Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОНТРАПЛАН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,722
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:КонтраПлан

„Во услови кога модернизацијата и резултатите на македонската даночна управа се позитивно оценети од страна на сите релевантни меѓународни организации, нашиот напредок претставува пример во регионот и 94 отсто од македонските граѓани и бизниси доброволно ги плаќаат даноците, во „сопствениот двор“ некој за ситни политички поени го промовира плаќањето на данок како „државен рекет“-стои во реакцијата на УЈП.

Контра-реплика од Мареј Ротбард, еден од најголемите интелектуалци на модерното време:

„Првата важна лекција во однос на даноците е многу едноставна: данокот е грабеж. Ништо повеќе, ништо помалку. Што е „грабежот“!? Грабежот е присилно [или измамничко] одземање на имотот на граѓаните без нивна согласност.
Што друго е данокот!?

Оние кои тврдат дека даноците, во некоја мистична форма, се всушност „доброволни“ не треба да се бунат на предлогот да се укине онаа законска одредба која стипулира дека неплаќањето на даноците е казниво дело.

Но, има ли некој кој верува дека доколку плаќањето на даноците навистина е доброволно, да речеме како плаќање чланарина за да бидете дел од здружение на граѓани, дека истиот износ на средства ќе заврши во владините куфери!?
Тогаш, ајде, ве предизвикувам, да го пробаме овој експеримент за неколку години за да го видиме резултатот, може?“

Ја сфаќаме сериозноста на оваа изјава на Мареј Ротбард, професор по економија и „татко“ на пазарниот волунтаризам, но истата е неспорна и непобивлива без разлика на безбројте дела и интелектуални поттења да се направи белото црно. Дали постои подобра алтернатива е сосема друго прашање. Ајде, штом „прифаќаме“ да ни одземаат дури 60% од просечните приходи, но да не прават будали дека „доброволно“ им ги подаруваме - е тоа е веќе премногу!

Но, зошто потребата од целата таа демагогија и создавање пријатен мираж? Како што вели професорот Ротбард,

„сфаќањето на ова има сериозни политички импликации. Имено, ако даноците се грабеж, тогаш станува јасно како ден дека оние кои работат за IRS [УЈП] и кои живеат од даноците, се криминална банда лопови чиј легитимитет зависи од миражот кој го создава.
Ако не можеме да се спротиставиме на ова на мирољубив начин, тогаш она што може да го направиме е државните службеници, особено оние на раководни места, да ги третираме морално, естетски и филозофски исто како што би се третирале другите ниско вреднувани грубијани во нашето општество“
17-03-2013, 09:03 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: КОНТРАПЛАН - by Larsson - 24-01-2013, 07:11 PM
RE: КОНТРАПЛАН - by ЈорданПетровски - 17-03-2013, 09:03 PM