Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.17 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
82 години од смртта на Мара Бунева
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#61

(19-02-2011, 08:46 PM)Гост Wrote: Ти ще пренапишеш историята, усещам те. Заеми се да издадеш и нов тълковен речник.



Ајде објасни ми ти што е Македонец а што Македонист.
19-02-2011, 08:49 PM
Reply
Гост Offline
Junior Member
**

Posts: 34
Joined: Feb 2011
Reputation: 0
#62

Курсове по ограмотяване нема да водя.
Кого ще чуем от тебе за Мара Бунева - тя македонистка ли беше? Като българка ли умря или не е знаела що е?
19-02-2011, 09:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#63

(19-02-2011, 09:00 PM)Гост Wrote: Курсове по ограмотяване нема да водя.
Кого ще чуем от тебе за Мара Бунева - тя македонистка ли беше? Като българка ли умря или не е знаела що е?


Писмо на братот на Мара Бунева, Борис, можеби ке ти помогне да осознаеш што била Мара Бунева.


Quote:Пренесено од "Фокус" бр. 612, 23 март, 2007 година, стр. 34-36 (весникот писмото го има прикажано и фототипно)


" Почитуван г. министре,

Во текот на септември 1941 година, заедно со семеjството, сопругата и синот, се преселив во Скопjе, при што од Софиjа jа пренесов сета покуќнина.

Немаjќи сопствен дом, бидеjќи моите родители живеат во Тетово, од чиновникот за државни имоти ми беше определено да живеам во куќата на ул. 248 бр. 6, во коjа jа сместив сопствената покуќнина. Порди настаните на 8-ми септември 1944 г., го напуштив Скопjе без да jа изнесам покуќнината и заминав за Софиjа. Причините поради кои jа напуштив татковината Македониjа, ќе ги изнесам подолу.

Поради различните патишта по кои одев за слободата на Македониjа, денес сум определен како неподобен жител на татковината..., иако постоjано живеам со убавата мисла дека ќе ми биде дозволено да живеам во Македониjа и да бдам полезен. ...

Тоа мое решение да живеам во Бугариjа е привремено и ми налага да си jа соберам покуќнината. Домашните ми jавуваат дека во куќата во коjа се наоѓа покуќнината се вселило службено лице, кое одбило да ги пpедаде работите. ...

На почетокот на молбата ветив дека ќе ги изложам причините поради кои ги напуштив Скопjе. Бев загрижен за навлегувањето на Љотиќевците и Дража Михаиловичевите вооружени групи, за кои имаше сведоштва дека се веќе во Сурдулица и второ, ако останев во Скопjе, ќе требаше да се потчинам на германските воjски.

Од Љотиќевците и Дражамихаиловичевците се плашев дека како стар борец на ВМРО ќе посегнат по мене, а на Германците не сакав да им служам.

Треба да ви раскажам за следното:

Неколку денови пред бугарските воени и административни власти да jа напуштат Македониjа, во кабинетот на обласниот директор Тома Петров, на состанок бевме повикани неколку граѓани.

Обласниот директор ни рече дека бугарската влада му наредила да свика состанок со видни граѓани и да основa 'привремена македонска влада' под покривителство на германската воена команда и германскиот конзул во Скопjе, и таа влада треба да jа обjави автономиjата на Македониjа.

Сите присутни требаше да се изjаснат. Jас прв се jавив за збор, и буквално го кажав следново:

' Господине директоре, не во 11 часот, туку сега земете го телефонот и соопштете им на министрите, да им jа ебам маjката, зошто ни советуваат да jа обjавуваме автономиjата на Македониjа. Ние тоа нема да го направиме.

Господине директоре, вие не водите сметка дека меѓу нас нема пpедставници на тие што имаат право да зборуваат, тие што се по планините. Вие ли сте врската со нив, со тие што утре ќе влезат со оружjе в рака во градот? Тие со право ќе кажат: кои сте вие да основате привремена влада на автономна Македониjа без нас да не прашате? Вие ли, кои цели три години танцувавте во воениот клуб, вие ли имате право на такво нешто без да сте ополномоштени од нас, кои во тоа време бевме во планината и водевме борба со бугарските и германските власти? ...Затоа господа предлагам понатаму да не дебатираме по ова прашање. '

Господине министре, моjот став по ова прашање им беше познат и на германските воени власти и на германскиот конзул, и го ризикував животот во Скопjе поради повлекувањето на бугарските власти.

Некоj би прашал: а зошто не отиде в партизани? На тоа прашање, еден човек како мене би можел кратко да одговори: немав гаранциjа дека ќе бидам примен од нив, ниту пак сакав да бидам смешен и да се определувам во последната минута за да се наредам до тие што со месеци беа по планините. ...

Великобугарин сум до толку, до колку сум можел да имам право да живеам во сопствената татковина Македониjа, слободен и невознемируван. За слободата на Македониjа сум се борел против великобугарството, за што во Бугариjа сум бил осуден на смрт и сум лежел во затвор 5 години и 4 месеци.

Ако бев великобугарин ќе се согласев на државна служба во Скопjе коjа настоjчиво ми беше нудена. Ако бев великобугарин, барем на едно државно собрание во Македониjа ќе говорев. ќе пишував во весниците за великобугарството...

Ако бев великобугарин, немаше да ги одбегнувам прославите и банкетите, иако сум бил специjално канет....

И наjпосле, ако бев великобугарин, ќе отидев на приемот во општината организиран од цар Борис. Упорно бев покануван да присуствувам, но откажав и не отидов. Тоа ќе го потврди и г. Кирил Жерновски, коj во своjство на помошник на кметот имаше наредба да ме покани.

И кога официjалните органи ми составуваа белешки дека одбегнувам од тоа, им одговарав:

'Додека бугарските власти jа сметаат Македониjа за своjа колониjа, jас не сакам со присуството да го потврдувам тоа'. ...

Како член на В.М.Р.О. Да, таков бев, и имав престапи против бившото Кралство Jугославиjа. Титовата Jугославиjа и Федерална Македониjа не можат и не треба да бараат сметка од тие кои по своjата идеологиjа се бореле против Кралска Jугославиjа. В.М.Р.О. и неговите членови не водеа борба против новата демократска Титова Jугославиjа.

Почитуван г. министре,

Интересно е да наредите едно сеопфатно истражување на моjата деjност од 1941 г. до 8-ми септември 1944 година...И ако се докажат моите полезни работи во Македониjа, да наредите да ми се врати покуќнината според приложениот список, за дa останам со добри чувства кон управителите на моjата татковина Македониjа во коjа мечтаам да живеам.

Со почит кон вас и за доброто на моjата татковина Македониjа

Софиjа 15 октомври 1945 година
Со почит,
Борис Бунев "
19-02-2011, 09:31 PM
Reply
Гост Offline
Junior Member
**

Posts: 34
Joined: Feb 2011
Reputation: 0
#64

Не ме интересува Борис Бунев- не той е темата. Да чуем конкретно за Мара Бунева сакаме.
19-02-2011, 09:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#65





Quote:Ликот на мојата тетка е неправедно оцрнет, вели внуката на Мара Бунева

[Image: 404273F1F9ADB64EAD6E52130DE78879.jpg]

Судбината на семејството Бунева е трагична како и на многу други македонски семејства

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Едниот внук на Мара Бунева од нејзиниот постар брат Борис живее во Софија и говори бугарски, другиот, од помалиот Лазар, кој почина пред неколку месеци во Белград, зборуваше српски. Тоа ни малку не им пречеше да се сакаат и да си помагаат. Нивните роднински врски не ги прекинаа ниту војните, ниту пробугарските, ниту просрпските пропаганди.

„Кога се гледав во Белград со братучед ми Бранко, говореше српски, таму израсна, дали се чувствуваше како Македонец или како Србин никогаш не сум го прашала. Тоа не сум го прашала ниту мојот братучед Милко во Софија, дали е Македонец или Бугарин. Многу помалку контактирав со нив отколку што контактираа тие меѓу себе. Многу се сакаа и често се гледаа. За смртта на Борис пред неколку месеци разбравме токму од Милко. Ни се јави во Скопје. Му помагаше на Борис кога НАТО го бомбардираше Белград, му испратил и пари да му се најдат. Без разлика на кој јазик зборуваа, во се' се разбираа“, раскажува нивната братучетка Анче Герасимовска, внука на Бунева од нејзината сестра Ленка.

Судбината на семејството на Мара Бунева, атентаторка на Владимир Прелиќ, е трагична како и на многу други македонски семејства кои, подложени на страшниот притисок на пропагандите и борбата за егзистенција, се растурале по светот и понекогаш се вклучувале во спротивставените завојувани страни, кои не одбирале средства за да остварат влијанија на македонските простори. Кога ќе се слушне приказната за Буневи, изворно кажана од човек на семејството, изгледа сосема поинаку од онаа што и ден-денес сакаат да ни ја сервираат определени кругови.

Животната врвица на секој нејзин член е слика и прилика на трагичните македонски судбини, кроени и прекројувани од српски, бугарски, грчки и којзнае какви други пропаганди. Страшното време, војните и окупациите, шесте деца на тетовецот Никола ќе ги одведат на разни страни. Најстариот брат Борис ќе стане бугарски офицер, помладиот Лазар ќе влезе во српската војска на Кралска Југославија. Најстарата од четирите сестри Мара, родена во 1902 година, животот ќе го заврши откако ќе го изврши атентат на 13 јануари 1928 година. Една година помалата сестра Ленка ќе остане во Македонија, најмладата Вера ќе се омажи и ќе замине во САД, а четвртата сестра Нада ќе почине многу млада, на 18 години, истата година кога е убиен Прелиќ.

Разговараме во домот на Анче Герасимовска во Тетово, професорка по музика во пензија. Сакаме од неа да слушнеме за нејзината тетка чие име и ден-денес многумина го користат за своите пропагандни цели. Вели дека страшно е револтирана од многу невистини што деновиве се изговорени и напишани за Мара, чиј подвиг и по осумдесетина години предизвикува расправии и делби меѓу Македонците. Признава дека и' е тешко да говори за тие времиња, до сега за тоа не говорела пред ниту еден новинар, но сега, откако ги слушнала сите невистини, сака да ги соопшти своите видувања и на некој начин да се исправи неправдата што и' е нанесена на тетка и' Мара, а со тоа и на нивното семејство.

[Image: 864F42785ACA7A489110CCFA172E0B98.jpg]

„На една од телевизиите, сега покојниот Спасе Шуплиновски изјави дека и' бил роднина на тетка ми. Јавноста треба да знае дека не е никаков род со нас, ние него не го познаваме, немаме никаква семејна врска со него. На истата телевизија слушнав изјава и на еден свештеник, која по панихидата во црквата ’Св. Димитрија’ рече дека Мара не била чесна жена, имала повеќе мажи, дека му била љубовница на Владимир Прелиќ, што не е вистина. Не е вистина и тоа дека била љубовница на адвокатот Андрејчин од Тетово, кого српските власти го ликвидирале истиот ден кога е извршен атентатот. Со семејството Андрејчин бевме соседи и големи пријатели. Многу невистини се кажаа за тетка ми Мара и се извалка нејзиниот образ. Таа била омажена жена, а атентатот го извршила од патриотски побуди. Не е вистина ниту тоа дека во нашето семејство се говорело бугарски, како што тврдат некои. Мојата баба никогаш не сум ја слушнала да каже ниту еден збор бугарски. Многу добро се сеќавам на неа. Мајка ми од Скопје ќе ме испратеше за Тетово со малиот воз, кој патуваше девет часа, и јас кај неа ќе останев цело лето. Не паметам да ми прозборила бугарски збор“, вели револтирано внуката на Мара Бунева.

Буневи е познато тетовско семејство. Никола Бунев бил писмен човек, се школувал во Солунската гимназија. Читал многу, бил учител, но за трговија не го бидувало. „Имаше многу книги. Не знам каде отидоа, кој ги зеде. Откако ја продадовме, куќата ги снема“, вели неговата внука Анче. Нејзината баба била од богато трговско семејство. Убавата двоспратна куќа во која живееле ја изградил таткото на баба и', како и тетовската црква „Св Димитрија“ во Тетово.

Како се случило едниот брат да се најде во бугарската, а другиот во српската војска кои многупати војувале за Македонија. Анче вели дека нејзиниот дедо за време на Првата светска војна кога Тетово го окупирале Бугарите бил кмет на градот. По војната, кога дошле Србите, останал без работа. Морало да се бара некакво чаре за егзистенција. Па така, Лазар го испратил во Белград, а Борис во Софија.

За време на Втората светска војна, Глигор, таткото на Анче, своето семејство ќе го пресели во Скопје. Во Тетово ќе остане само баба и' да ја чува куќата. Во 1941 година, по италјанската и албанската окупација на западна Македонија, Македонците ќе се најдат под голем притисок на бандите на Џемо, особено во Тетово. Таа раскажува како во тоа време одвај спасиле жива глава, а нејзиниот брат и сестра ги криеле Албанци во селото Шемшово се' додека не се префрлиле во Скопје. Во тоа време со бугарската војска како нивен офицер во Скопје ќе дојде и нејзиниот вујко Борис и тука ќе живее се' до капитулацијата на Бугарија. Вели дека сите тетовци го паметат по многуте добра што им ги направил. Во тие тешки времиња на војна им помогнал на многумина кај бугарските власти. По повлекувањето на бугарските војски, си заминал. По доаѓањето на власт на комунистите во Бугарија, бил уапсен и повеќе години поминал затвор.

Во 1961 година Борис изразил желба да ја посети Македонија. За да бидат сигурни дека нема да има проблеми, таткото на Анче претходно отишол кај надлежните служби да праша дали ќе му дозволат да дојде во Македонија. Му рекле дека слободно може да дојде, зашто не направил ништо лошо. Кога стасал во Скопје, бил многу среќен, посебно кога на Радио Скопје ги слушал емисиите на македонски јазик. Секој ден купувал и читал „Нова Македонија“. Расположен и весел еден ден им рекол. „Еве, за ова ние се боревме, за своја држава, за свој јазик“. Синот на Борис, кој сега живее во Софија, една година студирал во Белград. „Тоа беше истиот период кога и јас студирав таму. Беше запишан на странски јазици. Остана само една година. Понекогаш доаѓа во Македонија за да се видиме“, раскажува Анче Герасимовска.

Лазар имал полоша судбина од својот брат. Се оженил со Србинка, со која немал среќен брак. Лага е дека бил убиен од српските власти веднаш по атентатот на Прелиќ, како што тврди Ванчо Михајлов. Тој останал и натаму во војската на Кралска Југославија, а германската окупацијата ја дочекал во Белград. Не е вистина дека бил ликвидиран од Руси, туку го убиле Срби при крајот на војната, откако неговата сопруга ќе го наклевети.

Вера, најмладата сестра на Мара, се' уште е жива, а неодамна навршила 90 години. Во САД заминала во 1935 година од Софија. Таму отишла кај братот Борис и тогаш се запознала со нејзиниот иден сопруг, инаку крушевчанец. Имал завршено теологија, а бугарската црква го испратила во САД. Им се изродиле четири деца, најпрво двајца близнаци, потоа уште еден син и, на крајот, ќерката, која е омажена за правнук на познатиот руски писател Толстој. Вера пред неколку години ја посетила Македонија заедно со тројцата синови. Била во Скопје, Охрид и во Тетово за да го види уште еднаш родното место. Нејзината внука од сестрата Ленка добро се сеќава на средбата што ја имала со неа и на нејзините зборови. Кога дошла кај неа во Тетово, и' рекла: „Па овде ви е убаво, како и кај нас во Америка“. За Мара не зборувале.

Какви се сеќавањата на семејството на Мара, по што ја паметат нејзините внуци, што се раскажувало за неа. Анче вели дека за животот на тетка и' не знае многу, бидејќи нејзините родители ништо не говореле за неа пред децата. „Тоа што го знам ми го кажа мајка ми. Таа раскажуваше дека тетка ми Мара кога ќе работела низ куќата во Тетово, секогаш пеела песни за Гоце Делчев, за Јане Сандански и плачела. Им се восхитувала на македонските револуционери. Се раскажуваше и тоа откако го извршила атентатот, кога лекарот од Белград ја прашал зошто го убила Прелиќ, му одговорила - за Македонија. По атентатот моите домашни ги уапсиле. Во затвор бил и дедо ми и татко ми. Татко ми го пуштиле брзо, а дедо ми го задржале 7-8 месеци“, раскажува Анче Герасимовска.

Поради тоа што тетка и' била атентаторка немале никакви проблеми. „Израснавме во Скопје, учевме средно училиште во Скопје, брат ми отиде да студира во Љубљана, каде што се ожени со Словенка. Ни дадоа стипендија и нему и мене. Не сме имале никакви проблеми. Некој ќе рече овие биле бугаромани, другите србомани. Такви биле тогаш времињата. А дали можеш некого да судиш за тоа. Тогаш никој не можел да каже дека е Македонец. Страшна е судбината на нас Македонците, да не можеш да се кажеш што си. Фала му на Бога, сега можеме да кажеме тоа што сме. Ние дома сите се чувствуваме Македонци. И сестра ми и брат ми, кој почина многу млад. Беше голем патриот. И мајка ми и татко ми се чувствуваа Македонци“, раскажува Герасимовска, која се омажила во Тетово, каде што и денес живее.
19-02-2011, 09:37 PM
Reply
Гост Offline
Junior Member
**

Posts: 34
Joined: Feb 2011
Reputation: 0
#66

Статия на Виктор Цветановси - и що доказа с нея. Ти по драсканията на Цветановски ли си формираш вижданията за историята на Македония. Дай линк към статията, да се полюбуваме на коментарите под нея.
19-02-2011, 09:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#67

(19-02-2011, 09:46 PM)Гост Wrote: Статия на Виктор Цветановси - и що доказа с нея. Ти по драсканията на Цветановски ли си формираш вижданията за историята на Македония. Дай линк към статията, да се полюбуваме на коментарите под нея.


Цветановски пренесува сведочење на внука на Мара Бунева. Сигурно тоа сведочење ке е поверодостојно од твоите приказни.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=60DE9...2DCE92DF79
19-02-2011, 09:56 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#68

Quote:U Hrvatskoj je bio na snagi moderni parbeni i kazneni postupak, dok je u Makedoniji bio uveden srbski postupak

Знае ли некој што значи ова „парбени поступак“?
Let me hear you make decisions without your television.
19-02-2011, 10:16 PM
Reply
Playboytaxi Offline
Senior Member
****

Posts: 614
Joined: Jun 2010
Reputation: 24
#69

1940 MPO book "Makedonski Almanah" za Mara Buneva:

[Image: Scan.jpeg]

My Blog with hundreds of original VMRO and other old documents related to Macedonia:
http://macedoniandocuments.blogspot.com/...lchev.html



19-02-2011, 10:24 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#70



Playboytaxi на кого да верувам на текстот кој го постираш ти или на изјавата на Борис Бунев за тоа какво било смејството Буневи.
Лагите неможат да трајат вечно. Ако Буневи биле "чисти и родољубиви б'гари" немало едниот син да го пратата во СРПСКА војска. Затоа смалете со лагите.

пс. на смена работите со Гост. Кога ке поставам прашање кое не ти е лесно да одгвориш ке се јави Гост па кога ке биде обратно се јавуваш ти.
19-02-2011, 10:46 PM
Reply
Playboytaxi Offline
Senior Member
****

Posts: 614
Joined: Jun 2010
Reputation: 24
#71

Ne go znam koj e Gost.
Sho me interesuva sho e napisal V. Cvetanovski,dokazano e che toj laje i manipulira istinata. A tova e napisano 1940 od hora koj lichno ja znaeli Mara Buneva i koj lichno uchastvali vo tie sabitija....
My Blog with hundreds of original VMRO and other old documents related to Macedonia:
http://macedoniandocuments.blogspot.com/...lchev.html



19-02-2011, 10:52 PM
Website Reply
Гост Offline
Junior Member
**

Posts: 34
Joined: Feb 2011
Reputation: 0
#72

Църни, ти служи ли в сръбската войска или те освободиха по непригодност?
19-02-2011, 10:54 PM
Reply
попович Offline
Member
***

Posts: 152
Joined: Nov 2010
Reputation: 18
#73

(19-02-2011, 09:56 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(19-02-2011, 09:46 PM)Гост Wrote: Статия на Виктор Цветановси - и що доказа с нея. Ти по драсканията на Цветановски ли си формираш вижданията за историята на Македония. Дай линк към статията, да се полюбуваме на коментарите под нея.


Цветановски пренесува сведочење на внука на Мара Бунева. Сигурно тоа сведочење ке е поверодостојно од твоите приказни.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=60DE9...2DCE92DF79

1. Едниот внук на Мара Бунева од нејзиниот постар брат Борис живее во Софија и говори бугарски, другиот, од помалиот Лазар, кој почина пред неколку месеци во Белград, зборуваше српски.

2. Кога се гледав во Белград со братучед ми Бранко, говореше српски, таму израсна, дали се чувствуваше како Македонец или како Србин никогаш не сум го прашала.

3. Тоа не сум го прашала ниту мојот братучед Милко во Софија, дали е Македонец или Бугарин.

4. Животната врвица на секој нејзин член е слика и прилика на трагичните македонски судбини, кроени и прекројувани од српски, бугарски, грчки и којзнае какви други пропаганди.

5. Сакаме од неа да слушнеме за нејзината тетка чие име и ден-денес многумина го користат за своите пропагандни цели.

6. Не е вистина ниту тоа дека во нашето семејство се говорело бугарски, како што тврдат некои.

7. Не паметам да ми прозборила бугарски збор

8. Расположен и весел еден ден им рекол. „Еве, за ова ние се боревме, за своја држава, за свој јазик“.

9. Некој ќе рече овие биле бугаромани, другите србомани. Такви биле тогаш времињата. А дали можеш некого да судиш за тоа. Тогаш никој не можел да каже дека е Македонец. Страшна е судбината на нас Македонците, да не можеш да се кажеш што си.

10. И мајка ми и татко ми се чувствуваа Македонци

.......

Црни, това разказ за Мара Бунева ли беше или памфлет на тема, как "ние сме македонци и никога не сме били никакви други"?
Не ти ли се струва много съмнителна тая работа с всеки подобен "исторически фейлетон". А този още повече е писан и от дъртия милиционер Цветаноски. Pishtoldzija
19-02-2011, 11:02 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#74

(19-02-2011, 10:46 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Playboytaxi на кого да верувам на текстот кој го постираш ти или на изјавата на Борис Бунев за тоа какво било смејството Буневи.
Лагите неможат да трајат вечно. Ако Буневи биле "чисти и родољубиви б'гари" немало едниот син да го пратата во СРПСКА војска. Затоа смалете со лагите.

пс. на смена работите со Гост. Кога ке поставам прашање кое не ти е лесно да одгвориш ке се јави Гост па кога ке биде обратно се јавуваш ти.

И аз знам един дето се родил Григоров,па станал Глигоров,а сина му е Глигоревич Icon_wink
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
19-02-2011, 11:04 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#75

(19-02-2011, 10:52 PM)Playboytaxi Wrote: Ne go znam koj e Gost.
Sho me interesuva sho e napisal V. Cvetanovski,dokazano e che toj laje i manipulira istinata. A tova e napisano 1940 od hora koj lichno ja znaeli Mara Buneva i koj lichno uchastvali vo tie sabitija....


Јас зборувам за ПИСМОТО на БОРИС БУНЕВ братот на Мара Бунева. Читај пред да ми реплицираш или ако помине лагата.


(19-02-2011, 10:46 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Playboytaxi на кого да верувам на текстот кој го постираш ти или на изјавата на Борис Бунев за тоа какво било смејството Буневи.
Лагите неможат да трајат вечно.
Ако Буневи биле "чисти и родољубиви б'гари" немало едниот син да го пратата во СРПСКА војска. Затоа смалете со лагите.

пс. на смена работите со Гост. Кога ке поставам прашање кое не ти е лесно да одгвориш ке се јави Гост па кога ке биде обратно се јавуваш ти.
20-02-2011, 12:11 AM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#76

(19-02-2011, 12:26 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: ВРСКИТЕ СО МАКЕДОНЦИТЕ, ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ

[Image: images?q=tbn:ANd9GcRX6Ous2OirPrQfKVaxlCb...rKYdF0SNhQ]

пишува: Др. Анте Павелиќ
Во составот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците се наоѓаше и голем дел од Македонија. Оваа земја опфаќаше важно место во големосрпската програма на белградските властодржци, кои ја сметаа за составен дел од Голема Србија.

Големиот сон на пансрбизмот отсекогаш беше да се прошири до Средоземното море со проширување на Србија и главната цел во тоа беше да се припои кон неа и градот Солун. Белград со таа цел ја прогласи цела Македонија како единствено српска земја, нарекувајќи ја Јужна Србија. Белград заради тоа го сметаше и цело население во Македонија за српско и покрај тоа што надмоќното мнозинство од населението на Македонија е од бугарска народност, што од бугарска страна отсекогаш се нагласувало. Оваа состојба и судири на интереси претставуваа со причина сериозно разидување меѓу Бугарија и Србија.

Царството Бугарија се наоѓаше во тоа време – после поразот во војната – во тешки прилики, наметнати со Мировните Договори (Неј, 27 ноември 1919.). И во самата Македонија народот не се беше помирил со тешката судбина што потпаднал под власта на Белград, па се обидуваше да се спротивстави на наметнатата србизација на сите возможни начини и така почна жестока борба за свое ослободување.

Заради српските прогонувања во Македонија многу Македонци се исселуваа во Бугарија, кадешто се наоѓаше средиштето на македонската бегалска организација, наречена Македонски Национален Комитет. Беше тоа организација, која ги бранеше интересите на македонските Бугари и водеше водеше грижа за илјадници македонски бегалци.
Истовремено со оваа организација постоеше и друга, но од револуционерен тип, а се викаше Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – ВМРО – на чело на којашто беше македонскиот првак Иван-Ванчо Михајлов. Во оваа организација беа построени македонски револуционерни борци во самата Македонија, која сега се наоѓаше под Србија.

Белградската власт воведе веднаш после Светската Војна особено тежок режимски терор. И самото име Македонија беше забрането, како и сѐ што и најмалку би потсетувало на бугарството на оваа земја, беше строго забрането. Белград одреди презимињата на бугарските Македонци да се преправат во српски. Гнев и реакција на бугарските Македонци не изостанаа.

Имајќи предвид дека на македонското население му беше забрането да постави македонски или бугарски листи, кога се одржаа првите општи избори во Кралството СХС, сите гласачи во знак на протест гласаа за Комунистичката Партија, така што сите мандати во Македонија беа за неа, и покрај тоа што сиот народ беше до крајност националистички настроен.

Кога Иван-Ванчо Михајлов го презеде водството во организацијата ВМРО, неговата револуционерна организација доби превласт во земјата, па оружените судири со полицијата, жандармеријата и со српската специјална милиција – четници – беа на дневен ред како вистинска герилска состојба.

Уште додека Турското Царство ја држеше Македонија окупирана, Македонците се спротивставуваа на османлиските војски и дигнуваа вистински народни востанија. Ситуацијата, која настана сега во Македонија, и околностите, кои се одигруваа – сето тоа, па и македонските борци, се самонаметнаа како природни сојузници.

Во Загреб имаше неколку македонски универзитетски студенти, кои често ме посетуваа и известуваа за приликите во Македонија и ми даваа точни податоци за прогоните, под кои беше изложено македонското население, што подоцна можев во моите говори во Скупштината да го споменувам и да го истакнам теророт, кој се вршеше над македонското население. Во тоа време никој не се осмелуваше ни да ги споменува случувањата во Македонија. Овој факт овозможи зближување меѓу нашето и македонското движење, што подоцна доби и вистински облик.

Врв на српскиот бес се дигна против мене лично, кога бев отишол во Скопје, главниот град на Македонија, кадешто се одржуваше конгрес, на кој ја презедов одбраната на македонските студенти, кои беа обвинети за поврзаност со револуционерната организација ВМРО – на Иван–Ванчо Михајлов (7-ми декември 1927).

Казнената постапка сеуште не беше една единствена во Кралството СХС. Во Хрватска беше на сила модерна цивилна и казнена постапка, додека во Македонија беше воведена српска постапка, со која за првпат имав среќа да се запознаам. Мислам дека такво нешто веќе не е возможно да постои ни во најзаостанатиот крај на светот.

При оваа можност имав прилика да проживеам три дена во средниот век. Средновековна атмосфера владееше во судот и во градот.

Судот кој требаше да ги суди обвинетите, немаше во таа постапка никаква друга функција освен да утврди, дали полицијата, која ја вршела иследничката постапка ги испочитувала прописите, дека во текот на преслушувањето се присутни двајца „чесни граѓани“. Полицијата ги малтретираше и измачуваше обвинетите и ги присилуваше да го признаат политичкото злосторство; составуваше записник, и понатаму не ги испитуваше и прашуваше дали знаат што потпишуваат. Двајцата „чесни граѓани“ ставаа свој потпис под записникот и со тоа постапката беше завршена. Спис од записникот е предаден на судот, пред кој се расправаше само за тоа дали се формалностите испочитувани, а бесилка и доживотна казна не им изостануваа.

Во овој конкретен случај тие двајца „чесни граѓани“ беа доушници на полицијата, од кои едниот беше толку чесен, што изјави дека не бил присутен за време на преслушувањето на обвинетите, а другиот едноставно не можело да биде пронајден и така не присуствуваше на судењето. Претседателот на судот, кој лично претседаваше со расправата, бил бивш подофицер на жандармеријата.

Јавен обвинител немаше затоа што оваа казнена постапка не познаваше таква институција. Обвинител беше полицијата, а како основа за расправа служеше полициската пријава на темел на нејзините испитувања и иследувања, кои произлегуваа од нејзините списи. Особено дело беа одбранбените говори на адвокатот. Да, имаше и бранители, сите беа Срби населени во Скопје, и сите - луѓе на режимот. Уметничко дело беше говорот на едниот бранител, кој ниту еднаш не ги спомена обвинетите, туку ја искористи можноста да ги наброи своите заслуги кон белградскиот режим, а го заврши својот говор изјавувајќи церемонијално: „Отсекогаш сум бил почитувач на нашата влада, и во иднина ќе продолжам да бидам, а прифатив да ја преземам одбраната на овие злосторници со цел да ѝ направам уште една услуга на Србија и нејзината влада”

Последниот одбранбен говор беше мој. На големо изненадување на претседателот и судиите говорот го започнав со зборовите: Славен суде! Мислеа дека им се потсмевам, не знаејќи дека кај нас на таков начин се обраќа кон суд. Беа свесни дека нивната „слава“ е од поинаква природа од онаа во цивилизираниот свет.

А публика? Да, имаше и публика. Освен странски дописници, кутри родители, браќа и сестри на обвинетите, кои беа надгледувани од исто толку полициски агенти. Додека говорев, ме прекина еден глас од аголот на салата – така да ја наречам: - „Доста е! Заврши веќе еднаш со тие лаги и навреди. Нема да те слушаме веќе. Претседателе, одземете му го зборот!“ Погледнав кон аголот на салата, тоа беше гласот на затворскиот чувар!

На крајот ми се приближи таткото на едниот обвинет, стар селанец Андреев, и ми рече со насолзени очи:

- Многу Ви благодарам. Оние првите два збора ме трогнаа. Ги немаме чуено откако исчезна Турското Царство!

Таква беше таа македонска трагедија, што народот го оплакуваше средновековното турско правосудие.

Преведено на македонски од Dojkar.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 20-02-2011, 12:40 AM by Gnoj.)
20-02-2011, 12:35 AM
Reply
попович Offline
Member
***

Posts: 152
Joined: Nov 2010
Reputation: 18
#77

(20-02-2011, 12:11 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Лагите неможат да трајат вечно. [/b][/size][/color]Ако Буневи биле "чисти и родољубиви б'гари" немало едниот син да го пратата во СРПСКА војска. Затоа смалете со лагите.

Црни, мисля, че е абсолютно безсмислено да се води каквато и да било дискусия около манипулираните факти на Цветаноски, но две неща и за теб да помислиш:
- първо - ако Буневи не са били чисти и родолюбиви българи или да кажем сърби, това не ги прави автоматично чисти и родолюбиви македонци - това на вас ви е станало като рефлекс - имали залитания насам, имали натам и накрая след много чудене си паднали на местото. Наивно е.
- и второто и по-важното - за какво "пращане" във войската говорим, Црни. Пратил го щото било престижно и за да прави кариера ли? Или щото се е чудил дали е голям българин или голям македонец? А случайно в СФРЮ и преди това в кралска Югославия да е имало нещо като задължителна военна повинност? Кое от двете е било според теб? На каква възраст е бил по това време Лазар Бунев?
20-02-2011, 12:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#78

(20-02-2011, 12:40 AM)попович Wrote:
(20-02-2011, 12:11 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Лагите неможат да трајат вечно. [/b][/size][/color]Ако Буневи биле "чисти и родољубиви б'гари" немало едниот син да го пратата во СРПСКА војска. Затоа смалете со лагите.

Црни, мисля, че е абсолютно безсмислено да се води каквато и да било дискусия около манипулираните факти на Цветаноски, но две неща и за теб да помислиш:
- първо - ако Буневи не са били чисти и родолюбиви българи или да кажем сърби, това не ги прави автоматично чисти и родолюбиви македонци - това на вас ви е станало като рефлекс - имали залитания насам, имали натам и накрая след много чудене си паднали на местото. Наивно е.
- и второто и по-важното - за какво "пращане" във войската говорим, Црни. Пратил го щото било престижно и за да прави кариера ли? Или щото се е чудил дали е голям българин или голям македонец? А случайно в СФРЮ и преди това в кралска Югославия да е имало нещо като задължителна военна повинност? Кое от двете е било според теб? На каква възраст е бил по това време Лазар Бунев?



Дали вие сте писмени или сте толку ограничени во умот или пак став ви е оти ке ве казнат ако не ви помине лагата. Писмото на Борис Бунев не го објавил Цветаноски. Писмото во оргинал е објавено во ФОКУС.: "Фокус" бр. 612, 23 март, 2007 година, стр. 34-36 (весникот писмото го има прикажано и фототипно)
20-02-2011, 02:25 AM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#79

(20-02-2011, 02:25 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(20-02-2011, 12:11 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Лагите неможат да трајат вечно. [/b][/size][/color]Ако Буневи биле "чисти и родољубиви б'гари" немало едниот син да го пратата во СРПСКА војска. Затоа смалете со лагите.
Дали вие сте писмени или сте толку ограничени во умот или пак став ви е оти ке ве казнат ако не ви помине лагата. Писмото на Борис Бунев не го објавил Цветаноски. Писмото во оргинал е објавено во ФОКУС.: "Фокус" бр. 612, 23 март, 2007 година, стр. 34-36 (весникот писмото го има прикажано и фототипно)

Еле ти и неколко "чисти" македонци.Метаморфозите в най-новата ви история не са нещо необичайно,нали:
[Image: 1039665_orig.jpg]

бащата на Михаил АПОСТОЛОВ от Ново село,Щипско, моли Министъра на войната на Царство България да съдейства за освобождаването на сина му от италиански пленнически лагер. Специално е наблегнато на българските национални чувства, които семейството питае . По-късно Михаил, вече под името Михаjло Апостолски, ще се превърне в една от основните политически фигури в СР Македония, страстен българомразец и пропагандатор на македонистката доктрина. Заслужава да се отбележи, че благодарение на постъпкиот българска страна Апостолов е освободен от лагера...

[Image: 1271196_orig.jpg]

С тази молба Лазар КОЛИШЕВ (познат и като Лазо Колишевски), комунист осъден на смърт от Скопския окръжен съд, моли Н.В. Цар Борис III за помилване. Той пише:
"Син съм на родители българи, чувствал съм се и усещал българин"
Същият, в качеството си на държавен и партиен лидер на СР Македония, ще се превърне в най-отявлен враг на българщината и поддържник на македонистките догми. В крайна сметка, Колишев е помилван от българската власт и Царя...

[Image: jdv1230802612v.jpg]

[video=youtube][Image: 0.jpg][/video]

за този ти споменах по-назад,ама както винаги не ме удостои с внимание Icon_wink

ТРИ ДЕНА БАН ЗАРАДИ СПАМИРАЊЕ НА ТЕМАТА
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
20-02-2011, 04:21 AM
Website Reply
попович Offline
Member
***

Posts: 152
Joined: Nov 2010
Reputation: 18
#80

(20-02-2011, 02:25 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Дали вие сте писмени или сте толку ограничени во умот или пак став ви е оти ке ве казнат ако не ви помине лагата.

Коя лъжа, Црни? Че Мара Бунева е българка или нещо друго?
А за казненето ... Smiley-happy068

(20-02-2011, 02:25 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Писмото на Борис Бунев не го објавил Цветаноски. Писмото во оргинал е објавено во ФОКУС.: "Фокус" бр. 612, 23 март, 2007 година, стр. 34-36 (весникот писмото го има прикажано и фототипно)

Цветаноски го пусна самия ти ... и сам започна да вадиш заключения от текста му.
За писмото на Борис Бунев - дайте скен на този брой на Фокус - защо го няма никъде на интернет. Единственото, което намерих е този постинг от кайгана _http://forum.kajgana.com/showthread.php?12285-%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B0-%D0%91%D1%83%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B0-%D0%91%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81-%D0%91%D1%83%D0%BD%D0%B5%D0%B2-%D0%BE%D0%B4-1945-%D0%B3 , който е точно със същия хайлайтинг като твоя Icon_wink
И за писмото - какво показва или доказва това писмо според теб?
20-02-2011, 10:10 AM
Reply