Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Кои се приоритетите на Македонија?
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#6

Трети патишта, нови опции, ДЕМОС
Мурто левичарот и Курто десничарот



Така, откако Срѓан Керим онака дипломатски дискретно на втората “сесија“ на невладината ДЕМОС, неодамна изјави дека нам овде во Македонијава ни била потребна нова политичка (читај опозициона) опција, во јавноста веднаш беше направен обид оваа тема, инаку од порано позната под работниот наслов “трет пат“ (по којзнае кој пат) повторно да се актуелизира пред граѓанството. И се разбира нејзината суштина се сведе на тралалајката “левица-десница“. Што, се разбира, е демодирана и досадна свињарија далеку од сите теоретски и практични логики на политиката во контекст на македонското општествоно живеење од осамостојувањето до денес.

Всушност интелектуалните лево-десни повраќаници идеално се вклопуваат во општественото милје на оваа државна “супернова“, која што е на чекор пред својот “биг бенг“. Имено, ако би било поинаку, односно нормално, тогаш воопшто не би се зборувало за неучинковитоста на левите и десните македонски политички “опции“ поради некакви кризи на политичките концепти на истите или коегоде идеолошки “проблеми“ на дотичните. Каква левица или десница кога тие во ниту еден момент од осамостојувањето до денес не суштествувале на македонската политичка сцена. Та не е дека џандарите од Удба или оние од КОС, кога ја конструирале ВМРО-ДПМНЕ пред себе како водич ја имале десничарскиот идеолошки светоглед? Или СДСМ стана левица затоа што Глигоров и Црвенковски (плус истите удбаши и кос-овци) тој идеолошки порив концептуално го фундираа топтан, сосе новото име на преодната СКМ-ПДП?

Во самостојна Македонија идеологија ниту имало ниту ја има. Таква работа во овдешната политика, едноставно кажано – не вирее! “Третиот пат“ или “нова политичка опција“, беше измислена, како што се уште е, како специфично дизајнирано пакување кое треба(ше) да ги убеди гласачите дека во (или зад) него навистина има добра роба. Кога, таму постојано, по правило, бофл... За среќа веќе од пред неколку месеци јасно беше речено во јавноста (Љ.Јордановски во “Фокус“) дека ние не сме имале ни “прв пат“ а камо ли “трет пат“. Дополнително, но бездруго најсуштински е што беспредметноста на “левица-десница“ мрсомудењата, лежи во ноторниот факт дека кај нас политиката секогаш имала, исклучиво, персонален а никако идеолошки контекст, предзнак, основа... Ако со нешто можеме да влеземе во политичката теорија тогаш сигурно тоа ќе биде заради целосното персонализирање на политиката, односно нејзиното подредување, во целост, на личните или групашките интереси на поединци и нивните кланчиња кои никогаш не излегле надвор од рамките на базичните параметри: пари – кариера (владеење, траење) – употребна вредност (диблање со регионални и меѓународни фактори и влијанија). Нашата јадна карма не ставила во средината на овој домицилен “бермудски“ тригаолник.

http://tribune-eu.com/?page=read_news&id=5401
(This post was last modified: 03-01-2010, 11:11 PM by mara-popara.)
03-01-2010, 11:07 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Кои се приоритетите на Македонија? - by mara-popara - 03-01-2010, 11:07 PM