Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИРТУЕЛНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,776
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Жртвата не може во исто време да биде и кодош


[Image: C47EFAAB5971A446985068092A12A018.jpg]


Професорот Стево Пендаровски вели дека македонската лустрација е уникатна, таа се справува со неистомисленици

Гордана Дувњак

17.08.2011, 18:42
Македонската лустрација по многу нешта е уникатна и се разликува од сите досегашни спроведени слични процеси во посткомунистичките земји. Македонскиот концепт е тотално погрешен, бидејќи не постои држава што има толку широк временски опсег, со толку голем број опфатени категории, како и со толку исполитизирана и нестручна комисија, која не прави разлика меѓу следени лица и соработници на службите.

Ова го тврди Стево Пендаровски, експерт за безбедносни прашања, кој вели дека досегашната практика од спроведувањето на лустрацијата покажала многу аномалии, но и злоупотреби на целиот процес во партиски цели.

„Не сум чул дека во некоја земја се опфатени над 100.000 луѓе, поранешни и сегашни функционери, па дури се планираат и новинари од приватни медиуми. А уште помалку ја гледам смислата зошто лустрацијата би важела и по периодот од 1991 година, па се' до 2019 година. Зошто тогаш да не е до бесконечност“, прашува иронично Пендаровски.

Тој подвлекува дека целиот процес е изместен, бидејќи целта на лустрацијата секаде е државата да ги исчисти „гревовите од претходниот систем“, а не да се справува со неистомисленици. За него е несфатливо кодошите да ги нема во структурите на владејачките партии, туку само во редовите на опозицијата. Потсетува дека секаде во посткомунистичките земји лустратотори се личности со висок морал и со углед во својата средина, а не анонимуси, кои примаат политички наредби од партиските штабови.

Според Пендаровски, постојат правила во службите околу начинот на кој се врбуваат соработници, кои не даваат можности за интерпретации и толкувања дали некој треба да се вброи во редот на следени лица или кодоши. „Тоа се две различни оперативни постапки. Можно е едно лице во определен период да било следено, а потоа да станало соработник, но тоа мора да биде добро аргументирано и архивирано“, подвлекува Пендаровски и додава дека инспекторот мора да ги убеди своите надредени (најмалку двајца шефови) дека лицето што било третирано и под полициско надгледување е подготвено свесно, доброволно и со определена цел да соработува и да прибира квалитетни информации.

Најчестите основи за врбување соработници се компромитацијата и патриотските побуди. Дали со помош на добиените информации од текот на следењето или, пак, од претходни сознанија, на лицето кое се планира да му се понуди соработнички статус му се приложуваат докази што би можеле него лично или член од фамилијата да го дискредитираат во околината или во семејството. Во најголем број случаи тоа е прељуба, наркоманија или некое однесување, кое отстапува од општоприфатените норми. Но, постојат и луѓе кои доброволно се нафаќаат да кодошат од патриотски или идеолошки причини.

Инспекторот во посебен формулар мора точно да ги наведе мотивите зошто едно лице се предлага да биде соработник, а кога ќе се добие согласност од надлежните, да се формира посебно соработничко досие, кое е различно од она на следено лице.

„Новиот соработник прифаќа писмено да соработува и веднаш добива ново кодно име, кое се разликува од она што го имал како следено лице. Во сета натамошна комуникација никаде не фигурира неговото вистинско име, бидејќи довербата е нешто што е многу важно за засновање еден ваков однос“, вели Пендаровски.

Тој тврди дека е исклучително тешко да се изгради квалитетна соработничка мрежа, бидејќи не е битно да се врбуваат колку што е можно поголем број лица, туку да се добијат квалитетни информации што можат да се исползуваат.

Пендаровски објаснува дека постојат три типа регистри на соработници, кои се внимателно архивирани со сите потребни списи и податоци.

Во МВР постои регистар на активни соработници, каде што точно може да се види кој соработник како работел, какви извештаи доставувал и колку од тие информации биле користени во планирање некои акции. Регистарот на пасивни соработници, пак, се однесува за оние лица кои по одреден период од најразлични причини престанале да доставуваат информации. А третиот вид досиеја се за дерегистрација, кој ги содржи податоците за оние соработници чии услуги не можат повеќе да се користат или не се повеќе интересни за службите.

Службите за безбедност прават разлика и меѓу информатор и соработник. Информаторот собира само податоци, а соработничкиот статус е повисок и подразбира поголем степен на доверба, па дури и учество во планираните активности. Но, по правило, соработникот никогаш не учествува во планираните акции, бидејќи нема правен статус, туку тоа е работа на полициските инспектори. Постои и категорија „пријателска врска“, но по правилата на службите, тоа не се соработници, туку лица кои од свои побуди доброволно даваат информации, без да имаат третман на кодош.

На крајот, професорот Стево Пендаровски уште еднаш потенцира дека „следено лице не може да биде во исто време и соработник“. Според него, тоа се коси со принципот на доверба и доброволност, на што се базира соработничкиот статус.

UTRINSKI
18-08-2016, 11:26 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: ВИРТУЕЛНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИЈА - by ЈорданПетровски - 18-08-2016, 11:26 PM