Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НЕМА ТРЕТ ПАТ,ИМА САМО ДВА ПАТА: ДИКТАРСКИ ИЛИ ДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,122
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Власта и Опозицијата ПРОТИВ Граѓаните на Р Македонија


Пишува Душан Петровски

Деновиве човек нема каде да се сврти, а да не налета на некое оплакување на Уставот и демократијата на РМ. Доколку човеков паднал во кома на 22 декември 2012 год. и се разбудил недела (или две) дена подоцна, ќе помисли дека конечно, низ некакво Богојавление, потребата од лустрација ѝ се разјаснила на македонската јавност.

Но, Македонците, како Македонци ни абер да ти немале од лустрација, односно од разбирање на хроничното крешење на Уставот кое било стандардна пракса од страна на СДБ помеѓу 1991-1998 год. (под власта на СДСМ и Црвенковски) ; па од неактивноста на Јавното Обвинителство во 2000 год. кога беа објавени досиејата водени од СДБ (под власт на ДПМНЕ и Георгиевски); па сѐ до веста која на 21 декември 2012 год. ја обзнани Комитетот за демократизација на РМ, дека Уставен Суд на РМ, како и поднесувачот на Законот за лустрација—власта на Груевски, свесно ги пресконале претходните факти при поднесокот на барање за Мислење од Венецијанската Комисија. Наместо тоа, оплакувачите на Уставот и демократијата на РМ да ти биле оние кои биле предводниците на погоре споменатото хроничното кршење на Уставот; и причините за оплакувањето да ти биле, ниту повеќе ниту помалку за тоа како (а, не дали) да се продолжи подгазувањето на Уставот.

Од Црвенковски до Милчин, Фрчкоски до Исмаил, Трајаноски до Најчевска и сѐ околу нив единствено што може да се слушне деновиве е како фашитичката Влада на Груевски го подгазила Уставот на РМ низ случувањата за донесувањето на Буџетот за 2013 год. Но, за разлика од порано, сите театарски драмолетки и хорски песни не успејаа да побудат доволно гнев кај граѓаните за тие да им се придружат на оплакувачите како што тоа се случуваше порано. Најверојатно не поради ништо друго, туку поради самиот факт што народов веќе знае што Сојузот на Црвенковски потпомогнат од Црвените Кмери (исто така познати како Соросоиди) има на ум кога вели дека ќе ја врати демократијата и ќе владее согласно со Уставот на РМ. Како резултат, оплакувачите на Уставот и демократијата на РМ повикуваат на поларизирање на граѓанството на две фракции: странката со СДСМ и странката против Уставот т.е. со ДПМНЕ (како и обично нема место за друга опција)—со цел да кренат „демократска“ револуција и пак да дојдат на власт, за да можат Уставот да го газат во нивна полза.

Она што сакаме да кажеме е дека всушност тука нема судир на идеи. Нема различни визии за тоа како да се уредува општеството. Тука не станува збор за една опција, еве да речеме Власта, која води тоталитарна и анти-пазарна политика—што е точно; но од друга страна Опозицијата не нуди политика на слобода и пазарна демократија—таа нуди тоталитаризам во своја изведба. Опозицијата само сака да се докрепи до поголемиот дел од колачот што го претставува државното ќесе. Притоа, таа прави замена на тези кога Владата на Груевски ја ословува како „режим.“ Режим во РМ постои, но и самата Опозиција е дел од тој Режим. Додека Опозицијата изнаоѓа секакви причини за критика на Власта, и обратно Власта секојдневно го потсетува гласачкото тело за транзициските малверзации на Опозицијата, обете страни активно учествуваат во заедничкото прикривање на хроничното кршење на Уставот за време на 1990-тите. Законот за лустрација и обраќањето до Венецијанската Комисија, како и немањето абер од ревизија на приватизацијата блескаат како доказ за заедничкото удружување на Власта и Опозицијата против граѓаните на РМ.

Патем, кога сме веќе кај анти-уставните досиеја водени низ 1990-тите, воглавно под министерската палка на ЉД Фрчкоски, интересно е да го спомнеме и следново, при што ќе ги видиме двојните аршини на Опозиционерите. Досиејата кои биле водени за лица кои биле сметани како потенцијални уривачи на Уставниот поредок биле основани на далеку понаивни „закани“ кон Уставниот поредок од она што го гледаме денес. На пример, од досиејата „ПО ‘Деструктивец’“ и „ПО ‘Црни’“ кои во голем детаљ се обработени на котле, можеме да видиме дека според Службата за Државна Безбедност под раководство на Министер Фрчкоски, некоја неврзана изјава дадена во меана дека власта мора да се промени била повод за сомнение дека некој има реални можности и планови да го сруши Уставниот поредок на државата. Денес тој исти Фрчкоски повикува јавно низ медуимски настапи за физичко завземање на Собрание на РМ—осносно на повикува на класичен пуч со цел преврат на Уставниот поредок.

Оттука, повиците дека мора да се застане на страна—СДСМ или ДПМНЕ—се повици за одбирање на банда, но не и за одбирање на две различни опции кои искрено нудат своја визија за подобро утре. Но, има уште една „финта“: здобивањето со власт на било која од бандите сепак не значи дефинитивно позитивен исход за секој член на победничката банда. Ова е од проста причина што власта живее паразитски на грбот на народот, а кога некое битие живее паразитски, тогаш ресурсите се ограничени и постојано се намалуваат. Така што за маргиналните членови на бандите ќе има сѐ помалку плен.

Египет и Либија претставуваат извонредни примери кои сѐ уште се тековни за природата на револуционерното превземање на власт. Но тоа е едниственото што можат да го понудат бандите на македонскиот Режим, оти нивната идеологија е тоталитарна. Лудвиг вон Мизез заклучил дека постојат само две опции: социјализмот, кој е по природа тоталитарен и насилен режим, и е опција на која ѝ припаѓаат бандите на македонскиот Режим; и пазарната демократија, која едниствено може да функционира на доброволна основа, и која за сега е незастапена на македонската политичка сцена.

Авторот е член на Комитет за демократизација на Р Македонија
06-01-2013, 06:16 PM
Reply


Messages In This Thread
НЕМА ТРЕТ ПАТ,ИМА САМО ДВА ПАТА: ДИКТАРСКИ ИЛИ ДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМ - by ЈорданПетровски - 06-01-2013, 06:16 PM