Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КАКО НЕ БРАНЕЛЕ РУСИТЕ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,767
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: VOSTANCKI_STAB_1903.jpg]





На 3 август [1903] рускиот конзул во Монастир (Битола), г-дин Ростковски, способен но насилен човек, којшто никако не беше способен да запамети дека албанскиот Муслиман има пожестоко чувство на чест одошто рускиот селанин, зашамара жандарм којшто испушти да го поздрави, и беше убиен на место.
Ова беше вториот смртен случај во рок од четири месеци којшто го снајде рускиот конзуларен персонал во Македонија (првиот беше атентатот на г-дин Стребина во Митровица), и очигледно не можеше да се превиди лесно.
На никого не му текна да бара казна за злосторниците коишто беа одговорни за масакрите во Смрдеш и Монастир [
веројатно Брајлсфорд мисли на Могила, заб. Д.П.), но, како што еден Македонец еднаш ми забележа, „Европејската крв е скапоцена.“ Русија побара да се разреши Валијата, да се обеси убиецот, и да се казнат неколкумина други жртвени јарци. За да даде поголема тежина на своите барања, Црноморската флота беше ставена во движење и се појави во Инадскиот залив при Тракијското крајбрежје токму во мигот кога востанието беше во својот зенит.
Бунтовниците беа доволно наивни да поверуваат дека оваа коинциденција била некако поврзана со нивните страдања и надежи, и некако успејаа да не ја разберат величествената ментална одвоеност на Царот којшто беше подоготвен во овој врховен час во историјата на неговите сонародници, Јужните Словени, да ја прати својата флота на нивниот брег со никоја друга цел одошто да го обележи своето незадоволство со смртта на еден од неговите конзули во приватна и мошне погана кавга. Но така беше.
Флотата седеше засидрена, гледајќи го пламенот на спалените села и сигналните пожари непотресена, а кога проколнатиот жандарм беше обесен спокојно си отплови дома. Бргу по нејзиното заминување отпочна фазата на масакар и опустошување, но овој развој на настаните не беше интересен за господарите на светските морнарици. (Х.Н. Брајлсфорд „Македонија; Нејзините народности и нивната иднина,“ стр. 157-158)
26-04-2018, 12:31 AM
Reply


Messages In This Thread
КАКО НЕ БРАНЕЛЕ РУСИТЕ?? - by ЈорданПетровски - 26-04-2018, 12:31 AM