Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВМРО и Македонија
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВМРО и Македонија: Контроверзите на еден историски мит ( 2)



Македонската револуционерна организација, во својот историски период на дејствување од четири децении ( 1893-1934) година, од организациско- политички, идеолошко- ориентациски аспект претрпела многубројни турбуленции и потреси. Всушност, самото основање на оваа организација се вкоренува во потребата од имплементирање на членот 23. На Берлинскиот конгрес,  на Отоманската империја и се наложува да спроведе реформи во општествениот и политичкиот живот во Македонија, а со тоа и подобрување на статусот на населението кое живеело во оваа отоманска провинција. Слободата, како национална , така и економска, со која се стекнале останатите балкански народи, и кои создале свои национални држави ( Бугарија, Србија, Црна Гора, Србија), била дополнителен поттик и мотив , на револуционерната организација и нејзините предводници, исто така да извојуваат полна политичка и национална слобода на Македонија, и отфрлање на отоманското ропство. Дејствувачки плод, на организацијата во нејзиното десетгодишно битисување е Илинденско-преображенското востание, кое денес во историските читанки во Република Македонија, се изучува како еден од најсветлите историски датуми на македонскиот народ. Имено,  на големото востание во Македонија му претходеле  серијата на солунските атентати , изведени од млади македонски револуционери врз објекти и институции на Империјата во Солун, трговскиот и политичкиот центар на Македонија. Одмаздата на  властите од Цариград врз цивилното население во Македонија била брутална, а и животната состојба на народот изискувала потреба од сеопшто и сенародно востание за ослободување на Македонија. На  конгресот во Смилево, под раководство на Иван Гарванов, се донесува одлука за дигање на едно такво масовно востание, за кое е донесена одлука да се подигне на 02. Август ( таа 1903 година) , на верскиот празник Св. Илија. Постојат две струи кои во суштина се спротиставени околу  временскиот моментум на подигнување на ова востание. Струјата предводена од апостолот на македонското движење Георги ( Гоце) Делчев, смета дека организацијата е недоволно вооружена, и организациско- технички подготвена за вооружен бунт и спротиставување на моќната Отоманска империја. Другата струја, предводена од  Дамјан Груев, Иван Гарванов, Борис Сарафов, притиска за што поскоро , дигање на масовно народно востание. Ненадејната смрт на Гоце Делчев на 04. Мај, е историска контроверза, за која дузина историчари денес од двете страни на границата, спорат, дали е директно ликвидиран ( отстранет) за да може да се донесе одлука , и да се организира тоа востание.  Предвидувањата на Гоце Делчев, само неколку месеци после неговата смрт, се овистинуваат, со тоа што востанието се дига само во Битолскиот округ, односно главните востанички акции  се во градот Крушево, како и помалку бројни востанички акции во гратчињата Невеска и Клисура. И покрај тоа што од востанието се изнедрила познатата Крушевска република ( денес позната како прва република на Балканот), со проглас за создавање на автономна  и независна Македонија, во која ќе живеат во рамноправност сите народни и народности, со избран претседател на републиката-Никола Карев, самата нејзина краткотрајност од десет дена, и крвавото задушување на бунтот, ги покажуваат на дело стравовите и укажувањата на Гоце Делчев за неподготвеноста на населението за вооружен масовен бунт.
Десетгодишната организациска активност на македонската револуционерна организација завршува со национален гибел ( пораз), на идејата за создавање на национална држава Македонија, по примерот на останатите балкански соседи. Многубројни се, и ден денеска тезите од оправданоста за подигнување на востанието, дали тоа било избрзано, под натиск на револуционери кои имале за цел, истото и така да заврши, за да се всади теза меѓу поробеното македонско население, дека самостојно, со сопствени усилби, нема да може да се ослободи од угнетувањето на отоманската империја. Меѓународните односи, во тој период во Европа, се уште се прекршуваат околу испреплетените интереси на Великите сили околу позиционирањето на Балканскиот полуостров,  и распределбата на сфера на влијанија, па така, и тогашната бугарска влада, како и самата бугарска интелигенција била свесна дека евентуалното вмешување на бугарската држава и власт, во состојбите во Македонија  ќе предизвика, и директно вмешување на соседните држави, во прв ред на Србија и Грција. И покрај  крвавото задушување на ова востание, кое ќе остане како најголема вооружена организирана борба, предизвикана од дејствувањето на македонската организација, за целиот нејзин временски акциски период од четири децении, разочарувањето кај македонското население, од пропаста на можноста за формирање на македонска држава е голема. Организацијата, и по поразот, продолжува со своите дејствителни акции, во прв ред борба против туѓите пропаганди во Македонија, финансирани и логистички поддржани од владите на соседните држави за наметнување на туѓото влијание во Македонија. Во прв ред, оваа борба на организацијата се однесувала против  грчката пропаганда во јужните краишта на Македонија, и српската пропаганда , во северозападните и северните делови на Македонија, по должината на реката Вардар. Под голем притисок на Великите Сили, по провалот на Илинденско- преображенското востание во Македонија е наметната програмата „ Мирцштегски реформи“, со кои се предвидувало  подобрување на политичките права на македонското население.
(Продолжува…)
Автор: Благојче Атанасоски, историчар, М-р по политички науки
21-02-2018, 12:54 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: ВМРО и Македонија - by ЈорданПетровски - 21-02-2018, 12:54 AM