Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Канџите на УДБ-а
Author Message
Kapidan
Unregistered

 
#1

Ниту во родените, ниту во умрените

През 2000 г. помладиот брат на Петар Манчев Костадиновски (1924-1978), Владимир Костадиновски (р. 1925 г.) со цел да поднесе Барање за пристап и увид во личното досие на споменатото лице, во Пехчево и Делчево бара извод од матичната книга на родените и матичната книга на умрените. Но, добива одговор дека такво лице нема ниту во книгите на родените, ниту во книгите на умрените. А, без еден од овие изводи не е возможно да се поднесе Барање за пристап и увид во личното досие. Последното станува уште позначајно затоа што сестрите и братотот на божем непостоечкиот Патар Костадинов, кој починал 1978 г. во болницата во Демир Хисар, за неговата смрт биле информирани откако било погребано неговото тело. Кога побарале да им го покажат гробот на Петар Костадиновски, од болницата во Демир Хисар пратиле некое душевно болно лице да им го покаже гробот на болничките гробишта. Таму имало неколку нови гробови без крст и без било каков напис за името на погребаниот. Душевно болното лице им покажал некој гроб и рекол дека тоа е гробот на Петар Костадиновски.

Петар Костадиновски е роден на 25.06.1924 г. во село Панчарево, Царевоселско (Делчево). Мајка му Параскева (р. ? г. - 1975) през турско била егзархиска учителка, а потоа домакинка. Татко му Манчо (р. ? г. - 1985) бил земјоделец. Неговите браќа Стојан (1921-1989) и Владимир се учесници во „Народноосолободителната борба и Народната Револуција“. През Втората световсна војна Петар Костадиновски не војувал, но станал член на Народноослободителниот одбор во Пехчево. После војната, во Скопје през учебната 1945/1946 г. завршил „Школа за народни учители“. Се вработил како учител во Делчево. Следната 1947 г., како „преподавател“ (учител) по историја и географија во училиштето „Св.Јован Бигорски“ во Скопје го посетувал едномесечниот курс по наведените училишни предмети. Во 1950 г. од Делчево заминува за Скопје со цел да се вработи таму и да се запише на Филозовскиот факултет. На истиот факултет бил избран за секретар на основната организација на Комунистичката партија на Југославија. Во 1952 г. го запишал петтиот семестар. Кога го упасиле бил вонреден студент на истиот факултет и воспитувач во интернатот „Здравко Цветковски“ Скопје. Го затвориле во МВР, во „УДБ-а за Макединија“. Таму бил малтретиран до безсознание, покасно на своите биски им рекол дека многу го тепале. Потоа е однесен во душевна болница во Скопје, а оттаму во душевната болница во Демир Хисар каде починал 1978 год.

[Image: files?file=Petre-Kostadinov.jpg]

Најблиските роднини на Петар Костадиновски, братот Владимир и сестрите Љуба (р. 1928 г.) и Зора (р. 1932 г.) до ден денешен не знаат зошто бил уапсен.
[Image: files?file=Egzarhija.jpg]
Препис од Егзархиската книга на родените во која е заведен през 1942 год.
[Image: files?file=Diploma-Petar.jpg]

Препис од Диплома за завршена Школа за народни учители

[Image: files?file=Petar-Kostadinovski-potvrda.jpg]
Потврда за завршен курс по историја и географија
[Image: files?file=Patra-Kostadinovski-sl-kn.jpg]
Службена книшка на Костадиновски Патар Манчев

[Image: files?file=Petar-Kostadinovski-sl_kn_2.jpg]

„Службеничката книшка служи како доказ дека некое лице се навогја во државна служба.“

[Image: files?file=Petar-Kostadinovski-stud-legit-3.jpg]
[Image: files?file=Petar-Kostaadinovski-stud_legitimacija.jpg]

[Image: files?file=Petre-Kostadinov-%289%29.jpg]

[Image: files?file=Petar-Kostadinovski-index-3.jpg]
01-01-2010, 11:26 PM
Reply
basilius_2 Online
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#2

Ovaa e mnogu zagrizuvacki, od eden drug fakt, sto samata UDB-a se obiduva da si gi prikrie valkanite raboti, bidejki gledajki gi dokazite koi se prilozeni tuka na forumot, taa licnost postoela, a mnogu e zalno za toa semejstvo da ne ja doznae vistinata. No steta nikoi od domasnite NVO (nevladini organizacii) ne se zainteresiraat za vakvi slucaii, ovaa se problemi za koi treba da se zainteresiraat i da posvetat mnogu vnimanie za resavanje so komunizmot osobeno so policijata.
Po se izgleda vo komunizmot ne smee da se bide poinakov od drugite.
02-01-2010, 01:11 AM
Reply
basilius_2 Online
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#3

Imeno samite metodi na UDB-a sto gi koristele se preku mera i nekoi luge zatoa treba da lezat zatvor, bidejki toa
e tortura koja e zabraneta so mnogu megunarodni konvencii na koi Makedonija e potpisnik.
Ako toa sto e napisano deka toj covek ne storil nisto nezakonsko e vistinito, a bil ucesnik vo NOB togas ova e slucaj na politicko gonenje.
Iako e krsten vo egzarhiska crkva sepak toa ne e dovolna pricina za uskratuvanje na negovata licna sloboda i priveduvanje vo policija.
02-01-2010, 04:07 PM
Reply
basilius_2 Online
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#4

Article 2
Each State Party shall take effective legislative, administrative, judicial or other measures to prevent acts of torture in any territory under its jurisdiction.
No exceptional circumstances whatsoever, whether a state of war or a threat or war, internal political instability or any other public emergency, may be invoked as a justification of torture.
An order from a superior officer or a public authority may not be invoked as a justification of torture.

SPORED CLEN 2 OD KONVENCIJATA NA OON PROTIV MACENJE STOI DEKA NISTO NE SMEE DA SE ISKORISTI ZA POVOD ZA UPOTREBA NA TORTURA.
02-01-2010, 04:17 PM
Reply
МКД Offline
Junior Member
**

Posts: 13
Joined: Jan 2010
Reputation: -3
#5

(02-01-2010, 01:11 AM)basilius_2 Wrote: Po se izgleda vo komunizmot ne smee da se bide poinakov od drugite.
Исто и во Бугарија и грција ама на повеќе од членовите овде не им се спомнува некако за тоа првото. Baeh Видете, вакви методи се применувале и се применуваат сеуште над многу Македонци во Пиринска Македонија па кога веќе се бориме против неправдата треба исто да се залагаме и за право на самоидентификација на Македонците во Бугарија во 21-от век. Замислете денес постои на Балканов систем налик на комунизмот кој гони луѓе само поради нивната етничка припадност (види исток и особено југ).
И да не бидам погрешно сфатен јас сум Македонец, а комуњари презирам од дно на душа.
11-01-2010, 07:59 AM
Reply
Пеницилин Offline
Moderator
*****

Posts: 51
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#6

ТМРО: Кога ќе се објават имињата на кодошите?

[Image: vanco-sehtanski-150.jpg]

Иако голем дел од досиејата за информаторите на тајните служби беа однесени при заминувањето на ЈНА, сепак остануваат досиејата за тоа кој бил кодош од почетокот на независноста на Македонија и нивните имиња треба да се објават, велат од ТМРО.

“1990 во април ЈНА однесе три шлепери документи од депоата на МВР, во Бања Лука, а потоа во Белград, со имиња на соработници на тајните служби и нивните кодош. Од тие причини сегашните удбаши се безбедни и нивните имиња нема да се појават зошто досиејата одамна ги нема. Оттука силата и безгрижноста на старите косовските структури за најавената лустрација, а истите тие сега се инфилтрирани длабоко во политичкиот и бизнис живот на Македонија. Сепак досиејата и имињата на кодошите кои кодошеа во независна Македонија се тука и редно е да се објават без разлика кој се е во нив“, вели претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

Според него, на листата на кодошите би се нашле и имиња на познати културни работници, актери, писатели и режисери.


Автор на веста: Нетпрес

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=6...tegorija=3
11-01-2010, 09:28 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#7

(11-01-2010, 07:59 AM)МКД Wrote: Исто и во Бугарија и грција ама на повеќе од членовите овде не им се спомнува некако за тоа првото. Baeh Видете, вакви методи се применувале и се применуваат сеуште над многу Македонци во Пиринска Македонија па кога веќе се бориме против неправдата треба исто да се залагаме и за право на самоидентификација на Македонците во Бугарија во 21-от век. Замислете денес постои на Балканов систем налик на комунизмот кој гони луѓе само поради нивната етничка припадност (види исток и особено југ).
И да не бидам погрешно сфатен јас сум Македонец, а комуњари презирам од дно на душа.

Of-topic
Da ti pozelam dobredojde na forumov. So zelba da provedeme mnogu prijatni dijalozi i diskusii, se so cel da ja najdeme vrskata so koja ke go premostime jazot na delbata pomedju MAKEDONCITE.
Na forumot na nikogo nema da mu bide izbrishano mislenje vo koe ke nema vulgarnosti i lichni navredi. Nitu pak chlenot da bide baniran poradi izneseno mislenje.
Baniranjata za izneseni mislenja i sluzea na sluzbata da vnese samoncenzura kaj pomladite a postarite da gi zamolchi. No ako niz diskusiive na forumive ne osoznaeme shto pishuvale "neprijatelskite" istorichari za minatoto i " neprijatelskite" vesnici za deneshninata nie nikogash nema da mozeme da se soochime so realniot zivot i svet. Svet vo koj treba borba, istrajnost, shiroko poznavanje na napishanoto i od "prijatelite" ama i od "neprijatelite".
Zatoa ke mi bide posebno drago, bidejki ushte na samiot pochetok ke ja postigneme celta na Forumot da zboruvame za problemite na site Makedonci.
Ako imash ti ili nekoj drug, dokumenti za sluchuvanjata so Makedonci vo Pirinska Makedonija slobodno postiraj gi. Samo so dokumentiranje na poedinechni sluchaevi ke gi razjasnime site nepoznanici i nedorazbiranja. Kolku shto znam i vo Bugarija se otvoreni Arhivite a so toa se nadevam kako i vo Vardarska Makedonija dosieata bile dostapni na site. Bi trebalo da ima dosiea na Makedonci, ako vo Vardarska Makedonija taa brojka e okolu 50 000 iljadi i progonot prodolzil i po osamostojuvanjeto, shto li e vo porobena Pirinska Makedonija.
11-01-2010, 09:27 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#8

Zarem e vozmozno takvo nesto ????????????

Kako moze da se izbrise sekakov trag .... i sega takov covek ne e ni postojal.....
11-01-2010, 10:12 PM
Reply
basilius_2 Online
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#9

Po se izgleda postoel no negovoto postoenje im smeta na UDBA. Bidejki vo dokumentite koi se staveni tuka stoi potpis na tela na NRM i SFRJ. Obicno koga se "gubi" identitetot za licnost se cuva negoviot identitet od slednava pricina a toa e posvedocel za nesto. Vo FBI ima edna praktika da se krie svedokot na nekoj kriminal, taa programa se vika Witness Protection program. No bidejki doticniot gospodin zavrsil vo mentalna institucija togas nesto drugo e vo prasanje.
(This post was last modified: 12-01-2010, 05:23 PM by basilius_2.)
12-01-2010, 05:18 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#10

Da ja razbereme shto podobro temata shto ja zapochna Kapidan, ke treba da prochitame malku za UDB-e. Najbitnoto chij naslednik e....


Quote:ЛАЗО РАСКАЖУВА Другарот Лазо, во своите мемоари, неретко се осврнува на драматичните југословенски збиднувања во 1941 г., на самиот старт на Втората светска војна. Во книгата Аспекти на македонското прашање, издадена 1988 г., тој опишува како и кој го смислува планот за операцијата "свилен гајтан за Шарло акробатот" (акробат во преносна смисла, бидејќи Шаторов, по разгромот на Југославија во април 1941 г., по наредба на СССР, ја поврзува КПМ со бугарската партија, не можејќи веќе да одржува врски со окупираниот Белград). Колишевски (тогаш Колишевиќ) веќе долги години се наоѓа во Србија, каде што работи како металоглодач. Лазо раскажува: "Кратко време потоа, отидов во Крагуевац на работа во Окружниот комитет на КПЈ, а во почетокот на мај ми беше соопштено да тргнам на партиска работа во Ниш. Меѓутоа, неколку дена подоцна, бев повикан во Белград, каде што другарот Александар Ранковиќ ми ја соопшти одлуката за моето одење на работа во Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Тој исто така ми соопшти дека за член на ПК КПЈ за Македонија е испратена една другарка која работеше во Ниш и која беше член на Окружниот комитет. Таа беше Мара Нацева. Ми ја изложи ситуацијата во Македонија колку што му беше и нему позната во врска со ставовите на тогашниот секретар на ПК КПЈ, Шаторов Шарло. Ранковиќ инсистираше, доколку ситуацијата на ПК ќе биде поволна, да ја преземам функцијата на воената комисија".

Две работи се круцијални во ова искажување: прво - Колишевски е човек од највисока доверба на Александар Ранковиќ, шефот на сите тајни служби во Титова Југославија, творецот на ОЗНА (Одделение за заштита на народот) и долгогодишен челник на УДБ (Управа за државна безбедност); и второ - Ранковиќ, Србин по националност, инсистира Лазо да ја преземе воената комисија во КПМ бидејќи во тие воени комисии била најдобро инфилтрирана мистериозната српска националистичко-милитаристичка организација "Црна рука", од која после Војната ќе израсне злогласниот КОС (Контраобавештајна служба на ЈНА).

ДРУГАРОТ ТИКВАР По мајскиот состанок со Ранковиќ, Колишевски доаѓа во Македонија со цел да го истисне неприкосновениот Шарло. За да ја оправда целта, тој тврди дека Тито му дал писмо со кое го овластува да ја преземе партиската организација. Тогаш организационен секретар на Покраинскиот комитет и десна рака на Шарло е Перо Ивановски Тиквар. Овој човек говореше на научниот собир во МАНУ, а за тврдењето дека Лазо имал писмо од Титовиот ЦК КПЈ, прокоментира: "Јас не знам дали на Лазота му дале нешто во Белград, ама кога сефте дојде во Скопје, тој такво писмо немаше!"

Другарот Тиквар имаше повластена положба во македонската Академија поради неговите поодминати години, па затоа само нему му беше дозволено да дискутира подолго од 15 минути (што наиде на лутина кај присутните научници и провокатори од колишевистичка провениенција). Неговото излагање заслужува негде да се објави во целост, поради тоа што тој е т.н. "учесник и сведок" на оние пресудни мигови од македонската историја. Фактички, неговото повесно превреднување на Шарло беше пресудно во МАНУ-битката со "лазовистите". Еве како тој лично ја доживеал наредбата за смената на неговиот претпоставен Шарло (која со задоцнување сепак стигнала во Скопје на 24 јули, ако не е некаков фалсификат): "Кога ја прочитав последната точка во која се наложува исклучување на Шарло од Партијата, ме обзеде чувство на вчудовиденост, чувство на вина и чувство на страв. Не се посомневав во Шаторов, туку во тоа како ова наводно решение на ЦК КПЈ е пренесено до нас. Мене од Лазар Колишевски неговиот претпоставен Драган Павловиќ (не е Латас, н.з.) ми беше соопштено дека треба само да го тргнеме Шарлота, и сé ќе биде в ред. Не можев да прифатам таква солуција. Ми делуваше лажно и нечовечки. Возбуден од сé што разбрав, отидов на седница на Покраинскиот комитет, која веќе беше претходно закажана. Меѓутоа, начинот на кој му беше врачена одлуката на Шаторов, без да му се даде шанса да даде свој приговор, не оставаше место за сомнеж. Се бараше чиста согласност. После оваа фатална средба, делегатот Павловиќ и неговите приврзаници не чекаа никакво разјаснување. Го умножија решението на ЦК на Тито и тргнаа по партиските организации со цел да бараат почитување на решението. Најмногу одеа со Страшо Пинџур, бидејќи тој имаше лични врски и познанства, за разлика од Лазо и Драган Павловиќ, кои немаа. Јас, пак, одев да ги објаснувам спротивните ставови: дека поврзувањето со БКП е легитимно".
09-02-2010, 02:11 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#11

Po se vistinskoto ime za UDBe e "Crna ruka" .....

Quote:Убиството на Кочо Рацин

Рацин бил смртно ранет, но не починал веднаш, туку неколку часа подоцна. Иако имало доволно време да биде однесен до партизанската болница, раководството што било на Лопушник не презело ништо за тој да биде префрлен на лекување. По неколку часа агонија, поетот умрел и бил закопан во плиток гроб, таму каде што бил и погоден


[Image: racin[2].jpg]


Смртта на Кочо Рацин на Лопушник, кичевско, за многумина во Македонија и по 67 години од настанот е една од најголемите мистерии на поновата македонска историја. Се разбира, и натаму останува само да се претпоставува дали убиството е нарачана ликвидација или пак станува збор за несреќна случајност. Тоа што е сигурно е дека 45 години Македонците беа убедувани во несреќната смрт на Кочо Рацин. Дури кон крајот на 80-тите години на минатиот век, за овој настан почна поотворено да се зборува и од неговата друга димензија.

Официјално, Кочо Рацин загинал како резултат на трагично недоразбирање. На 13 јуни 1943 година тој добил наредба да се врати во базата на Лопушник. Кога се приближил до базата, бил погоден од куршумот на Мино Миновски, партизан што бил на стража во близина на импровизираната партизанска печатница. Тој извикал предупредувачко ‘Стој!’, но поради наглувоста Рацин не го слушнал, продолжил да се движи, по што овој го застрелал. Рацин бил смртно ранет, но не починал веднаш, туку неколку часа подоцна. Иако имало доволно време да биде однесен до партизанската болница, раководството што било на Лопушник не презело ништо тој да биде префрлен на лекување. По неколку часа агонија, поетот умрел и бил закопан во плиток гроб, таму каде што бил погоден.


СРПСКИ ИНСТРУКТОРИ


Неофицијалната верзија вели дека всушност станува збор за инсцениран случај со цел Рацин да биде ликвидиран поради неговите тврди промакедонски ставови кои не кореспондирале со веќе зацврстената пројугословенска политика на тогашните комунистички првенци на партизанското движење во Македонија.

Веднаш по смртта на Рацин, започнале да исчезнуваат материјалите што ги имал со себе. Најпрвин ја снемало торбата со тетратките во кои Рацин пишувал секогаш кога имало затишје. Академик Блаже Конески, меѓу тие материјали, ја споменувал и поемата ‘Сандански‘. Тој ракопис до денес не е пронајден.

Во својата изјава од пред неколку години проф. Александар Трајановски истакнува дека мистеријата околу загинувањето на Рацин останува, но, секоја година се откриваат нови докази според кои целиот настан мириса на ликвидација. Причина за тоа можеби е не само тврдокорниот став на поетот во врска со македонското национално прашање, туку и неговото јавно несогласување со ‘српските инструктори‘ и македонските партизански послушници. Дека нешто се криело, зборува и податокот што за смртта на Кочо неговите во Велес дознале речиси една година подоцна.

Според сведоштвото на неговиот најмал брат Александар Солев, мајка му Марија можеби нешто знаела за судбината на Кочо, но веројатно не сакала да верува дека е вистина. Останатите во семејството, не знаеле ништо. Една година по убиството, тој и мајка му со едно магаре на кое имале товарено бардачиња и грнци, тргнале кон селото Лисиче каде се наоѓале партизаните, односно единиците што го обезбедувале целиот реон, бидејќи штабот се наоѓал во Горно Врановце. Таму наишле на партизанот Ќиро Попадичето од Велес, близок пријател на Кочо. Тој ги тргнал настрана и на мајката на Рацин и рекол: ‘Тетка Маре, Кочо загина во јуни минатата година! Погребен е таму на Лопушник.’

Тетка Маре само се свртела настрана и почнала тивко да плаче.


КОЧО И ВЕНКО


Братот на Кочо се сеќава и дека по војната ‘другарите‘ им собрале се што чувале дома, а што било поврзано со поетот, за да се направи музеј за него. Потоа, и тие работи почнале мистериозно да исчезнуваат.

‘Се сеќавам дека прв кај нас дојде Славко Јаневски... Целиот пакет што го зеде го донесе во Скопје, а во Музејот во Велес испрати само фотокопии... Јас тогаш имав 15 години и не знаев дека сите хартии што ги земаат се толку важни. Ја помнам неговата стихозбирка ‘Антологија на болката‘, отчукана на машина, која некако остана дома, не ја зедоа. Подоцна тој ракопис шеташе од рака на рака, за на крајот да исчезне‘, раскажуваше пред неколку години Александар Солев, брат на Кочо.

Роднините на Кочо Рацин, во 2005 година остро реагираа кога во неговата Спомен-куќа, организаторите, Музејот на Велес, поставија и фотографија на Страхил Гигов, кој меѓу луѓето што сметаат дека поетот е смислено ликвидиран, важи за човек вмешан во таа ликвидација.

За врвен дострел на Рацин се смета збирката ‘Бели Мугри‘ од 1939 година. Официјално, тој е првиот македонски поет, а тоа е втората манипулација во Македонија поврзана со него. Една година пред ‘Бели мугри‘, Венко Марковски ги објавува ‘Народни бигори‘ и ‘Огнот‘ на македонски јазик, што го прави основоположник на современата македонска поезија, но подоцнежните политички причини, Информбирото и менувањето на односите со Бугарија, наметнуваат да му се одземе приматот кој му припаѓа. Еден наш писател смета дека Рацин бил подобар поет, но дека Марковски бил првиот кој објавил на македонски јазик и тука нема сомнеж. Мал срамежлив чекор во оваа смисла направи претседателот на МАНУ Георги Старделов според кого и Марковски и Рацин, заедно треба да се сметаат за основоположници на современата македонска поезија, но во овој момент, Македонија очигледно нема капацитет за да преземе таков чекор така што таа манипулација и натаму останува жива.


Автор: Дарко Јаневски
09-02-2010, 02:14 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#12

Quote:Ликвидирањето на Кузман, вториот Делчев, и пресметката со Ченто

Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол, каде што се наоѓал тој. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подолу до денешна „Алумина“, каде што бил застрелан

[Image: pitu.jpg]

Ако за убиството на Кочо Рацин и во времето на комунизмот можеше, овде-онде, да се чуе понекој збор, мистеријата околу смртта на Кузман Јосифовски-Питу е надвор од видокругот на Македонците дури и во времето на независна Македонија. Во свеста на народот тој е само еден од партизаните, кој бил убиен од бугарскиот окупатор и тука приближно завршува приказната. Своевремено, децата од основното училиште во близина на некогашната фабрика „Алумина“ беа носени на местото каде што тој загинал и каде што е поставен споменик (сиромаштијата во независна Македонија ја однесе бистата на топење, а остана само основата од споменикот со натписот) за да им биде одржан говор што никогаш не го слушаа, уште помалку го помнеа, но сега и тој обичај изумре.

Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол каде што се наоѓал тој. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подолу до денешна „Алумина“, каде што бил застрелан.

За разлика од денес, кога да се има куќа во Трнодол е привилегија, во 1944 година тоа било изолирано место, надвор од градот до кое се стигнувало минувајќи низ безброј ораници. Во близината, токму на неколку метри од местото каде што е убиен Кузман, минувала железничката пруга за Тетово, и така беше сé доцните седумдесетти години од минатиот век. Во тој дел поголеми биле шансите да налетате на некое диво животно, отколку на бугарска војска. Оттука, во официјалната приказна за неговото убиство очајно недостига податокот за тоа кој им соопштил на бугарските власти каде се наоѓа Кузман и како војниците успеале да се приближат одејќи по пустелијата низ која мора да се мине за да се стигне до Трнодол, без да бидат откриени.


ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА


Како и да било, внимателна анализа на податоците за смртта на Кузман, кој бил нарекуван и втор Гоце Делчев, покажува дека тој најверојатно бил предаден. Прашањето е од кого. Тоа што едноставно не може да се тргне од пред очите е барањето на Светозар Вукмановиќ-Темпо, Кузман Јосифовски-Питу да биде отстранет.

Причини за тоа имало многу, но главната била поврзана со неговиот став дека Македонија „не може да биде слободна, ако не биде обединета“ и отворено настојувал да се формираат македонски партизански единици во Егејска и Пиринска Македонија, и тие да се поврзат со единиците од Вардарска Македонија. Тоа значело нивна заедничка борба за ослободување на обединета Македонија. А токму во своето писмо до ЦК на КПМ од август 1943 година, Темпо вели: „Ние не удривме доволно енергично по тие автономистички тенденции, кои во голема мера ја зафатиле нашата партиска организација во Македонија и кои се изразуваат во инсистирање нашата партиска организација во Македонија да ја одделат од составот на КПЈ и да ја изолираат борбата на македонскиот народ од борбата која што ја водат другите народи на Југославија...“

Со оваа реченица, без поголем проблем можело да му биде „спакувано“ досие на кој било македонски комунист и партизан што би ги спомнал Егејска и Пиринска Македонија. А Кузман не само што ги спомнувал туку и барал обединување на борбата на Македонците од сите три дела на Македонија. „Каузата на македонскиот народ од пред 50 години е во опасност. Сврзувањето со Југославија, конкретно значи и откажување од соединувањето на Македонија“, тврдел Кузман.

Ако тоа било така, ако и Темпо во своето барање бил јасен, тогаш не останувало ништо друго освен Кузман да го убијат Бугарите. Кој ги одвел нив до Гоце Делчев од Втората светска војна, е прашање околу кое и не мора да има толку многу дилеми, сеедно што има и такви што сметаат дека дури и куршумот не бил бугарски.

При сето тоа, останува фактот дека повеќе од 45 години Македонците беа манипулирани со еден настан чиј медал очигледно има и друга страна. Интересно е само што и денес, шест и пол децении подоцна, во Македонија човек многу ризикува ако ја спомне Егејска Македонија. Додуша, животот веројатно ќе си го зачува, но столбот на срамот не му гине.


„СПИНОТ“ ЗА ЧЕНТО


За разлика од Кузман, Македонците многу повеќе знаат за Методија Андонов-Ченто, но и тие сознанија имаат понов датум и датираат од времето на „македонската пролет“ кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, па до денес. Дотогаш Ченто беше народен непријател, осуден од судскиот совет составен од Лазар Мојсов, Коле Чашуле и Панта Марина, а според неговиот син Илија, во режија на Видое Смилевски-Бато. Вината на Ченто е во идејата за обединета Македонија, за што и во подоцнежните години на социјалистичка Македонија можеше да се заврши во затвор, бидејќи по дефиниција тоа беше идеја за која се сметаше дека ја загрозува Југославија.

Во време на Втората светска војна, и Ченто, како и Кузман, доаѓа во судир со Темпо. По војната тој судир се претвора во судир со македонските и југословенските власти, што го одведува во затвор под првично обвинение дека сакал да пребегне преку југословенско-грчката граница, што само по себе е лага. Потоа, во записот од претресот на судењето стои: „Обвинетиот Методија на претресот рече дека тој кон Македонија има последен долг, а тој е: обединување на Македонија, која така обединета да се приклучи кон Југославија, Бугарија или Грција или да биде независна, од што судот се увери дека за остварување на горниот план на обвинетиот Методија, нужен предуслов е отцепување на НР Македонија од ФНР Југославија, што значи повреда на нејзината територија“.

Ченто се залагал и за следното: „Ако планот за Македонија не може да се реализира по пат на договор со балканските држави, тогаш да се бара од големите сили, во интерес на мирот на Балканот, да дадат сугестија целосна Македонија да стане независна...“

Ова било доволно македонскиот народ, односно поголемиот негов дел да го смета Ченто за непријател, што секако барало завидна манипулација со свеста на луѓето. Интересна е меѓутоа линијата која ги поврзува Рацин, Кузман и Ченто, линија што подразбира непочитување на сите желби на оние што ги претставувал Темпо и линија што е тесно поврзана пред сé со интересите на Македонија и македонскиот народ. Тројцата завршуваат трагично, а нивниот живот, особено последните моменти на Рацин и Кузман и натаму се обвиткани со мистерија. Што само покажува дека денешните „спинери“ во Македонија не се современ изум и дека имаат завиден материјал од кој можат да учат.

Автор: Дарко Јаневски
10-02-2010, 01:50 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#13

Uste edne tekst povrzan so ubistvotona Kuzman Josifovski Pitu:

Quote:димитар гелев
Убиството на Димитар Филипов Рафаилов


На 23 и 24 февруари 1994 година, во Прилеп бил одржан некаков научен собир посветен на животот и на делото на Кузман Јосифовски-Питу. На собирот говореле педесетина учесници. Кажале се и сешто за животот и за делото на комунистичкиот лидер Кузман Јосифовски.

Во врска со неговото убиство, нивниот заклучок бил дека кај убиениот Кузман е пронајдена лажна лична карта на име Димитар Филипов-Рафаилов и дека за разлика од вистинскиот Кузман убиениот бил "со среден раст, полуќелав и изразито слаб човек". Секој нормален човек, кога ќе види мртов човек што воопшто не личи на Кузман Јосифовски-Питу и кога кај него ќе најде лична карта на друго име, логично ќе заклучи дека личната карта му припаѓа на починатиот. Но тоа не било случај со учесниците на овој еминентен собир, кои и покрај се заклучиле дека убиениот бил Кузман Јосифовски-Питу, иако тој не личел на него и имал лична карта на друго име и презиме. За расправата во врска податокот како било можно едно мртво тело во исто време да е на различни гробишта во Скопје (во Бутел и во Кисела Вода) човек останува без зборови. Смешно, но дури и во 1994 година, толкав број еминентни учесници не ја кажале вистината за она што навистина се случило. А тоа што било кажано е реален одраз на состојбата со македонската историографија.

Димитар Филипов-Рафаилов е родум од Дебар и во Втората светска војна со Иван Михајлов бил еден од водачите на ВМРО. Неговата познаничка била Анка Белгарјанова, сопруга на Бојан Белгарјанов, шеф на бугарските комунисти. Тие биле поврзани со Ѓорѓи Димитров (родум од селото Света Петка во Пиринска Македонија).

На нивно инсистирање, во почетокот на 1944 година Иван Михајлов се согласил да стапи во контакт со одредени кругови во Македонија, пред се, поврзани со Димитар Чкатров од Битола, за да се договорат за понатамошните активности во врска со Македонија. Михајлов изворно требал да стапи во контакт со Чкатров, а не со Кузман. Михајлов сакал да им укаже на "одредени кругови" во Македонија дека со своето однесување го загрозуваат нејзиното обединување, која и во тоа време, како и денес била поделена на четири дела и дека нивните активности му се многу добро познати. Тоа особено почнало да станува јасно по вестите за интензивните контакти на одредени кругови во Македонија со комесарот на српскиот косовски одред Милија Ковачевиќ-Максим.

Бидејќи господинот Чкатров му бил вујко на Кузман, најнапред биле искористени т.н. "партизански канали", односно најнапред стапиле во контакт со господинот Кузман Јосифовски-Питу. Средбата ја договорила познаничката на Димитар Филипов-Рафаилов, Анка Белгарјанова. Таа средба се одржала во т.н. "вила на Водно", односно во една куќа во месноста Козле во Скопје и токму таа средба била "провалена".

Куќата била опколена и полицијата пукала во "присутните". Кузман бил ранет и заробен, а Димитар Рафаилов, иако ранет, успеал да побегне преку прозорецот, но бил убиен во близина на денешниот објект "Мала станица", каде што полицијата претходно поставила заседа. Тогаш таму имало пруга. Кузман и Димитар Рафаилов биле префрлени во болница. Кузман се уште бил жив, но полицијата им наложила на лекарите да не вршат никаква хируршка интервенција и да го остават да умре. Подоцна двете тела биле изложени пред болницата "за препознавање". Дежурниот лекар се викал Панче Караѓозов.

Подоцна се уапсени поголем број лица. Бил убиен братот на Анка Белгарјанова (Крум Георгиев), а таа била уапсена. Таа се обидела да се самоубие, најнапред со сечење на вените, а подоцна скокнала од прозорец во затворот, но останала жива. Сите стории за тоа дека нив ги издал братот на Анка се целосно измислени. Акцијата за убиството на Кузман и на Димитар Рафаилов била изведена со целосна координација на српската и бугарската полиција (Евреите во меѓувреме нешто ги снемало, исто како што се проретчија денешниве муслимани од Босна).

По овие настани, македонските кругови се уплашиле и ја прекинале комуникацијата со Михајлов. Продолжиле така како што си почнале... "со големи идеи". Сите приказни за Чкатров, Ѓузелов итн., кои биле "фашисти и ванчомихајловисти" се целосно измислени. Ова бил единствениот контакт на Михајлов со нив. Тие воопшто не биле поврзани и самите долго одбивале секаков вид комуникација. Тоа важи и за случајот "Ченто". Ченто немал никаква врска со Михајлов. Тој се појавил кога веќе било "доцна". Особено по "божикниот масакр" на скопското Кале. Луѓето што реално биле поврзани со Михајлов биле некои сосема други луѓе...

П.С.

Како дошло до тоа оние што биле против Хитлер да бидат убиени, а Гаврило Дожиќ да биде "прв патријарх" во новата Југославија, треба да ни појаснат тие што денеска тврдат дека "Косово не е ниту дел од проблемот ниту дел од решението" за Македонија. И дека треба да продолжат "преговорите за името"...
IZVOR
(Авторот е професор)
10-02-2010, 02:10 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#14

Quote:УБИСТВОТО НА ПЕТМИНАТА СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ

Подготвил; Танас Корка

Злоделата на македонските србокомунисти врз македонските родољуби и борци за слободна и обединета Македонија

По ред на возраст:

1. Марко Христов Пецев - Роден во град Струмица,во 1928 год. Син на прогонето македонско семејство од Кукушко. Ја завршил Струмичката гимназија. Суден и осуден за ВМРО во 1946 год. на една година строг затвор со тешка физичка работа во злогласното Идризово. Бил учител во Ново Село, Струмичко само една учебна година. Во 1950 год. се запишува на Педагошката Академија во Скопје, заврчил една година.

2. Георги Тушев Јарумов – роден во град Струмица во 1929 год., син на прогонето македонско семејство од Кукуш. Ја завршил Струмичката Гимназија и уште како ученик во 7-ми клас иако малолетен, бил суден и осуден заедно со Марко Пецев за ВМРО на две години строг затвор со тешка физичка работа во злогласното Идризово и на железничката линија Шамац-Сарајево во Босна. Тој до крај ја издржува пресудата. Во 1949 год. се запишува како студен по геологија на Белградскиот Универзитет и завршил две години.

3. Борислав д-р. Александар Белев – роден во Струмица во 1929 год. син на старо струмичко семејство на интелектуалци од протестанска вероисповед. Ја завршил Струмичката Гимназија и каако ученик во 7-ми клас, заедно со Марко Пецев и Георги Јарумов, бил суден и осуден на осум месеци условно. Во 1948 год. се запишува како студент по физика на загребскиот Универзитет и завршил трета година.

4. Георги Томов Костуранов – роден во град Струмица во 1929 год. син на старо струмичко семејство. Гимназија завршил во Загреб и во 1949 год. се запишува на Загребскиот Универзитет како студент по економија, завршил втора година.

5. Стефан Кирилов Топчев – роден во град Струмица во 1932 год. син на еснафско семејство прогонето од Кукушка околија. Завршил гимназија во Струмица, во 1950 год.запишува право на Загребскиот Универзитет и завршил прва година.

Главната причина на оваа крвава трагедија започнува во 1944 год., кога народот разбра и свати дека е излажан со името Македонија и македонската држава од србокомунистите. Тогаш младите македонски регрути од Струмичка, Радовишка, Штипска и Малешевска околија протестираа со висок и јасен глас пред титовите официри во Широк Дол, Штип и Скопје, дека тие нема да одат да се борат на Сремскиот фронт, а се готови да се борат за Солун. Само колку за пример титовистите – србомани преку нокј испофакјаа околу дваесетина момчиња и на другиот ден ги стрелаа пред построените регрути. Стравот повторно го втера македонскиот народ во србскиот јарем.

Само една година подоцна, во цела Вардарска Македонија, посебно во гимназиите пламнува тајна револуционерна дејност против новите поробители.

Почетокот на прочуените ученички судски претреси (за ВМРО) се во 1946 год. Во тие први ученички судски претреси заедно со Методи Калкашев, Љубен Топчев и Коста Хаџимишев, беа и Георги Јарумов Марко Пецев и Борислав Белев.

Тортурите и измачувањата врз овие млади македонски момчиња во титовите зандани, во очите на народот направија најнови македонски херои. Народот им веруваше и му беа мили. Тоа пак ги доведе УДБ-ашите и србоманските слуги до лудило, побесеа како диви ѕверови и почна уште повеке да ги мразат и да ги следат.

Тогаш во тие бурни времиња, со овие млади родољуби се создаде најновото поколение на славната ВМРО во Струмичката и во соседните околии. Тие беа калени како челик во титовите зандани. Тие се студенти во универзитети каде што развиваат голема револуционерна дејност. Кодошите на власта дено-нокјно им беа зад петиците. Ги следеа на секој чекор. Постојано се редеа најразличити гјаволски методи на клопки, заплашувања и други гнасни работи. Немакедонската вазалска власт се повеке и повеке го стегаше обрачот околу таа револуционерна дејност.

За да се избегне една удбашка клопка и да се спречи една нова афера на планиран судски претрес, требаше што поскоро да се пребега преку границата и да се замине кон демократскиот запад. Студентите Љубен Топчев,Методи Калкашлиев и Коста Хаџимишев тоа го сторија многу успешно во фебруари 1951 год. удбашите се најдоа изненадени, изиграни, насамарени и до смрт разјарени. Сетне во продолжение на овоа бекство, се создаде нов бран на бегалци кон запад на: студенти, грагјани и селани, возрасни и млади лугје, бегаа за да се спасат од теророт на србоманските изроди.

За пример, УДБ-а и партијатаа на изроди требаше да најдат нов ***ба. И го најдоа. Тој ***бан беа петмината млади студенти – херои од Струмица. Па така на прсти ги изброија, еден по еден.

Клопката беше скроена од ЦК на партијата на изроди во Скопје, по заповед на главорезите Колишевски и Ранковч. Извршувањето на таа злокобна трагедија стана по сметка на УДБ-а и Месниот Комитет на партијата на изроди во Струмица, кој тогаш беше составен од следниве големосрбски измекјари – главорези: Васил Туџаров, Стојаан Кјосев, Мара Минанова, Ванчо Фончев, Глигор Новаков, Панде Масин, Ванчо Пиличев, Миро Батев, Велин Палифрата и др.

Припремена беше следната завера: УДБ-а и Месниот Комитет на партијата на изроди за најпогодна јадица го изнајдоа селанецот Тиме Куков од село Костурино – Струмичко, кој беше многу близок и доверлив пријател од подолги години на семејството Топчеви од една страна, додека од друга страна како опитен и искусен овчар на кози, одлично ги познавал местата каде лесно можело да се помине границата кон Грција. УДБ-а му заповедува на Тиме Куков, а и богато го наградува, за да му се понуди на младиот Стефан Топчев и на неговите другари за да ги префрли преку границата. УДБ-а и Куков заедно со Васил Караманов (роднина на Куков) прават пеколна замисла. Младите момчиња да ги поминат на одредено место, каде предходно ке биде поставена заседа на патот до границата, за таму да биде извршена смртната пресуда, што ја изрече без никакво судење ЦК на партијата на изроди.

Вечерта сабота 13 август 1951 год. струмичката петорка се собира во градскиот парк, за да се сретнат со Тиме Куков и Васил Караманов на кого многу му се довериле. Куков и Караманов ги предводат петте млади момчиња кон сувата река Тракајна, во подножјето на планината Беласица, на пат за границата околу турското село Чепелин, каде што ги чекала предходно поставената заседа.

Целата грозна случка ја има опишано еден селанец Турчин од истото село Чепелон, кој подоцна му ја раскажал на таткото Кирил Топчев.

Пред да стигнат на закажаното место Васил Караманов ја почуствувал злокобната трагедија што требало да се случи, се сожалил за животите на младите момчиња и му предложил на Тиме Куков спасоносно решение: “Тиме, - рекол Куков – ајде да ги пуштиме децава, па ние да избегаме преку граница!...” – “Не!” – рекол Куков. Покасно го признава тоа Караманов за да си ја измие совеста, па ја открива тајната, дека Тиме Куков за оваа валкана работа од УДБ-а добил 50 000 дин. (на времето околу 3000 американски долари или убава целогодишна плата).

Се наближила полнокј, една или две минути после тој шепотен разговор, петте млади момчиња влегуваат во предходно поставената заседа! Куков и Караманов итро се тргаат настрана на една отворена полјана и гледаат шти ке се случи. Само за миг, едно до заби вооружено војно-УДБ-ашко одделение од десетина Срби, се нафрла врз ненадејно пресретнатите во злокобната стапица жртви.

И стана тоа, што случајно скриениот селанец, Турчин од истото село Чепелин го раскажува: - “Веднага им ги соблекоа алиштата. Ги врзаа голи. Почна едно до крв тепање. На Јарумов му ги отсекоа ушите. На седум места со нож го ибодија младиот Белев. На Топчев му ги кршеја прстите, а на Костуринов ‘рбетникот, на Пецев му ги извадија очите!... Тие војници-џелати направија уште многу други ѕверства во очајни викотници од ужасни болки... Издржаа толку... додека душата не му ја предадоја на Бога! Бог да ги прости!”

На мазги ги натовариле мртвите тела и ги однеле во село Костурино, па ги заковале во претходно припремени сандаци

Ама и Тиме Куков не зацели. Не поминаа ни два-три месеци умре. Умре од грозна и совесна болест. Не можеше да ги издржи погледите и думите на народот. Се побрка со паметот, се збудали, полуде!

Утредента беше недела 14 август, УДБ-а ги повикува мајките на жртвите и со потсмев ги прашаа: - “Каде ви се децата?” – мајките счудени и уплашени, велат дека не знаат. Тогаш шефот студено им рече: - “Тие се испотепани на границата! Ке ви дадеме камион и одете да ги земете во село Костурино!” – И само толку.

Новината како гром се разнесе низ градот, низ околијата и низ цела Македонија!

Нородот од Струмица и околината излзе по улиците очекувајки ги мачениците – хероите за да ги погребе!... УДБ-а и комитетот на партијата на изроди не очекуваа таква масовна, жалосна и молчелива сенародна манифестација. Тие се потрудија и сторија се, погребот да задоцни дури со 10 (десет) часа. Вечерта многу народ, многу народ почна да се собира од целата околија. УДБ-а го затвори патот за гробиштата близу до касарните. Тогаш повекето народ го фати ридот “Оратакопа” и гробиштата се наполнија со народ.

Гробовите се отворени, длабоко ископани, а сандаците со мртвите тела на мачениците се растоварени. Веке е 10 часот навечер! Ранети од очај и тага, блиските роднини по препорака на таткото д-р. Александар Белев и Киро Топчев ги отковуваат закованите сандаци. “Народната” милиција од страв од побеснетиот од жал и тага народ, се тргна понастрана.

Се прави аутопсија. За околу еден час и половина д-р Александар Белев ги разгледа труповите. И така тој, на својот син Борислав, со скршено срце од жал востанови тоа: што селанецот од село Чепелин подоцна го посведочил.

Полнокј е векје!... Грозни лелекања!... Мајките тажат над мртвите деца. Дури и гробарите се тргнаа понастрана. Кој може да предвиди што може да се случи, од таа возбудена десетилјадна толпа народ?

Македонија ги прими мртвите тела на младите маченици – херои, што се бореа за нејзината слобода. За во век и веков – Бог да ги прости!

Со лицемерие или не, само тој знае, Лазо Колишевски многу бргу пристигна во Струмица. Тој го руга месниот комитет на неговата србоманска партија за тоа што се случило, сака да си ја измие крвта од рацете.

Од друга страна гробот на младите маченици стана светилиште! Со години на ред тука народот довагја на поклонение од сите места, од близу и од далеку, тадури и од тугина.

Надгробниот од бел мермер паметник, на кој што беше издлабен зборот убиени, беше раздробен на парчиња и расфрлан по земја. Власта ги натера родителите да постават друг паметник со зборот починати.

Во Струмица постои еден средновековен параклис на Светите петнаесет маченици. Се сметаат за покровители на градот Струмица! Инаку, денес не се петнаесет, дваесет се! Петнасетте се жртви на исламот, а петмината херои – студенти од Струмица се жртви на предавничкото србокомунистичко безбожие!

Таква беше големата пресуда на ЦК на КПМ, предводена од злогласниот македоноубиец Лазар Колишевски!
13-02-2010, 03:44 PM
Reply
mungos
Unregistered

 
#15

Има една книга „Осудени за Македонија„ тука има многу добри статии.Жални но барем се забележани.
Исто така Ставре Џиков „Македонија во Комунистичкиот триаголник„
13-02-2010, 09:03 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#16

Quote:Време, број 701, 25.04.2006


ТАЈНОТО ДОСИЕ НА ЕДЕН НАКЛЕВЕТЕН ПАТРИОТ (1)
Ванчомихајловистот што ја мразеше Бугарија НОВ ФЕЉТОН ВО „ВРЕМЕ“

Досие за битолчанецот Крсте Вељановски

Делови од полициското досие на битолчанецот Крсте Вељановски, кој одлежал шест години затвор во Идризово и бил цели 55 години прогонуван од југословенската УДБА (подоцна Служба за државна безбедност) поради наводна ванчомихајловистичка дејност, ќе објавува „Време“ од следниот број.

„Време“ располага со комплетното досие на Вељановски.

Како и другите 20 илјади прогонувани Македонци што сметале дека македонското прашање не било решено по Втората светска војна, Вељановски се залагал за обединување на Македонија и за нејзино формирање како независна држава. Од белешките за прислушувањето се гледа дека тој уште во раните седумдесетти сметал дека СФРЈ ќе се распадне од економски причини. Иако бил противник на МПО и сите други бугарофилски сили, кодошите на СДБ упорно испраќале извештаи дека работи за ванчомихајловистите.

Во 2000 година со носењето на Законот за лицата прогонувани за идеите на ВМРО, Вељановски бил првиот што го добил своето досие од МВР. Кога видел за што бил „обработуван“ речиси целиот живот, неговото срце истиот ден препукнало од - мака.

Крсте Вељановски, Цветан Најдовски - Десановски, Левко Џамбазов и Митко Босилков, пред повеќе од пет децении биле млади момчиња што не биле задоволни од решавањето на македонското национално прашање. Нивниот слободен ум и дух преживеал наспроти силната пропаганда на тогашната комунистичка партија. Размислувале критички и патриотски, но и антикомунистички. Многу брзо ќе ги откријат последиците од тоа. Како и останатите дваесетина илјади родољуби кои комунистичката власт ќе ги испрати на „превоспитување“ во скопскиот затвор Идризово.

Вељановски во 1947 година бил осуден 15 години строг затвор поради ванчомихајловистичка дејност. Одлежал само шест, му помогнале пријатели - лекари, кои го прогласиле за шизофреничар и така предвреме излегол од затвор. Најдовски пак лежел 10 години за истата работа, Џамбазов пет, а Босилков осум. Вељановски се сметал за водач на групата.

По издржувањето на казните сите продолжиле, на свој начин да се залагаат за обединување на Македонија и нејзино отцепување од СФРЈ.

На тогашната Служба за државна безбедност (СДБ) и требале цели 28 години да го сфати ова. Линијата на досието, под псевдонимот „Банкари“ е променето од „ванчомихајловистичка дејност“ во „македонски национализам и сепаратизам“ во 1986 година, во самото предвечерие
на остварувањето на ноќниот кошмар на македонските комунисти.

Колку и да се напрега на објективност, внимателниот читател на досието, ќе го понесат емоциите од неверојатниот волунтаризам и контрадикторност на работата на тајната служба. Додека во извештаите на изворите (кодошите) на инспекторот што ја водел акцијата, Вељановски упорно се товари за бугарофилство, во стенограмите од прислушуваните разговори на многу места ќе се прочита неговиот став дека „попрво ќе застанел со скопската комунистичка влада, отколку со пробугарската организација МПО“.

Ова најјасно се гледа од извештајот на инспектор на СДБ во 1986 година, кој во својот извештај објаснува, зошто Вељановски и другите треба да се следат како македонски националисти, а не како ванчомихајловист.

„Како ученици во средно училиште стануваат членови и дејствувале во илегална организација ВМРО. Нивната активност се состоела од учествување на состаноците во организацијата, врбување нови членови, составување и растурање летоци, пишување пароли и др. За таквата непријателска ванчомихајловистичка активност се осудени на затвор. По издржувањето на казната продолжиле да остваруваат контакти со истомисленици.

Но, од регистрираните коментари и искажувања се гледа дека не се бореле за идејата на Ванчо Михајлов за припојување на Македонија кон Бугарија, туку напротив заговарале создавање посебна македонска држава со припојување на егејскиот и пиринскиот дел. За проблемите сврзани со македонското национално прашање вината во прв ред ја фрлаат врз државното раководство, кое уште за време на Втората светска војна ги изневерило националните интереси со тоа што ја попречиле македонската војска да оди кон Солун, а била испратена на Сремски фронт“.

Заклучокот на инспекторот уште повеќе изгледа задоцнет бидејќи во досието постои и посебен извештај за посетата на Вељановски на САД и Канада уште во 1977 година. Тој бил таму по покана од роднини и се сретнал со претставници на МПО. СДБ ги прислушувала тие разговори.

„Во разговорите со МПО, Вељановски бил информиран дека во последно време платформата на МПО е изменета. МПО сега ја признавала Македонија, но не се согласувала да биде во составот на СФРЈ. Од тие разговори Вељановски заклучил дека МПО е продолжена рака на сегашната Бугарија и во потполност ја спроведува бугарската теза по односот на македонското национално прашање“.

(продолжува)
18-02-2010, 02:31 AM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#17

Quote:Каде е закопан братот на Карев ликвидиран во Идризово?

Братот на Никола Карев, Ѓорги, по Втората светска војна е осуден и затворен во Идризово, од каде што никогаш не излегол. Така семејството Кареви се соочило со една необјаснива игра на судбината: цел живот се бореле за македонската државност, но токму таа Македонија го ликвидирала братот на претседателот на Крушевската Република. Каде се закопани коските на Ѓорги е мистерија што до денешен ден не е решена

Мише Карев, внук на Никола Карев од братот Ѓорги, во своето сведоштво пред неколку години тврдеше дека проблемите на семејството Кареви со комунистичката власт на Македонија започнале веднаш по ослободувањето, кога без никакви докази, во монтиран судски процес, бил осуден и затворен помалиот брат на Никола - Ѓорѓи Карев. Подоцна, тој е ликвидиран во „Идризово“ на само неколку дена пред излегување, односно пред завршување на казната, а гробот не му се знае до ден денес.

Мише, како шеснаесетгодишно момче, присуствувал на судењето на татко му Ѓорги во 1945 година. Седел во првата клупа, а судија бил некој Калајџиски од Кавадарци. На Ѓорги му се судело за соработка со бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна.

„Татко ми никогаш не бил во таква служба, ниту пак некој од нас, неговите седум деца, членувавме во некоја од тогашните бугарски квислиншки организации. Се сеќавам на еден детаљ од судењето што ми остана засекогаш во душата. Како сведок, против татко ми, беше повикан бугарскиот полициски началник Венев, кој за време на окупацијата беше на служба во Крушево. Оние што го монтираа случајот за наводна соработка на татко ми со бугарските окупатори, сметаа дека сведочењето на Венев сосема ќе го закопа. Но, за нивна несреќа, Венев се држеше достоинствено и само рече: ‘Немам што да кажам за Ѓорѓи, но ќе кажам за кодошите!’ Во тој момент службеникот на ОЗНА Гога Џаџо го свлечка на столчето и не му дозволи да ги каже кодошите во Крушево. Набргу потоа Венев го ликвидираа, за да не ги открие вистинските соработници на Бугарите, од кои некои веќе заземаа важни места во новата власт. Под лажни обвиненија татко ми беше осуден на смрт, но само по седум-осум дена смртната казна му беше заменета со пет години затвор. Пред да излезе од затвор го ликвидираа истите оние што му го монтираа и судскиот процес“, им раскажуваше пред неколку години Мише Карев пред авторот на овие редови и на колегата Блаже Миневски.


Плиток гроб


Еден затвореник, Албанец, Емин Роши, многу години подоцна му кажувал дека Ѓорги бил погребен набрзина во некакви тајни затворски гробишта, но гробот бил плиток, па му се гледале рацете и нозете над земјата. Некој од надзорниците им наредил на двајца затвореници да му ги искршат рацете и нозете за да пропаднат под земјата, да се покријат.

Инаку, Ѓорги, како шеснаесетгодишно момче учествувал во Илинденското востание во борбата кај месноста Слива, а постариот брат на Никола, Петруш, бил член на Штабот на крушевските востаници. Со тоа, Ѓорги бил учесник и сведок на битката што за многумина е поепска, но и посурова и од таа на Мечкин Камен, а Петруш, меѓу другото, бил сведок и на последната расправа помеѓу Никола Карев и Питу Гули, пред вториот да тргне кон својата последна битка. Семејството Кареви во борбите за ослободување на Македонија има дадено седум жртви, војводи и обични борци. И покрај тоа, чудната омраза кон Кареви, според Мише, траела со години, па затоа дури и коските на Никола Карев завршија поттурнати под скалите на споменикот „Македониум“ на Гумења.

Кога по војната во Крушево се славело Илинденското востание и Крушевската Република, централната власт, а пред сé локалните послушници, речиси редовно се погрижувале семејството Кареви да биде понастрана од прославата, особено од главната бина. Според сеќавањата на Мише, на првата прослава на Илинден по ослободувањето, постариот брат на Никола Карев, Петруш, бил поканет на свеченоста.


Песочно островче


„Дојдоа некои луѓе и го поканија да отиде на прославата. Го викнаа дури и да се качи на бината. Таму беа сите тогашни врвни раководители. Меѓутоа, кога некој од нив забележал дека на бината е и Петруш, братот на Никола Карев, веднаш наредил да го симнат долу. И го симнаа среде прослава. Кога заврши прославата, повторно преку посредници беше поканет да оди на свечен ручек. Ми кажа дека го канат, а јас му реков да не оди, оти повторно ќе си играат со него, ќе го омаловажуваат и потценуваат. Тој се согласи со мене, но по извесно време повторно дојдоа гласниците, и чичко Петруш мораше да тргне со нив. Само што стигнал, ја кренал чашата за да наздрави, некој од политичарите наредил да го отстранат од масата. Чичко ми си дојде посрамен и со солзи во очите. И никогаш веќе не отиде на прослава на Илинденското востание“, сведочеше Мише Карев, кој, како што стои во неговото полициско досие, уште од 1951 година бил следен од ОЗНА односно УДБА, а подоцна одлежал и 18 месеци затвор за идејата за самостојна и независна Македонија.

Најстариот брат на претседателот на Крушевската Република, Петруш Карев, успеал да ги надживее двајцата свои браќа и покрај сите малтретирања и голготи што ги поминал во животот. Умрел во 1968 година. Според внукот Мише Карев, старецот си заминал од овој свет со голема болка во душата поради недостоинствениот и понижувачки однос на македонската власт кон брат му Никола, но и поради судбината на Ѓорги, кој беше убиен од властите на македонската држава, за која целото семејство со децении се борело.

Некои тврдења упатуваат на тоа дека во времето кога Ѓорги е ликвидиран, на средината на реката Вардар која минува близу затворот Идризово, се наоѓал мал песочен остров и дека е можно таму да биле закопани убиените затвореници за кои властите сакале да им се изгуби трагот. Подоцна реката го однела малото островче и со тоа оневозможила да се открие дали, меѓу другите, таму се и коските на Ѓорги Карев.


Quote:Околината на затворот „Идризово“, подрачјето на Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско... се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици луѓе, најчесто егзекутирани без какво и да е судење или пресуда.

Македонски историчар, вработен во Институтот за национална историја, кој сакаше да остане анонимен, вчера изјави дека со сигурност знае каде е една од локациите околу затворот „Идризово“.

- Таа е во самата близина на затворот. Информацијата ја добив од еден поранешен висок офицер на тогашната полициска управа ОЗНА, а наскоро ќе објавам и каде е точно тоа место. Кога разбрав каде е таа, се шокирав од помислата што човечкиот ум може да смисли за да си ги скрие трагите на ликвидацијата - вели историчарот.

Тој посочува дека не знае точно колку луѓе таму се погребани, но дека истражувањето сигурно би помогнало за да се дознае дали таму се личности за чија судбина досега ништо не се знае.



Quote:Ѓорѓи Банев-Доцев, поранешен македонски политички затвореник и претседател на Здружението на политички затвореници судени за идеите на ВМРО, истакнува дека наш цивилизациски долг е тие луѓе да се погребат на достоинствен начин.

- Истражувањето на најмалку две локации околу затворот „Идризово“ сигурно ќе покаже дека таму има остатоци од ликвидираните. Треба да се бара на местото каде што се копала земјата за тогашната тулана и на левиот брег на Вардар, на околу 300-400 метри од затворот. Само на тој начин ќе се дојде до повеќе сознанија за луѓето што во темницата на ноќта исчезнуваа од ќелиите, за судбината на еден Ѓорѓи Карев, братот на Никола Карев, Глигор Чулев, Трајко Попов и други - вели Ѓорѓи Банев.

Quote:Не се сеќавам точно, но мислам дека некаде до крајот на педесетите години од минатиот век во македонската химна беше и Никола Карев. Во неа беа Гоце, Даме, Сандански и тој. Подоцна ја слушав химната и се прашував зошто и по чија наредба е избришано неговото име. Сакав да дознаам што се случило во тие седум-осум години по ослободувањето, за чичко ми Никола Карев да биде избришан дури и од химната. Еден ден отидов кај Димче Аџимитрески, кој беше декан на Вишата економска школа и беше близок со власта.
Кога му кажав дека сум внук од брат на Никола, ме покани да седнам, ме понуди со кафе и ми кажа како тргнала работата околу бришењето на Карев од химната: ’Во 1953 година, на педесетгодишнината од илинденското востание, Лазо Колишевски не собра во владата мене, Злате Билјановски, Страхил Гигов и уште неколкумина. Се отвори дискусија околу значењето на Илинден, и тогаш некој од присутните, ми се чини Страхил Гигов, предложи Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и другите да ги прогласиме за Бугари. Тоа го образложи со загриженоста дека ако наводно се продолжи со практиката тие да бидат споменувани како досега и за нив да се пеат толку многу песни, ќе станат поголеми и од нас’, ми рече тогаш Аџимитрески.- вели седумдесет и седум годишниот Мише Карев, внук на Никола Карев од братот Ѓорѓи.
23-02-2010, 12:57 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#18

Quote:ЕФТИМ ГАШЕВ: НАШАТА КАУЗА
Не бисер на гуша, туку бигор во душа
Една од последните глави во книгата „Нашата кауза“ е именувана Бигори, што претставува низа од неповрзани епизоди од моето седумгодишно робување во македонските реалсоцијалистички казамати и како анегдоти ќе ја дадат сивата патина на проколнатиот живот. Кога и денес, по 50 години, би го запрашале Ванчо Барбутов од Свети Николе, ќе ви рече дека воопшто не се сеќава кога, како и зошто е осуден на 15 години присилна работа. Имено, кога Ванчо е затворен за ВМРО, иследувањето му било доверено на суровиот мајор на ОЗН-а, Слободан Цветковиќ, кој врз жртвата спроведува ужасен терор, при што Барбутов психички колабира. Во халуцинација, тој, со заби го вади налчето од чевелот и извршува харикири. Веднаш е префрлен во скопската болница каде хуманите лекари д-р Караѓозов и д-р Ставридис извршуваат хируршки зафат. Поради небудноста на стражарот, Ванчо Барбутов, преку прозорецот од втори кат се фрла врз плочникот, при што доаѓа до повторно перфорирање на незараснатата рана. По излегувањето од болница, Барбутов повторно е под третман на мајорот Цветковиќ, при што жртвата, во целосно психичко растројство ги потпишува самопризнанијата и како таков излегува пред народниот суд. Во затворот имавме уште еден здодевен непријател. Тоа беа вошките. Еден ден управата реши да изврши генерална дезинфекција и дезинсекција. Поради тоа, сите текстилни предмети од постелата и облеката се ставаа во парниот котел, а за тоа време, ние затворениците, останавме неколку часови голи, понижени и посрамени, засолнувајќи се еден од друг. Во една пригода, затвореникот Стојан Мачков ми раскажа за своето соочување со д-р Илија Чулев, кога овој се наоѓал изолиран во подземниот карцер, во декември 1947 година. Мачков забележал на д-р Чулев, ноктите од прстите на рацете му биле откорнати. Грозно!
Независно од тоа што за смртта на Ѓорѓи Карев (братот на Никола Карев) кружат повеќе верзии, факт е дека тој на неколку дена пред завршувањето на временската казна и излегувањето од затвор, во почетокот на септември 1949 година, без никаква причина или повод, е ставен во карцер во првото одделение, од каде што по неколку дена е изнесен мртов. Долго време во затворот „Идризово“ командант на обезбедување беше мајорот Јован Гогов- Планински, кој се вклучуваше во честите блокади и претреси на затворениците. При една таква блокада, во 1950 година, мајорот Планински, кај затвореникот Стеван Мишев (брат на стреланиот вмровец Ангел Мишев) најде метална лажица чија рачка беше приспособена во нож за сечење леб. Бидејќи такво нешто беше забрането, затвореникот мораше да биде казнет. Планински, на очиглед на многумина затвореници, просто ја масакрира жртвата. При тепањето во карцерот, на Стеван Мишев, од бес му ги кинел тестисите. По кусо време Стеван загинува при несреќен случај во затворот. Осудениците го пробиваа патот Охрид - Ресен, изложени на тешка присилна работа под исклучително неповолни временски услови. Дневното следување на леб и на вода беше по 250 грама, што беше под секаков егзистенцијален минимум. Од големата жега, работејќи на Галичица, затворениците често колабираа. Поради недостиг од вода, а за да се освежи болниот, недостигот од вода се заменуваше со мочање по лицето на онесвестениот другар.
23-02-2010, 01:00 PM
Reply
vancevtodor Offline
Member
***

Posts: 194
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#19

Quote:Борис Градишки, еден од осудените за Македонија од страна на титоистите во едно интервју ги спомнува следните жртви на комунизмот. Сите од нив биле осудени на временски казни затвор, но и покрај тоа дел се егзекутирани, а дел не го издржале зверското мачење. И до ден денешен македонската држава на роднините не им ја соопштува локацијата на која се закопани и не им овозможува да бидат погребани во склад со верските и народни обичаи.
Тоа се Ѓорѓи Карев, братот на претседателот на Крушевската република, Никола, д-р Илија Чулев од Кавадарци, кој бил затворен затоа што на некој митинг не сакал да зборува на српски, потоа неговиот внук Глигор Чулев (фрлен од четврти кат на затворот во Идризово) чија вина била зошто се распрашувал каде изчезнал неговиот чичко. Да не должам ќе ги наведам имињата и на други жртви кои ги спомнува г-дин Градишки. Трајко Попов, Димитар Ѓузелов, Ангел и Стефан Мишеви од Велес, Димитар Пеев, Кирил Савевски од Малешевијата, Томе Давков од село Балван, штипско, Вецко Стаматов, Кирил Сивевски и Благојче Велков, последниот единствен од спомнатите чиј гроб е на јавните гробишта, прво во Усје, а потоа со прекопувањето на тие гробишта во скопски Бутел. Се спомнуваат и врховистите Чкатров, Медаров, Светиев, Цицимов на чии имиња сведокот на настаните се сеќава.
Ванчо Адреев од Кавадарци, пак, сведочи за убиствата на Сарафков од Дабниште, кавадаречко, Живко од Велес и поп Ванчо од Крушево.
И понатаму останува нејасно зошто Република Македонија ги крие и до ден денешен гробовите на овие жртви на комунизмот. Дали уште сме под големо комунистичко влијание? Или срамот е од зверскиот начин на кој тие се убиени? Или егзекуторите припаѓаат на некоја влијателна партија?
Претпоставени локации се Зајчев Рид, островот на Вардар близу затворот Идризово, локацијата блиску до концентрационот логор Сарај, Кале, можеби токму местото на кое сега се гради амбасадата на САД. Убиствата се извршени во периодот од ослободувањето, до 1960 година. Веројатно многумина од злосторниците се живи. Џелатот Злате Билјановски и неговиот командант Цветко Узуновски- Абаз, на пример, беа поканети како почесни гости при прогласувањето на првиот Устав на РМ, оној што подоцна Али Ахмети со оружје, а Бранко Црвенковски политички го прогласија за фабричка грешка. И додека гробовите на жртвите не се знаат, гробовите на џелатите се во алејата на великаните. Доколку уште не уживаат во големите боречки пензии, разбира се.


Quote:ЕФТИМ ГАШЕВ: НАШАТА КАУЗА
Не линчуваа патолошки бранители на социјализмот
Иследниците при распитот не обвинуваа и се закануваа поради нашето наводно организациско и политичко дејствување, предупредувајќи не да не одгледуваме илузии и надежи за нашето победничко излегување од затворот. Дури и во случај, се закануваа иследниците, и да дојде до такво нешто, тие првин нас би не стрелале. Какво предупредување! Удебевците, незадоволни од нашето поведение, редовно не карцираа на неопределено време; казнуваа без посета, пошта и без домашни пакети со храна, се разбира, сето ова филувано со невидена физичка тортура, во која доминираа надзирателите: Бошко Цветановски, од с. Матка, Русе Јакимовски, од Овчеполието, Атанас Бејковски од с. Ѓавато и Ристо од с. Бегниште... УДБ-а бараше детали околу формирањето на затвореничката влада, на чело со Борислав Градишки. Градишки беше неформалниот лидер на вмровската затвореничка провениенција, препознатлив по високата интелигенција, политичката култура, Македонец со високо национално сознание и етика... Полицијата незадоволна од постигнатите резултати од нашето превоспитување, се реши на зголемена репресија. Препознатлива со своите подли методи, таа успеа да ни уфрли надворешен провокатор, а поради некои наши слабости, многумина повторно се најдовме во канџите на УДБ-а. Ноќта меѓу 11 и 12 април 1951 година во нашата 4. соба упаднаа разулавените демони, нафрлувајќи се врз разбунтуваната македонска младеж. Еден по еден не извлекуваа од собата и дваесетмина непокорници не искачија во подпокривните карцери на новоизградениот затвор. Бевме поединечно изолирани и деноноќно иследувани за најбанални измислици, зад кои се криеја смртоносни обвиненија. Во оваа петмесечна блокада и ноќна јанѕа се најдовме ние величествените: Глигор Чулев, Јосиф Јосифов, Наум Којзеклиев, Борислав Градишки, Ратко Градишки, Киро Мојсов, Борис Чаракчиев, Никола Коларов, Крсте Велјанов, Пецо Петков, Благој Нечевски, Тодор Мицев, Бруно Котев, Димче Папакоч, Панче Шаламанов, Коста Христодулов, Ефтим Гашев...
Подуправителите, озновците, благодарение на недокажаните обвиненија инспирирани од надворешниот провокатор - милиционерот Љупчо Дрангаров од с. Рибарци, сета крвава суровост и бес ги истурија врз нас, барајќи потврда за измислените обвиненија. Точно така, крвава тиранија! Невидениот линч на патолошките бранители на социјализмот, во оваа демонска авантура со својот млад живот го плати, бестрашниот борец за македонската кауза Глигор Чулев- Горо, скопски гимназист од Кавадарци, кој одбиваше да ги потврди измислените обвиненија. Околу 20 јули (1951 г.), од необезбедените затворски височини, демоните го фрлија во смртоносниот амбис Глигор Чулев. За ова грозоморно убиство во затворот кружеа две верзии: едната, дека надзирателот, злосторникот Русе Јакимовски ја фрлил жртвата во смртна прегратка, а втората, дека жртвата- Чулев, самиот си пресудил. Со пресечените вени на рацете, не можејќи да ја издржи тортурата, се фрлил од четвртиот кат. Независно која варијанта е вистинската, во секој случај тоа е крвав злостор на УДБ-а, бранителите на најхуманото општество. Втората жртва на овој крвав пир за да се згасне факелот на слободата, е битолскиот гимназист Крсте Велјанов, осуден на 15 години за идеите на ВМРО. Во ова безумно иследување, толку многу беше мачен, што доживеа психичка траума, поради што мораше со месеци да се лекува на Психијатриска клиника. Сите останати, ужасно ја преживеавме полициската тортура, зад која не стоеше ниту еден валиден аргумент, а уште помалку докази. За атер на вистината, оваа наша трагедија беше пречекана со нескриено задоволство од непријателите на македонската национална кауза во затворот. Во политичка смисла, врховистите соочени со македонската национална вистина, во валканата игра уфрлија не толку нова антимакедонска алтернатива: во колку политичката реалност кај луѓето создава македонска национална свет, тогаш таквите Македонци се со бугарско потекло!? За жал, оваа антимакедонска варијанта и денес се актуализира во некои проблематични политичко национални кругови. На сето ова, благородниот и благочестивиот христијански македонски народ би рекол: „Прости им Господи, оти тие не знаат што прават!“. Но, јас поинаку би рекол: „Не проштевај им Господи, оти тие знаат што прават!“.
23-02-2010, 02:02 PM
Reply
raspberry Offline
Senior Member
****

Posts: 287
Joined: Feb 2010
Reputation: 9
#20

[Image: 21042_103195693038621_100000445724411_83...5152_n.jpg]
предложение на УДБA за поредното разработване на Ристо Чулев през 1957 г. Написано е ясно: "Потекнува од големо-бугарска фамилия и за време на бивша Югославия се осекяла како таква". От същата фамилия са Григор Чулев (брат на Ристо), осъден на 13 години затвор, където е убит и д-р Илия Чулев, осъден на 10 години затвор и също там е убит.
23-02-2010, 06:06 PM
Reply