Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
YUTA-ОПЕРА-РАМ - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Политика (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=2)
+--- Thread: YUTA-ОПЕРА-РАМ (/showthread.php?tid=898)

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9


RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 11-05-2011













RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - Solenik - 17-05-2011

Quote:Пишува Владимир Костовски

Сѐ уште „пееме” по нотите од времето на „ОПЕРА”!


Откривањето на соработниците на полицијата кои биле користени за политички потреби на единствената банда што владее на овие простори од 1945. година, не е единствениот услов што мора да го стори некоја нова власт. Има уште еден важен услов, а секако поврзан со првиот, кога станува збор за Македонија и состојбите во државата. Тоа е откривањето на соработниците кои биле врбувани уште пред 20 години од страна на КОС (општо кажано), а кои и денес се активни и работат во полза на соседната, ни, Србија.


Еден навидум неважен и глупав инцидент околу пеење на опело на градските гробишта во Кавадарци покажува колку сме неотпорни како држава на евтини пропагандни трикови на надворешни служби, во овој случај станува збор за српските разузнавачки структури.


Накратко, станува збор за погреб на еден од родителите на монахиња која ѝ служи на Црквата на Зоран Вранишковски, а што е класична српска инсталација во Македонија.


Погребот се извршува на гробиштата во Кавадарци, а духовниците од ПОА на Вранишковски, т.е. архиепископ Јован, сакаат да отпеат погребна песна, т.е. да извршат богослужба за починатиот. Меѓутоа, директорот на гробиштата им забранува да извршат опело во капелата, зашто не биле службеници на МПЦ-ОА. Овие го носат ковчегот на гробното место, но и таму им е забрането опело. Директорот на гробиштата и капелата, без трошка разум, на самото гробно место испраќа обезбедување од некоја локална агенција.


Типовите со бричени глави, набилдани и со црни маички на кои пишува секјурити, се кошакаат со поповите и монахинњите на Вранишковски врз самиот ковчег и доаѓа до една мачна слика на влечење и тегнење. Видео


За цело времетраење на инцидентот, еден од поповите продолжува да пее, со што се создава слика на крајна нецивилизираност на македонските граѓани и власти (оти градските гробишта во Кавадарци,чинам, сѐ уште се дел од локалната власт), слика според која во Македонија навистина се кршат основните човекови права во однос на слободата не религиозната опредлба и верските обичаи.

Впрочем, еве како реагира ПОА:

„Треба ли да се случи Вартоломејска ноќ во нашата татковина па оние во Уставен суд за да разберат дека во оваа држава се кршат верските права? Не е ли мизерно во земја што сака другите да ја признаваат како цивилизирана да нема барем толку слобода човек да може да одбере кој ќе го погребува или дали воопшто некој ќе го погребува? Изгледа во Р. Македонија сè мора да биде на сила, па дури и погребот да биде под директива, како некогаш во ‘златните времиња’ на црвените. По однос на човековите слободи, овие портокаловите во ништо не се подобри” Извор


Во целиот настан станува јасно дека е замешана и МПЦ-ОА, затоа што со своја изјава се произнесува владиката Агатангел, кој во име на „каноните” и „љубов кон државата”, признава дека ургирал кај директорот на кавадаречките гробишта да не ја дозволи церемонијата на самиот погреб.

Информативно-пропагандна обработка

Што е ова важно за нашава приказна? Тоа што целиот настан, ад хок, е добро изменаџиран и пропагандно добро осмислен да оди на штета на Македонија. Имено, прво е видео покриен. Видео снимката е објавена на Јутуб, објавена е на официјалната страница на ПОА, објавена е во рамките на новинските извештаи на сите поглавни телевизии во Македонија во вечерните вести, а преземена е и коментирана од некои гласила во Србија. Полн пропаганден погодок, со остварени цели во повеќе насоки.


Прво, создадено е лошо чувство кај секој христијанин и здраворазумски граѓанин на Македонија, бидејќи грубости и терање политика на самиот чин на погребување не само што е нехристијански, туку е и нечовечки.


Второ, остварено е негативно чувство кај српската јавност, која дури и ако имала дилеми околу недавањето на правото на Македонците да имаат своја црква од страна на Српската црква, сега ќе имаат помалку дилеми, зашто попречувањето на богослужба на погреб покажува дека македонските владици, нешто, не стојат добро со христијанските начела.


Конечно, инцидентот уште еднаш ќе влезе во сите извештаи за човековите права во Македонија на сите релевантни институции, во смисла дека тие права се кршат во однос на верските слободи на граѓаните. Впрочем, да не заборавиме дека извештај за човековите права во земјите во светот со релевантна тежина, е и оној редовен на американскиот Стејт департмент, а во тие извештаи од 2002. година навака, секогаш се споменува Јовановата црква како пример на неслобода.

Дело на агентурната мрежа на Србија

Одличното пропагандно менаџирање на овој инцидент во полза на ПОА и на штета на Македонија, не е ништо друго туку заслуга на организирано дејствување на странска служба и на нејзини соработници на теренот на Македонија. Еве и зошто:


Прво, самата Јованова Црква не е црковно прашање, туку пред сѐ политичко. Тука нема посебно да навлегуваме во детали да ви докажуваме како Вранишковски, како соработник на српските служби за безбедност се има пикнато во МПЦ и во рекордно време со помош на еден тесен круг владици во МПЦ, се има стекнато со чинот Митрополит.


Но факт е дека октроирањето на ПОА, е чин кој се случи откако пропадна планот на Србите за потпишување на т.н. Нишки договор со кој МПЦ требаше да стане автономна наместо автокефална црква и факт е, дека сето тоа се случуваше откако соработникот Јован, се обиде своите среброљупски склоности (кражба во Велешката епархија), да ги прикрие со расколништво.


Така и дојде до формирање на ПОА, поддржана и од српкста црква и од српската држава (иако Белград глуми дека тоа е црковно, а не световно прашање). Српската црква, да потсетиме, од секогаш се ставала во служба на српската политика, а особено од секогаш ја подржувала великосрпскта политика. Тоа посебно доаѓа до израз во средината на 80-тите години од минатиот век, кога највлијателни во дворот на СПЦ стануваат радикалните владици задоени со великосрпство, Амфилохије (Радовиќ) и Иринеј (Буловиќ).


Да потсетиме уште, дека и двајцата, а особено првиот, е многу добар пријател со Владиката Петар во МПЦ, уште еден познат среброљубец, кој ѝ нанесе и сѐ уште ѝ нанесува ненадоместлива штета на МПЦ. Најмногу преку неговото инсталирање на Зоран Вранишковски и на Владиката Наум, но и со неговите судски активности на австралискиот континент, каде го подели и го навреди македонскиот народ со обидите под своја финансиска и административна контрола да им ги преземе храмовите што ги градеше самата дијаспора.


Да заклучиме, инцидентот во Кавадарци, како дел од политичкото прашање околу ПОА, а со тоа и за Македонија во целост, е искористен одлично. Но, нас посебно нѐ интересира како тоа, во иста вечер, се најде на уредничкиот список на најважните телевизии, а утредента и во весниците.


Единствен одговор е, не поради значењето на настанот во редот на настани за кои има новинарски стандарди и потреби да се известува, туку поради делувањето на засега непознат број во целост, на соработничка мрежа на српската држава во македонските медиуми.


Да се разбереме, не алудираме дека директно станува збор за соработници со одредено бројче и шифра. Некогаш тоа може да бидат и само лица (уредници и новинари), кои се дружат со соработници по разни основи и кои можеби им се само „добри извори”. Но, дека во добар дел од медиумите на уреднички позиции се наоѓаат и соработници на српски служби, а во случајот и директор на една телевизија, тоа е неоспорен факт. (Тука, засега, само милно ќе фрлиме поглед врз „Лаки”, а на него ќе се навратиме подоцна)

„Лабрадор” и „Опера”

За да ви ги појасниме работите повторно треба да се вратиме на еден стар документ и случај, кој дава одговори на многу, на прв поглед нејасни прашања, за состојбите во македонското општество. Станува збор за откривањето на групата „Лабрадор”, односно мрежа соработници на поранешната воено безбедносна служба на поранешната Југословенска Народна Армија, разместена пред сѐ во Хрватска и Босна, но и во Црна Гора, Словенија и во Македонија.


Оваа група станува посебно интересна во периодот на распадот на Југославија, кога дел од лицата од групата се ангажирани од страна на тогашниот воено-безбедносен врв во операцијата наречена „Опера”.


Суштината на оваа операција кога е замислена, е со помош на исклучително интелигентна низа на пропагандно-информативни операции изведени во Хрватска, Босна, планирани и подоцна изведени и во Македонија (со помош на други структури), но и со помош на конкретни терористички акции, да се спречи распаѓањето на Југославија.


Сепак, преземањето на сите југословенски служби од страна на великосрпскиот круг околу Милошевиќ, вклучувајќи ја тука и Армијата, на крај доведе до извитоперување на „Опера” во операција и низа други операции, кои беа во полза на распадот на Југославија и остварување на сонот за Велика Србија.


Според исказот на еден од главнопоставените во операцијата „Опера”, можеме да дојдеме до одредени сознанија на кој начин, колку длабоко и како работеле поранешните воено-безбедносни служби. Ова е важно и нас нѐ интересира од само еден апсект.


Прво, воено-безбедносните служби врбувале свои соработници во службите за безбедност на полицијата, т.е. цивилните безбедносни служби. И второ, уште поважно, воено-безбедносните служби граделе свој влијателен соработнички круг во медиумите.


Ова е важно да го знаеме, зашто подоцна, кога доаѓа до пропаѓање на југословенските воено-безбедносни служби обединети во КОС и нивна србизација, таа агентурно-соработничка мрежа останува да дејствува на теренот негибната, особено во Македонија, но сега прима команди од некој друг. А кој е тој друг?


Под број еден Србија, која преку Милошевиќ успеа да воспостави контрола на сите поранешни сојузни служби.


Под број два, македонската тајна полиција која преку сознанијата за оваа агентурна мрежа, успева дел од нив да ги стави во оперативна употреба за сопствени цели.


Под број три, соседни странски служби, кои преку сопствените бази на податоци и соработка со Србите, успеваат дел од поранешната агентурна мрежа на воено-безбедносните служби на Југославија, да ги врбуваат за нивни потреби. Тука пред сѐ мислиме на Грција, Бугарија и Албанија.

Дваесет години делување во корист на Србија


Ваквата агентурна мрежа и нејзината поставеност во медиумите, во изминативе дваесет години „се отепа” одработувајќи за Србија. Белким, повозрасните ќе се сетат со колкава посветеност тогашните, па дел и од сегашните медиуми во Македонија, се противеа, прво на распадот на Југославија, а потоа кога тоа се случи, со огромна доза на убедување ширеа јавно мислење дека во југословенските конфликти Србите се во право и дека нам ни е иднината во цврст сојуз со Србија.


Белким, повозрасните исто, ќе се сетат со колкава еуфорија беа печатени и емитувани новински извештаи за загрозеноста на Македонија ако остане сама како независна држава, за неможноста да опстои, за тоа дека Грција, Бугарија и Албанија ќе ја распарчат, заради неможноста да се справи со проблемите со Албанците, за опасноста од „радикалната” и „пробугарска” политика на ВМРО ДПМНЕ итн.


Белким повозрасните се сеќаваат какви колосални медиумски извештаи се работеа низ македонските медиуми, со силна поддршка од „Политика”, РТС и „Вечерње Новости”, околу секој инцидент со Албанците во Македонија. Од случајот „Паравојска”, преку „Бит Пазар” и „Мала Речица”, до нападот на Тетово и Гостивар во 1997. год. заради закачување на македонското знаме пред јарболите на општинските згради. (Се сеќавате ли на „репортерот” Лаки како влегуваше од куќа во куќа во Гостивар заедно со македонските полицајци и како ревносно известуваше за секое освоено „терористичко гнездо”).


Белким повозрасните се сеќаваат на инцидентите од 1999. год. кога во српска режија беше запалена Американската амбасада во Скопје со помош на инфраструктурата на македонските безбедносни служби, а дека еден од главните подбуцнувачи, подоцна од СДСМ беше поставен за шеф на тајната полиција. (И тука Лаки беше во „новинарска” задача). Од тоа време или малку подоцна паметиме и како низ Скопје во контејнери беа подметнувани нископрофилни експлозивни направи, операции со кои во тоа време раководеше тогашниот српки амбасадор Зоран Јанчковиќ, а медиумите нашироко известуваа за „засилено терористичко дејствување на Албанци” во Македонија...


Впрочем, ние, не еднаш сме докажале дека всушност целокупната македонска политика, особено во првата половина на деведесетите, речиси во целост е поставена и работи за српските интереси. До денес ништо суштествено се нема променто. Ниту по „војната” во 2001 година, која всушност беше пролевање на македонска крв за интересите, пред сѐ на Србија, а потоа на т.н. „Удбомафија”.

Латас не се сеќавал на Стојанче!

Сите овие цели што ги имала порано воено-безбедносната служба (најмоќната и најдобро организиранта тајна служба во поранешна Југославија), во голема мерка ги остварувала преку медиумите и оттаму нејзиниот нагласен интерес за градење на широка соработничка мрежа во гласилата. По распадот, како што рековме, голем дел од соработниците во тие медиуми, со тек на време бива откриван и ставан во служба и на цивилните безбедносни служби, т.е. скратено кажано УДБ-а.


Тие соработници, знаејќи дека се деконспирирани од цивилната служба, немаат друг избор туку да ги стават своите услуги и на тајната полиција. Таа пак, како што знаеме, работи со голем дел од своите ресурси во политички цели и во корист на една од бандите (дали лева или десна е сѐ едно, зашто на крај се сведува само на една те иста банда). Но, во исто време, соработничкиот круг од поранешната воена безбедносна служба не може, а да не остане верен и на своите први работодавачи, потоа наследени од српкиот безбедносен врв.


На тој начин, нам и ден денешен ни се случуваат медиумски информации и остварување на пропагандно дејствување во македонската јавност, во полза на Србија. На тој начин нам ни се случува еден глупав инцидент на гробиштата во Кавадарци да биде одработен низ македонски медиуми во полза на Србија. На тој начин ни се случува и натаму да веруваме дека во оваа држава на пример, главни непријатели ни се Албанците и Бугарите, а главни пријатели Србите и Грците, кои толку многу „инвестирале” во Македонија.


На тој начин, на пример, „ни се случува” Латас. Човекот за кој беа извадени документи дека е соработник на српските служби, со тапија од Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков „е исчистен” и е оставен да се дружи и фамилијарно со шефот на десната банда, кој има функција на премиер! Нашиот Лаки, да ве потсетиме, овие петнаесетина години, ништо друго не работи освен што се обидува да ни докаже како Србија е секогаш во право во кој било спор. Човекот кој истовремено е силен увозник на српската култура во Македонија, многу пати ни докажувал дека има одлични контакти со одредени белградски „врвни” новинарски имиња какви што се Дрецун и Лазански, кои и според сведочењето на сведокот за „Опера”, се посочени како врвни соработници прво на воено-безбедносните служби, а потоа и на српската УДБ-а.


Истиот тој Латас, сакајќи да одработи за сегашните негови заштитници, во последната емисија кај проминентната и габаритна „новинарска” фигура Миленко, изјавува бесрамно дека тој не се сеќавала на „Стојанче” (мислејќи на генерал Стојан Ангелов, сегашен лидер на ПП „Достоинство”), дека него нешто не го гледал во војната од 2001. и така натаму. Кој е тој Стојанче—прашува Латас! Уште еднаш грубо всадувајќи дефетизам кај македонскиот народ, дека е неспособен и некадарен, дури и во случај на војна.


Не знаеме зошто, ама секогаш кога ќе се спомене случајот „Латас”, нам од меморијата ни се враќа еден материјал што сме го објавиле тука на страниците на „Котле“:


„Сега, ние за крај ќе ви раскажеме една прикаска од тефетерите на групацијата, за тоа како едно младо момче западнало во канџите на службите на една наша соседна земја, која потоа ги делела услугите од тоа младо момче со нејзините инсталации во Македонија.


Имено, една од работите на секоја служба за контраразузнавање, е и следењето на странските дописници или на домашните персони акредитирани за странски медиуми, како лица кои според практиката, често се користат со новинарството како со маска зад која извршуваат разузнавачки активности. Еден таков дописник за странски медиум од наша соседна земја, на почетокот на транзицијата, бил внимателно набљудуван од службата. Таа, така викаат тефтерите што ги имаме, открила дека овој имал „чудни” сексуални афинитети. Имено, човеков да ти бил трансвестит или „крос-дресер” или така некако. Уживал човеков во трансформација на себе си во понежен пол и сакал да биде во друштво со мажи што сакале да „онадат” мажи. И тоа, што помлади, тоа подобро.


И не е баш најјасно запишано како, арно ама, новинаров со чудни навики доаѓа во контакт со едно младо амбициозно момче кое сакало да направи нешто големо во животот—да биде некој и нешто и да му се чуе името во државата. Момчето тогаш се занимавало со некој маркетинг во сферата на радиодифузијата и со новинарство немало благе везе. И така, момчево со бисексуални склоности доаѓа во контакт со новинарството, за потоа молневито да ги достигне небеските височини и како таков да се претставља као „јавно мњење” или као „опинион макер”. Службата за која што работел стариот дописник со „чудни склоности”, го евидентирала случајот и младово момче го окарактеризирало како „надежно”. И домашнава служба го евидентирала настанот и она го окарактеризила како „надежно”.


Момчето така добило што сака, а службите кои патем си се пријателски и братски, исто така, си добиле што си сакаат и што им треба. Манипулацијата продолжува. Show must go on... yeah!“


Нам исто така не ни познато зошто, ама нашиот Лаки има нагласена потреба во својата новинарска кариера, а особено во последниве години, да нагласува дека е голем „е..ч”, дека заведувал женски уште од мали нозе и особено дека ги мрази педерите. Во таа смисла, поучно е да се погледне следниов линк од едно неодамнешно ТВ шоу што се емитува токму на ТВСител.

Керим и Вукобрат

Но во рамките на темата за агентурната мрежа на поранешната КОС, а сега на Србија во Македонија и во македонските медиуми, би издвоиле и уште еден интересен детал, кој во македонската јавност е објавен и порано, но, не предизвикал никакви реакции.


Во сведочењето за групата „Лабрадор” и за операцијата „Опера”, како високопозициониран соработник на воено-безбедносната служба, е наведен и Борис Вукобрат.


Вукобрат од 1992. до 1994. год. интензивно работи на план на повторно обединување на југословенските републики преку некоја негова „Фондација за мир”, што во целост се поклопува со планот ЈУТА, на поранешните високи воени разузнавачи кои останаа пројугословенски ориентирани, а кои беа исфрлени по четнизацијата на воените безбедносни служби.


Борис Вукобрат, чие семејство емигрирало во Франција уште во 1965. год., уште пред распадот на Југославија станал прв човек на компанија која се вика „Копешим” и која се занимава со трговија со нафта и гас, особено со увоз на руска нафта и гас.


По распадот на Југославија, а пред неговото враќање во Македонија, од Белград во таа фирма како прв помошник на Вукобрат се вработува и нашиот „голем дипломат” Срѓан Керим.

Веројатно поради неговите огромни дипломатски искуства, особено во областа на енергетиката, со акцент на нафтата и природниот гас. Од Русија!


Овој човек, Керим, многу подоцна, станува „главнокомандујуќи” за медиумските групи на „ВАЦ” во Југоисточна Европа и директор на германската филијала на „ВАЦ” во Македонија, составена од весниците „Дневник”, „Утрински весник” и „Време”.

Во моментот кога тоа се случува, практично командува со монопол во печатеното новинарство во Македонија.


Останатото е блиска историја. Од откривањето на неговите плагијати за магистратурата и докторатот, преку откривањето на досијето „Консултант”, преку неговото учество во „откривањето” на детали за атентатот на Глигоров, додека е амбасадор во Германија, преку откривањето на детали за финансиските проневери при изградбата на македонската амбасада во Германија, преку неговите дружества со Станко Суботиќ и друга мафијашка структура што се занимава со шверц на цигари, пред сѐ, па до случајот „Шише со 750 илјади евра”.


Последиците и состојбата во македонското новинарство, особено печатеното, особено она во сопственост на „ВАЦ” во Македонија, ги гледаме денес...


Поради сето ова, уште еднаш ќе нагласиме, дека покрај разоткривањето на соработничката мрежа на УДБ-а, замешана во политичките процеси во Македонија, една нова влада ќе мора да се позанимава и со соработничката мрежа оставена во Македонија од времето на Југославија, односно Србија. Прв извор на кој ќе треба новата македонска влада да се обрати заради исполнување на оваа своја задача, е лицето Слободан Богоевски!



RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - basilius_2 - 17-05-2011

По гледањето и ислушувањето на интервјуто на ген.Вељко Кадијевиќ, можам да го кажам следново.

Целта на интервјуто беше да се исчисти самиот Генерал од постапките кои тој ги донел како и за последиците на тие постапки.

Имено самиот генерал одби да даде цврсти но и јасни објаснувања на полно прашања кои му бе упатени,како и за настаните кои доведоа до распадот на Југославија.

Ова се барањата на Србската опозиција на демонстрациите на 9 Март 1991 година:






Генерал Кадијевиќ,па и Васил Тупурковски, ќе ја бранат интервенцијата на војската со образоложение дека така налагала ситуацијата, и условите за интервенција на војската биле исполнети.


RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - basilius_2 - 25-05-2011




Quote:ntervju Jovo Kapičić
JOVO KAPIČIĆ: ČEDA BOLJI OD TITA!

(223) Send to friend Print Utorak, 1. Februar, 2011.| Autor: Saša M. Stajić

[Image: 42283.jpg]

Jovanović je izuzetna ličnost, pametan i pošten. A taj Vuk Drašković, taj je bio naš, komunista, njegova porodica je partizanska

BEOGRAD - Jova Kapičića zatekli smo ispred trafike kako kupuje nedeljnik na čijoj je naslovnoj strani njegov unuk Stefan. Ostavio je, ponosan na unuka, sto dinara kusura prodavačici.

Kapičić je poslednjih dana opet u žiži jer je viđen na sednici Glavnog odbora LDP.

Otkud on kod Čede Jovanovića?
- Pravo da vam kažem, ne znam! Zvao me Nenad Prokić veče uoči tog skupa, kaže: "Voleli bismo da dođeš". Pitam ga: "A s kim ću ja tamo kad nikog ne znam, biću kao izgubljena ovca u šumi", a on mi kaže: "Poslaćemo nekog po tebe". I poslaše advokata Radeta Terzića.

Kako ste se proveli?
- Super! Prišlo mi je na desetine ljudi da se pozdravi sa mnom, mada ja ne znam ko su oni.

Šta vas je privuklo da odete baš kod Čede?
- To je izuzetna ličnost, pametan i pošten. Ne može pametan čovek da bude pokvaren. Ono o čemu je pričao napamet, bez koncepta, to ja ne bih znao ni da pročitam! Čast mi je što sam ga upoznao, poljubili smo se tri puta, kao deda i unuk. U pravu je Čeda - Srbija truli! Ako treba, i ja ću da je spasavam, i to sa onima s kojima se ne slažem!

Kao, na primer, sa SPO?
- Ma, i s njima! Oni bacaju drvlje i kamenje na mene, kao da sam najveći zločinac koga je ova zemlja dala! Ja sam, po njima, arhizločinac! Ubijao na Golom otoku, ubijao četnike, ubijao Nemce... Jesam ubijao Nemce, ali ne kao pokvarenjak, s leđa, nego na bojnom polju!

Šta vam Čeda kaže za taj Goli otok?
- Ja sam na Golom otoku tri puta bio! Jesam vladao silom, Državna bezbednost je sila! Ali ne nasilje, već sila! Čeda je govornik kakvog nikad nismo imali!
Bolji i od Tita, Đinđića, Draškovića...
- Bolji! Đinđić je vremenom naučio pametno da govori, a Drašković odlično priča, ali bezveze. On je na krivoj liniji.


U SPO kažu da su zločini materija koju odlično poznajete?
- Sramota je to što je napisao taj Draškovićev zamenik! Ako ništa drugo, treba da broji moje godine! Ja sam zločinac, a onaj Mladić, što je pobio onolike hiljade ljudi u Srebrenici, on je heroj?! Nemam ja protiv tog Draškovića ništa, poljubio sam se s njim jednom u njegovoj kancelariji. Drašković je bio naš čovek, komunista, iz partizanske porodice. Ugledan čovek, ali je postao nešto drugo. Ako si promenio dlaku, nemoj ćud da menjaš.

Draškovićevoj stranci izgleda najviše smeta vaša rečenica: "Spavam mirno kao beba, uprkos Golom otoku"?
- Naravno da spavam kao beba! Nisam ja pravio zločine, već njihovi četnici! Poklali su 4.000 ljudi na Sutjesci! Draškovićevi partneri, starija generacija! Svi su u Srbiji strahovali od njihovog "Z"?

Šta je "Z"?
- Zakolji! Možda su četnici hteli da izigraju nemačkog okupatora, pa da dođu na vlast, ali su u praksi pobili toliki narod.

Pobili su i partizani posle Drugog svetskog rata, ali o tome niko nije smeo da zucne?
- Možda je bilo nekih siledžija, ne kažem da nije. To su bili idioti neki, ludi ljudi. Ali nije partizanski metod bio nasilje nad svojim narodom.

Šta kažete na pokušaje da se izjednače partizanska i četnička borba?
- Pomirenja idejnog ne može biti! Fizičko pomirenje - da. Što da moj unuk ne uzme ćerku jednog četnika? Nemam ništa protiv da četniku platim kafu u kafani, ali ne smeju se zaboraviti njihovi zločini. Istorija će da im sudi.
I vi biste mogli svašta nešto da kažete iz te istorije. Recimo, o mestu na kojem je sahranjen Draža Mihailović.
- Nećete to čuti od mene! Čak i da znam, ne bih rekao. Draža je pojava, ne čovek, pojava koja znači strašnu izdaju srpskog naroda!

Deset godina posle rata bili ste u vrhu Udbe, od 1946. do 1956.
- Znam mnogo, ali neću da pričam, zbog dece svih tih agenata Udbe.

Ima li udbaša među sadašnjim političarima?
- Nego šta nego da ima! Ima ih i u vlasti i u opoziciji.

Nemate mnogo lepih reči ni za crkvu, za koju tvrdite da je pošast?
- Crkva je negativan faktor. Umesto da stane na čelo borbe za čistu, novu, mladu Srbiju, oni ništa ne preduzimaju. Crkva koja nije na čelu pokreta koji bi Srbiju vratio na staze slavne prošlosti nija nikakva crkva. Šta će meni crkva, da se molim izmišljenim bogovima?

Kajete li se zbog nečega?
- Žao mi je što je Ranković prošao tako kako je prošao. Voleo sam ga kao oca. Duboko žalim i zbog Informbiroa. Veliki broj ljudi je na pravdi boga bio poslat na Goli otok. Ali, većina je tamo bila kao "peta kolona", da bi bili prevaspitani.

Da ste u prilici, da li biste opet činili isto?
- Ništa ne bih menjao. Hvala Srbiji, hvala Crnoj Gori, hvala lažovima što me blate. Ne treba meni Čeda da me hvali, ni Drašković da me napada. Čekam kad ću da umrem svaki dan.

Poginuo bih za Srbiju, ali sam Crnogorac!

* Kako vi sebe doživljavate, kao Srbina ili Crnogorca?
- Državljanin sam Srbije, poginuo bih za nju! Ali, ja sam Crnogorac, grobovi mojih roditelja su dole u Crnoj Gori, tamo ću i ja biti sahranjen.
Zašto onda kažete da je NATO zasluženo bombardovao Srbiju?
- Zato što je razorila Jugoslaviju! Trista hiljada mrtvih smo dali za Titovu Jugoslaviju, koju su iz sitnih interesa razbili mali Milošević i njegove kolege iz ostalih republika.

Kosovo (ni)je srpsko

* Da li je Kosovo srpsko?
- Kosovo je kosovsko, ali može da živi u Srbiji. Oni su tamo došli pre Srba. Što se nisu digli za vreme Tita? U njegovo vreme nisu cepali drva i nosili smeće, kasnije su to postali s Miloševićem.
Šta sada, treba li pregovarati s Tačijem posle Martijevog izveštaja?
- Spalio bih čoveka koji bi trgovao organima! Ja sam opasan ratnik bio, heroj, nisam babica! Ali, i taj Marti sad kaže da nije Tači, neko neki drugi.

Šveđanke mi došle glave

*Malo je poznato zbog čega ste zglajznuli.
- Zbog Šveđanki! Bio sam ambasador u Švedskoj od 1960. Opozvali su me po kazni, jer sam jurio ženske. A ko ne bi jurio onakve žene, najlepši svet ženski na planeti! To su mi uzeli kao zločin. Kaznili su me Koča Popović, Krsto Popivoda i Centralni komitet poslednjom opomenom pred isključenje iz partije. Ima toga u arhivi CK, pomoćnik sekretara za informacije, nula u vladi! Niti te ko zove, niti te ko pita za nešto. Kasnije sam u penziju otišao kao član Saveta federacije.

Snajka Miranda je divna!

* Najradije pričate o unuku.
- Volim Stefana više nego sebe! Odleteo je za Los Anđeles, tamo radi nešto, snima...
Kako vam se dopada buduća snajka Miranda?
- Divna žena, divna osoba! Izabrao je Stefan dobro.
Kako podnosite ovu hladnoću?
- Nikako! Ali, kao nekom ko je bio u koloni na Igmanskom maršu na -42, ovo je ipak sitnica (smeh).

Koštunica je reakcija!

* Boris Tadić?
- Izuzetan gospodin i poštovan čovek. Želi dobro, ali nije vođa, nema čvrstu ruku.
* Ivica Dačić?
- Ni za, ni protiv. Došao je tu da bi se formirala vlada.
* Mlađan Dinkić?
- Ne bih voleo s njim da sarađujem.
* Toma Nikolić?
- Pametan čovek koji zna kako prići narodu. Da li će uspeti, videćemo.
* Vojislav Koštunica?
- Reakcija! Stalno se busa u prsa: "Mi smo Srbi!" Pa šta ako smo Srbi? Mali smo mi za Evropu, ali bez nje ne možemo, a to Koštunica ne vidi.
* Tito?
- Veličanstvo koje ova zemlja više nikad neće videti.

Ko je ovaj čovek
Izvor-Kurir
* rođen 1919. u italijanskom gradu Gaeti, gde je bila baza izbegle crnogorske kraljevske vojske
* otac Milo bio profesor bogoslovije i crnogorski komita
* odrastao na Cetinju, u šestom razredu isključen zbog štrajka gimnazijalaca
* studirao medicinu četiri semestra, u partiju primljen 1934.
* dve godine se zabavljao s Davorjankom Paunović, kasnije Titovom nevenčanom ženom
* 1942. među prvima upao među nekoliko stotina četnika, zbog čega je dobio orden od Tita
* kao general Udbe 1946. koordinisao hapšenje Draže Mihailovića
* kao Rankovićev zamenik u Udbi bio zadužen za Goli otok
* bio ambasador u Mađarskoj i Švedskoj
* sin Dragan košarkaška je legenda Zvezde, a unuk Stefan glumac na privremenom radu u Holivudu



RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - acko - 25-05-2011

(25-05-2011, 06:08 PM)basilius_2 Wrote: * Tito?
- Veličanstvo koje ova zemlja više nikad neće videti.

Дај Боже да биде така...


RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - МрачниотКоњаник - 26-05-2011

Капичиќ ова, Кадијевиќ она, мислам дека посебно на постарата гарда преживеани комуњарски авторитети не треба нешто посебно да им се верува, едноставно таква е судбината на човековото сеќавање- ветрее, се додаваат непостоечки детали со тек на време итн...
Туку интересно како Јута- Опера како операција со крајно несериозна инспирација и цел мутирала кога дошол редот македонската агентура да го одработи својот дел...


RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - basilius_2 - 27-05-2011

Коњанику,не се работи за потфрлување од страна на Македонските тајни служби, туку се работи за нешто друго. Проблемот лежи во самите Ју-служби и нивната поделеност помеаѓу про-Југословенска и про-Србска струја. Како и немање на стратегија.


Полно работи се погрешија,како на пример со создавање на Територијални единици кои подоцна станаа легитимни војски на поранешните Ју-републики.

Во Македонија кога ЈНА се повлекуваше Киро Глигоров и го даде сето оружје на ЈНА што беше на Македонска територија.


RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - МрачниотКоњаник - 29-05-2011

(27-05-2011, 02:32 PM)basilius_2 Wrote: Коњанику,не се работи за потфрлување од страна на Македонските тајни служби, туку се работи за нешто друго. Проблемот лежи во самите Ју-служби и нивната поделеност помеаѓу про-Југословенска и про-Србска струја. Како и немање на стратегија.


Полно работи се погрешија,како на пример со создавање на Територијални единици кои подоцна станаа легитимни војски на поранешните Ју-републики.

Во Македонија кога ЈНА се повлекуваше Киро Глигоров и го даде сето оружје на ЈНА што беше на Македонска територија.
Создавање на Територијална Одбрана (термин од системот на СФРЈ) е типично за држави кои постојано се соочувале со странски инвазии. Така да во нивното формирање има многу повеќе логика отколку политиканство.
Апсолутно ќе се согласам со тебе околу немањето стратегија. Зборот ми е дека една операција која е водена онолку аматерски и “на диво“ и со очигледна воено- профитерска мотивација што највеќе личи на ефтино романче, во Македонија мутира во скоро бесмртен монструм, откако на нашиве удбаши им дошол редот да ги одработат наредбите.




RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - basilius_2 - 30-05-2011

(29-05-2011, 04:46 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(27-05-2011, 02:32 PM)basilius_2 Wrote: Коњанику,не се работи за потфрлување од страна на Македонските тајни служби, туку се работи за нешто друго. Проблемот лежи во самите Ју-служби и нивната поделеност помеаѓу про-Југословенска и про-Србска струја. Како и немање на стратегија.


Полно работи се погрешија,како на пример со создавање на Територијални единици кои подоцна станаа легитимни војски на поранешните Ју-републики.

Во Македонија кога ЈНА се повлекуваше Киро Глигоров и го даде сето оружје на ЈНА што беше на Македонска територија.
Создавање на Територијална Одбрана (термин од системот на СФРЈ) е типично за држави кои постојано се соочувале со странски инвазии. Така да во нивното формирање има многу повеќе логика отколку политиканство.
Апсолутно ќе се согласам со тебе околу немањето стратегија. Зборот ми е дека една операција која е водена онолку аматерски и “на диво“ и со очигледна воено- профитерска мотивација што највеќе личи на ефтино романче, во Македонија мутира во скоро бесмртен монструм, откако на нашиве удбаши им дошол редот да ги одработат наредбите.

Тука се согласувам со тебе.

Имено,кога Југославија е создавана во 1918 година и 1945 година,сите земји,територии, републики што ја сочинуваа Југославија немаа заедничко,зошто воопшто требало таа држава да се формира и какво уредување требало да има.

Во 1990 година,кога Југославија по втор пат се распадна, се распадна поради истиот проблем.

Но додека во 1940 година постоела некаква идеологија, во 1992 година таа идеологија не постоеше туку постоеше само желба за профит. Но овој пат под превезот на ВеликоСрбството, беше покриена алчноста, военото профитерството.



RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 31-05-2011

Соопштение на Претседателството на Друштвото на Писателите на Македонија - Радио Телевизија Скопје Дневник 1 (архива 1989год.)









RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 15-06-2011


















RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 26-06-2011













RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 26-06-2011













RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 26-06-2011












RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 26-06-2011













RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 26-06-2011













RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 10-07-2011

Интересно видео. Да се потсетиме како ги браневме браќата Срби.







Убаво ке е некој кој го владее францускиот да го преведе и да ми го прати преводот.



RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 28-07-2011


Quote:Со интриги јa менуваат историјата


[Image: F12E5128984C854FA2ED09667054F788.jpg]
Петар Гошев

Дваесет години подоцна, Петар Гошев зборува за она што се случуваше на последниот Конгрес на СКЈ, како беше избиран првиот претседател на Македонија и зошто го врати мандатот да формира влада

Љупчо Поповски

Дваесет години подоцна - дали се сеќавате за сите настани што се случија пред да се распадне Југославија, на надежите, оптимизмот, па и стравовите за Македонија.

Клучните работи не можат да се заборават никогаш, особено кај човек што учествувал во тоа. Затоа што тоа беа исклучително возбудливи настани, сериозни настани, настани што влијаеја судбински врз понатамошниот тек на работите за Македонија.

Независноста се случи во 1991 година, но до неа дојде со паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Дали некој овде, од раководството што одлучуваше за судбината на државата, почувствува дека Македонија може да биде независна.

Ова прашање има две компоненти. Едната е уривање на комунистичките догми, напуштање на таа идеологија, која интензивно почна да се нагризува и да го губи кредибилитетот кај луѓето поради големата економска криза, со дискредитацијата на самиот систем, со растењето на отпорот на слободоумните сили, на либералните, на демократските сили... А, другата компонента на тој процес е зголемувањето на економската криза во Југославија и подготвувањето на теренот за нејзината дисолуција. Силите против заедничката држава и оние што имаа исклучива намера да профитираат од дисолуцијата добиваа се' повеќе аргументи.

Дали економската криза го забрза распаѓањето на Југославија?

Поранешна Југославија во последните десет години пред нејзиниот распад имаше нулта стапка на раст. Инфлацијата беше секојпат двоцифрена и тоа над 15 проценти, невработеноста висока, различно од република до република, а во Македонија никој пат не беше под 20 отсто. Економската криза од републичките атамани се користеше за меѓусебни обвинувања меѓу републиките, за префрлање на вината на другата нација, на другата држава. Во отсуство на вистински авторитети, процесот беше многу олеснат, затоа што бивша Југославија се темелеше врз резултатите во првите децении по војната, кога навистина имаше високи стапки на раст; на стегите на еднопартискиот систем, на авторитетот или митот на Јосип Броз Тито. Кога двата столба прво се разнишаа, а потоа паднаа, не беше тешко да се претпостави дека е исклучително тешко или невозможно да се одржи заедничката држава. Имаше луѓе што го разбираа тој процес како неминовен, имаше сили што не го разбираа тоа. Имаше сили, поединци што чекаа што ќе се случи, па потоа да кажат дека биле за тоа што се случило и имаше луѓе што ги соопштуваа јасно своите политики, заземаа ставови.

Одлуката во кој правец треба да се движи Македонија беше одредена пред првите парламентарни избори и пред распаѓачкиот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија. Јас станав претседател на СКМ во1989 година и ја формирав Комисијата за реформи. Таа комисија доби задача да подготви платформа за повеќепартиски систем, за пазарна економија, за парламентарен систем со силна влада. Пред конгресот и за време на конгресот рековме дека Македонија нема да биде во некаков остаток на Југославија. Доколку само една република не биде тука, Македонија ќе си одбере друг пат. Таа платформа беше прифатена пошироко во Македонија и тоа беше клучното. На самиот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија, таканаречен 14. вонреден конгрес, јасно го демонстриравме тоа. Кога замина Словенија, а потоа Хрватска, ги повикав делегатите и им реков дека и ние се враќаме во Скопје, нема да учествувавме во никакво продолжение и во Скопје ќе ги соопштиме нашите ставови.

Дали по колапсот на конгресот во јануари 1990 година веќе беше јасно дека од Југославија нема да биде ништо?

Беше јасно, меѓутоа не соопштувавме јавно во истиот момент дека тоа е готово, крај. Постоеја многу опасности како ќе се влезе во тој процес на растурање: на мирен начин - со судири; без жртви - со жртви; со договори - без договори. Инаку, беше сосема јасно. Мене ми беше јасно особено во шесте месеци што му претходеа на тој процес. Шест месеци учествував во договарањето за одржувањето на тој конгрес, за целите и одлуките што сакаа да се постигнат. Тоа беше исклучително мачен период. За мене беа фрапантно лоши состаноците на врвот на Сојузот на комунистите на Југославија, кој ја одредуваше политиката во Југославија. Шест месеци два пати неделно одевме во Белград за да постигнеме некаков договор во врска со партискиот конгрес. Едно од клучните прашања беше гласањето за таканаречените витални интереси на републиките и покраините. Словенија и Хрватска инсистираа дека за виталните интереси не може да има надгласување на републиките и покраините и тоа беше едно од клучните прашања што го поддржував.

Милошевиќ бараше еден човек еден глас.

Концептот на Милошевиќ беше модерна федерација во кој се подразбираше еден човек еден глас и, се разбира, играше на бројката, а не на квалитетот на еднаквите права на нациите. Тоа беше клучното преку кое се растураше Југославија, бидејќи никој разумен од републиките и покраините надвор од српскиот блок не можеше да прифати такво нешто. Кога дојде конгресот, гласачкото стампедо уште од првата секунда го прегази тој принцип, така што прекинот на конгресот речиси беше предодреден.

Претседател на ЦК СКЈ тогаш беше Милан Панчевски. Македонската делегација си замина, тој остана таму.

Ние бевме два различни света. На подготвителните состаноци јасни беа разликите. На секоја седница барав вистински реформи. Под вистински реформи тие подразбираа нешто друго, модификации, статус кво.

Можеше ли да успее Југославија ако се прифатеше моделот што го предлагаа Словенците и Хрватите за асиметрична федерација и конфедерација?

Мошне тешко. Силите што беа за дисолуција растеа брзо. Сојузот на комунистите беше прилично дискредитиран, со слаб авторитет, имаше раководство со слаб кредибилитет. Така што мошне е тешко дека и тој обид би ја спасил Југославија, но лично мислам дека во секој случај требаше да се прифати концепт за разлабавување на федерацијата. Српското раководство тргна на се' или ништо. Тоа се' или ништо беше или Југославија ќе биде модерна федерација (што подразбираше еден човек еден глас) или од Југославија нема да биде ништо. На една од последните седници на Економскиот совет, кога веќе беше испратена фингирана одбрана на Југославија во кратката војна во Словенија, на паузата, Борисав Јовиќ, член на Претседателството на СФРЈ, мислам дека бев заедно со Срѓан Керим, го прашавме како мислат дека ова ќе излезе на крајот. Тој одговори: „Словенците ќе ги избркаме, Хрватите ќе ги зезнеме, а со вас ќе биде лесно“. Тоа беше нивниот концепт лапидарно кажано, но не излезе онака како што планираа.

Дали тогаш се плашевте за Вашата безбедност, дека нешто може да Ви се случи?

По колапсот на конгресот, три-четири пати кај мене во кабинетот дојдоа делегации од највисоки воени раководители на Југославија. Еднаш на чело со генерал Симеон Бунчиќ, другпат на чело со адмиралот Божидар Грубишиќ, кои беа на чело на партиската организација во ЈНА. Тие доаѓаа во состав од пет-шест генерали, адмирали, полковници. Меѓу нив имаше и некои од Македонија, воените лица од Белград, и еден или двајца што работеа тука. Тие бараа од мене да одам на продолжение на конгресот, да се приклучиме кон групата на Милошевиќ. „Без секого се може“, беше девизата и сите тие во разговорот постојано ја повторуваа реченицата: „Нема да седиме со скрстени раце“, „Земјава е градена со крв, со крв ќе ја браниме“ - значи директно се закануваа дека ќе интервенираат. Јас знам дека правеа списоци на луѓе во републиките и покраините што не беа на нивна страна, но не знам што планираа. Мојот одговор беше: „Вие мислите да ги натерате војниците да пукаат во сопствените браќа и сестри во републиките. Ќе се растурите како кула од карти затоа што војската не е составена ниту од една нација ниту од еден сталеж“. Дојдоа специјално да бараат од мене став и однос кон партијата што ја формираше Мира Марковиќ со пензионираните воени генерали. Јас им реков: „Зошто ја формиравте“. Рекоа: „За секој случај“. Нивната идеја беше јасна, одеа на консултации во Русија и во Америка да извршат воен удар. Не добија поддршка. Со адмиралот Грубишиќ во Белград имавме директна кавга на висок тон. Тој адмирал Грубишиќ, кој се колнеше тогаш во Југославија, по независноста на Хрватска, доби должност во кабинетот на Туѓман.

Во 25 јуни 1991 година, Словенија и Хрватска прогласија независност. Зошто Македонија не се усогласи со нив заедно да прогласат независност?

Веќе не бев во кругот на луѓето што одлучуваа за тоа во тој период. Бев обичен пратеник. Но, мислам дека тоа е резултат зашто во врвот на власта беа луѓе што беа многу подлабоко врзани со минатото на Југославија, луѓе што формираа партии непосредно пред тоа, кои во нивниот назив имаше додавка „... за Македонија“. Не можам да кажам дека не се патриоти, како што обично црно-бело се гледаат работите, тие ја сакаат својата држава, меѓутоа со разни уверувања, наслојки, имаа поголем страв отколку што постоеше реално. А можеби имаа и погрешна процена дека нешто ќе се реинкарнира. Тоа се прикажуваше со зборовите дека не е време, дека постојат опасности, дека ќе избувне она или ова... Мојата оцена тогаш беше дека на Македонија не и' е редот за интервенција од страна на Милошевиќ, дека тој има други поважни прашања. Во Македонија не можеше да најде изговор за таква интервенција, Србите во Македонија беа четири отсто.

Имаше неразбирливи одолжувања. Колку тоа влијаеше на некои исходи за нашата денешна положба не е лесно да се оцени, да се одговори. Но, според мене, имаше задоцнување во нашето експлицитно барање во Обединетите нации, имаше задоцнување со монетарното осамостојување на штета на економските интереси на Македонија.

Словенија и Србија направија упад во платниот биланс. Србија воведе трговско ембарго спрема Словенија. Македонија како да мислеше дека работите ќе се решат само по себе.

Можете да го прашате Глигорие Гоговски на оваа тема. Тој тогаш се' уште беше претседател на Извршниот совет и во тоа време е одржана седница на владата специјално во врска со ова прашање - дали Македонија да влезе во таканаречен монетарен упад или не. Немаше храброст да се влезе во таква работа, иако се одлеваше огромно богатство врз основа на хартиите печатени во Топчидер. Се доцнеше. Одеа девизи од Македонија, одеа стоки за безвредни хартии, одеше злато од Македонија. Како пратеник, ја прашав експертската влада зошто чека. Не добив одговор на таа седница, но имаше одговор преку Глигоров во интервју за Радио Скопје со Ѓорѓи Варошлија, сега покоен: му поставил прашање дека некои бараат монетарно осамостојување. Одговорот на Глигов во таа емисија беше: „Оние што го иницираа тоа прашање ја научиле првата лекција од економијата, но не ја научиле втората лекција“. Следната сабота бев поканет од Варошлија и тој ме праша што ќе одговорам на ваквите тврдења? Јас реков: „Тие што одговориле така не ја научиле ни првата лекција од економијата“. Аргументите за одолжувањето беа дека немаме девизни резерви, па војската прима плата во динари итн. и затоа немало услови во Македонија, а имаше услови да не' ограбуваат со безвредните хартии што ги печатеше Милошевиќ. Подоцна воведовме бонови. Немавме девизни резерви, но тие ја завршија работата, а ќе беше завршена и пред тоа, макар половина година ќе имавме помала штета врз економските интереси на Македонија.



RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - ЈорданПетровски - 28-07-2011

Quote:Неколку работи во овие 20 години постојано се обвиткани со мистерија. Две од нив се поврзани со Вас: првата, изборот на прв шеф на државата, а втората е враќањето на премиерскиот мандат. Некои уште тогаш тврдеа дека сте сакале да се договорите со ВМРО-ДПМНЕ да бидете претседател.

Во Македонија станува доминантна културата на лажење и културата на интриги. Се знае кои луѓе учествуваа на разговорите во врска за тоа прашање. Како што има луѓе кои потоа на милион начини се обиделе да кажат дека пред распаѓачкиот конгрес на СКЈ биле за таа политика на СКМ, ама јас сум се колебал во врска со тоа прашање. Тие луѓе секојдневно работат на бришење на сопствените гревови, на сопствените заблуди. Во Македонија, лагата, интригата почнува да се издигнува на ниво на важна компонента на секојдневниот живот. Фалсификувањето на историските факти е драматично раширено.

Ако сакав да се договорам за претседател, ќе бев претседател, затоа што имав директна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ да се договориме за коалиција меѓу нив и СКМ-ПДП и да имам предност да избирам или да бидам претседател на републиката или да бидам претседател на владата. Второто место што ќе остане ќе го земе ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето кој ќе биде тој што ќе биде на тоа друго место – претседател или премиер - одговорот беше Љупчо Георгиевски. Јас му го поставив прашањето: „Како ти со дваесет и три и пол години ќе бидеш претседател“.

И започнаа разговорите како да се најдат други решенија. Во првата варијанта рековме дека нашиот став е да добиеме премиер. Тогаш се' уште не беше на дневен ред експертска влада. ВМРО-ДПМНЕ имаше право да предложи. И ВМРО-ДПМНЕ предложи. Тие се изјаснија за архиепископот Михаил. Тоа беше поддржано од оние луѓе што сега даваат други одговори во врска со тоа прашање, пишуваат мемоари, а тие први рекоа: да, се согласуваме со тој предлог. Јас велев: ако сите се согласувате, тогаш се согласувам и јас, но мојата помисла беше дека Михаил нема да прифати. На крајот, имаше драма, вистинска драма што се интерпретира неточно. Лично мислев дека нема да дојде до реализација на тој предлог, затоа што не верував дека еден свештеник со таква посветеност кон црквата ќе се нафати за претседателска функција.

Беше формирана делегација која ќе му го соопшти предлогот на архиепископот. Беше сабота, во таа делегација беа Стојан Андов, Тито Петковски, Борис Змејковски, Љупчо Георгиевски и јас. Отидовме кај архиепископот, во неговиот стан, да му кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ го предлага за претседател. Андов го образложуваше предлогот. Михаил пред сите им рече: „Ќе го информирам Гошев во 18 часот денеска. Ова е тешко прашање за мене, морам да се консултирам, да размислам“. Тој праша зошто молчам, на што одговорив: „Не зборувам затоа што се определивме да ја водиме владата. Инаку, наш кандидат за претседател е Глигоров“. Сега некој се сеќава, некој не, некој намерно нема да се сеќава. Архиепископот Михал не ми се јави вечерта во 18 часот. Во 17,30 часот ми се јави Ханџиски да ми каже дека му се јавил Михаил и дека сакал да разговара со него. Му реков ни случајно да не го убедува. Не знам дали Ханџиски сега ќе признае за овој разговор, дали се сеќава...

Архиепископот не се јави ниту во 18, ниту во 19, ниту во 20 часот, се јави околу 22 часот. А во меѓувреме Киро Глигоров од Белград секој половина час ми се јавуваше да праша до каде е работата. Во 22 часот Михаил ми се јави и ми вели: „Гошев, имав тежок ден, разговарав со многу луѓе, со ќерка ми, со Блаже Ристевски, спомна и други имиња, одлучив во овој момент да не мислам на себе - одлучив да прифатам“. И јас патос долу и си реков: добивме владика за претседател на државата. Ова е буква до буква вистина. Ми се јави Киро, ме праша, што стана, му реков - прифати. А сега? Сега ќе видиме со Уставот дали може или не може. Утредента наутро сите ние, преговарачите, повторно се сретнавме. Сега веројатно и другите со малку постудени глави. Кога реков дека ова прашање треба да се преиспита од уставни причини, скокнаа некои од ВМРО и викаа: „Вие, комунистите, не се држите до збор. Но, Уставот вели дека не може да се извршува и едно и друго“. И тогаш беше јасно. Повторно истата група бевме кај архиепископот и тој рече – не. „Ако треба да ја симнам мантијата, не, ви благодарам“. Тој се откажа и така тргнаа работите во друг правец, решение кон Киро Глигоров. Тогаш се одлучивме да ја земеме функцијата претседател и да се прави експертска влада.

ВМРО-ДПМНЕ имаше повеќе предлози за премиер.

Тоа не можевме да го поддржиме. Но, имало и тука состаноци и средби меѓу некои групи за кои во тоа време не знаев дека се одржуваат, меѓу членови на експертската влада што се подготвуваше со Глигоров. Во еден момент, Киро ми рече да го ставиме Блаже Ристевски за претседател на владата, а јас му одговорив: „Зар историчар да ставиме за премиер. И му реков – не“. Потоа дојде предлогот за Кљусев. Тие го работеле тој предлог меѓу нив, меѓу штипјани и некои други. Јас се согласив и реков - ако е експертска и ако е Кљусев, ќе поддржам. И така дојде до тоа.

Таа експертска влада имаше краток здив.

Беше очигледно дека експертската влада нема политичка поддршка, иако доминантно беше составена од членови на ВМРО-ДПМНЕ или блиски до нив. Имаше незадоволството кај луѓето, се направија многу гафови. На крајот ја изгуби комплетната политичка поддршка, но потрошивме две години од мандатот.

Како се случи тоа да успеете да му се спротивставите на Милошевиќ, на генералите што доаѓаат, а за кратко време, по изборите, да Ве изолираат во сопствената партија?

Бев незадоволен од изборниот резултат. Имаше незадоволство и во партијата, затоа што од апсолутни победници во првиот круг ние бевме втори, не победивме. Но, не ја прифатив националистичката реторика кон Албанците. Некои луѓе велеа ќе било поинаку, ќе имавме подобар резултат ако и ние сме ја употребеле таа реторика. Знаев дека се случува процес на губење гласови, но не сакав да се качам на тој националистички, шовинистички воз. Тој е опасен за Македонија. Е сега, некој по 20 години вели дека грешевме во врска со тоа. И повторно бараат легитимитет, прошка и учество, а оваа некритичка јавност го заборава. Тоа беше едно од прашањето за кои некои во партијата зборуваа и работеа некои други сили. Се разбира, мојата политика не им одговараше на многумина. И тие се собираа полека, но мислам дека ако решев, ќе можев да останам да бидам претседател. Апетитите им пораснаа на многумина, но мислам дека тоа беше совладливо. Тогаш мислев да не продолжам да се занимавам со политика. Кога потоа продолжив и формирав своја партија, веќе беше јасно дека згрешив.

СДСМ создаваше приказни дека јас сум се колебал. Се употребуваа тешки зборови уште пред да бидам избран за претседател на СКМ. „Нова Македонија“ ме нападна директно преку уводник. Љубе Профилоски го напиша предизборно. За време на кампањата имаше седум наслови против мене во еден ден во белградска „Политика“. И дури слушав тези од Мирки и слични дека нешто сум работел со Србите. А го напаѓав Милошевиќ уште кога настапи на Газиместан.


Не сум калкулант


Бевте предложен за мандатар, но Вие неочекувано го вративте мандатот. Од денешен аспект, тоа изгледа како наивна одлука.

Ситуацијата околу владата и барањата на пратеничката група доведе до предлогот јас да составам влада. Мислев дека можам да составам слободна влада. Потоа се виде дека не можам да формирам влада според мое убедување, а јас веќе не бев претседател на партијата. Тоа беше клучно прашање, се покажа дека тоа има големо влијание. Во составот што го сакав, некои откажуваа, не знам од кои причини, се предлагаа луѓе за кои мислев дека не ќе можат да одговорат на задачата што треба да ја имаат во таа влада. И на крајот реков - не!

Тогаш рековте дека не сакате да бидете премиер за еднократна употреба.

Во годините подоцна, кога видов кои станаа министри и функционери, веројатно не требало толку многу да спорам околу квалитетот на луѓето.

Во јавноста често се зборува дека тоа е еден од пресвртните моменти за развојот на Македонија како независна држава; дека можеби Македонија ќе одела во подобра насока. Дали мислите дека згрешивте?

Невкусно ми е да зборувам за мене што би направил, како би направил, колку поинаку би било од тоа што беше. Меѓутоа, во секој случај, имав чиста платформа за демократско општество и за функционална пазарна економија. Не сум калкулант да чекам постојано под изговорот за погодни времиња дали да се направи некое реформско прашање или не. Не шурувам. За жал, медиокритетите и разни проблематични личности се собираат, се множат против тебе и, на крајот, ќе те соборат. Едно знам сигурно - реформите ќе се одвиваа енергично.



RE: YUTA-ОПЕРА-РАМ - tutunoberacite - 01-08-2011

(23-04-2011, 10:47 PM)ЈорданПетровски Wrote: Каде е врботен Фердинанд Оџаков.?? Татко му Никола е дел од "тимот" на Драги Стојковки Млекце. Млекце е човек врзан со: Генерал Васиљевиќ и "ОПЕРА". Млекце доаѓа во Македонија за да ги реализира плановите на "ОПЕРА". По неуспехот на Млекце да формира паравојска во Куманово, каде што Млекце го употеби наводниот минер од Пробиштип, Трајче, кој по неуспехот, беше откриен од Ѓоре Егеец, беше под итно префрлен во Белгија и прифатен од центарот на УДБа, наречен "задграничен комитет на ВМРО ДПМНЕ". Млекце по поразот во Куманово формира паравојска во Тито Велес, "СИНА ПТИЦА" е негово дело, чудно е што Диневски, Змејко и Соколов не реагираа на овие активности на Млекце
kolku sto poznato toj istiot nikola se penzionira od arm kako glaven na voenoto razuznavanje postaven vo vreme na vladeenjeto na sdsm, a z auste pogolemo "cudo" po niza pomali kadrovski unapreduvanja od tipot na glaven z a granicnata policija i nekoi drugi ekspertski missii sinot na nikola - ferdinand o. vo vreme na vladeenjeto na VMRO na nikola gruevski stanuva glaven na voenoto razuznavanje vo \ARM. sekoja cest na sluzbive .navstina dobro kotiraat i sorabotuvaat na nezavidno nivi......ili epak smao ironija na sudbinata i toj kako tako mu da stane glaven na VSRB (voenata sluzba).sega ne me ni cudi zasto i gore spomenatite ne regairale na poznatiot dragan Mlekce........deneska s eistive so timot sto pobeduva a megu niv i "ekspertite" od tipot na ferdinand.O.velat kakov tatko takov sin........bravo z aprerodbataneka prodolzi)Icon_razzIcon_razzIcon_razzIcon_razz