Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВАНЧО МИХАЈЛОВ ЗА УБИСТВОТО НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,632
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Му објаснив кои другари ќе пристигнат на 12 септември во Џумаја; дека таму ќе дојдат илинденци, дека ќе пристигне и тројката. Тој ќе треба да му каже поодделно на не повеќе од тројца молчаливи и храбри луѓе да имаат под рака по двајца-тројца свои другари. Сите тие десетина души да имаат револвери и пушки, евентуално и по некоја бомба. Нападот од нашите другари ќе биде извршен најверојатно по стемнувањето. Караџов нема да се врти често околу пристигнатите другари од Софија низ градот, но мајсторски ќе ги следи кога тие ќе отидат на средбата со Алековци и илинденци. После тоа самиот тој ќе биде близу, а и неговите луѓе ќе се наоколу, низ улиците или блиските дворишта, кога ќе се стемни. При првиот грмеж од внатре, од куќата, во којашто се нашите другари, групата на Караџов ќе ги фати најудобните агли наоколу, за да не му допушти на никој да им притекне на помош на Алековци, а истовремено ќе дава истрели во воздухот, за да внесе уште поголемо изненадување меѓу тројката; исто така би ги пресреќала другарите на Алеко кои ќе излегуваат од куќата, четници, ако евентуално со него има такви, ќе ги разоружува или ќе пука по нив ако бегаат. При успешното спроведување на акцијата, веднаш ќе им јави на сите наши верни луѓе во градот, дека Тодор бил убиен, за да не биде некој заблуден и да не се препушти на противничките сугестии. Со Караџов се договоривме и кои десет до 15 души ќе се погрижи тој да ги организира. А на тројцата другари, кои требаше да заминат на средбата, реков, дека ќе им биде организирана подобна група во нивна поткрепа.
Караџов замина. Сега веќе требаше да ги повикам Георги Занков и Арсениј Јовков да заминат за Горна-Џумаја, и да земат, ако најдат за потребно, и уште некој друг член од раководното тело на илинденската организација. Ми мина преку умот, дека Алековци може би тајно и да им соопштиле веќе на нив двајцата за убиството на Тодор. Јас во секој случај требаше да ги поканам на средбата и од името на Тодор, кога им истакнав, дека ќе се одржи средба за разјаснување на сите недоразбирања. Го најдов Занков во канцеларијата и му соопштив за упатената покана до нив преку мене. Тој ме запраша дали и Тодор ќе присуствува на средбата. Зачував полно спокојство и му одговорив, дека обавезно и Тодор ќе е таму. Колку што помнам, му додадов, дека ако сака може по телефон и сам да го запраша Алеко за повеќе подробности. Си мислев, дека кога Занков ќе разговара со мене ќе се стреми да долови дали на мене ми е позната тајната за убиството на Тодор. И затоа вложив напор да не му оставам сомнеж, дека нешто знам; ако се издадев преку паника, возможно беше тој од своја страна да се запраша од кои причини го лажам што се однесува до Тодор; не можев да сум сигурен, дека му е познато прифатеното задолжение од нас кај гробот на Тодор да молчиме за неговата смрт. Воопшто, нашиот краток разговор со Занков го водев со полно сомнеж и несигурност. Но тоа, што единствено ме интересираше, се постигна – тој обеќа да тргни со Јовков и П.Ацев, стариот прилепски војвода, член на раководното тело на илинденската организација, и на 12 септември да бидат во Џумаја. За автомобил се погрижив јас.
Тројцата другари – Јосиф,[9] Панчо и Пламенов – тргнаа уште на 11 септември со намера да дејствуваат уште истата ноќ, кога ќе отидат на видување со тројката. Тие требаше да кажат за мене, дека ќе пристигнам другиот ден, бидејќи ме задржале некакви работи. До изутрината рано не добив никакви податоци за каква и да е акција, од што заклучив, дека другарите поради некоја причина не успеале ништо да направат. Тогаш намислив покрај договорената конспирација да прибегнам кон друга, кога испратив друг другар, кој би дејствувал при можност и независно од нив. Соодветниот во случајот беше пак Камен, кому му објаснив што било наредено, но дека една ноќ е веќе изгубена. Тој требаше да отиде во Џумаја, за да им соопшти на тројката, дека јас сум се разболел, па ќе закаснам најмалку за еден-два дена; неговата цел ќе биде да ги суреди Алеко и Атанасов, или бар само првиот. За Протогеров носеше некое неважно писмо.
Природно, Камен би можел најточно да ги возобнови сите подробности околу акцијата, така како што таа се развила на местото. Некои нешта за неа се соопштени во двете книги, издадени од ВМРО во врска со убиството на Тодор и на Протогеров. Тука јас ќе споменам само во општи црти како сe се случи.
Тројцата другари биле на разговор со тројката во домот на Панајот Рајнов. Со умисла еден од нив започнува да го разгледува карактерот на Александров, а Протогеров со задоволство се фаќа за таа тема и остро го критикува Тодор, откривајќи си ги и тој пат своите чувства. Но не само тоа, туку изјавил, дека прекинатите разговори со болшевиците обавезно треба да бидат возобновени.
Во собата влегол Камен. Атанасов пред тоа, меѓутоа излегол и отишол во некоја од соседните соби. Алеко веднаш го прашал Камен каде е Иван Михајлов. Тој му објаснил дека Михајлов не може да дојде поради заболување. Вознемирен, Алеко заканувачки кажува: „Да не мисли тој да се става над нас! Зошто не дојде да ги обвинува илинденци? Дај да видиме какви обвиненија испратил против нив“. Камен објаснува, дека не носи никакви обвиненија и дека не е крив за недоаѓањето на Михајлов; тие можат да го повикаат, иако е болен, да дојде. Алеко го потупал Камен по рамото и тргнал да излегува, а Камен учтиво му дал пат да помине. И уште кога го пречекорувал прагот, веќе свртен со грбот кон Камен, овај го вади пиштолот и го усмерува во тилот на Алеко, кој се струполил пред вратата. Некаде од спротивните соби Атанасов започнал да пука. Другарите одговориле од нивната соба и откај скалите. Таа престрелка продолжила неколку минути, додека четворицата другари успеале, едни преку скалите, други скакајќи преку прозорците, да се извлечат, а и револверот на Атанасов веќе не се слушал. Во тоа време групата на Иван Караџов била наоколу и пукала во воздух; покасно се собрала околу четворицата. Пред да се растрча војската или да се јави некој друг, се било завршено.
Откако паднал Алеко, Камен не можел да го задржи својот јад, го фатил за јаката Протогеров и целиот растреперен, со револверот во раката, неколку пати му го упатил преку заби прашањето: „Кажувај, кој го уби Тодор?“ Протогеров останал без душа од страв, возбудено плачел и повторувал некакви несврзани зборови, од којшто Камен го запомнил само ова: „Сме биле пријатели со татко ти“ … Сепак, Камен точно ја исполни наредбата да не се посега врз животот на Протогеров.
Во текот на таа ноќ и другиот ден утрото во Горна Џумаја паднаа уште двајца-тројца Алекови другари, меѓу кои и потполковникот Атанасов. Топј бил откриен во еден двор од седумнаесет годишен член на организацијата, бегалец од Скопје, срчен младич. Потполковникот преку ноќта прескокнувал преку многу огради и дворишта, без да знае што станува и без да може да се извлече вон од градот. Кога младичот го забележал и му викнал да се предаде, Атанасов многи збркан зел да мрмори: „Не плашете се, не плашете се“. Треперејќи го држел својот револвер в рака, без да се обиде да се заштитува. Младиот момок го протера пред себе си и не можеше да се начуди како било возможно тој, познат божем како храбар офицер, да падне во положба на најбеден страшливец. Не може да има сомнеж, дека во случајот свој печат има внатрешниот немир, каењето и песпатицата; тие го здрвија Атанасов, откако го видел безживотниот труп на Алеко, зад кој се криел, и откако почувствувал дека е заобиколен насекаде, и од неизбежната одмазда за извршениот подол и голем престап. Тој немаше возможност да види каква бура од вознемиреност го опфати општеството, кога се дозна што станало со Тодор. Атанасов требаше да остане жив, за да ги каже и најмалите подробности што се однесуваа до заговорот на тројката; да подобјасни на кои министри и офицери сметале во Софија, а од друга страна како заговараа конспирација со комунистите. Но за миг се појавил Асен Даскалов и без мнугу да му ја мисли, му свирнал еден куршум в чело.
Така,на 12 септември 1924 година бешпе спасено сe, што можеше да се спаси после страшното зло, нанесено на 31 август на македонската ослободителна кауза со убиството на Тодор Александров.
1. Брезов – псевдоним на Иван Михајлов.
2. Под името „Алековци“ се има во предвид главно трите души: самиот Алеко Василев, раководител на работите на ВМРО во Пиринска Македонија, со помош на Георги Атанасов, и А. Протогеров кој често се наоѓаше околу нив, кој наскоро се имаше вратено од странство.
3. Маскарлак – турски збор, што означува безобразност.
4. Камен – псевдоним на Кирил Дрангов.
5. Лоенгрин – псевдоним на Наум Томалевски.
6. Пламенов – псевдоним на Перо Шанданов.
7. Прахово – псевдоним на Софија.
8. Горничево – псевдоним на Горна Џумаја.
9. Јосиф – псевдоним на Јордан Ѓурков.
[Image: Prez_golgota-490x316.jpg]
31-08-2017, 11:14 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: ВАНЧО МИХАЈЛОВ ЗА УБИСТВОТО НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ - by ЈорданПетровски - 31-08-2017, 11:14 PM