Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОМУЊАРИШТАТА ПАК СО ЛАГА СЕ ОБИДУВААТ ДА ДОБИЈАТ ПОДРШКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,784
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: [Image: solidarnost-baner-dolg-1-1024x122.jpg]




Поддршка на тивкиот отпор на контрадемонстрантите




 

[Image: poddrska-za-kontraprotestantite.png]


22/04/2016
Наши активисти вчера дел од вечерта поминаа на контрапротестот во организација на ГДОМ (ВМРО-ДПМНЕ). Без намера да разубедат некого или да ги шират идеите за кои се залагаме, таму бевме со цел само да слушаме и набљудуваме.
Контрапротестот беше масовен. Иако незбиени, сепак имаше луѓе од Тримфална порта до постојката кај Зелено пазарче. Бината беше поставена спроти Собрание, а кон паркот Жена борец на оградата беа поставени анти-„странски“ и непријателски пароли.
Контрапротестот немаше ни најмалку жар. Едноставно со набљудување можеше да се заклучи дека луѓето се приморани да бидат таму. Повеќето беа отсутни со мислите и не ги ни слушаа говорите, можеби ги слушаа единствено песните. Кога говорникот ќе речеше „Ура“, малкумина следеа дека од нив се очекува да одговорат скандирајќи „Ура“. Говорниците мораа да внесат многу гнев и да појачаат глас за да бидат воопшто исперципирани. Оние кои нормално говореа (како Братислав Димитров) беа речиси и целосно игнорирани.
Повеќето присутни грицкаа семки, нешто што речиси го нема на протестите против власта! Таму или скандираш или дискутираш со луѓето околу тебе. Добивме чувство дека едвај чекаат да помине вечерта. Станувајќи посвесни за нивната положба, многу се натаживме, но ова исто така и уште повеќе нè увери во оправданоста на нашето протестирање.
Тие луѓе не ѝ веруваат веќе на оваа власт! Тие луѓе едвај чекаат да се ослободат од прангите! Тие луѓе не се радуваат на повиците против измислените непријатели. Дури и кога еден од говорниците, Тони Михајловски, чиј говор наликуваше на нацистички говор од време на Хитлерова Германија, во еден дел (иако претходно повика на умирање за Македонија) рече дека „ова го правиме за љубов, за Македонија“, слушнавме како одговор дофрлување „Како не, за Македонија“. Кога друг говорник повика толпата да каже „Ура“, мала група присутни млади тивко рече „Уа“. Интересно беше дека на неколку места повеќе спремни транспаренти со пораки беа потпрени на околни сообраќајни знаци или светилки по тротоарите, очигледно подготвени луѓето да ги земат, но никој не посегна по нив; си стоеја така. Сигурно имаше и многу други моменти на тивок отпор, со оглед на тоа дека групата беше голема и регистриравме сосем мал дел. За организаторот потребна била и метална ограда кон паркот Жена Борец, со цел да ги спречи луѓето да се распрскаат кон паркот или кон ГТЦ.
Сфативме дека на тие луѓе им треба малку охрабрување, солидарност и поддршка!
Мал број искрени националисти се радуваа на говорите верувајќи дека е можна Македонија само на Македонците. На останатите не им беше до националистички идеи. Тие дошле да го спасат својот леб. Биле доведени со списоци, под закани за работното место, за оној минимум со кој едвај преживуваат. По нивната облека може да се забележи дека тоа се сиромашни луѓе. Затоа е тажно кога наводно прогресивни луѓе ги исмеваат за сендвичите. Тие луѓе заслужуваат да бидат достоинствено третирани од власта и од останатите сограѓани и веќе никој во иднина не смее да ја злоупотребува својата надредена положба за да ги уценува за парче леб, за плата… И заради нив треба да протестираме!
Во нив не треба да ги бараме непријателите, треба да ги разбереме и да покажеме емпатија. Тие се само премногу понижувани! Треба да се насочиме кон привилегираните, оние кои можеле да речат НЕ, но не рекле. Оние кои треба, а нема да се дистанцираат од криминалната врхушка во вакви важни историски моменти.
Никола Груевски е готов! Ваквото ВМРО-ДПМНЕ кое не собра храброст да се дистанцира од криминалците е готово! Само прашање на време е колку ќе ја влечат агонијата.
Исто така, многу важно прашање е дали ќе им подадеме рака на најпонижените, најсиромашните во овие клучни моменти. Дали ќе им ветиме дека ќе се избориме за подобро општество и за нив?
Апелираме на солидарност! Гневот да се насочи на вистинското зло и да не им се препишува гревот на најслабите. Да не се исмеваат! Само така ќе имаме можност поскоро да почнеме да градиме подобро општество за сите.
 
24-04-2016, 05:24 PM
Reply