Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
СУПИ - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Секоjдневие (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=7)
+--- Forum: Здравjе, Храна, Вино (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=15)
+--- Thread: СУПИ (/showthread.php?tid=60)



СУПИ - mence - 05-01-2010

Су­па од спа­наќ

Пот­реб­но:

30 г пу­тер
150 мл слат­ка пав­ла­ка
1 ла­жи­ца за­чи­нал
1,6 л во­да
1 кг ком­пи­ри
450 г спа­наќ
1 ла­жич­ка рен­да­на ко­ра од ли­мон
2 чеш­ни­ња лук
150 г кро­мид
сол

При­гот­ву­ва­ње: во заг­ре­а­ни­от пу­тер крат­ко про­пр­же­те ги сит­но сеч­ка­ни­от кро­мид и ис­тол­че­ни­от лук. Пре­лиј­те ги со еден ли­тар во­да, до­да­де­те ги ком­пи­ри­те исе­че­ни на по­го­ле­ми пар­чи­ња, ис­чис­те­ни­от спа­наќ, рен­да­на­та ко­ра од ли­мон и за­чи­на­лот. Се­то тоа ва­ре­те го око­лу 15 ми­ну­ти, до­де­ка ком­пи­ри­те не омек­нат. Ос­та­ве­те ја сме­са­та да се из­ла­ди, а по­тоа из­мик­си­рај­те ја. Вра­те­те ја су­па­та во тен­џе­ре­то, до­да­де­те го ос­та­то­кот од во­да­та, мал­ку сол и се­то тоа ва­ре­те го око­лу 10 ми­ну­ти. На крај во су­па­та из­ме­шај­те ја слат­ка­та пав­ла­ка.


RE: СУПИ - mence - 24-01-2010

Супа од кромид

Потребно:

* 50 г путер
* 500 г кромид
* 10 г шеќер
* 20 г пченично брашно
* бибер
* 1,4 л вода
* 3 говедски коцки за супа
* 100 мл бело вино
* 1/2 лажица ситно сечкан магдонос

Приготвување: во загреаното масло пропржете го на тивок оган сечканиот кромид. Посипете го со шеќерот и динстајте го додека не омекне. Додадете ги во него брашното, биберот и сето тоа прелијте го со водата. Ставете ги говедските коцки, па сето тоа варете го 15 минути. Сипајте го виното и уште малку проварете ја супата. Пред да ја послужите посипете ја со магдоносот


RE: СУПИ - mence - 03-02-2010

Крем супа од карфиол

Потребно:

* 700 г карфиол
* 800 мл вода
* 1 китка копар
* 3 лажици умебоши оцет
* 150 г тофу сирење
* 1 лажица масло од сусам

Приготвување: карфиолот измијте го, искинете го на цветчиња и варете го во малку солена вода додека не омекне. Пред крај на варењето додадете го тофу сирењето кое претходно сте го пропржиле во загреано масло. Сето тоа испасирајте го. Оставете ја смесата уште еднаш да зоврие, па во супата додадете ги ситно сечканиот копар и умебоши оцетот.


http://IZVOR


RE: СУПИ - mence - 06-02-2010

Зеленчукова супа со тарана


Потребнo:

•2 лажици Масло ладно цедено сончогледово
•150 грама Моркови
•50 грама Тарана традиционално направена
•1 Тиквичка
•1 мала китка Магдонос
•100 грама Грашок
•малку Босилок


Со додаток на свежа салата по личен избор, може да биде цел оброк. Богата е со минерали, витамини и сложени јагленихидарти, има доволно количество протеини и малку маст.

Подготвување:

Грашокот ставете го во вода да се вари. Морковот исецкан на кругчиња додадете го на грашокот заедно да се варат уште 2-3 минути. На крајот додадете ја и тиквичката добро измиена и исецкана на коцки и сето тоа заедно се вари уште 1 минута.

Сварената смеса изблендирајте ја, но при тоа оставете цели дел од зрната грашок и околу 10 кругчиња моркови.

Изблендираната смеса во која сте ги додале целите зрна грашок и кругчињата од моркови вратете ја на оган да се вари при што ќе додадете вода по потреба. Кога ќе почне да врие додадете ја тараната и солта. Варете уште 10-5 минути да омекнат зрната тарана.

На крај, кога супата ќе ја тргнете од оган, додадете сецкан магдонос.


RE: СУПИ - mence - 06-02-2010

Каша од овес


Потребни состојки:

•40 грама Путер
•100 грама Овес
•500 милилитри Млеко
•750 милилитри Вода
•50 грама Брашно
•1 лажица/ци Бибер
•малку Сол


Овесот е квалитетна житарка што треба редовно да ја консумираме.

Подготвување:

Во садот ставете го путерот кој треба да се стопи и да се загрее. Додадете го овесот и мешајте. Ставете го брашното и добро промешајте за да не се направат грутчиња и смесата да стане хомогена. Потоа (на тивок оган) додадете ги млекото и водата. Додадете го биберот (без да престанете да мешате), а на крај и солта.


RE: СУПИ - mence - 10-02-2010

Крем-супа од компири

4 лажици несолен путер
1 шолја кромид, сечкан
4 шолји зеленчукова супа
3 шолји компири, сечкани на коцки
1/2 лажичка сол
2 1/2 лажици сенаменско брашно
1 1/2 шолја млеко
1/2 лажичка мајчина душичка, сушена
1/2 лажичка бибер, мелен
120-180 г рендано сирење чедар

1. Стопете 2 лажици путер на среден оган. Додајте го кромидот и пржете додека омекне, околу 7 минути. Додајте ја супата, компирите и солта. Нека зоврие, намалете го огнот и оставете да се сварат компирите, 10-12 минути.

2. Во друг сад стопете ги преостанатите 2 лажици путер. Додајте го брашното и често мешајте додека се згусне, околу 5 минути. Сипете 1 шолја од жешката супа со компирите, малку по малку во сосот.

3. Извадете ги компирите од супата, згмечете ги, па вратете ги повторно назад заедно со сосот. Додајте ги млекото, мајчината душичка и биберот. Нека зоврие супата, па тргнете ја од огнот. Потоа додајте го сирењето, малку по малку да се стопи. Служете ја жешка.


RE: СУПИ - mence - 16-07-2010

Крем супа од тиквички

Потребно:

* 600 г тиквички
* 300 г компири
* 80 г кромид
* 2 чешниња лук
* 100 мл павлака
* 1,5 л вода
* 2 лажици путер
* 3 лажици сок од лимон
* 1 лажица зачинал

Приготвување: во загреаниот путер кратко пропржете го ситно сечканиот кромид. Потоа додадете ги тиквичките исечени на парчиња, па кратко продинстајте ги. Додадете ги компирите исечени на парчиња, 1 литар вода, зачиналот и сето тоа варете го 20 минути. На крај додадете го истолчениот лук. Варениот зеленчук испасирајте го, додадете ги остатокот од водата, павлаката


RE: СУПИ - mence - 11-10-2010

FRANCUSKA SUPA SO KROMID


[Image: French_Onion_Soup__as_seen_on__French_Fo...size=sw460]


za 4 lisca:

Potrebno

1 1/2 glavica kromid
2 golemi lazici puter
1 golema lazica konjak
1/2 solja crveno vino
3 solji govedska supa
sol i biber
vegeta, kolicinata neka bide po vas vkus
4 kriski leb, za garniranje
kaskaval, za ogdozgora

-------------------------------------------------------------------------



Podgotovka:

1. Se rastopuva puterot, pa mu se stava iseckaniot kromid. Se przi na sredna temperatura, da bide mnogu mek. Se dodava konjakot i vinoto, i se przi so niv okolu 1 minuta. Potoa mu se dodava supata, se poklopuva i se vari okolu 45 minuti na sredna temperatura.
Topla se sipuva vo sad za posluzuvanje, se stava kriskata leb, a vrz nea kaskaval. Pozelno e da se stavi taka malku na ogin da se rastopi kaskavalot.