Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Рецепти - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Секоjдневие (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=7)
+--- Forum: Здравjе, Храна, Вино (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=15)
+--- Thread: Рецепти (/showthread.php?tid=47)

Pages: 1 2


Рецепти - mence - 01-01-2010

Gi obozavam Forumite kade ima katce i za nas domacinkite...

Ajde domacinki kazete im na vasite prijatelki....i da pocneme so pisuvanje i citanje na recepti...

A posle na rabota da gi isprobame...da gi napravime... Nakraj da gi komentirame vkusovite...

Da se takmicime koja ce dade naj ubav recept... a i koja naj povece ce napravi od nasite tukasni recepti...

Pa na rabota...i da uzivame vo vkusovite na nasite jadenja i slatki...


RE: Recepti - mence - 01-01-2010

JAGODI VO CHOKOLADA

Chokolada se rastopuva poleka vo mikro pecka, ili na sosema tivko na ringla. Moze sosema malku da se dodade zejtin. Ako chokoladata ne e dovolnao blaga dodadi i malku secer.
Jagodite prethodno da bidat spremni, moze da ostane i zeleniot list (drskata).
Chokoladata ne treba da bide topla. Se zima edna po edna jagoda i ubavo se natopuva jagodata vo chokoladata. Potoa taka izmachkana jagodata se stava na hartija vo koja se mota chokolada, (parchment paper ili wax paper).
Se ostava da postojat da bi se chokoladat stegnala, moze da postojat i vo frizider.
Otkako chokoladata ce se stegne jagodite se spremni za posluzuvanje.
Moze da se dekoriraat i so Nane.


RE: Recepti - mence - 01-01-2010

MUFFIN OD JABOLKA

2 golemi jajca
1 1/3 solja secer
1/3 solja zejtin
2 solji brasno (ako imas stavi dva vida na brasno, ako sakas kakao, odzemi go brasnoto za tolku, kolku stavis kakao)
2 lazici kiselo mleko
malku sol
vanila
cimet
bakin soda
bakin prasok
2 sredni jabolki rendani
1 solja suvo grozje
1/2 solja cokolada seckana ili cokoladen chips

Se pecat na 350 F stepeni, ili 175 C stepeni.

Se matat jajcata so sekerot kolku da se spojat, potoa se dodava zejtinot, pa vanilata (ako e tecna). Potoa se stava brasnoto so stojkite izmesani i se see poleka vo smesata. Dobro se spojuva pa se stava jabolkata, pa pak brasnoto , pa jabolkata.
Na kraj se stavaat suvoto grozje i cokoladata.
Prethodno se podmackuvaat vdlabnatinite na tavceto so puter ili pak se stavaat caskite od hartija. So lazica za sladoled se zima od smesata i se stavaat vo vdlabnatinite.
Se proveruvaat dali se peceni so cackalica vo sredina od muffinot.


RE: Recepti - mence - 04-01-2010

Мешана салата од праз

Потребно:

* 2 страка праз (само белиот дел)
* 4 домати
* 3 варени јајца
* 100 г шунка
* 50 г ементалер
За преливот:
* 300 мл јогурт
* 2 лажици масло
* 2 лажици сенф
* бибер
* малку шеќер
* 1 китка сечкан магдонос

Приготвување: исчистениит праз исечете го на тркалца. Доматите, тврдо варените јајца и шунката исечете ги на коцкички и измешајте ги со празот. За преливот добро измешајте ги сите состојки, па прелијте ја салатата.


RE: Recepti - mence - 05-01-2010

Овошна салата

Потребно:

* 150 г банани
* 150 г портокали
* 200 г јаболка
* 250 г круши
* неколку киви
* 5 лажици лимонов сок
* 1 ванилин шеќер
* 3 лажици кафен шеќер

Приготвување: овошјето исчистете го и исечете го на помали парчиња, па ставете го во подлабока чинија, посипете го со ванилин шеќерот и прелијте го со лимоновиот сок. Покриениот сад оставете го да отстои најмалку еден час во фрижидер. Пред послужување, овошната салата посипете ја со кафениот шеќер.


RE: Recepti - mence - 05-01-2010

Свинско филе со зеленчук

Потребно:

* 300 г свинско филе
* 2 лажички зачинал
* 3 чешниња лук
* 300 г свежи пиперки (црвени и зелени)
* 200 г тиквички
* 100 г брокули
* 100 г кромид
* 50 мл масло
* 100 мл соја сос

Приготвување: месото исечете го на стапчиња и посипете го со зачиналот. Истолчете дел од лукот, па измешајте го со месото. Пиперките и тиквичките исечете ги на тенки стапчиња, а цветчињата од брокулите кратко проварете ги. На дел од маслото пропржете го месото со постојано мешање, па извадете го од тавчето. Во остатокот од маслото динстајте ги пиперките, тиквичките и кромидот, па додадете ги брокулите, остатокот од лукот и месото. Сето тоа добро измешајте го, па додадете го соја сосот и послужете го.


RE: Рецепти - mence - 12-01-2010

Сос од рен

Потребно:

* 30 г брашно
* 30 г путер
* 1 коцка (од кокошка) за супа
* 1 жолчка
* малку лимонов сок
* 100 мл кисела павлака
* сол
* бибер
* 2 лажици рендан рен

Приготвување: од путерот и брашното направете светла запршка, па мешајќи ја прелијте ја со 500 мл вода. Ставете ја коцката и сето тоа варете го околу 10 минути. Потоа, додадете ја жолчката изматена со киселата павлака, па со заедно кратко проварете го. По потреба зачинете со сол и бибер. Пред да го послужите, во смесата измешајте ги ренот и лимоновиот сок, па сосот послужете го со варено говедско месо.


RE: Рецепти - mence - 13-01-2010

Ролни од димен лосос


Потребно:
2-3 портокали
1 лажичка капар
150г крем сирење
сол, мелен бел бибер
200г димен лосос
2 лажици сечкан босилек или магдонос
2 лажици оцет
лажичка сенф
4 лажици маслиново масло
неколку листа зелена салата

Подготовка
Изрендајте ја кората од еден портокал, па исцедете го сокот од сите три. Исечкајте го капарот, а сирењето измешајте го со половина лажичка од кората и 3-4 лажици сок од портокал. Посолете и побиберете. Ставете ги филетите лосос на пластична фолија и премачкајте ги со сирењето. Свиткајте ги во ролат и оставете 30 минути во фрижидер. Изматете го остатокот од сокот (околу 100 мл) со остатокот од кората, босилек, оцет, сенф, масло, сол и бибер за да добиете прелив. Измиените листови салата исечкајте ги, и прелијте со сосот. Ролатите од лосос исечете ги на тенки парчиња, па сервирајте ги преку салатата.


RE: Рецепти - mence - 18-01-2010

Vreme e za se pravi paca...piftii..
Ce ima li nekoj recept za toa.
Ajde treba da pravime.


RE: Рецепти - mence - 28-01-2010

DOMASEN BUREK KAKO OD BUREKDZILNICA


Potrebno e:

500g kori za burek
500g sirenje
50g puter
250g mlaka voda
125ml maslo za jadenje
sol po vkus

Vo podlabok sad gi stavame vodata i masloto za jadenje. Posoluvame i mesame so lazica. Vo trkalezna tava za pecenje namrsena so puter stavame dve kori, so toa sto kraevite na korite da idat nadvor od tavata. Vrz korite poprskuvame so mesavina od maslo i voda. Potoa vo tavata redime nekolku kori, guzvajki gi za da bidat celosno vo tavata. Povtorno poprskuvame so maslo i voda. Sirenjeto go drobime so viluska i od izdrobenoto sirenje stavame vrz korite. Vrz sirenjeto stavame edna zguzvana kora. Poprskuvame so maslo i voda. Povtorno stavame zguzvana kora. Poprskuvame so maslo i voda. Vrz korata go stavame preostanatoto izdrobeno sirenje. poprskuvame so maslo i voda. Ja stavame poslednata kora i ja poprskuvame so maslo i voda. Prvite dve kori cii kraevi bea nadvor od tavata gi privitkuvame vo tavata, zatvorajki go burekot. Poprskuvame so maslo i voda, tavata ja stavame vo rerna i peceme 25 minuti na temp. od 180 stepeni celziusovi.


RE: Рецепти - mence - 04-02-2010

Пилешки филети во пивско тесто

Потребно:

* 200 г брашно
* 2 јајца
* 300 мл пиво
* 1 лажичка зачинал
* 600 г пилешки филети
* 1 лажица ситно сечкани зачински билки

Приготвување: во подлабок сад измешајте ги изматените јајца, башното, зачиналот и пивото. Смесата оставете ја да отстои десетина минути. Пилешките филети исечете ги на пошироки стапчиња и посипете ги со ситно сечканите зачински билки. Подготвените стапчиња пилешко месо потопете го во смесата за панирање и испржете ги во загреано масло. Пржените пилешки филети ставете ги врз кујнска хартија (салфети) за да се впие вишокот маснотија, а потоа послужете ги со сезонска салата.


RE: Рецепти - mence - 08-02-2010

Focaccia - повеќе од леб


Фокачата е стара речиси колку и лебот. Вкусна е во сите варијанти, било да се подготвува слатка или солена, а зависно од разните области и традиции, вкусот се збогатува со зачини и други намирници. Вкусна е и топла и ладна, а одлична е и како подлога за најразлични намази, паштета од туна и слично. Подготовката не е воопшто тешка, а резултатот е одличен.

За основниот рецепт потребно е:

15 г свеж квасец
1 лажица шеќер
300-350г брашно (полубело)
1,5-2 дл млака вода
1 лажичка сол
6-7 лажици маслиново масло
1,5 лажичка крупна сол

Подготовка

Квасецот издробете го и ставете го во половина во количината вода со лажичка шеќер и оставете да стои 15 минути. Промешајте пред да го додадете брашното, а по брашното ставете и сол. Потоа додадете го остатокот вода и 3 лажици масло.

Тестото добро замесете го и оставете го да кисне 60 до 90 минути. Потоа месете го 2-4 минути па ставете го во намастен плех и со рацете обликувајте го во круг од 30 см и дебелина од 1 см. Тестото лесно "избоцкајте" го со врвовите на прстите, премачкајте го со остатокот од масло и посипете со крупна сол. Фокачата се пече 30 минути во претходно загреана рерна на 225-230 Ц степени.

Некои од најчестите варијанти на фокача се додаток на рузмарин, жалфија, сирење, маслинки и слично.

http://izvor


RE: Рецепти - mence - 10-02-2010

Салата со цвекло и целер

Потребно:

* 500 г цвекло
* 4 гранчиња целер
* 1 китка младо кромитче
За преливот:
* сол
* 1 лажица јаболков оцет
* 50 мл масло
* 2 лажици сок од јаболка
* бибер
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* 1 лажица ситно сечкан копар

Приготвување: цвеклото излупете го и изрендајте го на покрупни резанки. Гранчињата целер исечете ги на потенки тркалца, а младото кромитче ситно исечкајте го. Солта измешајте ја со оцетот, маслото, сокот од јаболката, биберот и со ситно сечканите магдонос и копар. Сето тоа добро измешајте го, а потоа со смесата прелијте ја салатата.


RE: Рецепти - mence - 10-02-2010

Домати полнети со туна

Потребни состојки:
•30 грама Целер
•150 грама Туна
•малку Сол
•30 грама Сенф
•125 грама Мајонез
•2 лажица/ци Лимонов сок
•400 грама Домат
•1 Главица лук
•малку Црн бибер


Подготвување:
Туната ситно се гмече, потоа ситно се сечка лукот, а исчистениот целер се сече на тенки и долгнавести парчиња.

Мајонезот се меша со преостанатите состојки, а потоа со туната, лукот и целерот.

Потоа со ова сè полнат доматите.


RE: Рецепти - mence - 21-05-2010

Компири во лушпа со туна
[/b]Состојки:

4 големи компири
2 конзерви туна
300 грама сирење
20 грама кромид
магдонос
[Image: jptuna.jpg]

1. Измијте ги компирите, завиткајте ги во алиминиумска фолија и печете ги еден час во рерна на 220 степени.

2. Туната исцедете ја од маслото, помешајте ја со сирењето, ситно исечканиот кромид и магдоносот.

3. Кога ќе се испече компирот, отворете ја фолијата, исечете го компирот на четири дела и делумно отворете го. Во засечканиот дел ставете ја смесата од сирење и туна.


RE: Рецепти - mence - 21-05-2010

Печен карфиол со домати и со кашкавал

Состојки:
[Image: recept-karfiol.jpg]
1 главица карфиол, околу 1 килограм
100 грама путер
80 грама кашкавал
2 јајца
200 милилитри млеко
3 лажици крем
1 лажица брашно
магдонос
2 домати


1. Отстранете ги вишокот листови од карфиолот, поделете го на цветови, измијте го и варете го во солена вода 10 минути.

2. Откако ќе го исцедите, ставете го на сад за готвење. Путерот стопете го, а потоа измешајте го со јајцата, млекото, кремот, брашното, сол, бибер, исечканиот магдонос и половина од изренданиот кашкавал.

3. Измешаната смеса прелијте ја врз карфиолот, додадете ги ситно исечканите домати и остатокот од кашкавалот и ставете ја во печка да се пече на 180 степени околу 15 минути.


RE: Рецепти - mence - 21-07-2010

Ќофте од карфиол

Потребно:

* 1 помала главица карфиол
* 2 раце ориз
* лебни трошки
* сол
* масло за пржење

Приготвување: исчистениот карфиол и оризот посебно сварете ги. Оставете ги малку да се подизладат. Карфиолот ситно исечкајте го и измешајте го со оризот. Во зависност од густината додадете лебни трошки за да добиете компактна смеса. Посолете по вкус. Со влажни раце од смесата обликувајте ќофтиња. Загрејте го маслото, па на тивок оган пржете ги ќофтињата


RE: Рецепти - mence - 23-07-2010

Салата од боранија

Потребно:

* 500 г боранија
* сол
* 1 китка ротквици
* 150 г коктел домати
За салатниот прелив:
* 50 мл маслиново масло
* 1 лажица копар
* 2 страка младо кромитче
* 2 лажици сок од лимон
* сол

Приготвување: исчистената боранија варете ја во солена вода 15-20 минути. Исцедете ја, измијте ја под млаз ладна вода и изладете ја. Во неа додадете ги ротквиците исечени на тркалца и коктел доматите исечени на половина. За салатниот прелив кромитчето исечете го на тенки тркалца, а копарот ситно исечкајте го. Потоа сите состојки измешајте ги и со нив прелијте ја салатата. Сите состојки добро измешајте ги и салатата послужете ја.


RE: Рецепти - mence - 20-08-2010

Полнет кромид


Потребни состојки:

8 големи главици кромид, 300-500 г домашни колбаси, 4-5 чешниња лук,1 китка магдонос,1 филџан за кафе лебни трошки (или сув леб),1 филџан за кафе млеко,1 филџан за кафе масло за јадење,1 говедска коцка за супа вода и сол по потреба.


Начин на приготвување: главиците кромид се лупат и се ставаат да се варат 5 минути во солена вода. Така сварени се вадат и се оставаат да се исцедат и да се оладат. Потоа со мала лажичка или сo нож се длабат во средината. Средината што ќе се извади ситно се сечка и се пропржува во тава на загреано масло околу 5 минути, колку да омекне и кромидот да добие стаклеста боја. Потоа се додаваат ситно исечканите домашни колбаси, истолчениот лук и лебните трошки или сувиот леб (кој претходно го потопуваме во млекото). Сето тоа добро се пржи и на крај се додава исечкан магдонос.


Главиците кромид во издлабената средина се полнат со приготвениот фил. Се редат во земјана тава една до друга исправени со отворот нагоре. Остатокот од филот се реди околу кромидот на дното од тавата.


Говедската коцка за супа ја ставаме со 2,5 дл вода да проврие. Полнетиот кромид во тавата го прелеваме со приготвената супа. Потоа ја ставаме тавата да се пече во загреана рерна на 250°С околу 45 минути. Повремено ја отвораме рерната за да провериме да не загори кромидот. Ако забележиме дека кромидот подгорува, тогаш ја намалуваме температурата на 200°С. Тавата е готова кога кромидот ќе омекне, ќе поцрвени и течноста од тавата ќе испари. Се служи топло со гарнир од варен ориз, варен компир и салата по вкус.


RE: Рецепти - mence - 01-09-2010

SALATA OD BROCCOLI I CHEDDAR


1/4 solja suvi cranberries
1/4 solja suvi suvo grozje
3 solji broccoli svezo
4 parchinja przena slanina ili sunka, pa iseckana
1 snopche zelan kromid
1/3 solja majonez
3 golemi lazici sour cream ( kiselo mleko, kis. pavlaka)
1 gol. lazica sok od limon
1 solja rendan Cheddar (zolt kaskaval)
sol i biber


Suvoto grozje i cranberri se polivaat so ladna voda, da stojat 1 - 2 minuti.
Brocclito se mie se sece, kromidot se secka, se stavaat przenata slaninai suvoto grozje. Se renda sirenjeto.
Vo poseben sad se pravi prelivot. Se stava majonezot, kis. mleko, biber , so li se spojuva masata.
Potoa se mesaaat dvete smesi.