Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Кој ги скара Македонија и Бугарија?

Очекувањата во бугарското општество сега се поголеми од времето на Декларацијата меѓу двете земји

Слободанка Јовановска

Македонско-бугарските односи се жртви на некаков микс на комунизмот и национализмот - беше краткиот опис на Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешни односи во Софија, на вчерашната дебата организирана од ГЕМ клубот во Скопје. Според него, проблем во Бугарија е што темата Македонија секогаш била во доменот на ваквите средини, при што и поранешниот претседател Георги Прванов и Божидар Димитров правеле кариера на Македонија како соработници на службите.

„Ова е маѓепсан круг меѓу полицајците, историчарите и некои кругови во Македонија кои немаат интерес да се развиваат односите меѓу Бугарија и Македонија“, оцени Бечев, додавајќи дека и покрај тоа, меѓу двете земји има голем напредок изминатите дваесет години. Како примери, ги посочи признавањето на Македонија, декларацијата со која на некој начин се призна македонскиот јазик, заедничкото славење на Љупчо Георгиевски и Иван Костов, некои разумни потези на Бранко Црвенковски и предлогот за заедничко славење Илинден од Владо Бучковски, што ги окарактеризира како заедничка политичка волја да се оди напред, која, како што нагласи, недостига во моментов. Уште повеќе, тој смета дека со блокадата во ЕУ на преговорите со Македонија се создава нов маѓепсан круг, бидејќи тоа поттикнува негативна реторика во Македонија која потоа предизвикува реакции во Бугарија. „Македонската Влада нема желба да влезете во ЕУ, или барем не по секоја цена, па го користи грчкото вето како алиби“, оцени Бачев додавајќи дека токму политичките елити треба да не' извадат од тој маѓепсан круг.

Бугарскиот аналитичар Јавор Сидеров тврдеше исто така дека решението на проблемите треба да биде политичко, отфрлајќи секаква улога на историчарите. Според него, никој повеќе не го употребува говорот на омразата од нив, па ако историјата не може да биде игнорирана, тогаш да биде впрегната во компромис. „Крајно време е историјата меѓу Бугарија и Македонија да биде напишана за подобра иднина, а не за минатото“, порача Сидоров со оцена дека и ветото на Софија во ЕУ, и антиквизацијата кај нас не им служат на долгорочните цели на двете земји. Историчарката Ирена Стефоска, по апелот „аман, сите се нафрливте на нас историчарите“, изјави дека националистичките идеологии се кичести зошто се неточни, а дијалогот е естетика.

Љубомир Фрчкоски сметаше дека во Македонија се потценува признавањето од Бугарија, а идентитетските закани се преувеличани, уште повеќе што дома се соочуваме со поопасен удар од антиквизацијата. Македонскиот идентитет, смета тој, може да го градиме и со споделување на бугарски и албански историски ликови, но клучен проблем за подобрување на односите е политичката волја кај нас, а последните години и во Софија. Ние, според Фрчковски, имаме проблем со Кирил и Методиј и настојувањето да останеме посебни, додека Бугарија има проблем со окупацијата. Проблем за Бугарија се и малцинствата и мултикултурализмот што го градиме, а кај нив се прима со резерва. Проблем, според него е и нашиот однос кон Македонците што се сметаат за Бугари.

Антоанета Приматарова, поранешен заменик-преговарач со ЕУ, смета дека не би требало да биде проблем да се постигне договор во рамките на преговорите што се водат сега меѓу двете земји, но проблем е што сега во бугарското општество се создале поголеми очекувања. Според неа, европската рамка може да помогне, но нема да ги реши сите недоразбирања и тоа ќе биде долгорочен процес. Бартоломеј Кајтази, наш поранешен амбасадор во Ватикан, нагласи дека на 148 километри заедничка граница со Бугарија, има само три гранични премини, од кои два се и регионални. Инфраструктурната поврзаност кажува многу, заклучи тој, па нагласи дека меѓу двете земји нема ни железница, ни авионска линија - и тоа е така со децении. Како шлагворт Бечев ја предложи Кумановската битка од 1944 година како можност за заедничко славење во која имало пет илјади жртви, а македонските партизани се бореле заедно со бугарската војска. „Задоцнивме, но тогаш бевме на вистинската страна“, забележа тој шеговито. Дебатата беше видно позитивистичка со тенденција да се избегнуваат спорните прашања, како што нафрли претходно Бечев, со акцент на тоа како да одиме напред.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BD795...5FA26AFC30
Без Ботев няма България
07-02-2013, 03:50 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 07-02-2013, 03:50 AM