Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 3.92 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Диети
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#1

Трикови за гозба без грижа на совеста

Обилната исхрана во најстудените месеци од годината има долга традиција. Впрочем, каква е таа зима без раскошното празнично мени? Со нашите совети ќе можете добро да јадете и пиете а притоа да ја сочувате витата линија, и одлично да се чувствувате

* Минерална вода
Едноставно, но ефикасно: ако половина час пред јадењето испиете чаша вода, ќе го смирите апетитот и нема да го преоптоварите желудникот. Ќе уживате во секој залак, но автоматски порано ќе престанете да јадете. Така ќе го внесете и потребното количество течност, што во зима често се заборава.

* Ананас наутро
По јаболките, ананасот е втор на листата најдобри овошја во зима. Уште пред појадокот изедете дебела кришка свеж ананас. Причина е ензимот бромелин, кој ја забрзува размената на материите. Покрај тоа, калиумот, железото, магнезиумот, јодот и цинкот ќе го спречат насобирањето на масно ткиво.

* Кикиритки
Грицкањето кикиритки (без сол) за божиќните празници е навика од која тешко се одвикнува човек. Но не ни треба да се одвикнува, бидејќи кикиритките содржат биотин кој го спречува ненадејното силно чувство на глад и го одржува нивото на шеќерот во крвта! Само не претерувајте - максимум еден грст!

* Зелен чај
Овој чај е полн со доблести: го забрзува метаболизмот и ги согорева маснотиите, ги зајакнува врзивните ткива и убаво ве грее.

* Магдонос
Печива со сирење или јајца за доручек, печење за ручек итн. Кога можете, ставете во нив свеж магдонос - тој содржи етерични масла кои го подобруваат варењето и исфрлувањето течности од телото, и е извонреден сојузник во одржувањето на телесната тежина.

* Јаболки по јадењето
Тие содржат пектин, кој како сунѓер го впива мрсното од печената мисирка и калоричните торти и помага во нивното излачување од телото, пред да се наталожат како мал потсетник на божиќните гозби врз вашите колкови во вид на масни перничиња.

* Арома наместо маснотија
Наместо со павлака, чорбите и сосовите зачинете ги со коријандер, кардамом и со божиќниот зачин, цимет. Позитивна нуспојава: нема да ви помогне само во слабеењето, туку и јадењата ќе бидат повкусни.

* Еспресо
Шолјичка еспресо по јадењето ќе ви помогне полесно да ја сварите храната. Имено, тоа ќе го забрза метаболизмот и согорувањето на маснотиите.

* Портокали против маста
Чаша свежо исцеден сок од портокал пред јадење ќе го поттикне излачувањето на соковите за варење. Желудникот подобро ќе го свари празничното печено, а маснотијата побрзо ќе се исфрли.

* Ракија за варење
За чашка ракија по обилниот оброк не ви треба изговор, ако се работи за ликер од зачински билки. Тој ја подобрува циркулацијата во слузокожата на желудникот, што значително му ја олеснува работата. Освен тоа, се зголемува и лачењето на жолч, со што хемиски почнува разградувањето на маснотиите.
(This post was last modified: 06-01-2010, 12:00 AM by Пеницилин.)
05-01-2010, 02:19 PM
Reply


Messages In This Thread
Диети - by mence - 05-01-2010, 02:19 PM
RE: Диети - by mence - 20-01-2010, 02:38 PM
RE: Диети - by basilius_2 - 20-01-2010, 02:45 PM
RE: Диети - by mence - 24-01-2010, 11:41 AM
RE: Диети - by Vodno konche - 23-02-2010, 06:01 PM
RE: Диети - by mence - 24-02-2010, 03:21 AM
RE: Диети - by Vodno konche - 24-02-2010, 07:43 AM
RE: Диети - by toni_a - 14-07-2011, 06:51 AM
RE: Диети - by mence - 07-06-2010, 03:33 AM
RE: Диети - by mence - 16-06-2010, 12:27 PM
RE: Диети - by mence - 21-06-2010, 01:59 PM
RE: Диети - by mence - 24-06-2010, 02:29 PM
RE: Диети - by mence - 09-07-2010, 12:43 PM
RE: Диети - by perfectford - 10-07-2010, 12:49 AM
RE: Диети - by mence - 02-04-2011, 09:04 PM
RE: Диети - by toni_a - 14-07-2011, 06:16 AM
RE: Диети - by toni_a - 14-07-2011, 06:01 AM
RE: Диети - by toni_a - 14-07-2011, 06:29 AM
RE: Диети - by Accipiter82 - 29-09-2013, 05:11 PM