Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Омраза.ком.мк
Author Message
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#1

Омраза.ком.мк

[Image: B48708BAB3007347BA3E8A3BBA1D76EF.jpg]

„Смрт за Шиптари, Грци, Бугари“, „Една Македонија, чиста Македонија“... Ова се дел од групите што секојдневно се појавуваат на „Фејсбук“ и ги канат да им се приклучат корисниците на оваа социјална мрежа на интернет. Колку за илустрација, една ваква група е формирана директно против поранешната колумнистка на „Дневник“, Ирена Цветковиќ, а „фановите“ на таа група, кои не се согласуваат со нејзините ставови и мислења, ја опсипуваат со навреди.

Како групите на „Фејсбук“, и интернет-блоговите може да ги „отвори“ буквално секој и да напише што сака. Без никаква контрола. Не е подобра состојбата ни со интернет-страниците. Најсвеж е примерот со таа на „комитите“, навивачите на фудбалскиот клуб „Вардар“. Само до пред некој месец на нивната страница можеше да се прочита и ваква „поезија“: Не, јас не можам овде да седам, не јас не можам Шиптари да гледам, дајте ни алкохол сега да пиеме, а после надвор Шиптари да биеме. Вакви навивачки песни на „комитите“ редовно се пеат и на фудбалските натпревари. И така, се' додека не беше испровоциран сериозен инцидент во Нерези, кога дел од „комитите“ се судрија со жителите на оваа скопска населба. Државниот обвинител најави истрага не само за инцидентот туку и за тоа кој ја полни веб-страницата со говор на омраза. Не е познато дали и како заврши истрагата, но сега оваа страница на „комитите“ не постои.

ТЕШКО ДО СТОРИТЕЛИТЕ

Содржините во кои се искажува етничка и верска нетрпеливост и омраза не е само македонска реалност. Во францускиот речник од неодамна се појави нов збор - сајбер-омраза. Значи, изразување што може да шокира или да повреди некои лица поради зборови на омраза прочитани на интернет.

Кој треба да ги контролира содржините на интернет и дали е тоа можно? Хармонизирајќи го законодавството со европското, со измени на Кривичниот законик, Македонија годинава воведе ново кривично дело кое гласи: „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Предвиден е затвор до пет години за оној што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобични текстови, слики или идеи и теории што помагаат, промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство против кое било лице или група, а врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло и верско убедување. Ќе биде казнет и оној што таквото дело ќе го стори и преку други средства за јавно информирање. Со 10 години робија може да биде казнет ако сторителот на такво дело ја злоупотребил службената положба или ако предизвикал безредија, насилство кон одредена група луѓе или е направена материјална штета од големи размери.

- Делата преку интернет многу тешко се откриваат, но работиме и на вакви случаи. За да преземеме конкретно дејство мора основано да се сомневаме дека некој тоа го сторил. Сме работеле на закани што се праќаат преку интернет. Во МВР има оддел за организиран криминал со одличен кадар за компјутерски криминал. Но, кога истражуваме доаѓаме до одреден степен и тука се запира. До одредено кафуле, од каде што била пратена заканата, на пример. Редовно ги следиме пишувањата во печатените медиуми и известувањата на телевизиите и сме поведувале постапки по тие информации. Но, Обвинителството нема доволно кадар за да следи се' што се објавува на интернет-сајтовите. Во секој случај, на конкретна пријава реагираме - вели скопскиот обвинител Марко Зврлевски.

Слично, по пријави, постапува и Министерството за внатрешни работи, но по налог на Јавното обвинителство, кое во хиерархијата е над МВР.

- Ако Обвинителството види говор на омраза или закани и ако ни наложи да постапиме, МВР има оддел за компјутерски криминал. Ако МВР добие пријава од граѓанин, задолжително ќе постапи по неа. Прво ќе утврдиме од каде потекнува интернет-страницата и со сопственикот ќе се обидеме да го утврдиме идентитетот на тој што ги испратил или напишал пораките за да поднесеме кривична пријава. Но, често не постојат податоци за корисниците. Генерално, интернетот е преголем како медиум и ниедна полиција на светот не може да го контролира - изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски

Токму поради овој проблем во светот се измислуваат нови начини во обид да се стави под контрола говорот на омраза, кој често од повик прераснува во насилство над некого. Во Белгија, на пример, постои НВО центар за еднаквост на можностите и за борба против расизмот, кој отвори посебна служба за борба против сајбер-омразата. На корисниците на интернет, кои ќе наидат на говор на омраза им советуваат да стапат во контакт со менаџерот на сајтот, да ги известуваат модераторите на форумите, да побараат помош од службата за борба против информатички криминал во федералната полиција или да се обратат во самиот центар. Корисниците на интернет во Белгија може да стапат во контакт со провајдерот на сајтот. Најголемиот број од нив имат посебна електронска адреса на која можат да се пријават злоупотреби.

Истото важи и за форумите, на кои може да се кликне на „пријавете злоупотреба“. Центарот за еднаквост на можностите и борба против расизмот има посебен оддел за сајбер-омраза на кој исто така може да се пријават злоупотреби. Центарот има можност да поведе правна процедура со поднесување тужба со која обвинителот отвора истрага. Конечно, интернет-корисниците може да се обратат директно во секцијата за информатички криминал во федералната полиција. Провајдерите на веб-портали може да преземат свои мерки. Тие имаат соработка со полицијата и здружението на интернет-провајдери во кое членуваат 95 отсто од нив. Преку посебен протокол тие се обврзуваат дека ќе ја пријават секоја сомнителна содржина и дека ќе преземат мерки против неа. Тоа е најбрзиот начин да се сопре ширењето на говорот на омраза.

ВО САД ПОСЛОБОДНО ОД ЕВРОПА

Сите се согласни дека борбата против сајбер-омразата не е едноставна. Многу од страниците што подбуцнуваат на насилство или расна омраза се сместени во САД, каде што слободата на изразување е речиси неограничена. Американските власти имаат посебна служба која одвреме-навреме успева од интернет да ги отстрани најекстремните сајтови, но поради законските ограничувања, тоа не им успева секогаш. Многу од овие сајтови имаат свои корисници во Европа. Европските земји, во вакви услови не можат многу да сторат освен да се обидат да ги блокираат најрадикалните содржини. Шведска, Франција, Белгија и Холандија во повеќе наврати се обидуваа да издејствуваат забрана на овие веб-страници, но досега неуспешно.

Во Европа, слободата на изразувањето е основна вредност, како впрочем и во секоја развиена демократија. Европскиот суд за човекови права во повеќе наврати потсети дека таа важи не само за информациите или идеите што ги споделуваат многу луѓе или на кои многумина се индиферентни, туку и за тие што можат некого да шокираат или да повредат дел од населението или државните органи. Со други зборови, шокантните зборови не се казниви.

Но, оваа слобода на изразувањето има граници. Во Белгија има закони против расизмот од 1981 година, против дискриминацијата од 2007 година и против негационизмот од 1995 година. Тие забрануваат подбуцнување кон дискриминација, сегрегација, омраза или насилство против лица или групи врз основа на националност, раса, боја на кожата, национално или етничко потекло, сексуална ориентација, брачна состојба, раѓање, богатство, години, религиозно или филозофско убедување, здравствена состојба, хендикеп, политичко убедување и слично.


Граници на слободата

Во Конвенцијата за човекови права се вели: „Слободното изразување со себе носи задачи и одговорности кои може да бидат предмет на одредени формалности, услови, рестрикции или санкции предвидени со закон, а тоа, во демократско општество, се мерки неопходни за националната безбедност, територијалниот интегритет, јавната сигурност, одбраната на редот, превенцијата на криминалот, заштитата на здравјето или моралот, заштитата на репутацијата или правата на другиот, за да се спречи откривање доверливи информации или да се гарантираат независноста и авторитетот на судските инстанци“.

(С.Ј.-Н.Н.С.-И.К.И.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B46F67...E80A1D813D
(This post was last modified: 30-12-2009, 01:22 PM by Pirinec-Vrhovist.)
30-12-2009, 12:08 PM
Reply


Messages In This Thread
Омраза.ком.мк - by Pirinec-Vrhovist - 30-12-2009, 12:08 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 31-12-2009, 10:27 PM
RE: Омраза.ком.мк - by mara-popara - 19-01-2010, 01:44 AM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 20-01-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 12-03-2010, 05:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by МКД - 20-03-2010, 09:37 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 23-03-2010, 08:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 07-04-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by Охрид - 18-11-2010, 12:29 AM