Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Zdravje na mazite
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#1

Мажите сериозно да ја сфатат посетата на уролог

[Image: prostata.jpg]

Ракот на простата е една од главните причини за смрт кај мажите во Европа, а веќе е на првото место во САД. Статистиките кои редовно се објавуваат покажуваат дека процентот на мажи кои ќе заболат од карцином на простата во текот на животот е голем…

Сликата и во Македонија е загрижувачка иако карциномот на простатата се наоѓа на третото место по застапеност кај мажите по карциномите на белите дробови и на дебелото црево. Во 80-90 % од случаите ракот на простата во нашата земја се открива во доцна фаза кога шансите за лекување се минимални или опциите за третман се малку. Битен е податокот дека доколку ракот на простатата се открие на време тој е речиси излечлив.

На што се должи разочарувачката ситуација во земјата?

Мажите во Македонија имаат вистинска причина да се загрижат, но и да ја разберат потребата од редовна контрола и посета на уролог.

„Во последниве неколку години состојбата со навременото откривање на оваа малигна болест се подобрува, но е далеку од добра. Тоа се должи на повеќе фактори но двата најважни се повисоката свест и запознаеност на мажите со потребата од посета на уролог и второ, подобрената дијагностика и достапноста на модерна апаратура во медицинските установи”, вели д-р Сотир Ставридис, специјалист уролог.

Лични искуства

Иако за ракот на простата постои мислење дека се појавува по педесетата година од животот, во денешно време старосната граница се намалува. За тоа сведочи и приказната на сега 50 годишен скопјанец, кој од својата 47 година започнал да прави ПСА тест (тест кој е од огромна важност за откривање на карцином на простата), за 3 години подоцна да му бидат откриени малигни клетки на простата.

[Image: prostata%202.jpg]

„Пред три години заминав прв пат на уролог поради често мокрење и чувство на притисок кај простата, урологот ми даде да направам ПСА тест, кој беше покачен но не во загрижувачки рамки, ми беше препишана терапија и правев контрола на секои шест месеци. Пред неколку месеци кога дојде време за редовна контрола ПСА покажуваше ниво 8, докторот ми препиша терапија повторно, но по два месеци кога направив контролен тест иако примав терапија вредноста на ПСА беше 10. На редовен преглед мојот уролог не можеше да забележи никакви промени но поради претпазливост направивме биопсија при којашто беа откриени малигни промени но во многу мал процент. Имав среќа што воопшто беа откриени. За да не дојде до поголеми промени веднаш закажав операција за отстранување на простата, денес се чувствувам добро и поради раното откривање на малигните промени не примам никаква терапија. Секогаш си велев дека тоа им се случува на мажи над 50 години, но ми се докажа спротивното, среќен сум што бев одговорен и редовно одев на преглед кај мојот уролог,” вели 50 годишниот скопјанец.

„Приказната на овој млад човек е потврда за опасноста која ја претставува карциномот на простатата, но препораките на водечките европски и светски уролошки организации се дека контролите за детекција на овој карцином треба да се прават од педесетата година на животот па натаму, а се состојат од одредување на ниво на серумско ПСА (простата специфичен антиген), одредување на големината на простатата со ултразвук и дигито-ректален преглед на простатата. Сепак има и искучоци; мажи кои имаат фамилијарна оптовареност со овој карцином, родител или роднина од прво колено заболен од карцином на простата, контролите треба да ги започнат неколку години порано, од 45 годишна возраст” додава д-р Сотир Ставридис.
13-03-2012, 07:19 PM
Reply


Messages In This Thread
Zdravje na mazite - by mence - 13-03-2012, 07:19 PM