Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Кои се приоритетите на Македонија?
Author Message
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#1

Го читав најновото интервју на српскиот министер за надворешни работи, во него се изјаснува за српските интереси и малку арогантно зборува за успесите, како се лидер во регионот и како што може да се насети никој од соседите не им е премногу битен. После подолг период Србија повторно се почувствува силна. А, посебно е интересно гласното повикување на СФРЈ, братска Русија, со посебен акцент на комунистичкиот период. Кој сака нека го прочита тука.

А што правиме ние за тоа време? Дали можеме да издржиме без последици да чекаме работите да течат покрај нас, а ние по се изгледа само декларативно да се залагаме за ЕУ и НАТО? Дали некој свесно или од наивност не држи по страна, а оставајќи голема можност да бидеме монета за поткусурување? Како некој да сака да спречи Македонија да влезе во ЕУ пред Србија, за да можеме вакви да и помогнеме во залагањето да стане лидер во регионот!? Нели е поубаво да се тргнеме на страна додека се решава што ќе се прави со Република Српска и со Косово?

Ние не сме ниту силни, а за жал уште помалку сме имале и ќе имаме мудро водство, па сите превирања во регионот да ги преживееме без последици. Проблем со името е сериозен и тежок за решавање, но треба да се одредат приоритетите и да се види што може да се направи. Можноста да се остане повторно на дното, а и од тоа дно да не излеземе читави, не е баш привлечна опција. И како што велат ’или си на маса или си на мени’... Ако ние скоро како судбина да бидеме на мени, барем за промена од минатото да зафатиме и некое место на масата кога ќе се расправа за нас, така сигурно подобро ќе ги одбраниме нашите интереси.

03-01-2010, 12:15 AM
Reply


Messages In This Thread
Кои се приоритетите на Македонија? - by acko - 03-01-2010, 12:15 AM