Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 4.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИМЕТO И ЕВОЛУЦИЈАТА НА МИРКА ОД ЈАДЕЊЕ КОРЕЊА ДО ПРЕКАР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Ги споив двеве теми: "ЕКСКЛУЗИВНО !!!!ПОЧНУВА КАМПАЊАТА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПРОМЕНЕТОТО ИМЕТО" и "МИРКА ПАРТИЗАНКА ИЛИ ОПЕРИСТКА" !!!???? Причина за спојување се: да направите увид како се подготвува терен за голема манипулација. Текстовите на Мирка се полни со "патриотизам" ..... нашите членови уште тогаш ја детектирале улогата на Мирка но сепак кој сака нека ги прочита. можеби ке извлече друг заклучок.

Како увод го ставив интервјуто на Мирка, тоа нека ви биде пред очи кога ке го читате секој миркин текст а посебно нејното интерју дадено на истото радио и истиот новинар.

(14-05-2011, 09:18 AM)poprushev Wrote: Ексклузивно !!!! ИНТЕРВЈУ НА МИРКА ВЕЛИНОВА ОД ВЧЕРА 13.05.2011 година

Почнаа мегафоните на Груевски да не убедуваат дека Република Македонија-СКОПЈЕ не промена на името.

Quote:Со Косово, Хаг и се заканува на Македонија

Која е пораката што Македонија може да ја прими од советодавното мислење на Меѓународниот суд во Хаг во врска со косовско-српскиот случај? Клучната е дека Судот, колку и да се труди некој да го прикаже како независно и авторитетно тело, апсолутно не е имун на политички влијанија и лобирања. Што значи дека нашата Времена спогодба со Грција, ако го гледаме целиот случај од страна убедени дека правдата е на наша страна, може да ја толкуваат и вака, ама и онака

[Image: nas%5B12%5D.jpg]

Декларативно прогласување независност не е спротивно на меѓународното право. Тоа што го стори Косово на 17 февруари 2008 година, се правело на идентичен начин во 18, 19 и во 20 век. Некои од тие прогласувања и сецесии биле успешни, а некои пропаднале. Па, Меѓународниот суд на правдата во Хаг не гледа никаква причина тоа да не се прави и во 21 век.

[Image: mapatayug.jpg]

За разлика од нашето поимање дека судските одлуки, особено оние на врвните арбитри, не се коментираат, во светот почнаа расправи, дебати полни со коментари. Некои се славенички и победоносни, но повеќето се загрижени и уплашени оти „победата“ на Приштина и на нејзините тренери во Вашингтон и Брисел со 1:0, значи тешка главоболка за многу држави со сложена етничка или религиска градба. Фактот дека врвната советодавна институција на ООН со значајно мнозинство оценува дека група луѓе, кои се прогласиле за „лидери на народот“ надвор од уставниот поредок може да донесат акт на сецесија, може да се толкува како објавен оглас за распродажба на постојните држави. Оттука до нов бран нестабилност, под услов да се најде доволно моќен спонзор за тоа, не треба многу.

Рамковна гаранција

Што е тука е. На 1 септември, Генералното собрание на ООН ќе отвори расправа по советодавното мислење на Судот. Секоја од државите-членки ќе донесе одлука што ќе биде преточена во резолуција. Тој документ дефинитивно ќе ги дизајнира и идните настани на Балканот. А Македонија е на Балканот и одамна е дефинирана како монета за поткусурување.

Во поглед на Косово и на неговата независност, таа донесе одлука за негово признавање. Се разбира, Македонија тоа не го стори од убедување или заради национален интерес, водејќи сметка за стандардите или нормите на меѓународното право. Не го стори ни зашто има тајни стратегиски цели кога било да го примени тој модел за да оствари свои државни или национални програми за сметка на соседните држави конституирани во 19 век, а проширени во раниот 20 век на нејзина сметка. Го стори тоа како грогирана полудржава, клиент на Вашингтон, под закана дека и самата ќе стане предмет на сецесија. Но ова оправдување, иако објективно, за официјален Белград беше акт на непријателство - забивање нож во грб, игнорирање на фактот дека Србија е меѓу оние држави соседи кои не го оспоруваат нејзиното државно име и идентитет. Овој факт има дотолку поголема тежина зашто Србија од друга страна негува исклучително блиски, безмалку братски врски со Грција. Деновиве, кога по налог на Борис Тадиќ, српски емисари ќе посетат над 50 држави во светот, Скопје нема да биде одминато.

Во согласност со нашата реална тежина, домашни услови и проблематична позиција, а во светлината на советодавното мислење на Судот, јасно е дека најмалку штетна во овој момент е позицијата на воздржаност. Но тука не завршува македонската голгота. Напротив, почнува. Оти уште во почетокот, Македонија, како и за другите клучни теми, зборува со два гласа. Едниот е оној на институциите, кој вели дека Македонија нема да коментира ништо во врска со советодавното мислење на Судот (најава за воздржаност на Генералното собрание!?), а другото е во медиумите, кои се преполни со славенички коментари на експерти-Албанци.

Јасно е дека и во овој случај, овде не се води сметка дека за некој месец Македонија може да се најде во позицијата на Србија, односно, да изгуби со 3:0 од Судот, а во ООН да мора да се бори за секое од 127-те признавања на нашето државно име.

Како што ни рамковниот договор не стана „гаранција за стабилност оти со него се исцрпуваат и најрадикалните барања на албанскиот политички камп“ (тврдење на Бранко Црвенковски), така и признавањето на Косово, на Македонија не и гарантира долгорочна стабилност. Косово и натаму е пргаво во однос на Македонија, што има посебна симболична тежина поради фактот дека такви потфати се прават со благослов на официјални претставници од САД.

Само ден по соопштувањето на мислењето на Судот, Али Ахмети му се закани на Груевски дека судските случаи од 2001 година можеле да ја дестабилизираат државата. А одамна е јасно дека ДУИ, ДПА и Нова демократија вршат внатрешен притисок за промена на името. Ваквите закани и уцени се пресликуваат во моделирањето и во водењето на политиката. Политичарите Албанци во Македонија имаат реална тежина на експлозив со далечинско управување, кој може да се активира кога ќе затреба. И во случајов, есенското заседание на Генералното собрание ќе биде искористено за такви вознемирувачки раздвижувања. Оти, според најавите на Вашингтон, администрацијата на демократот Барак Обама има намера набрзина да го затвори балканскиот пакет проблеми.

Демонтажа

Од друга страна, советодавното мислење на Судот во Хаг пред кој Македонија ќе застане како страна која побарала судска експертиза, во случајот на Косово упатува на размислување дека светот и формално влегува во фаза на демонтирање на општото меѓународно право и утврдените правила на игра утврдени по Втората светска војна. Тоа може да ја втурне планетата во неверојатна авантура. Ако државните граници, суверенитетот и интегритетот веќе не се гарантирани, тогаш паѓа во вода членот 2 од Повелбата на ООН. Ако оспорувањето на идентитетот на еден народ и неговото право на самопрепознавање преку себеименувањето добие легалитет преку советодавното мислење на Меѓународниот суд, тогаш паѓа и членот 1 од Повелбата. Во нашиот случај таа е урната претходно, кога на Македонија за приемот во ООН и беа поставени дополнителни услови, а никој, вклучително и оштетената Македонија, не му се обрати на Судот за советодавно мислење.

Кога судот на ООН вели дека не чувствува одговорност за политичките и правните последици кои неговото советодавно мислење ќе ги предизвика заради Косово, тогаш може да се заклучи дека расправата во ООН, каде што 190 земји-членки по вакви прашања се јавуваат и како „должници“ и како „доверители“ поради начините на кои се формирани како држави, а во најголем број случаи се клиенти на некоја од постојаните членки на Советот за безбедност со право на вето, ќе претставува вовед во светски хаос. А се знае, такви хаоси може да расчистат само најмоќните кои располагаат со пакети на индивидуални гласачки акции.

[Image: crv.jpg]

Судот, од кој и Македонија за некој месец ќе ја исчекува правдата, видовме дека е независен приближно како и македонскиот Уставен суд. Сите судии гласаат сообразно на политиките на државите од кои доаѓаат, односно на оние што ги поставуваат. Нивниот состав и сооднос во одредени предмети го определува Советот за безбедност. Влијанието на Македонија во светот е занемарливо. На Грција, поткрепена со ЕУ и САД, е илјада пати поголемо. Па, таков ќе биде и судскиот состав. Македонија се жали дека нејзината интеграција во регионалните сојузи и организации е попречена, односно дека е прекршена Времената спогодба од 1995 година, која во член 11 тоа и го гарантира. Судот може да го проблематизира карактерот на документот - „Интеримакорд“ и да оцени дека не е меѓународен договор.

За нас останува проблематично тоа што Времената спогодба еднаш има статус на обврзен меѓународен договор, а другпат, како на самитот на НАТО во Букурешт е прогласена за ништовна. Штом тој акт не го почитува ни медијаторот Нимиц, ни спонзорот САД, ни организациите НАТО и ЕУ, штом останал 15 години нератификуван и во грчкиот парламент, многу е веројатно да има карактер на помошна алатка. Соодветно, може да се изненадиме ако Судот утврди дека Времената спогодба и референцата БЈРМ се ирелевантни еднострани политички одлуки, а сите отстапки што сме ги правеле кога сме се откажувале од знамето, од македонското малцинство во соседните држави, кога сме прифатиле референца за комуникација, кога сме се откажале од АСНОМ, всушност биле наша доброволна одлука за етапно самоубиство.

Двојна игра

Се уверивме дека и начинот на кој е формулирано прашањето до Судот е многу важно. На Судот очигледно му служи за да формулира одговор во стилот на Питиите од Делфи. Сепак, фактот дека за прв пат по долги години судиите во Хаг избегаа од стилот на кој ги формулираат пророштвата, е сериозен индикатор дека по неколку месеци и Македонија ја чека тежок период на искушенија. Можно е да добиеме многу јасен и недвосмислен одговор дека Времената спогодба не е дел од меѓународното право.

За разлика од Србија, која педантно го изработи својот меѓународен план за лобирање во Обединетите нации и која си обезбеди силен поддржувач во Русија во Советот за безбедност, па може да ја бие својата правна и политичка битка во ООН, Македонија се истоштува во трчање крукчиња околу Брисел и не се одлепува од скутот на стратегискиот партнер САД, кој, пак, постојано демонстрира дека Македонија ја гледа исклучиво како подарена градежна парцела на која си подигнал регионален центар за длабинско набљудување.

Македонија досега не покажа интерес да си го заштити грбот со Кина и со Русија во Советот за безбедност, иако тие се државите кои од почеток ја признаа под нејзиното име. САД, од друга страна, иако нé призна под нашето име како мамка за неуспешен референдум дури во 2005 година, се најсилен поддржувач на Грција и нејзината позиција за ерга омнес.

Ова сериозно упатува на претпоставката дека дури и да се дојде до некаков компромис околу двојната формула, Вашингтон подзасилен и со советодавното мислење на Судот, може компромисот околу опсегот на употреба на името, доколку се постигне, сепак да го урне и по обиколен пат, да го протури ерга омнес преку објавен јавен повик до земјите во светот - сите 127 држави кои нé признале како Република Македонија, да го следат нејзиниот пример и да го прифатат новото алтернативно име како единствено. Приближно исто како првиот пат. Да се изигра или да се неутрализира референдумот, а Грција да победи со службен резултат. Советот за безбедност и без иницирана собраниска седница на ООН, во таков случај лесно ќе донесе формална резолуција дека Македонија конечно повеќе не е безбедносно или какво било друго прашање на светот. Зашто ќе престане да постои како таква.

Автор: Мирка Велиновска

Првин околу Косово, Мирка Велинова заборава дека Косово било АВТОНОМНА ПОКРАИНА во Југославија. Значи не било неделив дел од Србија.

Темата ја отворам од сосема други причини.
(This post was last modified: 24-07-2010, 03:11 PM by ЈорданПетровски.)
24-07-2010, 03:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Конечно Мирке си го покажа вистинското лице.
САД уште од времето Вудроу Вилсон стоеле зад Македонија и се залагале за нејзина самостојност. Македонските србокомунистички власти од 1945 па до денеска подадената рака од Американците секогаш ја отфрлаа.
Ке се задржам само на неколку примери во последните дваесет години.

1. Ангажирањето на Битов: Во текстот на новинарот Дејвид Биндер, објавен на 4 јули 1992 г.во жЊујорк Тајмсж,напишан по повод Лисабонската декларација, по која Македонија ја изгуби битката за името, се разоткриваат причините за тоа. Новинарот пишува дека жсе до неодамна, САД и најголемиот број на влади на Европската заедница ја прифатија Република Македонија не само како нова независна држава, туку исто така и со своето избрано име. Но она што се променило, според европските дипломати и официјалните лица на американската администрација, била перцепцијата дека претседателот Глигоров бил спремен да направи некаков компромис по прашањето за името.

2.ТУПУРКОВСКИ: Со Глиговор разговаравме и градевме стратегија. Со кого тој понатаму ја пласираше како председател на РМ беше негов избор. Во таа стратегија ние прво во март 1992 г. Издејствуваме писмо од председателот сениор Буш дека ќе ја признае РМ. Претходно, од 15-ти јануари, веќе го имавме позитивниот став на ЕУ преку Бандентеровата комисија која се однесуваше само на Словенија и на РМ . Значи тоа можевме да го ставиме во игра околу нашиот прием во ООН. Дури во јули 1992 г. На самиотот во Лисабон, ЕУ формулираше став како израз на единствена надворешна политика во полза на позициите на Грција.

3.Генералот Грилакис, во својата книга "Откривам" тврди дека уште во почетокот на 90-тите години во Вашингтон се ковале планови за уривање на комунизмот на Балканот, а еден од плановите предвидувал Македонија да биде американски протекторат. Грилакис е искусен разузнувач, обучуван во САД и во Израел, а делови од неговата книга вчера објави грчкиот социјалистички весник "То вима". Тој тврди дека грчкото раководство и "христијанските партии" во Македонија постигнале договор Република Македонија да се вика "Славомакедонија" и со тоа да се затвори прашањето за името. Но, САД го блокирале тој предлог бидејќи веќе имале поинакви планови за Македонија.

- Американскиот Стејт департмент уште тогаш сакаше од Македонија да направи свој протекторат, што сега и се случува. Мицотакис веќе постигна договор со Владата и со партиите во Скопје, но на договорот се спротивстави американскиот посредник за решавање на спорот Сајрус Венс - тврди генералот Грилакис.

Генералот понатаму тврди дека ЦИА финансиски и логистички го помогнала доаѓањето на Мицотакис на власт, а потоа во 1993 година го организирала и неговиот пад

4.Во војните во Словенија, Хрватска и Босна, Македонија целосно застана на страната на Србија.

5. Палењето на амбасадата
24-07-2010, 03:14 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

Ке излезе Мирка Велиновска оперска певица. Има стас...за глас не знамIcon_lolАма, текстот го кажува потаман.Нејзината некритична подршка на неопатриотите кажува се.Shok
26-07-2010, 10:35 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,435
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#4

Cе уште мислат дека не познавање на Англиски јазик не е потребен да бидеш судија?
Илити, сакаме да бидеме дел од европска унија но не сакаме да ги делиме правните вредности со нив, или просто не ги прифаќаме(остануваме верни на паланечките и комуњарски вредности(вредности на црвената аристократија)

Quote:Збогум на политичките циркусанти!

Да беше Македонија европска држава, само еден од шокантните примери ќе беше доволен за вклучување општествен и институционален аларм. Наместо тоа, Бичиклиски и Станковиќ, како Кики и Доди, во пауза помеѓу две циркуски точки, пред новинарите си разменуваат пригодни подароци. Само што на народот одамна овој циркуски пристап во политиката не му е забавен

Фил Вулас беше министер за имиграција во лабуристичката влада на Гордон Браун. Минатиот месец беше осуден од лондонскиот суд за лажење во изборната кампања на последните парламентарни избори во Велика Британија. Го тужеше неговиот ривал од Либералдемократската партија за нанесена штета на угледот, за влијание врз изборните резултати со помош на измама и заради предизвикување расни и етнички тензии. Зашто Вулас во изборната кампања говорел дека неговиот конкурент е поддржуван од исламските радикали што сакале негово менување оти бил многу тврд по прашањето на доселениците. По објавувањето на пресудата, партијата на Вулас целосно се огради од својот член така што го избриша од членство, а парламентот му го одзеде правото да биде народен претставник. Овој случај, за кој известуваа сите британски медиуми, е прв ваков во последните 90 години и значи повлекување јасна црвена линија, која ќе ја разграничи етичката од неморалната политика. Дебатата за слободата на говорот што се разви по повод овој случај, со таа пресуда доби тврда завршница - дефинирана морална рамка и нови вредносни репери. Оти, да се биде слободен во говорот и во изразот не значи „слободно“ да се лаже, да се биде неморален, несовесен и неодговорен за предизвиканите евентуални последици по индивидуа, група, партија, општество или држава.

Кога следниот пат нашите неталентирани курсисти во демократијата ќе кинисаат кон Вестминстер за да слушаат нов сет предавања, нека го проучат овој случај, нека ги соберат стенограмите од судската расправа, од парламентот, од лабуристичката партија и текстовите објавени во медиумите и нека им ги донесат на своите колеги во државните институции. Зашто Македонија мора еднаш да подвлече црвена линија на јавното поведение во политичкиот и јавниот живот. Конечно и ние треба да се збогуваме со нашите транзициски љубимци, дури и ако се од наша „банда“. Едноставно, мора да се заштитиме од морално запуштени егоцентрици, кои слободата ја поистоветуваат со хаос и со анархија. Промотори на неморалот во политиката и јавниот збор, каков што е на пример Фрчкоски, кој уште во 1996 година излезе со теза дека моралот е луксуз што му е дозволен само на простиот човек, но не и на елитата, мора еднаш да бидат реално вреднувани. Оти постојано ги изложуваат државата и нацијата на презир и потсмев и дома и надвор. За што е пример поведението на еден речиси бивш амбасадор како „Фуере“ (во наводници затоа што неговиот личен идентитет за мене е условен, исто како што тој го релативизира македонскиот идентитет), кој веќе и безобразно ја провоцира нацијата во чија држава службува со своите вулгарни пророштва за иднината на македонскиот јазик.

Да имаше одговорни политичари и доблесни професионалци во солидни институции во почетокот на македонската самобитност, Фрчкоски, кој како шеф на дипломатијата, на новинарско прашање зошто отишол во Австрија заедно со министерката за образование Емилија Симовска и министерот-портпарол Ѓунер Исмаил, одговори „да ми види дупе пут“ односно, за таму со народни пари „во добро друштво да прославеле роденден“, денес немаше да биде сеприсутен експерт, колумнист и одгледувач на новинарски печурки. А така почна, за потоа да ескалира со дипломатски скандал, кога игнорирајќи го државниот протокол, како министер за надворешни, не отиде на официјалната средба со шефот на државата Киро Глигоров кај домаќинот Жак Ширак. Одговорот можете само да го замислите: „Помеѓу Ширак и Париз, го избирам Париз“. Со народни пари, де! И, еве како завршува: Фрчкоски јавно ни се фали дека тој и неговите медиумско-активистички печурчиња го одработеле падот на Македонија на ранг-листата за слободата на говорот од триесет и некое на шеесет и некое место.

На денот на локалните избори Емилијан Станковиќ јавно изнесуваше лажни изборни резултати, прогласувајќи ја својата партија за победничка, без да води сметка дека може да предизвика општествен хаос и граѓански немири. Ни јавноста ни државата не реагираа. Бучковски на телевизија лажираше анкети, изостанаа политичка и институционална казна. Министер за внатрешни работи (Силјан Аврамовски) јавно призна дека додека работел во МВР бил и платен агент на тајна служба на странска држава (ЦИА), ама институциите не реагираа. Георгиевски како премиер тврдеше дека бил богат како средно богат бизнисмен и никој не протарашка за да го утврди бизнисот. Победничкиот СДСМ предизборно јавно ги обвинуваше Георгиевски и Џафери за фингирање војна за да си ја поделеле Македонија, ама институциите не реагираа и никој не одговараше или за дејства против државата или за лажна кампања. Хари Костов, како министер за внатрешни работи, а Црвенковски како премиер, дозволија во 2003 година да биде киднапиран странски државјанин (Калид ел Масри) за потребите на американските тајни служби, заради што денес на Македонија ќе и се суди (а ние освен со историски резил ќе плаќаме и оштета со народни пари), а ни институциите ни „активистот“ за човекови права со Соросова тапија не реагираат. Параполитичка група финансирана од шпекулантот Сорос и којзнае од кого сé не, перманентно води кампањи за омаловажување на Македонија и македонската нација како што е кампањата за промена на името, за антиквизација, за повлекување на првата македонска енциклопедија како дел од проектот за бришење на придавката „македонски-а“ и пак изостана активирањето на државната самозаштита. Игор Ивановски ја пласира аферата „Патриотска метла“, а институциите и јавноста тераат сеир како да се работи за зезање на две пубертетлиски банди. Ни остана уште круната на ова политичко бесчестие - скандалот „Надеж“.

Шеф на држава трошел буџетски пари за стратегија што нему лично како кандидат би му обезбедила победа на избори. По негово признание, тој кога би имал, би дал и повеќе државни пари за план како да ја собори оваа власт. И притоа, око не му трепнувало, зашто совеста му била чиста. А бидејќи тој веќе утврдил сопствена „чистоќа“, им препорачува на институциите да не се рчкаат со него, туку да го читаат законот како што тој им го толкува, оти ќе немал милост кон нив. И кога неморалот вака гордо се рашетува пред нас, сосема беше „нормално“ и партијата СДСМ да се закани преку соопштение дека кога ќе дојде на власт ќе ја забрани партијата ВМРО-ДПМНЕ. Со други зборови, по востанијата, имаме најава за „Обзнана“.

Да беше Македонија европска држава, само еден од овие шокантни примери ќе беше доволен за вклучување општествен и институционален аларм. Наместо тоа, Бичиклиски и Станковиќ, како Кики и Доди, во пауза помеѓу две циркуски точки, пред новинарите си разменуваат пригодни подароци. Само што на народот одамна овој циркуски пристап во политиката не му е забавен.

Автор: Мирка Велиновска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22137
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
19-11-2010, 02:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(10-12-2010, 09:25 PM)hristo Wrote: Mirka partizanka...defintivno prolupala. Eve, ja sega kaj kauboecot Milenko Nedelkovski kako si lafat. I dvajcata, nezavisni novinari, prosto zaboravija koj e na vlast zadnite 5 godini.Icon_lol

Завчера почнав да пишувам текст со наслов: "КАКО ДА ЈА ДОБИЕМЕ ВОЈНАТА ЗА ДЕМОКРАТИЈА, СЛОБОДА, МАКЕДОНИЈА , МАКЕДОНСКО", денеска откако ја проследив емисијата на Миленко Неделковски со неговата гостинка Мирка Велинова го избришав. Како некој да го беше симнал мојот текст и и го дал на Велинова.

Деловите за проблемот со новинарите, со уредниците, дописниците, понудата на исти луѓе во политилата, грешките на Груевски се тоа е беше во мојот текст. И тоа е вистина. Каде e разликата а со тоа и пораката на полициско политичкото подземје која ја бутка Мирка. ЕУ се распаѓа а кога се распаѓа не ни е битна. Средбата со Мугабе, не е проблем, корисна е. Сирија е многу важна земја и со такви треба да се "дружиме"....

За такви ободи сме свесни. Знаевме дека ке ги има. Ќе бидат далеку повлијателни, имаат многу помоќни медиуми. НО НАШЕ Е ДА СЕ БОРИМЕ:

Quote:Лагите на Мирка Велинова
среда, 03 ноември 2010

ПРИМАДОНАТА ПОВТОРНО НА ЦЕНТАРОТ НА СЦЕНАТА

Изминативе години Велинова од ловец на ВМРОвци доби нова улога: на ДПМНЕвец #1. На втор поглед, улогата е иста, бидејќи ДПМНЕ е најголемиот душман на ВМРО од 1995/6 па навака - а по се' изгледа дека од 1990 до 1995 година беше само стапица. Како и да е, по наредба на режисерите на "Опера" деновиве Мирка Велинова своите ставови ги доближува до нашите - на Групацијата на Ветерани Дисиденти. Тоа е само дел од Оперскиот метод, преку кој србокомуњарите ќе се обидат Мирка Партизанка да ја доближат до нас, тематски (а сигурно некако ќе се обиде и да направи "другарство" со нас) за потоа тие - србокомунистите - да ни ја превземат иницијативата и да ја закопаат во три метри под земја. Истиот тој метод се примени и во 1999 година при формирањето на партијата ВМРО, од која излегоа партиите на Борис Стојменов и Павле Трајанов, додека оние кои ја предложија идејата и ја поднесоа иницијативата исчезнаа како пареа
Извор
(This post was last modified: 11-12-2010, 04:44 AM by ЈорданПетровски.)
11-12-2010, 04:43 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#6

Мирка од Бранко-Титоистка денес стана патриот и збори за нашиот идентитет...Некако во РМ луѓево се склони да ја менуваат идеологијата. Тоа во превод значи дека не постои идеологија. Емисијата на Миленко со Мирка беше неподнослива, ретко ми се случува некоја политичка емисија да почнам да ја гледам и да прекинам од што е толку отупувачка. Тоа вчера беше класика пример на перење мозок на сеуште маѓепсаните дпмневци.
11-12-2010, 02:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(11-12-2010, 02:59 PM)Nikola Wrote: Мирка од Бранко-Титоистка денес стана патриот и збори за нашиот идентитет...Некако во РМ луѓево се склони да ја менуваат идеологијата. Тоа во превод значи дека не постои идеологија. Емисијата на Миленко со Мирка беше неподнослива, ретко ми се случува некоја политичка емисија да почнам да ја гледам и да прекинам од што е толку отупувачка. Тоа вчера беше класика пример на перење мозок на сеуште маѓепсаните дпмневци.

Мислам дека не се променила воопшто само речникот го прилагодила кон проекциите за иднината на Македонија на Грујо и Грујовите ДПМНЕ-ОВЦИ. Пораката и е од Титово време: трулиот капитализам -ЕУ пропаѓа ....мајката му е Мугабе, Сирија... НЕСВРСТАНИ, другарчињата на Тито...

Затоа Бранко неможе да го бутне Грујо, полициско политичкото подземје не му дава логистика, задоволно е од Грујовиот аргатл'к.
11-12-2010, 03:35 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#8

Еве, да ја честиме Мирка партизанка со една македонска комитска песна:

11-12-2010, 06:32 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#9

Аааа оваа ли си пукаше на конгресот на жени дпмне-вки со интонација на вмровката Косана Николиќ. Icon_razz
Баш е за Мирка и за нејзиниот стремеж за враќање кон Србославија.
11-12-2010, 07:13 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#10

Se budam od eden los son i se prasuvam sto ne cini vo toj moj son a toa e Komunistite i nivnite dzelati koi gi razapnuvaa i gi macea site koi sonuvaa za Slobodna i Nezavisna Makedonija,sega se kitat so nivnata zasluga i nivnite ideali.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 13-12-2010, 04:00 AM by basilius_2.)
13-12-2010, 04:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО МИРКА ВЕЛИНОВСКА ЗА РАДИО ИЛИНДЕН МЕЛБУРН

Напишано од Radio Ilinden

Петок, 17 Декември 2010 07:24

Radio Ilinden Melbourne – Exclusive interview with the most popular journalist, analyst in Macedonia, Mrs. Mirka Velinovska. Talked about current political situation in Macedonia, Macedonian Community in Australia , “name dispute” and ways to conquer the existing problems .

‘Единството на дијаспората е многу важно за нас овде. Таа сила од дијаспората ќе не огрее и нас овде. Таа битка треба побрзо да ја добиеме, делби не ни се потребни. Со делби,на ќар се само оние што не не сакаат.‘

Специјално и прво гостување на Г-ѓа Мирка Велиновска на брановите на 24-часовното Радио, Радио Илинден, Мелбурн. Интервју во кое главни теми се политичката ситуација во Р. Македонија, државна стратегија за одбрана на националните македонски интереси, дијаспората и нејзината улога во развојниот процес на Македонија како самостојна држава.

Нејзиното долгогодишно искуство како новинар, аналитичар и колумнист ги следи и на големо допринесува за разјаснување,на голем број настани, ситуации во Македонија кои се од огромен интерес за македонскиот народ. Македонската дијаспора во Австралија ја нарече ‘ Македонка -новинарка со челично срце‘.

Д.А – Г-ѓо Велиновска дали се слушаме?

М.Велиновска – Се слушаме како не. Добро вечер на вашите слушатели.

Д.А – Како ви се допаѓат зборовите Македонката – новинарка со челично срце?

М.Велиновска- Многу се јаки и нема потреба за такви јаки зборови. Јас не се сметам за посебно храбра ни за нешто специјално така да кажам интересна, едонставно јас сум новинар кој 20 години го следи спорот на Грција со Македонија сврзан со името и моите знаења така да речам условно или информации ги споделувам со македонскиот народ, тоа што ми е должност. Предупредувам на опасностите што ги носи овој спор, укажувам на комплексноста на тежината на тој спор, на далекусежноста од последиците што може да ги предизвика по нашиот народ и тоа е се.

Д.А – Како по обичај за секој наш гостин би сакал да ве запрашам ,која е вашата лична карта? Која е Мирка Велиновска , и од каде потекнува?

М.В - Јас сум родена во Скопје Република Македонија, моите родител и се од Егејска Македонија, така да кажам мојот живот е одбележан со нивната тешка младост, борба за национално признавање, знаете кога растев како дете кое никогаш не си го запознало своето семејство кое останало во Грција или било десеткувано убиено во тие погроми,имате посебно чувство за животот , за проблемите. Јас растев со тие приказни од животот на моето семејство кое остана на таа страна на границата и веројатно тоа го одбележа мојот живот. Затоа се јави мојот интерес за историја, проучување на историја, имам завршено историја, Ме интересираше и уште од раните години бев решена да се вклучам во општествениот живот. Со оглед на тоа дека политиката за мене е тешка и валкана професија која бара многу компромиси, бара многу стрпливост, многу специјални особености кои јас ги немав, и ете така решив јас да се занимавам со новинарство каде што можам многу послободно и самостојно да ги соопштувам работите, да критикувам без да мислам многу за последиците за нечија кариера или за мојата кариера, така да случајно го избрав својот позив, зошто алтернативата ми беше да се занимавам со историја. Во времто кога јас се обликував како човек живеевме во еднопартиски систем во кој секој дел од животот ви е контролиран од една политичка опција и дури и историјата беше обликувана на начин на кој одговораше на тој општествен систем. Па така тоа отпадна , остана само новинарството како можност каде што горе-долу поединецот е слободен да ги соопштува своите ставови па дури и да самостојно да ги сноси последиците за она што ќе го напише или ќе го каже. Тоа е накратко. Немам јас ништо посебно , немам посебна кариера или животен пат што го немаат илјадници луѓе во Република Македонија.

Д.А Ова интервју ќе го поделиме на три дела: Македонија, внатрешен и надворешен фактор, Дијаспората , како една многу важна тема за нас, и во третиот дел – прашања од слушателите.Дијаспората редовно и многу повеќе од било кој во Македонија ги следи настаните во Македонија. Дијаспората се знае што се случува во Македонија. Ако настаните се гледаат отстрана може многу лесно и подобро да се забележи и од каде потекнуваат сите настани, кој што прави и каде оди. Гледајќи и следејќи ги настаните во Македонија, Дијаспората многу заклучува дека СДСМ на чело со Бранко Црвенковски, е државен непријател број еден. Дали се сложувате и сакаме искрено и директно да го кажете вашето мислење во врска со ова?

Б.Ц делува како државен непријател на Македонија!

М.В – ‘Државен непријател‘ – вие од страна можете така да го кажете , ние ова го гледаме како борба во буквална смисла на зборот помеѓу остатоците на стариот систем, и старата школа политичка школа на мислење и она што се појавува како ново на политичката сцена во Македонија. За тоа да го разберат вашите слушатели, треба да знаат дека навистина е тешко да изборите промена во амбиент, во средина која 60 години, до 90-та година и плус овие дваесет години градела еден начин на размислување, еден систем, една матрица која го направи она што Македонија е денеска. Таа матрица, тие остатоци од тие сили, едноставно, пошто се внесени во системот во сите државни институции, во секоја пора на општеството, не го препуштаат тој простор. Не сакаат доброволно да го препуштат, не сакаат да се смени, не сакаат она што тие го освоиле некогаш не сакаат да го дозволат или препуштат во услови на плурализам , на друга опција. Таа борба ние ја чувствуваме најдиректно,овде во Македонија, бидејќи секој ден гледате како ние имаме друга власт, власт во друга политичка провиниенција едноставно не може да ги спроведе ветените промени или своите програми, или своите различни идеи затоа што институциите ни се полни со луѓе од претходниот систем или нивни наследници и таа борба ја кочи Македонија, ја оневозможува Македонија. Во што се состои разликата, во што е проблемот?Прво , СДСМ и Бранко Црвенковски не го сакаат плурализмот, тие сакаат да бидат единствените управувачи со Македонија и мислат дека нивната партија која е наследник на претходната Сојуз на Комунисти, дека државата е нивно дело. Тие себе се прогласуваат за државотворци. Значи не создал држава народот, туку партијата создала држава. И како такви тие сметаат дека се единствени наследници на оваа држава, сопственици и наследници. Затоа страотно реагираат, оневозможуваат, ја сопнуваат државата, ја кочат, ја доведуваат напати и во криза, само затоа што кога тие не се на власт, им се чини дека државата е узурпирана, испљачкана и заробена од некои други. И ние од таа почетна позиција и мисла, имаме ситуација на перманентна криза секогаш кога СДСМ не е на власт. Значи не материјална криза, туку криза заради емоции, заради потреби на една политичка група да биде доминантен сопственик на Македонија. Тоа е значи суштината на полтичката криза во која запаѓа Македонија секогаш кога СДСМ не е на власт. Тие не прифаќаат плурализам , промена на власт, економски пазарен амбиент, политички пазарен амбиент. Тие сакаат да бидат доминантни ако не и единствени. Јас се борам тоа да го смениме, за да го смениме, треба да се смени полтичката матрица, политичката матрица ќе се смени само кога ќе дојде до промена на врвот на таа политичка партија, да дојдат на чело на таа партија луѓе кои реално припаѓаат на новото време и кои реално ги прифаќаат условите на плурализам, натпревар помеѓу повеќе политички субјекти. Се додека тоа не се случи, ние вака ќе се давиме во апсурдни кризи кои пак ни ја тенчат и цицаат енергијата која треба да ја насочиме за трансформација на државата, за да ги добиеме политичките и дипломатски битки кои ги водиме со Грција. И не само со Грција туку и со другите соседи. Овде се заборава фактот дека ние во 21 век се уште се наоѓаме како држава и како народ во една ситуација на негирање. Нас не негираат однадвор, нас уште одбиваат нашите соседи да не прифатат како постојна држава и постоен народ .Значи ние треба тие битки да ги добиеме наместо да ја трошиме енергијата со луѓе кои внатре се однесуваат односно дејствуваат така што не не признаваат тие како народ,не обеснажуваат, не ставаат во ситуација нив да им кажуваме дека постоиме. Значи една од апсурдните работи кои ни се случуваат овие години, особено од 2008 -2010 е дека нашите сограѓани (раководството на СДСМ) дејствуваат како продолжена рака на грчката државна политика во Македонија. Сопствениот народ го навредуваат и нарекуваат како македоноиден, го делат на нивни добар народ и останатиот е лош народ, му го обезвреднуваат минатото, оневозможуваат или не сакаат македонскиот народ да има свои митови, да има сеќавање за својата долгогодишна историја , го навредуваат до таму што му тврдат дека иако е европски народ и припаѓа на оваа европска –медитеранска цивилизација му оневозможуваат да ги слави и да се гордее со тие претходни периоди . Тоа го нарекуваат антиквизација. Тоа е грчка пропаганда дека на македонскиот народ не му припаѓа минато од античкото време, што значи сакаат да докажат дека ние сме натрапници и измислен народ, политичка творба од некоја партија (најчесто се мисли на Коминтерната, Јосип Броз Тито не измислил) и сега на истите тие аргументи, доаѓаат нашите социјал демократи, кои го тврдат истото. Се исмеваат со градбите што се градат во центарот на Скопје, го исмеваат и критикуваат археолошкиот активизам, демек нема што да се занимаваме ние со минатото , требало да се свртиме кон иднината, а тоа во наједноставна конотација значи ‘Вие не постоите, туку дајте да се договориме како ќе се викаме‘.Значи , тие сакајќи или не сакајќи, значејќи или незнаејќи, учествуваат во една страотна, грозна, по мене фашистичка кампања, во која вложуваат напори и дозволуваат македонскиот народ да се самоубие, бидејќи единствениот симбол кој нас не прави, не држи над вода е името Македонија од кое ние го влечеме името на народот, на јазикот , на историјата на културата. Сменувањето на името Македонија, значи ние да престанеме да постоиме, односно самите да се обезимениме. И тоа е таа битка среде која се наоѓа оваа наша генерација. Според мене, СДСМ, односно раководството нивно е свесно дека народот не е со нив. Тоа го покажуваат сите досегашни анкети. Пет години, секое мерење на анкети покажува дека тие се една мала осамена група, меѓутоа, тие штом уште опстојуваат , тие се сигурно материјално и со обврски поткрепени од надвор. ‘Надвор‘ за мене првенствено значи Грција,но сигурна сум дека и одредени европски политички кругови ги поддржуваат во оваа нечесна работа затоа што тие очигледно црпат од негде сила. Таа битка не можат да ја добијат затоа што народот (мислам дури и на нивното членство) е цврст и не го дава своето име. Тоа тие не можат да го решат и затоа прават вакви кризи. За оваа нивна операција да успее треба да се наметнат како власт и без да го прашаат народот да потпишат нешто. Тоа е страотно успешно затоа што никој на овој свет не знае како ќе реагира после тоа, да речеме прелажаниот или навредениот народ. Повеќе пати сум кажала дека таква работа да направи некој, треба да биде свесен дека може да се случи хаос, крвопролевање. Кога настанува уништување на еден нација, никој не знае што ќе се случи.а сигурно ќе се случува многу. Оттаму говориме за еден мошне тежок проблем кој дополнително ни го отежнува една отуѓена група политичари која одбива да биде развластена и одбива да се соочи со реалноста дека живее во нов свет каде што владеат плурални околности и решенија. Ние како народ во Р. Македонија мораме да ги победиме, тоа ни е основна дејност , за да можеме да воспоставиме нормална плурална атмосфера внатре, да се натрпреваруваат политички партии околу идеи како да напредне Р. Македонија а не да имаме борба на живот и смрт помеѓу две политички партии.Тоа веќе го истоштува цело општество, ние губиме време. Ете на пример,вчера бевме четиринаесет саати заковани пред телевизор да гледаме една јалова расправа за доверба на Влада односно за предвремени избори во која апсолутно ништо не се кажува и не се случува освен што се упатуваат меѓусебно навреди кај пратениците. Тие четиринаесет саати можеле да бидат употребени за дебати како економски да се подобри Македонија, или кои проекти се нудат за да напредне економијата. Ние значи губиме време за да гледаме една јалова расправа на која и го знаете крајот. Или ќе се степаат внатре пратениците,во секој случај на гласање не може да победат тие што се во малцинство. Арно ама, тој стрес што му го приредуваат на населението , тоа што институциите се закочени заради тоа што се расправа со саати и со денови за глупави работи. Тоа Македонија ја обеснажнува, наместо да ја охрабри,да ја подигне на нозе, да ја стабилизира. Ние со тоа се расправаме веќе 4 години.

17-12-2010, 02:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Д.А – Г-ѓо Велиновска, дали познавате некој друг а држава во овој 21-ви век со толку предавници кои се шетаат низ Македонија и око не им трепнува . Дали има во Европа друга таква држава?

Како да се изгради внатрешно единство?

М.В – Кога ќе речете предавник, вие немате доказ за овие дека се предавници, тие не зборуваат отворено што сакаат, тие еднаш играат против македонскиот народ, после тоа глумат патриоти. Вие можи ги следите тие седници на Собрание (сателитски), јас што се занимавам со новинарство и што сум упатена во тоа морам да ги земам стенограмите од дискусиите за да прочитам дали кажале некој збор таков или не. Еве конкретно во поглед за името, иако знаеме во 2008 кој се залагаше за промена на името, денес да ги слушате мислите дека се тие првите патриоти кои го обвинуваат Никола Груевски дека го предал името, и вие се шокирате, ве доведуваат во ситуација да се осеќате глупаво, да не си верувате сами на свои уши, да се сомневатево тоа што сте го слушале.Еве конкретно ќе ви дадам пример, пред некој ден,Радмила Шеќеринска, која тврдеше дека за шест месеци ќе го реши спорот со името, кои отворено се залагаа и таа и нејзиното најтесно раководство на СДСМ, се залагаа за географска додавка на името, и за едно име за севкупна употреба како што бараат Грците, сега направи таков скандал во Собранието затоа што претставник на српската заедница (пратеник), Камениот мост го нарече Душанов мост, нели Србите така го викаат со години. Таа него му вели дека ги навреди чувствата на македонскиот народ, што е точно, меѓутоа ,среде Македонија, Албанците не нарекуваат Славомакедонци и бараат промена на името. Нејзината партија бара промена на името со гаранција за зачувување на индентитетот, тоа значи не е навреда за македонскиот народ. Грците кога не нарекуваат Скопјани и доаѓаат овде, таа не реагира. Нејзината партија кога беше на власт, што ги примаше документите како ФИРОМ, не ја навредуваше,кога оди во Брисел, и ни се обраќаат како народ или една држава ,не реагира. Значи гледате двојно понашање, еднаш глуми дека е патриот, еднаш глуми поголем Грк од Грците. И сфатете дека фактички тие намерно го збудалуваат народот според приликите како доаѓаат и како ќе им текне, Ние (‘Ние‘ - се однесува на неколку новинари) едноставно ја тераме таа партија да еднаш пред народот каже што таа мисли и предлага. Не само да критикува, не само да навредува и обвинува туку да каже што таа мисли. Бидејќи ако сакаат некогаш да дојдат на власт, ние како граѓани сакаме да знаеме кои се тие што ќе не водат и каде ќе не доведат. Се додека јасно не кажат кои се тие, што сакаат со Република Македонија , дали го почитуваат овој македонски народ или не народот, нема никогаш да им даде доверба и со тоа треба да се помират. Мислам дека знаат за тоа и затоа сакаат не по пат на избори туку по пат на силеџиство и државен преврат, на таков начин да се вратат, да се доберат до власта. Поинаку тие не можат да му се доближат на народот и тоа за мене и кристално јасна позиција. Македонскиот народ ја изгуби довербата во таа партија, во тие луѓе и нема намера да им препушти своја судбина тие да ја менаџираат, тоа е веќе решено. Сега нашиот проблем е да како да ја натераме таа политичка групација да се тргне, да се замени со некоја пристојна, нормална за да можеме да изградиме внатрешно единство. Ние сме сега поделени, што нас не ни е во прилог, поготово не во ова време.

Д.А – Г-ѓо Велиновска, еден Јован Вранишковски се уште можеме да го наречеме отворен предавник и се уште ‘влакно не му фали‘. Дали мислите дека Република Македонија , 20 години од осамостојувањето има државна стратегија со која ќе ги штити националните интереси? Дали постои Државна стратегија за заштита на националните интереси!

М. Велиновска – Колку што знам, Република Македонија од почетокот на самостојноста реши државната стратегија да и биде влез во ЕУ и НАТО, затоа што Македонија се смета за земја опкружена со ‘непријателско копно‘ во непријатен амбиент се наоѓа и и треба некаква заштита . Таа заштита ја гледа во во овие два западни сојузи. Тоа е горе-долу таа државна стратегија.Според мене проблемот е во тоа што ние немаме разработено алтернативна стратегија, во случај да не успее оваа државна стратегија едноставно ако ви се поставува услов дека можете да станете дел од тој западен сојуз само ако си го смените името на државата односно идентитетот на народот. Ако е тоа единствениот услов а ние не можеме да го исполниме и не сакаме да го исполниме, тогаш како држава треба да имаме разработено алтернативна стратегија за да опстоиме додека не се промени политичкиот амбиент на западот. Тоа не сум сигурна дали го имаме и дали го размислуваат а по се изгледа го немаме бидејќи политичките партии се толку поделени да нема ни минимум дијалог. А би требало сериозно да разговараат, и не само тие туку и угледните луѓе во македонското општество, тие што ги викаме мудреци. Тие заедно треба да изготват стратегија , излезна – алтернативна во случај ова да продолжи уште извесно време. И во тешки моменти во минатото македонскиот народ ги издржал на еден или друг начин, со последици тешки и страшни. Но ние имаме потреба да опстоиме. Ако имаме потреба да се предадеме , ние ќе се предадеме и ќе изумреме – ќе исчезнеме како народ. Но очигледно имаме желба да живееме. Нашите млади генерации , родени како самосвесни Македонци, кои немале дилеми дали се Бугари, Срби Грци или Југословени. Тие се родени во оваа независна Македонија и немаат друго чувство освен македонско. Тие имаат потреба да се борат и тие се борат. Еден од проблемите што ги има меѓу другото СДСМ е што нема млади луѓе затоа што таа партија, со тие погледи што ги има, фактички делува како страно тело, не можат да ја перцепираат да сфатат што тие неколку луѓе на врвот сакаат. Значи ние сакаме да преживееме и се трудиме да најдеме начин и излез како луѓе во Р. Македонија но наш проблем се политичките елити. Тие не можат да соработуваат. Се додека се Бранко Црвенковски и Никола Груевски на политичката сцена , нема да може да се најде заеднички јазик. Никола Груевски е популарен политичар, и врзува доста креативен и млад потенцијал во Македонија. Очигледно е дела Б. Ц е тој што треба да замине и во мигот штом ќе замине, се надеваме дека ќе почне таму да се реформира таа групација и ќе почне соработката помеѓу овие две млади генерации на политичкиот спектар во Македонија. Инаку вака уште извесно време ќе се измачуваме. Дали ќе биде тоа до следните избори или уште четири години по следните избори тоа е прашање за дискусија и прашање за зреењето во политичкиот клуб на социјал демократите. Мора да дојде до промени и мора да се сфати дека нас не ни треба таква непомирлива поделба, безмалку како да сме во граѓанска војна, фалат уште пушки. Тоа што не било никогаш во Македонија, сега некој се обидува да ни го искреира. Ние сме длабоко свесни дека тајните служби во регионот, посебно грчката, страотно работи, не роварат од сите аспекти. Тука во игра се големи пари и пропаганди и како да сме на почетокот на дваесетти век. Македонија е под жесток притисок и единствено што ја одржува ваква стабилна , тоа е македонскиот народ. Морам да кажам дека јас сум изненадена како историчар, која мудрост и зрелост ја покажува и со тоа докажува дека тој е државотворецот тој создал држава, никакви партии никави поединци . Народот со своето богато искуство ја држи оваа Р. Македонија на површината меѓу државите во Европа, се друго е или гнило, или поткупено, или колебливо. Во моментот немаме елита но имаме народ.

Д.А – Втората тема е за дијаспората. Дали мислите, од ваш аспект, дека државата после 20 години има сериозен пристап спрема дијаспората, последните четири години имаше една позитивна клима за дијаспората но од она што може да се заклучи е дека тоа не е доволен пристап.

Дијаспора – Колку е важна нивната улога во развојот на македонското општество?

М.В – Ако сакаме да бидеме европска држава ние мораме да ја вклучиме дијаспората. И зборот дијаспора е несоодветен, едноставно во ера на глобализација е смешно да се дели народот на дијаспорски (иселен) и домашен . Тоа е еден народ, живее на различни точки во светот но има одредени заеднички интереси. Имаат едно исто потекло, припадници се на иста традиција , иста историја, култура и идентитено се поврзани,.Сите држави во Европа, особено од Југоисточна Европа ја сфатија силата на својата дијаспора многу пред Р. Македонија. Ние како тврдокорни заложници на СФРЈ најпоследни сфативме дека ние не сме милионски народ па да можеме да го занемариме населението кое е надвор од границите на Македонија.Ние сме мал народ кој напротив е многу нападнат и оспоруван и му треба секоја дополнтелна сила. Нас ни треба дијаспората од тие причини, да дејствува, да живее во развиени држави како Австралија, Канада, Швајцарија. Ние нивните искуства од тие политички системи од тие услвои каде што дејствуваат, таму се школуваат, добиваат вештини, тие ни требаат за да ни помогнат оваа држава да ја дигнеме на нозе. Нас ни е потребна таа комуникација, таа тесна соработка и вклучување на дијаспората. Но и тоа гледате, после 20 години независност , е прашање за кое дебатираме, дали смее дијаспората да биде претставена во напиот парламент, Што имаат тие да зборат за Р. Македонија или да учествуваат во Законодавниот дом кога тие не плаќаат данок во Р Македонија и не знаат кои се нашите реални проблеми итн. Напротив, дијаспората со своето пристуство во македонскиот парламент може да донесе дел од искуствата на нашите Македонци таму каде што живеат, кои се понапред од нас, и во парламентаризмот и во политичкиот живот и во плурализмот и во економијата, образованието. Нас ни треба тоа.

Д.А - А зошто се уште државата се плаши од тоа?

М.В – Не се плаши државата, туку матрицата која размислува како во времето на СФРЈ кога беше замислено Македонија да биде темен балкански вилает. Да нема самочувство, да биде неразвиен регион на кој му фрлаат трошки да преживува , таа матрица е се уште кај нас доминантна , затоа што се уште не се пензионирани луѓето што живееле во тој систем . тие се така воспитани, моделирани и произведуваат свои клонови - нивните деца кои ги наследуваат и настапуваат со истата матрица.Тоа е нашиот основен проблем . Ние таа битка мораме да ја добиеме сами ние кои живееме внатре, тука не може да ни помогне дијаспората . Нас ни смета тоа, за да пркнеме, за да земеме воздух. Не можеме да дишеме со полна плуќа. Тоа е проблемот. Јас сум убедена дека во моментот кога ќе паднеоваа матрица, кога ќе биде поразена ,ние истиот момент ќе почуствуваме и слобода и дишење со полна плуќа. Наеднаш ќе се осети таа нова енергија. Ние сме тука при крај да ја поразиме, прашање е дали ќе биде година или две. Но таа мора да заврши еднаш за да може Македонија да се ослободи.Тогаш ќе разговараме и за развој и за стратегии. Сега немате со кого да правите стратегии. Не ви очистен, во универзитето се, во судството, во МАНУ се, секаде ги има. И не можете ништо креативно да направите, не можете цел потенцијал да го фокусирате да се развиете и сда почнете слободно да размислувате. Си го трошите времето и енергијата како да ги спречите да ве исечат, столчат. И така се додека го губите тоа време и таа енергија на глупсти , не можете да планирате развој на државата нити да размислувате за иднината.
17-12-2010, 02:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Д.А – Тоа одамна го укажувавме но немаше кој да го разбере. Минатата година се донесе Закон за Дијаспората да добие право на глас и да стапи во сила од наредните избори. Друга работа што не засегна, е ни даваат право да имаме право за претседател за парламентарни избори а за Референдум немаме право, каде е логиката тука?

Што е со Законот за глас на Дијаспората?

М.В – Не може да не може за референдум за името, тоа мора да е целото население. Ете што ако сум тука ова сум го пропуштила. Ако вие немате право на Референдум да го кажете за името на државата, јас не знам кој треба да има право.

Д.А – А гласавме за самостојна Македонија во деведесеттите години , дијаспората беше вклучена. Не мора за локални избори но за некои работи што не засегаат би требало, па минатата година поради тоа и паднаа оставки заради тоа прашање за Референдумот.

М.В. Оставките не помагаат, затоа ви реков дека политиката е многу специфична професија . Голема работа е што воопшто се скршил отпорот и дијаспората ќе има свои претставници во Парламентот. Кога ќе влезете во Парламентот во поинаков политички амбиент, (ако претходно оваа опција која не спречува да одиме напред, ако, не ако туку сигурно ќе биде поразена, само прашање е на време), тогаш од Парламентот се настапува со барање, со иницијатива и да се измени и тој Закон па да се внесе гласање за на Референдум и други важни работи за целокупниот македонски народ. Значи мора да се оди етапно, чекор по чекор затоа што овде амбиентот е многу лош, а нели законите мора да се донесуваат консензусно. Така ни е наредено од Европа а нашите политичари тоа го прифатиле.Исега за да се донесе консензус мора нешто и вие да прифатите колку и да не сакате од овие другите кои не сакаат пак ништо. Тоа е тоа , политиката е вештина на можното, да добиете максимум во тој момент , а не се што вие сакате, тоа не може да ви пројде во ваков политички амбиент. Ова не е битка за малодушни, ова е страотна, жестока и долготрајна битка за борци кои нема да се повлечат на првото разочарување.

Д.А - Не се повлечени тие, само на тоа место што го имаа не се повеќе. А борбата продолжува. Што ако додека дојде тоа да имаме претставник, во меѓувреме се случи Референдум за името а ние бидеме исклучени?

М.В – Ние нема да стигнеме до Референдум за името доколку Грција си остане на овие позиции, кај нас народот , па и Албанците кои се родени во Македонија, одбиваат промена на името. Тоа значи дека Европа и Америка се шокирани од тврдокорноста на македонскиот народ. Тие тоа не го рачунале. Тоа е детон комбинација, нема мрдање од тоа.

Д. А – Како долгогодишен новинар, дали знаете за еден таен договор од почетокот на деведесеттите кога МПЦ направила таен договор за дијаспората да потпадне под МПЦ а државата , како што е во во овие 15 години да нема ништо со дијаспората.

Црковниот проблем како причина за раздор во Македонската заедница

М. В – Кој го правел овој договор? Не верувам дека е некаков договор. Она што јас знам е дека македонската држава на почетокот на деведесеттите воопшто не рачунаше на македонска дијаспора. Од Југославија таа ја смета за непријателска групација , од идеолошки аспект. Така беше работена и од тајните служби. Па и црквата беше работена од тајните полициски служби. Јас не сум сигурна колку нашите Владици биле првенствено црковни луѓе, сигурно имале задача и да ја контролираат дијаспората, да праќаат информации за луѓето кои живеат таму, како се понашаат, што зборуваат, со кого се поврзани, претпоставувам дека така било.

Д. А – Што мислите за тоа кој го направи црковниот проблем, од тие структури што предмалку ги споменавте?

М.В – И во Австралија дејствуваат служби, колку што знам грчката служба е страотно активна во Австралија и намерно или ненамерно, многу луѓе па и Македонци потпаѓаат под такви влијанија, незнаејќи дека некој ги ‘работи‘ (условно кажано), можат несакајќи да направат штета. Од личен интерес или лично убедување можат да направат грешки . Затоа , кога зборуваме за единство, зборуваме за висока свест за она што може да биде употребено против Заедницата, против Македонија или против македонскиот народ. Значи, мора многу да се внимава, да се избираат зборовите, пораките кои се праќаат зашто многу често се прават такви грешки . Еве јас на една се сеќавам , обично ако некоја странска служба сака да ви нанесе штета таа се инфилтрира меѓу заедницата која е цел на обработка и почнува да дејствува од најнационалистички позиции, од најпатриотски позиции, употребува ‘најпатриотски‘ говор и вие мислите всушност дека тие се патриоти. Не, тие имаат цел да направат конкретна штета. За австралиската заедница ние колку што знаеме од овде, во моментот кога почнаа да го веат знамето од Вергина кое стана наш државен симбол, тоа беше употребено во ООН , Грците го употребија за да се побара и да се издејствува смена на знамето. А народот што го вееше тоа знаме, сигурно од патриотски и национални побуди го вееше, меѓутоа не беше свесна дека беше наведено од грчките служби да го мафтаат точно во тој период. За да може после Грција да добие аргумент и да рече ‘ете затоа овој симбол мора да се симне од македонското државно знаме. Оваа година нас не чека одлуката на Судот во Хаг за времената спогодба каде Македонија ја тужи Грција. Ние сите овде се подготвуваме , да бидеме внимателни оваа година на секоја евентуална провокација или идеја што ќе ни дојде каде што може да влеземе во грешка, да кажеме или направиме нешто што Грците ќе го искористат во Судот во Хаг пртив нас и пресудата од наша полза да заврши во нивна полза. Значи, мора еден паметен и самосвесен народ, поготово негоавата елита на стручњаци, експерти, политичари, новинари, мора да водиме сметка што може да ни донесе штета и да добие една правна битка која ние сме сигурни дека ќе ја добиеме, и да се сврти против нас па да ја загубиме.Ние обично правиме такви грешки во крупни историски моменти. Не смееме тоа да си го дозволиме, и тука многу ни е потребна Дијаспората , со вас како новинари, истакнати Македонци, лидери, да водат сметка за тоа секој збор, секоја провокација да знаат да ја почуствуваат. Ние имаме, но и вие имате големо искуство. Знаете како е организирана грчката заедница, знаете како дејствува, треба и вие да знаете како да парирате на тоа. Непријателот е искусен и опремен и богат, и организиран и мотивиран. Мора и ние тоа да го правиме.

Д. А – Да, ама овде не можеме глава да крениме, одма се ‘сечат главите‘ во друг смисол, немој да ме сфатите навистина. Сепак една добра организација да се појави, трае не повеќе од три години. Сакам да ви кажам дека сум многу среќен што направив интервју со Вас и со ова што го слушнаа нашиве овде. Сите овие тези што ги наведовте се точни. Само да ви спомнам , во 2008 година кога го организиравме Протестот, очекуваме од Грците притисоци но не изненади тоа што внатре ни пуштија наши луѓе, како што вие спомнавте , по радијата се кажуваат ‘големи патриоти‘ а тие се тие кои работеа протестот да не успее. Како млади личности, ние тогаш не верувавме дека еден Македонец може да работи против Македонец и против протестот. Најповеќе работи кои не потресоја тука е што во четири најблиски соработници , еден нивни играч да се погоди.

М.В – Е па тоа е проблемот, јас додека да сфатам дека тие што се ‘чукаат во гради‘ дека името не го даваме, од 94-98 година, ги видовме дека биле први кои го испазариле името. Вас викажува нешто дека Стојан Андов во 92-93 година за предавник, буквално го прогласи Васил Топурковски бидјеќи преговарал за името. Васил Т. сам не преговарал за името, тие го праќале како Стојан А. Меѓутоа во 2008 го видовме Стојан Андов дека ништо не му значи и сака да го смени името името на државата. Тито Петковски, Бранко Црвенковски , ги видовме сите, бевме изненадени,тие беа на власт, тие ги водеа преговорите, тие тврдеа дека нема промена на името а тие први го притиснаа Груевски да го промени името.

Д. А. Да поставиме и прашања од страна на слушателите.Во врска со дијаспората, не ни оди организирањето, исто како во Македонија, потполно е исто и овде. Ме загрижува фактот со црковниот проблем кој најповеќе се користи како оружје за раздор. И таму се поделени работите како на ВМРО , на СДСМ.

М.В – Да бидеме реални, историски гледано, Ние оваа фаза мораме да ја поминеме како народ. Сме живееле со генерации во ненормални услови, или во ропство или кога не делеле , парчеле. И со други зборови ‘ни ја земале душата‘. После тоа долги години, со децении сме живееле во едно партиски систем кога се ова беше пригушено.Овие дваесет години се мало историско време кога уште една генерација што живее се ‘прпелка‘, расте, зрее. Тоа е исто како некој да ве држел во затворена соба поголем дел од животот како животинче на ланец и наеднаш ќе ве пушти од ланец. Вие не знаете ни што е слобода, не знаете што сакате со себе,трчате на сите страни, дезориентирани, исплашени, едноставно не сте созреале. Веројатно ни треба време, не сме ние ништо посебно, сигурно и другите народи пред нас ги поминале овие фази. Но нас не боли нашата мака. Ние ова мора да си го изживееме, мора да издржиме , ќе правиме и грешки, ќе се види дека и вие во дијаспората кои влечете на разни страни што сте разединети, што се групирате по место на раѓање или групација.Бев шокирана кога видов во Канада дека се поделени луѓето по села, каде се родиле нивните стари,колку се нејќат меѓусебе, а тоа е затоа што уште не созреала свеста дека имаат заеднички интерес. Заеднички интерес е претпоставувам, да имаат една црква, да имаат една хиреархија црковна, да бидат Македонци да го слават својот идентитет, својата традиција. Тоа многу зависи и од водачите, од луѓето кои се најистакнати во Заедницата, тие треба да ја имаат таа свест.

Д.А – Тешко да се најдат водачи сега во ова време.

М.В – Вие сте млади, оставете ги старите, тие си имаат свои лузни, вие младите треба да имате сосема различен поглед.

ПРАШАЊА ОД СЛУШАТЕЛИТЕ НА РАДИО ИЛИНДЕН МЕЛБУРН

Што мисли Мирка за името, дали постои притисок од меѓународната заедница или притисокот е поголем од домашната опозиција?

М.В – лично како човек, имам отпор да прифатам некој да ми наметнува како ќе се чувствувам односно како ќе се викам. Тоа е толку интимно право на човекот и е запишано во сите светски акти, да тоа е всушност напад на слободата на еден човек да се спознае и самоименува, да се самоиднетификува. Секое задирање, и силување на тоа право е наречено наци-фашизам. Бидејќи имаме спор со држава која вика дека таа го има ексклузивитетот на името Македонија а ние сме го прифатиле тој спорво рамките на ООН, сме се согласиле дека сме втора страна на тој спор, ние сме сега принудени да преговараме. Е сега треба да расчистиме за што всушност сега преговараме, односно за што разговараме. Ние разговараме за меѓусебните разлики во поглед на нашето име. Значи со Грција разговараме за меѓусебните разлики во поглед на нашето државно име. Тоа го говорат јасно Резолуциите, 817 и 845 на Советот за безбедност, затоа имаме посредник во тој спор, тоа е Метју Нимиц. Тој треба да ги измири разликите, да ги убалжи ралзликите меѓу двете страни. Македонската позиција долги години беше дека за нас е прифатлива двојната формула која во поглед на името значи, Имате свое име со кое има проблем една држава или група држави и вие дозволувате со ваша дозвола и ваш избор да си ставите уште едно име или прекар на кој ќе ви стига државната пошта. Тоа не е ништо драматично, трагично, тоа го имаат 90 посто држави, кои имаат по две или три имиња, па и Грција има три или четири имиња но разликата е тоа што самата си ги избрала а не некој друг да и ги даде. Во нашиот случај тие наметнуваат сосема друга позиција и викаат ‘Не е уште едно име или прекар, него ние сакаме едно име за севкупна употреба - значи прекрстување. Тоа е борбата која ја водиме дваесет години.Значи, затоа тврдиме дека не може да има договор со Грција. Таа поаѓа од позиција нас да не нема а ние поаѓаме од позиција ‘еве ако ви смета нашето име по кое ние се препознаваме и 129 држави не признале, еве за вас ќе си измислиме и прекар кој ние ќе го измислиме ние а не можете вие да ни го дадете и да не навредувате како човек.

Каква е оваа ‘лакрдија‘ што ја направи Тито Петковски што треба да значи, дали се свесни дека се однесуваат како кловнови и зошто и прават непријатности на оваа гарнитура?

М.В – значи и вие како и ние конечно ги детектиравме луѓето кои дваесет години ќутеа а од пред две години почнаа да зборуваат и првпат слушнавме дека тие биле всушност за промена на името на државата. А пред тоа никогаш не ги бевме слушнале да кажат ни буква од она што сега зборуваа и кажуваа. Одвај чекам да се отворат преку Викиликс или алтернативни канали , да откриеме зошто тие така нагло застанаа на грчка страна. Мора да има голема причина, кога велам така мислам дека мора од поодамна да биле на платен список на Грција или сега скоро се имаат продадено, не знам. Овде многу се шпекулира а претпоставувам и кај вас, се зборува за некакви нивни врски дека многу од овие наши борци за промена на името имаат специјални односи со Грција имаат имот таму купено или добиено како подарок, дека летуваат таму на јахти, значи преку шпекулации сега се открива дека фактички постои длабока координација на потезите на грчката држава и на овие политичари кај нас .Што е тоа што ги поврзува, се надеваме ќе се открие брзо и мислам дека и дел од нивната чистелија во дејствувањето во Македонија, тие сакаат со падот на власта, ако можат да се вратат да ги исчистат тие траги и да продолжат да се однесуваат како да се македонски државјани. А фактички дејствуваат како да се грчи државјани.

За СДСМ - Каква сила имаат и каква Влада ќе биде тоа?

М. В – Знаете што сила имаат? Животно кое е рането и кое знае дека ќе умре, последниот удар жесток му е. Тоа е исто и во политиката ако знаете дека сте во залез , замислете вие треба да легнете во земја, нема ли да ви е страв како ќе ви со спомнуваат името. Нив им е страв дека нема никој да може да ги одбране, нив им е страв едноставно да умрат, зошто знаат дека по нив ќе се плука, дека ќе ги разголи историјата, ќе ги покаже кои биле и што биле, кој ќе ги брани?

Зошто поголем број на новинари во Македонија не се спротиставуваат на пример кога одат да прават интервју или дебати, се сретнуваат со странски амбасадори, не се спротиставуваат со контра прашања или аргументи ко на нив му се дадедни такви прашања. На пример кога велат дека треба да го смениме името, зошто не се праша ‘Зошто да го смениме името‘ или кога велат оти ‘вашата земја, вашето име‘ – зошто не се праша која е таа земја, од што се чуваат нашите новинари да не постават такви прашања?Ние сме самостојна светски призната и единствена регистрирана држава под името Македонија, а додека делот што го има окупирано Грција не е никаде регистрирам под такво име во светските организации. А тие имаат поголемо право да си го присвојуваат името Македонија и мислам дека покрај тоа што нашите претходници во државата се заложиле за да преговараат за името и го предадоја името. Сепак сме негирани, и имаме притисок да го смениме името иако сме единствена регистрирана држава во светските организации.

М.В – што се однесува до новинарите зошто не се љубопитни и дрски? Мое мислење е дека новинарите не се обучени да прашуваат затоа што имаат пројдено дрил од несоодветни учители, и второ е затоа што се уплашени затоа што ако бидат дрски спрема амбасасори, министри, премиери на други држави дека со тоа ќе бидат жигосани, отфрлени го изгубат своето право да бидат присутни на светски настани, да не можат да патуваат. Дефинитивно се работи за неуки луѓе, воспитувани да бидат покорни како дел од онаа матрица, да не навредат никого, да бидат пристојни да не бидат непријатни за оние што се странци. Странците во очите на мнозинството на македонски новинари се нешто како ‘модерни богови‘, не ги гледаат како луѓе од крв и месо попаметни или поглупави какви што ги има секаде па и кај нас. За сметка на својата покорност спрема странци затоа се агресивни, нападни, вулгарни према домашните политичари поготово ако се од партија која не е онаа која била доминантна шеесет години. Тоа е дел од политичка култура која ние се трудиме да ја смениме, но оди бавно и тешко. Не можете да очекувате од еден човек кој се чувствува како роб да биде отворен, љубопитен, дрзок спрема некој кој е безобразен према него. Се чудам како најосновни, најелементарни прашања не ги поставуваат, целта на новинар не е да му се додворува на политичар, целта на новинарот е , во кога ќе се најде во арена со политичар да го победи на отворена сцена, да избоксува победа. А како ќе избоксува новинарот , само со прашања со кои ќе го изложи политичарот кој нели со теми разговара, со фрази одговара, и да му влезите во суштина и ќе видите кој е и колку е способен, квалитетен и што мисли . Кај нас новинарите се далеку од тоа ниво.

На прашањето зошто грчката провинција Македонија е поетаблирана отколку нашата етаблирана држава

М.В - Па Грција е моќна држава која има долг од илјада и двеста миљарди евра, колку целокупниот американски долг, значи земала и такви пари, тие пари не се само крадени туку и за да потплатуваш други земји, полтичари, научници, новинари, историчари , за да може да ја одбрани својата државна позиција , своите државни интереси. Македонија во тој поглед е жива беда, немаме ни таква снага ни моќ ни пари за да и парираме на Грција. Дополнителен елемент е со врмената спогодба, ние се согласивме заедно со Грција, и двете земји да можат да го користат името Македонија. Ние не можеме сега да ја спречиме Грција да го користи името Македонија за својата северна провинција. Ние се бориме затоа што тоа право сме и го дале на Грција за таа да го користи тоа име, ние се бориме таа да не не спречи нас во користењето на името Македонија, односно придавката македонски. Значи тука се префрли борбата и таа борба ја биеме така што ја дадовме Грција на суд, бидејќи таа ги прекрши членовите од таа спогодба, таа не оневозможува нас да се чекориме напред и ни го ускратува правото да си го користиме името Македонија и придавката македонски.

Зошто на митингот на Црвенквски не парира Груевски со митинг?

М.В – Црвенковски е во опозиција и има потреба да ги користи тие манифестициони форми за да покаже дека е силен, а на Груевски не му треба тоа, би бил како децата несериозен, ‘Власта да вади народ на улица за да му покаже на Црвенковски кој е појак. Тогаш ние би му се смееле на Груевски. Ние го сметаме за одговорен и сериозен политичар кој ја раководи државата и работи во интерес на државата а не да си ‘мерат мускули‘ како да се деца. Црвенковски е друга работа, тој е во опозиција и тие методи му стојат на располагање за да докаже дека е сила. Не сум видела досега во светот, Власт да вади народ на улица за да и покаже на опозицијата колку е силна.

Зошто се даваат одликувања на луѓе кои историски и направиле штета на Македонија?Зошто Груевски не расчисти со нив?

М.В – Тоа не е прашање кое Груевски треба да го расчистува, тоа е прашање кое историјата треба да го расчисти и затвори а што се однесува до одликовањата тие изразуваат континуитет на една држава. Михајло Апостолски, генерал- водач на македонската војска, во втората светска војна и си ги има тие заслуги на борец. Идеолошките работи се расчистуваат и на историска сцена. Нели сакаме да бидеме државотворен народ како сегде во светот ,не можеме да расчистуваме на таков начин, во Европа тоа никој така не расчистува со своето минато. И таму имало и идеолошки разлики и многу лузни што се направиле на народите, никој така не расчистува како што сакаме. И по тоа покажуваме ние дека сме уште во таа рана фаза на државотворство, безмалку малолетни, не можеме емотивно да приоѓаме на овие работи. Треба малку позрело и посталожено , и со ладна глава, без емоции. Емоциите се за дома. Кога е во прашање држава , дозволи да постојат такви лузни, затоа што тогаш ќе бидеме пак поделен народ, со две истории, со две толкувања. Мора еднаш да се измириме по прашање на идеологиите.

Дали во Уставот на Р. Македонија е дозволен паралелен попис на населението што го предлага Имер Селмани?

Не, тоа ќе биде див попис ако го направат . Овој попис ќе биде многу значаен за Македонија и за цел Балкан. И јасно ми е зошто вака политичарите Албанци вака врескаат. Граѓаните на Р. Македонија треба да бидат реално попишани, не со ‘летечки‘ Албанци кои истовремено живеат и во Косово, и во Албанија, Македонија и Црна Гора. Сега затоа е во еден ден пописот во цела Европа, За да не може со паралелни документи да ми се попишуваат на разни адреси. Сега ќе се дознае точната бројка на сите граѓани на Р. Македонија но и на другите држави на Балканот. Ние се надеваме дека од овој попис, следниот што ќе биде, ќе биде прв реален попис каде што ќе знаеме колку Македонци живеат во Албанија, Бугарија, и Грција, нормално и Србија. Затоа што ќе биде по десет години, дотогаш ќе бидат сменети работите и во светот и во Европа и на Балканот па ќе имаме шанса и ние Македонците да се видиме кај сме и колку сме

Дали нашите потпишувачи (Министри, политичари) правилно постапуваат, кога излегуваат надвор со нивните барања, посебно на високо ниво во ООН и дали треба директно да се бара Македонија да не биде измалтретирана ?

М.В - Оваа генерација македонски политичари , на мое пријатно изненадување , конечно го постави македонското прашање, го интернационализираше. Ние првпат во 2008 година слушнавме за барањата на Македонија како држава побара да се дебатира за правата на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија. За првпат официјално на јавна светска сцена се изнесе тоа прашање, се изнесе прашањето на прогонот на Македонците од Грција и тие се теми кои влегоа во ООН. Комитетот за човекови права во ООН првпат врз основа на тоа наше државно барање, прати Делегација. Претседателот на тој Комитет беше во Грција да ја испитува состојбата, значи досега такво нешто немавме. Се покрена и прашањето за враќањето на имотите на протераните Македонци, така да тие теми се отворија. Морам да кажам дека и во Грција првпат , на овие избори во Егејскиот дел , победија тројца градоначалници Македонци. Во Солун е градоначалник по потекло е Влав и Македонец, значи од Крушево и од Лерин му е потеклото. Значи имаме освестување и на Македонците во Грција. Гледам дека одлично ги поставуваат македонските национални интереси, барем на начинот на кој реагираат политичарите од Европа на кои не им е пријатно или биле досега навикнати на молчење и со свиткан грб. Оваа генерација очигледно не е таква, настапува паметно, одлучно и со многу аргументи. Во ликот на Ѓорѓе Иванов, тој може не им е симпатичен на македонските новинари во Скопје затоа што не е политичар туку е од академската средина, тој е професор. Но е врвен интелектуалец, многу начитан, образован, многу знае, и кога излегува надвор и се среќава со светски и европски политичари, ние сме сигурни дека човекот е интелигентен и знаеме колку се пријатно изненадени странските политичари од неговите знаења и аргументација. Дома можи не го почитуваат овие што имаат поинаква матрица или цели , но надвор знаеме дека е исклучително почитуван, баш заради тоа што ги застапува македонските интереси првокласно.

Во врска со посетата на Груевски во Албанија.

М.В – Не сум сигурна дали може во Грција така да оди. Со оглед на деликатната ситуација во која се , и силата која ја има Грција, треба да се внимава, не треба да прават грешка повеќе. Ако отиде Груевски сега во Лерин, да разговара со нашите, Грција ќе зборува дека Македонија ја провоцира. Ние мораме да водиме сметка и за нашата реална позиција. Ние како граѓани можеме се да сакаме и да ни се чини дека е лесно, но во политиката мора да водите сметка за односот на силите кој не е на страна на Македонија. И оние 129 држави кои не признале под нашето Уставно име немој да мислите дека ќе влезат во отворена битка и дека ќе си ги конфронтираат своите национални интереси за нас. Ние не смееме во овој момент да ги изгубиме оние што ни се пријатели и поддржувачи , колку што се, од страв од уште поснажни непријатели .мораме во овој момент со таа сила и позиција што ја имаме да си ги одмеруваме силите и чекорите што ги правиме како држава, политика и ние како граѓани. Не е ова време за ‘еднаш удри па застани‘. Ние сакаме да преживееме, да опстанеме и мораме да водиме сметка за реалниот свет и амбиент во кој живееме и да го менуваме етапно со знаење, мудрост, вештини, тоа е нашиот пат по кој треба да одиме. Не сме го избрале ние, но ни е наметнат и мораме да си го изодиме.

Како можеме да ги одбегнеме сите малтретирања како народ?

М.В - Не можеме, ние сме тука во овој момент и живееме со тие проблеми, Ние можеме со помали фрустрации, да не бидеме толку емотивни, да бидеме рационални и да ги примаме како нужни удари. Проблемите животни не можеме да ги одбегнеме и ги решаваме, така и во полититката, во државата. Секој проблем што доаѓа треба да го решиме најдобро што можеме, со студена глава. Треба да бидеме малку поединствени, не за се, но за главните прашања како народ , дали се знаеме кои сме , и што сакаме со себе, барем за тоа треба да имаме единствена позиција. Се друго е прашање на договор, преговор, меѓусебни кавги како и во секое семејство, но не смееме да се доведеме во ситуација да се поделиме остро, па да почнеме едни против други да работиме. И треба да знаеме дека крајната цел ни е да ја имаме Македонија како куќа за сите нас, да биде убава , средена, да биде чиста, да можеш да бидеш слободен во неа и да се развиваш. Тоа е нашата заедничка цел .Ние сме тука во овој момент и ние како наследство на нашите поколенија треба да им ја оставиме таа држава или таа куќа за да и нив да им биде убаво.

КРАТКА ПОРАКА ДО ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

М.В – на Македонците во Австралија им порачувам да бидат паметни и мудри, да престанат меѓусебе да се расправаат, да се сакаат и почитуваат меѓусебно за да можат да придонесат на тој начин и за себе и за нас овде, да сфатиме дека таа енергија што ни доаѓа од таму да ни биде како ‘ветер во едрото‘. Им порачувам да не наседнуваат на ефтини провокации, кои ќе направат штета и за дијаспората и за нас овде. Да бидат внимателни , да не паѓаат на грчки трикови , на трикови кои во крајна линија ќе нанесат штета. И вие таму да зреете и да сфатите дека ова наше патешествие не завршува веднаш, ова ќе трае. Но ние треба да учиме од грешките. Силата е во нас сите. Бидете единствени по заедничките прашања. Тоа единство му е нужно на македонскиот народ. Единството на дијаспората е многу важно за нас овде. Таа сила од дијаспората ќе не огрее и нас овде. Таа битка треба побрзо да ја добиеме, делби не ни се потребни. Со делби на ќар, на добивка се оние што не не сакаат. Оваа година ни е многу важна, не чека одлука на Судот во Хаг, не смееме да направиме ниту една грешка. И многу ми е важно ова време да го искористиме максимално и тука да собереме сила за да можеме конечно и оваа победа над една изживеана матрица да ја оствариме и за да можеме како народ да отидеме во следанта етапа.

Голема благодарност до Г-ѓа Мирка Велиновска за нејзиното одвоено време да биде гостин на брановите на Радио Илинден Мелбурн. И благодариме за сите вредни информации , совети , како и несебичното споделување на дел од нејзиното богато новинарско знаење и анализа на настаните. Голема благодарност за исцрпните одговори што ги даде на сите поставени прашања. врска со опфатените теми .Благодарност до сите слушатели на Радио Илинден за нивното учество во програмата и коректно поставените прашања.

Водител

Дончо Ангелоски

Radio Ilinden

Melbourne
17-12-2010, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Македонија е новата американска Панама

Годината е јубилејна, ама настаните се историска константа и национална особеност. И годинава ќе „славиме“ порази, зашто немаме победи. Поразена е правната држава, поразени се институциите, поразени се реформите, плурализмот, пристојното граѓанско поведение, моралот, радоста, надежта и самодовербата на еден народ дека е државотворен. По 20 години капитулира пред грст западни амбасадори од Ш-категорија и една етаблирана криминогена банда

[Image: znak1.jpg]

Кој и зоШто ги предизвикува политичките кризи?

Секој набљудувач на македонската политичка сцена во изминативе две децении многу лесно може да ја забележи закономерната појава на т.н. политички, односно институционални кризи. Иако политиката не е космички феномен детерминиран со познати физички закони, во Македонија кризирањето е предвидлива појава, која може да се пресмета до децимала. Оваа во која актери беа Рамковски и неговите „деца“ во А1 ја следевме на ист начин на кој се следи формирањето ураган или бура, а особено во контекст на настаните што ја очекуваат државата: дваесетгодишниот јубилеј како независна држава, пописот и судскиот процес во Хаг, сврзан со прекршувањето на Привремената спогодба. Подолго време се бараше повод.

На изведувачот на кризата му требаше критична маса, оти криза не е криза ако нема кризна завршница. И затоа се бараше повод за таа да почне и потоа да се пумпа. Овој пат како повод беше искористена контролата на институциите на фирмите, чиј сопственик не плаќал со години данок и ги кршел сите возможни закони, користејќи ги како лична гарда трите печатени и еден електронски медиум. Ова што денес го нарекуваме криза и го преокупира јавното внимание, не се ни реформите, ни проблемите што ги засегаат граѓаните, не се ни статусот, угледот и кредибилноста на институциите. Ова е своевидно огледало во кое на дваесетгодишнината од постоењето видовме како македонската држава, под притисок на Вашингтон и на Брисел, уште еднаш капитулираше пред криминалот и бандитизмот. Се соочивме со фактот дека Македонија нема политичка елита, која е доволно мотивирана и одлучна да ја истранзитира државата од криминално дувло во правна и демократска држава. Нам, како на граѓани, пратена ни е пораката дека со Македонија не раководи легално избрана власт, туку грст гангстери и американскиот амбасадор. Тие недвосмислено ни кажаа дека за џабе ни се и реформи и исполнување на строгите европски услови за прием, зашто на крајот Македонците не се предвидени да успеат да создадат своја демократска, самоодржлива и правна држава. Затоа воопшто не е неочекувано што жителите на оваа држава, наместо славенички чувства, во анкетите во јубилејната година ја изразуваат својата разочараност од „државотворниот“ капацитет на своите елити, незадоволство од квалитетот и функционалноста на институциите и страв за иднината. Верата му помага на човекот да се ослободи од стравовите. Политиката го стимулира стравот за да го држи човека во ропство. Сега ние ја загубивме верата во правната држава и надежта дека кога било ќе биде поинаку. Македонија е новиот див Запад.
Последната фингирана криза нé исправа пред прашањето - кој ги креира овие собитија, кој ги организира и во чија изведба се тие. И секако со каква цел.

Овој пат нема ние да ви го сервираме заклучокот. Врз основа на изнесените податоци, заклучокот донесете си го самите. Ние само ќе ве поканиме да се качите на времепловот и на патувањето низ нашата транзиција да си го освежите сеќавањето на она низ што минавме, а кое ни се нуди и како сегашност и како блиска иднина доколку сега колективно не ја земеме одговорноста за нашата судбина. Нема веќе поправен!

КОЈ ВЛАДЕЕ СО МАКЕДОНИЈА?

Во изминативе две децении ВМРО-ДПМНЕ четирипати легитимно победува на демократски парламентарни избори. Тоа се 1990, 1998, 2006 и 2008 година. Легитимно добива мандат за состав на влада и реализација на сопствената политичка програма. Но, интересно, четирипати победникот на избори не успева да го реализира докрај регуларно добиениот мандат. Напротив, редовно му „се случува СДСМ“.

- Во 1990 година на избори победува новоформираната партија ВМРО-ДПМНЕ. Со нејзината победа се официјализира народната волја, која никој однатре, а уште помалку однадвор, дотогаш не ја есапеше. Сценаристите на распадот на СФРЈ, како и домашните протагонисти, воопшто не мислеа дека безгласниот и кроток македонски народ копнеел по своја независна држава. Тие мислеле дека 20 век бил доволен за трајно асимилирање и збришување на македонскиот народ. Мислеле дека времето било доволно да се одгледа и воспита политичка и интелектуална елита, која нема национален идентитет што може да ги искомплицира балканските востановени состојби. Оттаму, „факторите“ се најдоа непријатно затечени од референдумскиот резултат и победата на анонимната ВМРО-ДПМНЕ. Затечено беше дури и раководството на победничката партија, кое не знаеше што треба да прави. И така, неподготвеното водство, кое во дотогашниот систем било маргинализирано, надвор од главните политички текови, не успева да испреговара коалиција, а многу е веројатно дека и немало волја да ја преземе одговорноста за раководење со државата. Љупчо Георгиевски во моментот кога ги дозна резултатите на акредитираните новинари во прес-центарот во Собранието искрено им признава дека „не очекувал победа“. Како и да е, вмровците лесно и без борба им го предадоа својот мандат на искусните „преобразени“ комунисти. Тие го избраа првиот претседател на државата, тие ја измислија вонуставната функција потпретседател на претседателот, која му беше дадена на Георгиевски, колку да не е без ич, тие ја составија владата со 50:50 министерски квоти. По нецели две години плурален фингерај, обезвластената ВМРО-ДПМНЕ самоиницијативно премина во опозиција. Брзо потоа, „експертската“, всушност, коалициска влада беше соборена по барање на СКМ-ПДП. Мандатот го доби Петар Гошев, но откако и тој беше принуден да се откаже, со партиски преврат и многу дворски игри, целокупната власт ја зеде Бранко Црвенковски. И така, тој првпат стана премиер без избори, а неговата партија, иако изборно поразена, стана владејачка.
Во такви нелегитимни околности во 1993 година се случи приемот на Македонија во ООН со референца наместо име, се случија без јавна расправа или политички консензус промената на државното знаме и измените во Уставот, со кои Македонија се откажува од грижата и постоењето на македонското малцинство во соседните држави, отворајќи ги ширум портите за докажување на тезата дека македонскиот народ е производ на комунистички инженеринг.

Во 1994 година СДСМ на чело со Црвенковски самостојно организираше и изведе избори. Тогаш првпат слушнавме за гласање по моделот „бугарски воз“ и за контингенти од албански фиктивни гласови. Подземјето беше вклучено во креирањето демократска изборна атмосфера, а полицијата, освен со шверц, се занимаваше со компромитација и со застрашување на опозицијата. Не и беше тешко, зашто ВМРО вриеше од индивидуи со нарушен идентитет, инсталирана агентура и кафеански патриоти. Победата на СДСМ му беше загарантирана. Особено зашто на тие избори граѓаните не одлучуваа, ами судиите во ДИК. ВМРО-ДПМНЕ и ДП на Гошев ги бојкотираа институциите и заминаа во вонпарламентарна опозиција. Од ситуацијата никој не се потресе. Европа и САД не се притресуваа многу зашто им одговараше „комуњарите“ да ги држат уздите на овој џомбаст терен, кои се покажаа како темелно национално обезличени, а загреани за првобитна акумулација на капиталот. Во тоа благопријатно време на плурализам без опозиција, со санкции кон СРЈ и економска блокада кон Македонија, во земјата процутија организираниот шверц и криминал. Македонија стана светски извозник на нафта, бакар, злато, цигари. Владата на СДСМ ги удри темелите на криминалната држава и го озакони организираниот криминал. Тогаш се донесе клучниот закон по кој подоцна се изведе славната приватизација. Беше декриминализирана злоупотребата на службената положба, поради што македонската општествена сопственост од претходниот систем „во еден чекор“ се претвори во приватна. Така, работничката класа прекуноќ се претвори во безгласна, закрепостена раја, без правна и законска заштита. Новите капиталисти, помогнати од политичката левица, бескрупулозно им ги грабаа акциите и ги оставија без работни места. Немаше суд пред кој да се жалат зашто во функција на новиот криминален поредок беше извршен и генерален реизбор на судиите. Тие требаше да го исполнуваат само критериумот да не ги бидува ни за чистачи и да и бидат лојални на партијата што ги воздигнала. Во тој политички амбиент се случија ТАТ и други пирамидални штедилници. До крајот на тој мандат се случи и атентат на шефот на државата, а последователно се потпиша и Привремената спогодба. Тие настани „случајно“ се совпаднаа со времето кога се подготвуваше Дејтонскиот мировен договор, а Македонија изгледа за малку го промаши моментот со што не стана составен дел од комплицираното дејтонско сценарио. Интересно е дека сиот попис на настани што ги споменавме, не беа доволни за кој било да го употреби зборот криза. Напротив! Опозицијата си дремеше вонинституционално, собираше потписи за референдум за предвремени избори, се повикуваше на Уставот, но никој однадвор или однатре немаше чувство дека нешто е тотално наопаку.

КРИЗЕН ДИЗАЈН

Во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ пак победи на избори. Овој пат фактичките властодршци не сакаа да ризикуваат со народот како во 1990 година и на Георгиевски за изборите му беше прикачен набрзина наменски формиран субјект Демократска алтернатива.

Георгиевски, кој си умислува дека е историска личност, а не обична марионета во рацете на тајните служби, кои вешто ја искористија неговата алчност по пари, неговата харизматична необичност во комбинација со неговиот нарушен идентитет, не ни сфати дека како „њу Љупчо“ што го промовираа Американците, доби строго одредена улога во новиот фингерај. Но Црвенковски тоа добро го знаеше и кротко чекаше вмровците да ја завршат валканата работа за тој да се врати како спасител, со помош на истите Американци. Македонија на 7 декември 1998 година во Брисел беше деградирана од држава во територија со неопределен статус. И тоа не било случајно. Во 1999 година експлодираше „спонтаната“ косовска криза. Македонија беше преплавена од бегалци. Доби 13 отсто ново население. Во Белград веќе отворено се подготвуваше сценариото во 10 точки за поделба на Косово, при што во игра влезе и територијата на Македонија. Оживеа планот на Милошевиќ и на Мицотакис за меѓусебно раскусурување преку Македонија. Во такви околности, Тупурковски решава да ја напушти Владата, а опозицијата го одржа најголемиот митинг на кој бараше оставка од Георгиевски. По тоа, поточно по 2000 година, кога се одржаа локалните избори, Црвенковски, заедно со Тупурковски и со Стојменов, го изведе трикот со новото парламентарно мнозинство со намера без избори да ја преземе власта. Сценариото не се оствари само зашто Амди Бајрам го обелодени и Георгиевски во последен момент го спречи. Дури по тој неуспех, Црвенковски се реши да си најде вистински повод кој ќе го доведе до власт. Го изведе трикот со прислушувањето на кој наседнавме сите што бевме избрани за жртви, а кои требаше да му помогнат во манипулацијата. Како и да е, овој изрежиран скандал беше преттекст за настаните што следуваа. Беше тоа 2001 година. Се подготвуваше „војната“ во Македонија, а СДСМ успеа повторно да упадне во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, станувајќи коалициски партнер во Владата за божемно национално единство. Како и во 1990 година, беше узурпиран мандатот и преземана власта уште пред да се случат изборите. Тогаш кога нам ни се случи ОНА со изобилна помош на НАТО и особено САД, Вашингтон го аранжираше Кумановскиот договор. Нашиот рамковен или Охридски договор дојде како анекс на тој договор. Последица од ваквиот исход е темелно преуредената Македонија, на која со една фингерајка и пет потписи и се одземени и победата од Втората светска војна и правото на македонскиот народ како дел од антифашистичката коалиција да создаде своја држава. СДСМ се враќа на власт како спасител, а Црвенковски како национален победник, што е краен историски цинизам. И пак на Македонија и се случуваат морбидни настани. Се изведува етничка територијална поделба, се опструира и се фалсификува референдумот. Народот е понижен. Кога е Црвенковски на власт, гине (и) вториот претседател на државата (со целиот негов кабинет минус еден кој неколку месеци подоцна добива главна улога како шеф на ДИК во фингерајот наречен избори). Годината беше изборна, а ќе се избираше шеф на државата. Трајковски баш згодно го одбра времето за да загине. Црвенковски потоа, само вшета од едниот во другиот извршен кабинет за да си ја потполни збирката од врвни функции. Груевски како американизиран идеалист се закануваше со „псефалоџисти за рикаунтинг“ на изборните ливчиња. Кормиларот умираше од смеење. Додека тој кормилареше со државата, му кризираше партијата, што е загарантиран резултат кога тој ќе ги земе работите во свои раце. Но партиската криза не се одрази на државата. Напротив, СДСМ смени три премиери и три партиски лидерства, а мандатот му беше стабилен.
- Низ криза минуваше и ВМРО-ДПМНЕ, но со новоизбраниот лидер оваа партија на изборите во 2006 година излезе тотално реформирана, подмладена, со прецизна програма. И победи. Арно ама, тоа не беше гаранција дека ќе истера цел мандат. Црвенковски од државничката фотелја на нацијата и честиташе Нова година со злокобно ликувачка порака: „Сакам да го видам тој маж што на народот ќе му соопшти дека му го сменил името“. Ете затоа Груевски бил избран за нов вмровски лидер! Политички дунстер, кој требал да заврши валкана работа! За таков го сметале. Кога тој сериозно отстапи од „планот“, ни се случи нова криза. Опозицијата воведе нов „демократски модел“ по кој во унитарна држава со единствени избори, има двајца етнички победници, кои мораат да коалицираат. Сé додека тоа не се случи, Македонија беше во политичка и во институционална криза. Во 2008-та, два месеца пред самитот на НАТО во Букурешт, СДСМ го активираше истото сценарио за преземање на власта преку парламентарен преврат. Го прогласи превентивно Груевски за предавник што го продал името уште пред да почне самитот. Но и за кочничар на евроатлантските интеграции поради националистичката непопустливост. Го обвини и за тоа дека тој ги влошил меѓуетничките односи. Настана прекуноќ владина криза. Излегоа од коалицијата ДПА, ЛП и НСДП. Сепак, Груевски не е Георгиевски и договара со Ахмети распишување на вонредни избори и постизборна коалиција. СДСМ е затечен од оваа „непринципиелна коалиција“, па вели дека времето не било за избори. Изборите сепак се случија, ВМРО победи уште поубедливо. Но ни двотретинското мнозинство ни бројката од 63 мандати не му обезбедија нормален мандат. СДСМ го прогласи Ахмети за слуга на Груевски, а легалната влада за нелегитимна диктаторска власт. Следуваа секакви обвиненија, меѓу кои и за антиквизација и за гушење на медиумската слобода. Сега, лидерот на СДСМ во својот ултиматум навел предуслови и услови: бара да бидат суспендирани државните институции, државата да биде третирана како меѓународен протекторат, оти тој загубил верба во институциите. Бара странски фактор да удри на масата. Бара странци да му фингираат избори. Бара на тие избори Филип Рикер да му гарантира дека тој ќе биде победник, ако не и уставна категорија, бара народот да не се меша во политиката, а криминалот да се третира како претприемаштво. Бара сé, а за возврат тој „успешно“ ќе го затвори македонското прашање.

Автор: Мирка Велиновска

11-02-2011, 12:34 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#15

(11-02-2011, 12:34 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

До кога ваквите превртливи ќе ни се сервираат како да се Живко Чинго? Кај била Мирка да каже за сите овие работи тогаш? Со Бранко на журкање, се разбира...
11-02-2011, 02:38 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#16

[quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='33669' dateline='1297380853']

[quote]
Македонија е новата американска Панама

- Во 1990 година на избори победува новоформираната партија ВМРО-ДПМНЕ.Со нејзината победа се официјализира народната волја, која никој однатре, а уште помалку однадвор, дотогаш не ја есапеше. Сценаристите на распадот на СФРЈ, како и домашните протагонисти, воопшто не мислеа дека безгласниот и кроток македонски народ копнеел по своја независна држава. Тие мислеле дека 20 век бил доволен за трајно асимилирање и збришување на македонскиот народ. Мислеле дека времето било доволно да се одгледа и воспита политичка и интелектуална елита, која нема национален идентитет што може да ги искомплицира балканските востановени состојби. Оттаму, „факторите“ се најдоа непријатно затечени од референдумскиот резултат и победата на анонимната ВМРО-ДПМНЕ. Затечено беше дури и раководството на победничката партија, кое не знаеше што треба да прави. И така, неподготвеното водство, кое во дотогашниот систем било маргинализирано, надвор од главните политички текови, не успева да испреговара коалиција, а многу е веројатно дека и немало волја да ја преземе одговорноста за раководење со државата. Љупчо Георгиевски во моментот кога ги дозна резултатите на акредитираните новинари во прес-центарот во Собранието искрено им признава дека „не очекувал победа“. Како и да е, вмровците лесно и без борба им го предадоа својот мандат на искусните „преобразени“ комунисти. Тие го избраа првиот претседател на државата, тие ја измислија вонуставната функција потпретседател на претседателот, која му беше дадена на Георгиевски, колку да не е без ич, тие ја составија владата со 50:50 министерски квоти. По нецели две години плурален фингерај, обезвластената ВМРО-ДПМНЕ самоиницијативно премина во опозиција. Брзо потоа, „експертската“, всушност, коалициска влада беше соборена по барање на СКМ-ПДП. Мандатот го доби Петар Гошев, но откако и тој беше принуден да се откаже, со партиски преврат и многу дворски игри, целокупната власт ја зеде Бранко Црвенковски. И така, тој првпат стана премиер без избори, а неговата партија, иако изборно поразена, стана владејачка.
Во такви нелегитимни околности во 1993 година се случи приемот на Македонија во ООН со референца наместо име, се случија без јавна расправа или политички консензус промената на државното знаме и измените во Уставот, со кои Македонија се откажува од грижата и постоењето на македонското малцинство во соседните држави, отворајќи ги ширум портите за докажување на тезата дека македонскиот народ е производ на комунистички инженеринг.

Во 1994 година СДСМ на чело со Црвенковски самостојно организираше и изведе избори. Тогаш првпат слушнавме за гласање по моделот „бугарски воз“ и за контингенти од албански фиктивни гласови. Подземјето беше вклучено во креирањето демократска изборна атмосфера, а полицијата, освен со шверц, се занимаваше со компромитација и со застрашување на опозицијата. Не и беше тешко, зашто ВМРО вриеше од индивидуи со нарушен идентитет, инсталирана агентура и кафеански патриоти. Победата на СДСМ му беше загарантирана. Особено зашто на тие избори граѓаните не одлучуваа, ами судиите во ДИК. ВМРО-ДПМНЕ и ДП на Гошев ги бојкотираа институциите и заминаа во вонпарламентарна опозиција. Од ситуацијата никој не се потресе. Европа и САД не се притресуваа многу зашто им одговараше „комуњарите“ да ги држат уздите на овој џомбаст терен, кои се покажаа како темелно национално обезличени, а загреани за првобитна акумулација на капиталот. Во тоа благопријатно време на плурализам без опозиција, со санкции кон СРЈ и економска блокада кон Македонија, во земјата процутија организираниот шверц и криминал. Македонија стана светски извозник на нафта, бакар, злато, цигари. Владата на СДСМ ги удри темелите на криминалната држава и го озакони организираниот криминал. Тогаш се донесе клучниот закон по кој подоцна се изведе славната приватизација. Беше декриминализирана злоупотребата на службената положба, поради што македонската општествена сопственост од претходниот систем „во еден чекор“ се претвори во приватна. Така, работничката класа прекуноќ се претвори во безгласна, закрепостена раја, без правна и законска заштита. Новите капиталисти, помогнати од политичката левица, бескрупулозно им ги грабаа акциите и ги оставија без работни места. Немаше суд пред кој да се жалат зашто во функција на новиот криминален поредок беше извршен и генерален реизбор на судиите. Тие требаше да го исполнуваат само критериумот да не ги бидува ни за чистачи и да и бидат лојални на партијата што ги воздигнала. Во тој политички амбиент се случија ТАТ и други пирамидални штедилници. До крајот на тој мандат се случи и атентат на шефот на државата, а последователно се потпиша и Привремената спогодба. Тие настани „случајно“ се совпаднаа со времето кога се подготвуваше Дејтонскиот мировен договор, а Македонија изгледа за малку го промаши моментот со што не стана составен дел од комплицираното дејтонско сценарио. Интересно е дека сиот попис на настани што ги споменавме, не беа доволни за кој било да го употреби зборот криза. Напротив! Опозицијата си дремеше вонинституционално, собираше потписи за референдум за предвремени избори, се повикуваше на Уставот, но никој однадвор или однатре немаше чувство дека нешто е тотално наопаку.

КРИЗЕН ДИЗАЈН

Во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ пак победи на избори. Овој пат фактичките властодршци не сакаа да ризикуваат со народот како во 1990 година и на Георгиевски за изборите му беше прикачен набрзина наменски формиран субјект Демократска алтернатива.
Георгиевски, кој си умислува дека е историска личност, а не обична марионета во рацете на тајните служби, кои вешто ја искористија неговата алчност по пари, неговата харизматична необичност во комбинација со неговиот нарушен идентитет, [size=medium]не ни сфати дека како „њу Љупчо“ што го промовираа Американците, доби строго одредена улога во новиот фингерај.
Но Црвенковски тоа добро го знаеше и кротко чекаше вмровците да ја завршат валканата работа за тој да се врати како спасител, со помош на истите Американци. Македонија на 7 декември 1998 година во Брисел беше деградирана од држава во територија со неопределен статус. И тоа не било случајно. Во 1999 година експлодираше „спонтаната“ косовска криза. Македонија беше преплавена од бегалци. Доби 13 отсто ново население. Во Белград веќе отворено се подготвуваше сценариото во 10 точки за поделба на Косово, при што во игра влезе и територијата на Македонија. Оживеа планот на Милошевиќ и на Мицотакис за меѓусебно раскусурување преку Македонија. Во такви околности, Тупурковски решава да ја напушти Владата, а опозицијата го одржа најголемиот митинг на кој бараше оставка од Георгиевски. По тоа, поточно по 2000 година, кога се одржаа локалните избори, Црвенковски, заедно со Тупурковски и со Стојменов, го изведе трикот со новото парламентарно мнозинство со намера без избори да ја преземе власта. Сценариото не се оствари само зашто Амди Бајрам го обелодени и Георгиевски во последен момент го спречи. Дури по тој неуспех, Црвенковски се реши да си најде вистински повод кој ќе го доведе до власт. Го изведе трикот со прислушувањето на кој наседнавме сите што бевме избрани за жртви, а кои требаше да му помогнат во манипулацијата. Како и да е, овој изрежиран скандал беше преттекст за настаните што следуваа. Беше тоа 2001 година. Се подготвуваше „војната“ во Македонија, а СДСМ успеа повторно да упадне во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, станувајќи коалициски партнер во Владата за божемно национално единство. Како и во 1990 година, беше узурпиран мандатот и преземана власта уште пред да се случат изборите. Тогаш кога нам ни се случи ОНА со изобилна помош на НАТО и особено САД, Вашингтон го аранжираше Кумановскиот договор. Нашиот рамковен или Охридски договор дојде како анекс на тој договор. Последица од ваквиот исход е темелно преуредената Македонија, на која со една фингерајка и пет потписи и се одземени и победата од Втората светска војна и правото на македонскиот народ како дел од антифашистичката коалиција да создаде своја држава. СДСМ се враќа на власт како спасител, а Црвенковски како национален победник, што е краен историски цинизам. И пак на Македонија и се случуваат морбидни настани. Се изведува етничка територијална поделба, се опструира и се фалсификува референдумот. Народот е понижен. Кога е Црвенковски на власт, гине (и) вториот претседател на државата (со целиот негов кабинет минус еден кој неколку месеци подоцна добива главна улога како шеф на ДИК во фингерајот наречен избори). Годината беше изборна, а ќе се избираше шеф на државата. Трајковски баш згодно го одбра времето за да загине. Црвенковски потоа, само вшета од едниот во другиот извршен кабинет за да си ја потполни збирката од врвни функции. Груевски како американизиран идеалист се закануваше со „псефалоџисти за рикаунтинг“ на изборните ливчиња. Кормиларот умираше од смеење. Додека тој кормилареше со државата, му кризираше партијата, што е загарантиран резултат кога тој ќе ги земе работите во свои раце. Но партиската криза не се одрази на државата. Напротив, СДСМ смени три премиери и три партиски лидерства, а мандатот му беше стабилен.
- Низ криза минуваше и ВМРО-ДПМНЕ, но со новоизбраниот лидер оваа партија на изборите во 2006 година излезе тотално реформирана, подмладена, со прецизна програма. И победи. Арно ама, тоа не беше гаранција дека ќе истера цел мандат. Црвенковски од државничката фотелја на нацијата и честиташе Нова година со злокобно ликувачка порака: „Сакам да го видам тој маж што на народот ќе му соопшти дека му го сменил името“. Ете затоа Груевски бил избран за нов вмровски лидер! Политички дунстер, кој требал да заврши валкана работа! За таков го сметале. Кога тој сериозно отстапи од „планот“, ни се случи нова криза. Опозицијата воведе нов „демократски модел“ по кој во унитарна држава со единствени избори, има двајца етнички победници, кои мораат да коалицираат. Сé додека тоа не се случи, Македонија беше во политичка и во институционална криза. Во 2008-та, два месеца пред самитот на НАТО во Букурешт, СДСМ го активираше истото сценарио за преземање на власта преку парламентарен преврат. Го прогласи превентивно Груевски за предавник што го продал името уште пред да почне самитот. Но и за кочничар на евроатлантските интеграции поради националистичката непопустливост. Го обвини и за тоа дека тој ги влошил меѓуетничките односи. Настана прекуноќ владина криза. Излегоа од коалицијата ДПА, ЛП и НСДП. Сепак, Груевски не е Георгиевски и договара со Ахмети распишување на вонредни избори и постизборна коалиција. СДСМ е затечен од оваа „непринципиелна коалиција“, па вели дека времето не било за избори. Изборите сепак се случија, ВМРО победи уште поубедливо. Но ни двотретинското мнозинство ни бројката од 63 мандати не му обезбедија нормален мандат. СДСМ го прогласи Ахмети за слуга на Груевски, а легалната влада за нелегитимна диктаторска власт. Следуваа секакви обвиненија, меѓу кои и за антиквизација и за гушење на медиумската слобода. Сега, лидерот на СДСМ во својот ултиматум навел предуслови и услови: бара да бидат суспендирани државните институции, државата да биде третирана како меѓународен протекторат, оти тој загубил верба во институциите. Бара странски фактор да удри на масата. Бара странци да му фингираат избори. Бара на тие избори Филип Рикер да му гарантира дека тој ќе биде победник, ако не и уставна категорија, бара народот да не се меша во политиката, а криминалот да се третира како претприемаштво. Бара сé, а за возврат тој „успешно“ ќе го затвори македонското прашање.

Автор: Мирка Велиновска
[/quote]
Е заради овој дел ми беше зборот цело време!

(This post was last modified: 11-02-2011, 04:05 AM by Makedonec.)
11-02-2011, 04:03 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#17

Келта да је Америка
и за то што сја!!

Ова девојчице и дечци ви се зове Пита Гомнарица. Еден куп работи надробени, непрецизна хрнологија и логика која ја признава само Кумровечкиот Универзитет.
11-02-2011, 04:43 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#18

(11-02-2011, 04:03 AM)Makedonec Wrote: Сега, лидерот на СДСМ во својот ултиматум навел предуслови и услови: [b]бара да бидат суспендирани државните институции, државата да биде третирана како меѓународен протекторат, оти тој загубил верба во институциите.[/b]

Автор: Мирка Велиновска

Е заради овој дел ми беше зборот цело време!

Македонец, не заборавај, ако сето тоа е точно, тогаш мора да го погледнеш и однесувањето на Груевски. Бранко барал, но Никола е тој кој што исполнил. Кој цело време зборуваше треба да се замрзнат сметките и немал влијание врз судстовот, а потоа, оп, чекајте малку, ај сега одмрзнете ги сметките. Треба да веруваме дека ова сето се случува, а Груевски само седи и гледа од страна? Icon_razz

11-02-2011, 05:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Македонија е новата американска Панама

- Во 1990 година на избори победува новоформираната партија ВМРО-ДПМНЕ. Со нејзината победа се официјализира народната волја, која никој однатре, а уште помалку однадвор, дотогаш не ја есапеше. Сценаристите на распадот на СФРЈ, како и домашните протагонисти, воопшто не мислеа дека безгласниот и кроток македонски народ копнеел по своја независна држава. Тие мислеле дека 20 век бил доволен за трајно асимилирање и збришување на македонскиот народ. Мислеле дека времето било доволно да се одгледа и воспита политичка и интелектуална елита, која нема национален идентитет што може да ги искомплицира балканските востановени состојби. Оттаму, „факторите“ се најдоа непријатно затечени од референдумскиот резултат и победата на анонимната ВМРО-ДПМНЕ.

Во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ пак победи на избори. Овој пат фактичките властодршци не сакаа да ризикуваат со народот како во 1990 година и на Георгиевски за изборите му беше прикачен набрзина наменски формиран субјект Демократска алтернатива.

Георгиевски, кој си умислува дека е историска личност, а не обична марионета во рацете на тајните служби, кои вешто ја искористија неговата алчност по пари, неговата харизматична необичност во комбинација со неговиот нарушен идентитет, не ни сфати дека како „њу Љупчо“ што го промовираа Американците, доби строго одредена улога во новиот фингерај.

Госпоѓа Мирка меси "пита гомнарка". Коментаров го напишав уште вчера но не го постирав.
Со Мирка се слагаме во два битни елемнта но Мирка тоа го користи да си ја потврди нејзината теза/задача. Мирка го одработува АНТИАМЕРИКАНИЗМОТ . Затоа го користи Љупчо Георгиевски.Таа не убедува дека Америкаците го донеле Љупчо 1998 година за да ја спроведе војната која ја исфингирале Американците . Македонците треба да ја изгубат американската подршка пред конечното решавење на Косовско-Српското прашање. Исто како што Македонците ја изгубија подршката од САД пред војната од 2001 година

Quote:УДБАШКОТО ДПМНЕ ЈА ПРОКОЦКА ШАНСАТА ШТО МУ ЈА ДАДЕ ВМРО ПРАВДА!!!

По многу децении и тешки надмудрувања со комунистичката тајна полиција, раководството на ВМРО ПРАВДА, согледувајќи го моментот-распадот на Југославија, донесе решение на ДПМНЕ да му даде шанса да го продолжи континуитетот на ВМРО и така да се изборат за суверненоста и самостојноста на делот од Македонија кој се наоѓаше во составот на Југославија. Силите во ДПМНЕ кои беа инсталирани од УДБА и кои требеше да им послужат на српско - комунистичките сили како декор дека во Македонија постои плурализам и демократија, многу бргу ја сфатија опасноста од четирите златни букви и тргнаа во офанзива да ги елиминираат вистинските носители на идејата на ВМРО. Тој атак беше пресилен за неискусното и чесно гласачко тело внатре во партијата, што на УДБА и овозможи да однесат победа, да не дозволат ниту еден член на ВМРО да влезе во раководните структури на ВМРО ДПМНЕ и со тоа УДБА воспостави целосна контрола врз ВМРО ДПМНЕ. Тие случувања беа пресудни за нашето повлекување.

Извор

Quote:ПРЕДАВНИКОТ ЦРВЕНКОВСКИ ПРОТИВ ПАТРИОТОТ ГРУЕВСКИ
ИЛИ
ПАТРИОТОТ ЦРВЕНКОВСКИ ПРОТИВ ПРЕДАВНИКОТ ГРУЕВСКИ
КАКО ДА СВРТИШ ИСТО МУ ДОЈДЕ

Партијата Демократска Алтернатива по налог и помош на инсталациите ја основаа најтврдокорните членови на Сојуз на Комунисти-Движење за Југославија (Србија), а причина за основање беше тоа што во ВМРО-ДПМНЕ по Кичевскиот Конгрес, сепак успеа да остане по некој вистински ВМРО-вец и со тоа да внесе повторно страв кај инсталациите.

Извор

До каде оди дрскоста, колку не потценуваат, газдите на Мирка и на останатите ОПЕРИСТИ, сите докази јасно укажуваат дека: Љупчо е купен од УДБа, дека: Фазли Велиу и Али Ахмети биле на платниот список на КОС, дека: Бранко и Ахмети контактирале пред војната, дека: еден од главните луѓе на КОС Драган Стојменовски Млекце е во тимот на Бранко ама Мирка и Ефтов не убедуваат дека не е така. Американците стојат зад тоа.

Quote:во Гостивар во станот во сопственост на контраразузнавачкиот центар на Министерството за одбрана, кое тогаш го раководи Владо Бучковски, се одржуваат тајни средби, одбрани оперативни тимови на СДСМ и ОНА'. Клучевите од овој стан, според Бачев ексклузивно по налог на Бучковски ги имал еден познат во јавноста армиски полковник-разузнавач Д.С.-М. Да, лесно се распознава дека под овие иницијали се крие Драган Стојменовски Млекце

11-02-2011, 08:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Да ги освежиме секјавањата:

Quote:Тајната мрежа на СДСМ

Пишува Јадранка КОСТОВА
ФОКУС бр 584 2007 година

Тајната мрежа на СДСМ е жилава. Таа одлично функционира сиве 16 години. Иако во 1990 г. на првите повеќепартиски избори реформираните комунисти загубија, сепак на волшебен начин се смисли експертската влада, за после две години ВМРО ДПМНЕ и целосно да замине во опозиција. Ресорот внатрешни работи со се тајната полиција и нејзините инсталации, си остана како што си беше и во претходниот режим. Кога во 1998 г. 'превапцаните' комунисти беа целосно поразени од коалицијата предводена од ДПМНЕ, оваа структура само се прилагоди на новите услови. И како и во 90-тата, така и овој пат, повторно стана дел од власта. Но сега не како експертска, туку се направи широка коалиција. А за да се направи 'широката' повод или претходница беше војната, за која пак СДСМ не дозволи да се прогласи воена состојба. Каква е улогата на СДСМ-овската братија во овие воени случувања? Беа ли во некаква координација со учките на Ахмети? Иако со својата 'алкаеда' мрежа првично успејаа да ја раструбат верзијата 'Љубчо и Џафери ја смислија војната', сепак се повеќе и се почесто добиваат гласност контратезите за соработката меѓу Црвенковски и Ахмети уште во пролетта 2001-та. За ова 'ствар' особено самоуверено делуваат одредени изјави на Мендух Тачи и 'белата книга' што ДПА ја најавува, ама не ја објавува. А да биде штосот поголем после секоја негова ваква реплика во дуел со некој од СДСМ и ДУИ, наеднаш или прекинува полемиката или барем се тера на друг колосек. Со оглед на тоа што за 2001-та сеуште немаме заедничка дефиниција, ниту пак се расчистени чудните трансформации на терористите во борци за човекови права, останува само да ги анализираме изјавите и да ги преџвакуваме настаните, кои од оваа временска дистанца добиваат и поинаква боја.

Дека СДСМ не е шала, односно дека има поткрепа во некакви тајни структури, најдобро се покажа во нивното опозиционерство. Но тогаш немаше барање оставка од лидерот, туку целата енергија се насочИ на проектот 'предвремени избори'. После сомнителниот избор на Трајковски з апретседател, Црвенкосвки со дружината започнаа митингување низ републиката за рушење на владата. Се случи и палењето на американската амбасада, за што веќе опширно пишувавме. Но Георгиевски комотно владееше, уживајќи ја подршка и на меѓународните фактори. И откако добро с еконсолидираа 'мрежата' се разработи. Во август 2000 г, тогаш во улога на портпарол на СДСМ, Бучковски драматично ќе најави: Или предвремени избори или ќе го активираме планот Б. Само два месеци подоцна ќе стане јасно што содржел планот Б. Бевме сведоци на обидот за рушење на коалицијата одвнатре, преку таканареченото 'ново парламентарно мнозинство'НПМ, каде главните борци ќе бидат алтернативците на Циле и група пратеници што од ДПМНЕ ќе ги отцепи потпретседателот Борис Стојменов. Деталите И сценариото за планот Б се разработувани на тајни средбите што се одржувани во една приватна куќа на Водно. Планот не успеа. Се виде дека и Љубчо не седел со скрстени раце. Но тогаш се покажа дека владата се уште ја има подршката однадвор.
Не знам како им бил наречен, ама сега е јасно дека 'големото уво' што во јануари 2001г. го обелодени Црвенковски би трбал да биде своевиден 'панот Ц'. Во тој дух, пак, нивната контроверзна соработка со учк-ите на Ахмети во војната би дошле нешто како 'Планот Д'. Тогаш успејаа да влезат во власта, па да излезат, за на '15 септември' ни ја исцедат судбината во нивни раце. Сите овие 'планови' не ќе беа остварливи беа логистика на некаква тајна подземна мрежа. Или како што оцени Стојан
Андов токму во овој период на наводно опозиционерство најдобро се виде дека некаква тајна служба работи во функција на СДСМ и Црвенковски. Во таа смисла, додоколку се формира комисија за вистината, ќе биде особено инспиративно да се разјасни овој период од поновата македонска историја. За сега, ни останува само да ги систематизираме специфичните изјави, да трагаме по можната вистина или да се соочиме со минатото наместо 'да гледаме напред, не назад'. Веќе има поединци, инсјадери кои на свој начин даваат придонес да се состави мозаикот. Но повеќето инсистираат на анонимност. Единствено преку Шпиц во серијалот за тајната улога на ДБК, а потоа и во Фокус неодамна проговори ексразузнавачот Јанко Бачев, сега веќе претседател на народното движење за Македонија. Но како ексклузивност е тоа што за прв пат се јави човек кој признава дека бил кодош на службата, токму во тој период. Станува збор за Борче Трајковски, кој после книгата 'Од Осака до Дижонска' објавена минатата година, наскоро ќе ги сподели со јавноста И своите искуства кога под псевдонимот 'БОЈ бил 'лице за трансфер на податоци и информации'.
Интересно е дека постои целосно совпаѓање меѓу искуствата на Бачев, во тоа време вработен во ДБК, и она што Трајковски ни го пренесува преку неговата книга. Бачев тврди дека И после 'промените': Во делот на функционирањето на СДБ, континуитетот си остана совршено недопрен и за периодот на т.н. владеење на ВМРО ДПМНЕ. 'Државотворците' од СДСМ благовремено, уште пред номиналното предавање на власта во 1998 година, го разработија системот на инсталирање и вметнување на нивните проверени кадри, така што и после 1998 година, СДСМ преку своите истурени инсталации со невидена леснотија целосно ќе ја освои и раководи СДБ'.
Трајковски пак опишува како е врбуван за соработник (види рамка). Заслужува внимание каде високиот функционер што го контактира му посочува дека 'неколку одбрани луѓе од ДБК', меѓу кои е и тој, работат на рушење на владата, на подготовка на скандали, кои за воља на вистината ги имаше колку сакаш. Но, проблемот во нашава приказна е што излегува дека ДБК работела за интереси на една Партија. Уште повеќе, на партија во опозиција. Трајковски или БОЈ, на пример, ја опишува задачата кога требал да пренесе 'доверлива информација' на одредени новинари дека 'владата под 'строго доверливо подготвува акција против неколку познати фирми, а со помош и на експерт за финансиски малверзации од Еуропол.
На Борче или БОЈ му била јасна задачата, но не му е јасна смислата на целава операција. За овие свои дилеми, тој запишал:
Ми стана јасна намерата на 'Михајло' или на ДБК, или на СДСМ-овската 'тајна служба', сеедно, можеби и лично на Црвенковски? Имено 'ТИЕ' сакаат да објават некаква операција за наводна ВОЈНА на владата на Георгиевски, против бизнис олигархијата создадена во времето на Црвенковски. 'ТИЕ' (мислам на врхушката на СДСМ) добро знаеа дека нивната бизнис 'ЕЛИТА" плати дебели пари за да си обезбеди спокој, по поразот на нивниот пулен Црвенковски, кај новиот Премиер. Е сега, ако евентуално, успешно се растури информацијата, (сеедно ако е и дезинформација), за некаква тајна војна од страна на Георгиевски, против Фамилијата, тоа би можело да предизвика сериозни турбуленции во Владата на Љубчо, заради неизбежната опасност од соочување на Премиерот со 'плаќачите'. Таквите средби никогаш не се пријатни, особено ако веќе сте го дале газот под кирија.
Се разбира, БОЈ си ја завршил работата. Информацијата или дезинформацијата, сеедно, ќе биде објавена, но Латас ќе го провали идентитеот на 'Михајло', па тој ќе биде сменет од Доста Димовска. Останува енигма какви 'емоции' предизвикала 'веста' кај бизнисмените или како што ќе рече во една пригода Георгиевски 'истите им спонзори'. Бачев тврди дека уште во септември 1998 г била укината оперативната акција 'Трансформација-96'. По поразот на парламентарните избори, целата документација со обемни оперативни сознанија за криминалните аспекти на приватизацијата за околу 100-тина поинтересни фирми, експресно била изнесена од СДБ.
Но подготвувајќи се за евентуално опозициско дејствување, според Бачев, СДСМ ќе дојде на идеја да формира паралелна разузнавачка служба под негова контрола. Во таа насока, пред изборите во 1998 година дојде до привидното 'збогување' со СДБ на лицето Живко Ѓеоргиевски, тогашен началник на моќната втора оперативна управа во тајната полиција. Тој заминува кај Минчо Јорданов во 'Макстил', до неодамна вицепремиер во владата на Бучковски. Во Макстил 'старите пријатели' од времето на УДБА ја реализираат идејата за формирање паралелна разузнавачка служба. Јадрото на оваа паралелна структура ќе биде всушност СДБ, и во неа ќе се дислоцираат добар дел од најискусните и најспособни кадри на тајната полиција. Истовремено, ќе биде засилена и со пензионирани агенти на СДБ, кои со своето искуство даваат голем приоднес во реализирањето на дефинираните задачи и цели. Оваа паралелна разузнавачка служба денеска брои дваесетина припадници.
За сега Бачев одбива да ги обелодени нивните имиња, освен спомнатиот Живко Ѓеоргиевски.
Борче Трајковски пак ја опишува задачата што ќе ја добие дента кога е обелоденет скандалот 'Големото уво'. Неговата задача како нели 'лице за трансфер на податоци и информации' била да ги намами ВМРО-овците кон бизнисменот Тоше Пикон. Задачата успешно ќе си ја сработи. Впрочем, експресно од ВМРО-овциве и медиумите што тогаш ги контролираа ќе почне да се вергла опцијата или одбраната од скандалот дека фирмата блиска до СДСМ, 'Пикон' има опрема за прислушување. Сепак, и на Бој не му е јасно дали 'информацијата' што треба да ја размножи е вистинита. Има уште еден занимлив детал. БОЈ ќе дотурка дури до Љубе Бошкоски, во тоа време државен секретар во МВР. Бошкоски сепак ќе побарал да ги поткрепи тврдењата за Пикон со некакви документи. И она што е многу симптоматично е што откако на неговата врска од ДБК, 'Михајло' му пренел што бара Љубе од него, овој го смирил дека тоа не е никаков проблем.
... За само осум дена на мојата домашна адреса, ќе пристигне пратка од ФЕДЕКС, во која ќе ги добијам документите за наводната набавка. Испраќачот на пратката беше фирмата од Сингапур, И сето тоа ме збунуваше. Се прашував како ли само успеаја да го направат тоа? Јас вистински добив документи од Сингапур, за наводната набавка на таква опрема од познатата скопска фирма! Останав зачуден-пишува Трајковски во својата книга Што ќе излезе кон крајот на годинава.
Овој детал покажува дека 'Михајло' не работел на своја рака. Ваква една работа навистина може само Служба да ја обави.
И без да ви ја прераскажувам книгата, ниту од него веќе за скандлаот не е барано нешто, затоа што веќе војната се разгоре.

Странските разузнавачки служби си работеле. Ниваната улога во 2001-та, ја оставаме настрана. Овој пат само кога , како И ЗОШТО се контактите меѓу СДСМ И ОНА. Според повеќе искази особено од ДПА што тие ги ветуваа во 'белата книга' е дека коалиционерите СДСМ И ДУИ се 'стари пријатели'. За карактерот на 'партнерот' им само д апотсетиме дека заклетвата на борците на ОНА завршувала со зборовите:
Ќе се борам до последна капка крв за обединување на албанските територии. Нашите извори тврдат дека Бранко и Али се сретнале во март во 2001 (види рамка). Од 22 март 2001 на новинарот на 'Њузвик' Ахмети ќе изјави: Наша единствена цел е да ги истераме славјанските сили од територија што историски е албанска'. Занчи само кој е кој според официјалните ставови. Ахмети уште не е борец за права.
Особено е занимлив написот на бачев објавен во Шпиц во текот на јуни оваа година. Тој тврди дека 'додека на теренот се води војна, на неколку наврати во Гостивар во станот во сопственост на контраразузнавачкиот центар на Министерството за одбрана, кое тогаш го раководи Владо Бучковски, се одржуваат тајни средби, одбрани оперативни тимови на СДСМ и ОНА'. Клучевите од овој стан, според Бачев ексклузивно по налог на Бучковски ги имал еден познат во јавноста армиски полковник-разузнавач Д.С.-М. Да, лесно се распознава дека под овие иницијали се крие Драган Стојменовски Млекце. И за оперативни тимови составени од личности од највисока доверба на Црвенковски и Ахмети, Бачев користи иницијали, но И опис на актуелните функции, па оттаму се лесни се идентификација. Затоа И во оваа пригода ќе ги дадеме целосно.
"Оперативниот тим на СДСМ е составен од Лазар Китановски, Зоран верушевски И Миле Зечевиќ, а тимот на ОНА го раководи Гзим Острени И Телал Џафери. Бучковски, пак, како тогашен министер за одбрана, ќе биде на врска со ОНА преку неговата тогашна и сегашна верна сенка Марјан Ѓуровски, кој одржува врска со веќе спомнатиот Острени. Подоцна се дозна дека алчноста на СДСМ одела дотаму што дозволиле дури телефонските апарати за комуникација и телефонските сметки на Зечевиќ и Ѓуровски од штабот на СДСМ да ги плаќа ОНА.
И Латас како доброинформиран за стварта, во предизборната канонада против Бучковски, а преку Вечер поставувајќИ му прашања ќе сугерира дека Бучковски се сретнал во 1999 г. со Дарко Ашанин, извршител и ликвидатор на српската државна безбедност, пријател со Аркан, а потоа И организатор на неговата егзекуција. До средбата дошло со посредство на тогашниот шеф на скопската организација на СДСМ, Љупчо Палевски- Упа. Латас уште прашувајќИ го Бучковски 'дали му е познато, и кој го запознал со документите на Сојузната ДБК', експлицитно наведува дека Фазли Велиу во 80-сетите соработувал со ДБК, и од нивни пари снимил пропаганден филм против Македонија, за да му обезбедат авторитет меѓу албанските емигранти. Дека контактите меѓу СДСМ-овци И ОНА се интензивни за време на војната потврдува И прашањто: Дали како министер за одбрана во 2001 г. имал цело времелични контакти И соработка со командантите на ОВК во Тетовски?
Според Бачев неколку податоци одат во прилог на тезата дека војната е конструирана. Имено, со почнувањето на војната, тајниот центар на СДСМ во СДБ ќе обезбеди преку неговите раководни инсталации во тајната полиција да се бришат одредени безбедносно-интересни лица од евиденциите на СДБ. Ова особено ќе биде зачестена појава на неколку месеци пред војната, кога речиси секојдневно се доставуваат телеграми за информирање до агентурата во СДБ, дека спомнатите лица се бришат од евиденциите на СДБ. Што значи дека т.н.бришани лица повеќе не се интересни за службата и агентите на тајната полиција во иднина не треба да преземаат какви било оперативни активности спрема нив.
Колку ова било длабоко смислен и оправдан план во тоа време, може да се види од увидот во овие списоци за бришење од евиденциите на СДБ, каде се доаѓа до фрапирачко сознание според кое т.н. бришани лица како неинтересни за агентите за СДБ, всушност биле најекспонираните команданти на ОНА за време на војната како Фазли Велиу, Џеват Адеми и Муса Џафери.
Комисијата за вистината да ја утврди вистината за НПМ, за големото уво И војанта во 2001. период кога опозиција а делува со свој таен центар.
Бачев во секој случај останува на изјавата дека 'во најскоро време кога ќе се созадат правните претпоставки ќе го објавиме списокот од 30-тина крупни кодошИ'. Но овој заинтригурачки Ќе додаде - јавноста ќе биде најизненадена кога ќе ја водо најкрупната соработничка ѕвезда во Македонија, човек кому службата му помогнала да се устоличи на највисоките функции. Но за тоа во наредниот Фокус.

Борче ТРАЈКОВСКИ
Досие 'БОЈ'

КАКО ДБК ЈА УРИВАЛА ВЛАДАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ

После книгата 'Од Осака до Дижонска' во која преку сопственото искуство ни ја пренесе криминална транзиција, авторот екс бизнисменот Борче Трајковски наскоро ќе го издаде продолжението, насловено како 'Досие БОЈ- врвна тајна'. Првичната верзија Фокус имаше можност да ја прочита уште минатата година. Во ова возбудливо четиво, Трајковски го опфаќа периодот 2000 и 2001-ва година, кога за да избегне издржување на едногодишната казна затвор станува соработник на службата.
Ви го пренесуваме делот кога агентот од ДБК, што тој го именува како 'Михајло', во 2000-тата му дава налог на Борче односно БОЈ да му даде наводна 'сигурна' информација на Латас од ТВ Сител дека 'Љубчо подготвува акција против дваесетина видни бизнисмени'. Задачата 'Михајло' му ја објаснил со следниве инструкции:
- Слушај ме внимателно. Оваа Влада мора да падне! Веќе со сигурност знаеме дека 'Дебелиот' ќе ја напушти коалицијата со Георгиевски и ќе излезе од Владата. Тој со себе ќе повлече доволно пратеници што ќе значи дека Владата ќе го загуби мнозинството ... Како и да е, неколку одбрани луѓе од ДБК, меѓу кои сум и јас, подготвуваме повеќе скандали и афери кои треба дополнително да го разнишаат Георгиевски и морам да признам дека имаме сериозен проблем со подготовките. Не знаеме што да одбереме. Пливаат во афери и скандали! Реакциите што ги добиваме од Интерпол, Еуропол и другите разузнавачки служби од надвор, се многу сериозни. Бараат да интервенираме, а не знаат дека ни се врзани и рацете и нозете, и ушите и очите.

ексклузивно
ЦРВЕНКОВСКИ И АХМЕТИ СЕ СРЕТНАЛЕ УШТЕ ВО МАРТ 2001?!

Првата средба меѓу Бранко Црвенковски и Али Ахмети била во првата половина на март 2001 г. во македонската амбасада во Словенија- тврдат извори за Фокус кој сакаат да останат анонимни. Сепак истиот извор наведува дека за ова постои аудио и видео снимка која ја поседува една странска разузнавачка служба. Останува енигма дали снимките што во неколку наврати ги споменува Мендух Тачи се за овој состанок или пак ДПА има нешто друго. Во секој случај, останува да ја сочекаме нивната 'бела книга' за војната 2001. Исто така, беа споменувани и контактите за време на војната меѓу високи функционери на СДСМ со функционери на ОНА во Брисел, каде да потестиме тогаш дејствуваа Муса Џафери и Агрон Буџаку.

Јанко БАЧЕВ:
МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ БЕШЕ КУРИР НА ЦРВЕНКОВСКИ

Екс разузнавачот Јанко Бачев тврди дека за цело време на војната, Црвенковски и Ахмети биле на постојана врска.
-Лице за контакт-курир на Црвенковски- ќе биде Миле Зечевиќ. Во тоа време тој му ги пренесува на Али Ахмети строго чуваните тајни од Министерството за одбрана на Бучковски, се разбира со негово знаење. Се сеќаваат граѓаните дека за време на војната борците на ОНА речиси секогаш однапред ги знаеја и ги избегнуваа заседите на македонската армија. Во оваа насока, борците на ОНА добро го знаеја и движењето на македонските бранители за што благовремено поставуваа мински заседи од кои загинаа најголем дел од македонските бранители.
(This post was last modified: 11-02-2011, 08:54 PM by ЈорданПетровски.)
11-02-2011, 08:53 PM
Reply