивно се однесува кон граѓаните и нивното загарантирано право за слободно гласање по сопствено убедување. Кога велиме за прв пат, мислиме на цела територија на Македонија и на сите избирачи, а не на одделни случаи со притисоци врз администрацијата или со локални заплашувања во некои рурални средини, какви што сме имале и до сега.

Десната банда си дозволи нешто што не е дозволено ни на сон. Се јавува по домови на луѓето (до пред една недела одеше и од врата на врата, но по случајот со заплашувањето на администрацијата престанаа) и ги прашува дали ќе го дадат својот глас за нив. Тоа, отприлика оди вака:


- Добар ден, ние сме од штабот на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров. Дали сте вие тој и тој?
- Да јас сум тој и тој.
- Ве молиме да ни кажете дали на изборите ќе го дадете вашиот глас за нашата партија?

Вашиот Владимир е лично сведок на три вакви јавувања во рок од два-три дена на различна категорија граѓани. Од вработени во државни служби, до човек што има мал приватен бизнис, па до пензионер.

На налогодавачот на оваа операција, па дури и на поставувачитет на прашањето, кристално им е јасно дека оваа „анкета“ не вреди ни пет пари, зашто секој може едно да каже, а инаку да направи на гласачото место. Но, тоа важи само за граѓаните кои имаат интегритет.

За секој друг, а такви се многу, целта на анкетирањето е постигната со самото јавување.

Станува збор за суптилен притисок со методи на полициска држава каква што е Македонија од 1945. год. до денес. Станува збор за упатување отворена порака, дека јавувачот знае сѐ за граѓанинот, тел. број, име и презиме, адреса, матичен број... па дури и тоа како ќе гласа. Нелагодата кај граѓанинот по ваквото јавување е видлива. Сомнежот дека утре ќе му се случи нешто непријатно ако гласа за некој друг, исто така.

Но, најважно од сѐ, е тоа што јавувачот го крши основниот постулат на изборите во една демократија. Тоа е дека гласањето е ТАЈНО! Никој нема право да знае како ќе гласате или како сте гласале. Тоа е основниот принцип на фер избори и не бадијала е така во сите демократии.

Овие, јавувачиве, бидејќи мислат дека партијата, т.е. бандата е над државата, го послушале умниот совет на лидерот на бандата (кој пак, мисли дека е и над партијата и над државата) и пристапиле кон спроведување на ваква масовна операција на заплашување, која наивно ни ја претставуваат како партиска анкета. Засега јавувањето е на фиксните телефонски броеви, веројатно за да чини целата операција поефтино.

ОБСЕ, т.е набљудувачката мисија ги нотира ваквите случувања и редица други. Ние можеме да мислиме што сакаме за една стара и изветвена организација како ОБСЕ, на која ѝ минал векот на траење, но факт е дека извештајот на ОБСЕ за изборите утре ќе биде главен аргумент при секое разгледување на која било апликација на Македонија, за било што. Од ЕУ или НАТО, преку барање пари кај светски фондови или банки до привлекување странски инвестиции. Така што секој што си игра и ги сфаќа несериозно странците и нивната улога во изборниот процес си игра со оган.

Впрочем, не само ОБСЕ, туку и ЕУ и САД и НАТО заедно, уште пред почетокот на кампањата испратија предупредување до сите „одговорни политички чинители“, од кои побараа да нема заплашување и насилство во изборниот процес.

Кршењето на изборните штабови на левата банда и нејзините сателити уште пред почетокот на кампањата, кинењето билборди и плакати, шарањето и прешарувањето на графитите, се фолклор кој не е вреден за спомен и нешто видено многу оддамна, така што за нас тоа не е суштински показател за фер или нефер избори. Но, секако дека е камче кое утре ќе го пополни мозаикот во извештаите на странците.

Фрустрирани лидери на банди со празни ветувања

Како и да е, досегашниот тек од изборната кампања, отвореното и нескриено навивачко известување на медиумите од текот на кампањата, валканиците што се вадат за приватните животи на конкурентите и редица други елементи, укажуваат на големи шанси овие избори да се претворат во уште еден дебакл на македонската демократија во повој.

Тоа е така зашто со двете банди управуваат незрели и фрустрирани луѓе кои своите фрустрации ги влечат од детството. И двајцата се оперирани од демократија и немаат поим што таа значи и како суштински се остварува.

Станува збор за лидери на банди кои се заслепени од самозаљубеноста, убедени се во цврстата рака како најефикасен метод на држење на власта, нивната незаменливост, и не се свесни кога ја минуваат црвената линија што води од општество на слободни граѓани во диктатура. Има разлики меѓу нив секако, но суштинска нема.

Едниот како што рековме е политички мртовец, кому како што разбравме, „меѓународната“ му сугерурала воопшто да не се појавува на никаква листа на избори, па дури и ако станува збор за избори во месна заедница.

Другиот пак, е Потемкинов ученик, кој не е во сосотојба да проголта каков било пораз. И двајцата немаат што да понудат. БЦ ни ја нуди Радмила, и ефтини ветувања за укинување на забраната за пушење по кафеаните, а овој другиов ја форсира преродбата со асфалтирање улици и улички, не само во Скопје, туку ширум Македонија, во „пет до дванаесет“.

Наместо инфраструктура витална за економијата на граѓаните, тие на овие избори добија преповторени ветувања. Ако победиме ќе направиме автопат. Ако победиме ќе изградиме пруга до Бугарија. Ако победиме ова, ако победиме она... Едниот, БЦ, ветувал напразно, лажел и крадел и затоа сега е во позиција каква што е. Другиот ветувал и лажел, нешто и купувал и градел, но исто така крадел. Нема тендер што не е набилдан и што не е наместен. Сѐ што досега за овие неколку години во Македонија е купено или изградено, е направено со многу поскапи цени од реалните, а крајната сметка како колатерална жртва ја плаќаме сите ние што го алиментираме буџетот преку даноци. Ова особено е изразено во „реформите“ во здравството и образованието, како и во проектот „Скопје 2014“.

За едно од суштинските прашања, очигледно е постигнат косензус, па не го ни споменуваат или многу ретко. Тоа е прашањето за името. Јасно е, појасно да не може да биде, дека кој и да победи или поточно речено кој и да формира влада, ќе се согласи на менување на името.

Тоа им е јасно и имаат консензус околу тоа прашање, зашто едноставно се условени од големите играчи на Запад тоа прашање да го решат по изборите. Впрочем и тоа сме го напишале отпорано, со приближно точен датум: Кога ќе биде објавена пресудата од меѓународниот суд во Хаг, ќе се пристапи кон операцијата менување име.

Кога се ќе се собере и одземе, јасно е дека Македонија ниту на овие избори нема реален избор!

Како и што можеше да се изанализира и претходно, на крај ќе се сведе на тоа кој ќе ја состави владата. Десната банда несомнено ќе има најголем број пратеници, но прашање е колкав ќе биде тој број. Ако биде „падни-стани“ ситуација, по 5-ти јуни ќе бидеме сведоци на многу тензични ситуации, во кои уцените, поткупувањата со милиони евра и политичките отстапки ќе бидат тажно секојдневие. Клучна улога ќе имаат, не помалите политички партии во македонскито блок, туку албанските партии и нивните пратеници. Но, едно е сигурно. Македонија по овие избори нема да има влада со стабилно мнозинство во парламентот, што пак од друга страна гледано, секогаш е подобро за перпсективите на една демократија.


Quote:Тони Вучевски

групација,дај никако твојата желба да ја слушнеме...за кого би го дал ти твојот глаас


Quote:Групација Дисиденти

За никој. !!!!! Целата партиска понуда во Македонија се аргати на УДБа .


Quote:Тони Вучевски

лоповот вели дрште лопова или? нема врска.............


Quote:Тони Вучевски

парадоксот....

Quote:Групација Дисиденти

‎"Двете банди кои наизменично управуваат со Македонија веќе 20 години, а кои се генерички производ на комунистичката банда што е на власт од 1945. год., се закрвија по прашањето дали е време да се смени владетелот на престолот на „Илинденск...Види повеќе


Quote:Тони Вучевски

извини ме (екс кјуз мии)ја прв праша кумановец...


Quote:Riste Dimov

na ovie izbori ke glasame za OBEDINETI ZA MAKEDONIJA.


Quote:Групација Дисиденти

Тони на прашањето ти дадовме одговор. Ред е да одговориш сега ти!


Quote:Бошко Шкариќ

Боље аргат на УДБА отколку роб на ТАТАРИТЕ... ДА ЖИВЕ СОЈУЗОТ НА КОМУНИСТИ НА МАКЕДОНИЈА!!!


Quote:Тони Вучевски

те ти беља....издадесва те


Quote:Тони Вучевски

пријателите твои те издадоа дисиденту...


Quote:Arsov Tale

кој и да победи.... нема спас од тиранијата!


Quote:Тони Вучевски

тале и ти си ...дисидент ?


Quote:Тони Вучевски

зарем удба стана групација?
22-05-2011, 11:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Групација Дисиденти

Очекувам Тони првин да одговориш на прашањето за кого ке гласаш па потоа да продолжиш со онаа што ти е домашна задача ..


Quote:Тони Вучевски

ke razmislam ,i onaka ima vreme do 05 jun


Quote:Бошко Шкариќ

Управа државне безбедности УДБА..... сега ново име модернизирана надградена усовршена УБК- Управата за безбедност и контраразузнавање ......


Quote:Тони Вучевски

Браво Шкариќу објасни нам то брате како иде,знаш ви срби сте паметан нарот,увек сте нама говорили шта да радимо..............


Quote:Jordan Petrovski

Nema udbe - nema Srbije

14. maj 2011

Mozete se slikati.. mozete svirati najomiljeniji instrument Save jeremica.. mozete umišljati sebi kako smo neko i nešto, možemo pljuvati sve oko sebe a najviše tzv. komunjare ili ti onaj sistem.

Da mi oprosti kulturniji sloj diskutanata na ovom forumu,
mozete / MOžEMO se hebati, ALI Ništa NEMA BEZ UDBE I TO BAS ONE NA KOJU Najviše PLJUJEMO.

Svakako da su i oni imali propuste, ali SRBIJA JE U ONO DOBA BILA JAčA (U SVAKOM POGLEDU) NEGO DANAS SVE OVE BANANA DržavE IZ BIVSE SFRJ ZAJEDNO.

Ocu Udbu nazad i to bas onakvu kao nekada - „Savu i Ibru.”
22-05-2011, 11:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3


Quote:Бошко Шкариќ

па види ми смо тачно паметан народ, ми се увек декларирамо исто нисмо, као НЕКИ час су словени, час су антички,час су татари,час македонци словенски, час антички, час бугари ,па сад нај новије и хунзи ...... Јордане само једно НЕМА МАКЕДОНИЈЕ БЕЗ СРБИЈЕ.....


Quote:Тони Вучевски

Јордане.....???????и ти ?


Quote:Тони Вучевски

Шкариќу Шкариќу...нико те није питао за мислење,....Не чепкај во идентитети


Quote:Jordan Petrovski

Тони, УДБа НИКОГАШ не може да влезе во ГРУПАЦИЈАТА. А кога ГРУПАЦИЈАТА КЕ ВЛЕЗЕ ВО УДБа ТОГАШ Македонија ке СТАНЕ ДРЖАВА НА МАКЕДОНЦИТЕ.


Quote:Тони Вучевски

поздрави ги овие твои пријатели..................................


Quote:Arsov Tale

UDBA je nasa SUDBA Icon_razz


Quote:Бошко Шкариќ

за време на таа УДБА што вие толку крвнички ја мразите се случија овие работи за прв пат МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

за прв пат МАКЕДОНСКИ НАРОД

за прв пат МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

за прв пат МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

за прв пат МАКЕДОНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

...........и многу друго за прв пат МАКЕДОНСКО....... таа удба беше и е заштита на народот во служба на народот од народот таа служба е народна, го штити народот од страни влијаниа, од внатрешни и надворешни непријатели го штити народот а со тоа и државата... и сега вие ако не работите против народот и државата ако не сте под некое надворешно страно влијание нема зошто да се плачите од УДБА и да ја говорите постојано, но има нешто штом стално ја говорите и не ја вадите од уста....
22-05-2011, 11:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


Quote:Jordan Petrovski

Заради УДБа и УДБИНИТЕ македонски аргати, НЕМА САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА и 20 години по распадат на Југославија, Шкариќу !!!!


Quote:Тони Вучевски

шкариќууууу!!!!!!од кај се појави оваа милост беспрекорна????ние не патиме од амнезии,ниту нашите дедовци.........................................................


Quote:Бошко Шкариќ

Не не господине Јордане, баш заради таа УДБА има МАКЕДОНСКА ДРЖАВА...... да не беше таа удба ти денеска немаше да бидеш македонец ке беше или некој велико бугарин, или некој велико србин или некој грк или што ти јас знам таа удба ја створи македонската држава за прв пат ја призна официјално ја створи со свои правни граници таа удба го призна македонскиот народ за прв пат и го направи рамноправен со сите други европски и светски народи


Quote:Jordan Petrovski

Да Шкариќу, УДБа ја "ШТИТЕШЕ" Македонија од Македонци. Затвораше, убиваше и прогонуваше и прогонува МАКЕДОНЦИ.


Quote:Бошко Шкариќ

се гледа се гледа дека и вие и вашите дедовци сте имале работа со удба па немате амнезија ја памтите, а некој кој имал работа со удба се знае каков е и што е внатрешен непријател стран човек ангент со туѓа пропаганда затоа не ја вадите од уста затоа толку се плашите од удба ако сте нормални луге што ја сакаат својата дршава народ и нација нема да имате проблеми со неа и ке немавте а сите други странски агенти платеници внатрешни непријатели и да имаат амнезија ке ја запамтат удба..
22-05-2011, 11:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5


Quote:Бошко Шкариќ

се гледа се гледа дека и вие и вашите дедовци сте имале работа со удба па немате амнезија ја памтите, а некој кој имал работа со удба се знае каков е и што е внатрешен непријател стран човек ангент со туѓа пропаганда затоа не ја вадите од уста затоа толку се плашите од удба ако сте нормални луге што ја сакаат својата дршава народ и нација нема да имате проблеми со неа и ке немавте а сите други странски агенти платеници внатрешни непријатели и да имаат амнезија ке ја запамтат удба....



Quote:Бошко Шкариќ

реков ги прогонува и ке ги прогонува сите внатрешни и надворешни непријатели на државата...


Quote:Тони Вучевски

си имаме ние свои институции ,и сме имале,можеби биле илегални но функционирале,на спроти буг-србо-грецки пуканки....


Quote:Бошко Шкариќ

а тие свои, односно наши институции кој ги створи, кој ги направи, дај ти се молам не предавај приказни за мали деца.....


Quote:Тони Вучевски

вашата 50 годишна детска приказна заврши шкариќу


Quote:Jordan Petrovski

Види Тони што е најчудно: а га виду некога закитен сас лавчиња, сас шеснаскраки сл'нциња и расправља како да бија на Крсту Коњушкога аѓутант сас едн реч, комита од прв завр'з“ а кад дојде да се збори за УДБу, тија "комите " гу бранив УДБу како да им е мајка.


Quote:Тони Вучевски

а кој е тј Јордане
22-05-2011, 11:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6


Quote:Бошко Шкариќ

нашата приказна тек започна у цвету младости је.... а да сега комитите и војводите се најдобри нај јаки соработници најбољи удбаши војводите се најбољи регрути на удба.....


Quote:Тони Вучевски

хахаха .............


Quote:Blazo Stojanoski

ех , тешко нам на сите нека ние , додека ние внатре се расправаме и караме , додека таа УДБ некои ја бранат , а ја бранат затоа што е испостава на Белград , Албанците и Муслиманството непречено галопираат кон целта, кога се враќам назад во времињата на распадот на Византија , како столб на Христијанството ,ме тера да се загрижам и за нас, кавгите меѓу Христијаните го искористија Муслиманите па го освоија Константинопол , па дали ке не снајде истата судбина од тоа време


Quote:Групација Дисиденти

Господине Шкариќу вие зборувате за Македонија според начертание по Гарешанин јас зборувам за САМОСТОЈНА, СУВЕРЕНА И ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА по идејата на МАКЕДОНЦИ оние кои го формираа ВМРО и оние кој го сочуваа и се борат за тој идеал и ден денеска.
УДБа ја ствараше Македонија по теркот на Гарешанин. Тоа што вие зборувате дека УДБа ни дала:

МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

за прв пат МАКЕДОНСКИ НАРОД

за прв пат МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

за прв пат МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

се виде по распадот на Југославија. Зошто води преговори Македонија со Грција ако ИМЕТО, ИДЕНТОИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ биле признаени. Тоа е лагата која ја продавате вие СРПСКИТЕ аргати дека Македонија и Македонците ИМАЛЕ се ама не кажувате дека Македонското ИМЕ, Македонската НАЦИЈА, Македонскиот ИДЕНТИТЕТ биле признаени само внатре во југославија. Таа Југославија-СРБОСЛАВИЈА не стори ништо за МАКЕДОНЦИТЕ за нивното признавање надвор од СРБОСЛАВИЈа.
22-05-2011, 11:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Групација Дисиденти

Ја Тони напиша јасно кој са тиа сас лавчиња и сл'нциња, по јасно здравље. Ви како муве сте, а видите некое тазе "г****" одма му се лепите. УДБа ве чита како цигански букавар. За овија избори ви даде да бирате јал "ДОСТОИНСТВО" јал "ДЕМОКРАТСКУ ДЕСНИЦУ" ИСТО "Г****" само различита "густоќа".

Ние од ГРУПАЦИЈАТА ке продолжиме понатака по нашиот пат. Се надеваме дека и од оваа УДБина представа за лажни нови дечки, кои нудат спас на Македонија барем 1% од заблудените ке се свестат и нема да наседнат на следните избори.


Quote:Тони Вучевски

јас се уште не сум решен


Quote:Jordan Petrovski

Тони, ти се се решија, стра те да кажеш. Едете некоја јанѕа. Дека има нешто исина у тој што зборимо за аргати на УДБу низ партие.
Па за тој ај удти и ти малко по ГРУПАЦИЈУ, прави ти бељу ГРУПАЦИЈУ, јутре неможеш да кажеш не си знаја. Ја сам најмалд од њим па убаво ве знам каквисте. Да те потсету колко се пењавесва Китиќи, Томевци и остали за Далаверци, мора и ти да си бија у тија т'гшњиа борци, комите од прв заварз.

Се извинувам што пиШувам на кумановски но во Македонскиот јазик нема вака јасни и пластични изрази и објанувања.


Quote:Тони Вучевски

јас ке гласам кога ке пораснам за ГРУПАЦИЈА ДИСИДЕНТИ
22-05-2011, 11:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8


Quote:Jordan Petrovski

Људи за кои Далавера е бија идол и у кога се к'лнале, нема шансу да гласав за партију коју ке го ПОДРЖИ ГРУПАЦИЈА.

За градење на карактерот на човекот се битни првите седум години од развојот. Ти си ги поминал тие години. Со постапките 98/99 година и со постапките сега, односно со бранењето на творбите на УДБа само ги потврдуваш моите уверувања дека НИКОГАШ нема да бидеш близок до онаа кон што тежнее ГРУПАЦИЈАТА- ВИСТИНСКА СУВЕРЕНА, САМОСТОЈНА И ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА.
пред околу еден час · Ми се допаѓа
Тони Вучевски СЕ КОЛНАМ ВО СОПСТВЕНИОТ КРСТ ДЕКА ПОСТАПКИТЕ МИ СЕ АДЕКВАТНИ ,И ДЕКА НИКОГАШ НЕМА СВЕСНО ДА ГО ЗГРЕШАМ ПАТОТ


Quote:Jordan Petrovski

Тони велиш:

"Тони Вучевски си имаме ние свои институции ,и сме имале" ....

Ниту сме имале ниту имаме.

ДОСИЕ на МАКЕДОНЦИ за МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИЗАМ, ВРХОВИЗАМ И ЕКСТРЕНИЗАМ СЕ ОТВОРАНИ ПО НАЛОГ НА БЕЛГРАД. Досиеата од 1918 година, значи од моментот на СРПСКАТА ОКУПАЦИЈАТА на Македонија па до 2006 се во Белград. Јас имам доказ за до 2006 и затоа ја земам таа година како крајна што незначи дека досиеата не се водат до денеска.

Оваа е непобитна вистнина. Која никој не ја демантира. Ниту Белград ниту некој од македонското МВР. Се работи за ОФИЦИЈАЛНА документ од ОФОЦИЈАЛНА УСТАНОВА на СРБИЈА.

Сите кои ја подржуваат Србија и ги оправдуваат прогоните на СРПСКИТЕ СЛУЖБИ на МАКЕДОНЦИ по основ на МАКЕДОНСКИ, НАЦИОНАЛИЗАМ, ВРХОВИЗАМ И ЕКСТРЕМИЗАМ СЕ СРПСКИ ИЗМЕЌАРИ.

пс. со Шкариќ нема зошто да дискутирам, позициите и неговите и оите се јасни, тој не глуми македонски патриот. Тој јавно се бори за СРПСКИ интереси и е за почит. Не се крие зад лавчиња и сонциња.
23-05-2011, 12:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9


Quote:Тони Вучевски

САКАШ ДА КАЖЕШ ,ЈАС СЕ КРИЈАМ ЗАД....ПА КАКВА ПСИХОЛОГИЈА ТИПИЧНО МАКЕДОНСКА..НЕ ЗАБОРАВАЈ ДЕКА ЗАВРШИ ПЕРИОДОТ КОГА СЕ КРИЕВМЕ ,ДЕНЕСКА ЈАВНО СЕ ДЕКЛАРИРАМЕ,ИЛИ САКАШ ТРИК ДИСКУСИЈА ДА НАМЕТНЕШ СОМНЕЖИТЕ ДА СИ ГИ СИМНЕШ?ПАМЕТНО......


Quote:Jordan Petrovski

Кои сомнежи. Беше ли во групата која му даде безрезерна подршка на Далавера, Филип, Ѓулистана.


Quote:Тони Вучевски

ЈАС?ЈАС СУМ БИЛ НИКОЈ И НИШТО ,ИСТО КАКО ШТО И ДЕНДЕНЕШЕН НЕ ВРЕДАМ НИ ПЕТ ПАРИЧКИ......


Quote:Jordan Petrovski

Тони, нема луѓе кои невредат ни пет парички. За некого вредиш. Еве ти доказ, се обидуваш да ја заштитиш УДБа. Да ја сокриеш на твој начин, вистината дека сите партии се дело на УДБа. Дали тоа го правиш од незанење, за пари или пак од љубов, незнам засега.
Но тоа дело за УДБа има вредност и ти за нив, пак ке повторам, свесно или несвесно си вреден човек.
23-05-2011, 12:02 AM
Reply