Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Политика (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=2)
+--- Thread: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ (/showthread.php?tid=37)

МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - Pirinec-Vrhovist - 30-12-2009

МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ

[Image: 0CFAF276B04E2340ADC29FEFD0E45FA3.jpg]

Какво е расположението во Македонија спрема соседите и кон главните светски фактори. Што мислат Македонците, а што мислат Албанците

Пишува: Синиша Станковиќ

Иако властите во Македонија, барем декларативно, опстојуваат на ставот дека продолжуваат со реформската агенда и дека и понатаму ќе го вложуваат максимумот за остварување на со консензус прифатениот план за влез во НАТО и во ЕУ , и децидно порачуваат „нема да бидеме скршени од ова што ни се случи, ќе продолжиме да се бориме за нашите евроатлантски интеграции“ (Никола Груевски), фолклорните протести под прозорците на Ерван Фуере („Ни наредија спонтано да се организираме и да протестираме!“; „Шефот рече дека ќе ни одбие две дневници ако не излеземе на протест!“) зад кои стојат организации под чадор на ВМРО-ДПМНЕ, и спротивставените изјави на претставниците на власта со кои се поттикнува евроскептицизам и уште повеќе се вжештува атмосферата настаната по ширењето лажен оптимизам и по разбирливото незадоволство од „корпата“ која Македонија ја доби од ЕУ на 7 декември, го зголемуваат сомнежот во вистинските намери на владеачката партија. Од една страна, и покрај сите таламабаси за цврстата определба за ЕУ и НАТО, власта на премиерот Груевски и пред и по најновиот пораз во Брисел, не излезе со јасен став пред јавноста - за каква Македонија се залага (криејќи се зад економијата, која навистина не само по нејзина вина доживува катастрофа, актуелната Влада ги батали проблемите во меѓунационалните односи, паралелно подгревајќи ја недовербата кон соседите и „внатрешните непријатели“), а од друга страна, со сеењето страв, билдањето национализам и создавањето хаос во сите сфери на живеачката, си создава и за во иднина широк простор за лов во матно и за доисцедување и на она малку што остана во се победната држава. И последните настани најдобро илустрираат дека власта во Македонија не е евроскептична, туку дека едноставно е вџашена од страв од сето она што приближувањето до ЕУ го носи со себе.

ОДРЖУВАЊЕ НА СТРАВОТ Се додека не почнат да „дуваат некои други ветрови од Грција“ кои ги чека премиерот Никола Груевски, Македонија и нејзините граѓани ќе треба да преживеат како знаат и умеат. И, за разлика од досегашниот кукавичлак на власта, да најдат храброст да се соочат со наметнатите митови и заблуди. Можеби и некој во власта треба конечно да најде кураж, доблест и време и да се обиде да ги сослуша и добронамерните совети на евроамбасадорот, за Македонија да не продоле'и со тонењето во изолација, кое веќе има тешки последици. Се додека Европејците порачуваат дека го разбираат разочарувањето, и дека е „легитимно правото на изразување на своето мислење со мирни протести“, а домашните патриоти, дел од армијата привремено вработени партиски војници, им скандираат дека „не им треба таква Европа“, меѓу Брисел и Скопје ќе има пречки на врските. А поради политичкиот курцшлус, граѓаните на Македонија ќе останат во наметнатата им темница.

За расположението и реакциите во јавноста по бриселската одлука на министрите на ЕУ, се' уште, не е направена анкета. Во недостаток на најнови податоци, „Глобус“ ги објавува резултатите и коментарите на истражувањето за расположението на македонската јавност во постбукурешкиот период, кое Агенцијата за испитување на јавното мислење и комуникации „Рејтинг“ го спроведе од 18-21 јануари годинава. Истражувањето е направено врз репрезентативен примерок од населението на Македонија, по пат на телефонски интервјуа, со кои биле опфатени 1.080 полнолетни граѓани, а неговите резултати се илустративни и за актуелниот политички момент во Македонија.

Со оглед дека разрешницата на спорот околу името е одложена на неодредено време, во целосната неизвесност, оистануваат истите надежи, и сомневања. Кој и помага на Македонија во „битката за името“, а кој и одмага? - според агенцијата „Рејтинг“ е прашање на кое се добиваат различни одговори. Но, речиси секој македонски граѓанин има свој став за политиката на соседните држави, на НАТО и на ЕУ, како и на големите сили САД и Русија.

СОСЕДСТВО Според истражувањето, анкетираните граѓани на Македонија, главно, немаат доверба во политиките што ги водат соседните држави кон Македонија. Како што може да се види од графиконот бр.1 најмалку и веруваат на Грција (само 4%), потоа на Бугарија (17%), па на Србија (20%) и на Албанија (24%). Дали треба овој висок процент на недоверба на македонското население кон политиките на соседните држави да ги загрижи сите во државава, политичките лидери кои можеби така ги претставуваат соседните или оние медиуми кои помагаат во одржувањето на стравот од нив. Сосема е умесно и прашањето дали оваа перцепција на македонските граѓани не треба да ги загрижи и некои од соседите и нивните политички лидери кои веројатно се грижат и за угледот на нивната земја во соседството.

Секако Македонија е етнички поделено општество и од интерес на овој вид анализи се одговорите на граѓаните од двете најголеми етнички заедници, Македонците и Албанците. Како што може да се види од графиконот бр. 2 во кој се поместени само одговорите на етничките Македонци, нивната довереба во политиката на Србија кон Македонија изнесува 24%, кон политиката на Бугарија 16%, кон политиката на Албанија 10%, а кон политиката на Грција само 3%. Кај граѓаните на Македонија од албанско етничко потекло (како што може да се види на графиконот број 3), најголема е довербата кон политиката на Албанија (дури 70%) па потоа на Бугарија (20%) на Грција (7%) и најмала кон политиката на Србија (2%). Овие наоди се сосема реални и очекувани. Етничката блискост на населението во Македонија со народите во соседните држави има влијание врз различната перцепцијата на нивните политики. Но ова открива уште една појава. Појавата би можеле да ја наречеме „Македонија тоа сме ние, односно мојата етничка заедница“! Оттука, дури 70% од Албанците во Македонија на пример, политиката на Албанија кон Македонија ја оцениле како добра, па дури и заштитничка, а политиката на Србија кон Македонија како лоша (дури 86%). За разлика од нив, само 10% од Македонците сметаат дека политиката на Албанија кон Македонија е добра или искрена, а 61% оцениле дека не е добра. За разлика од Албанците, 24% од Македонците рекле дека политиката на Србија кон Македонија е добра, а мнозинството, како и Албанците, исто така рекле дека таа политика не е добра.

РОДНИНСКА ПОВРЗАНОСТ Во анализата на „Рејтинг“ е воведен уште еден елемент кој е малку истражуван во Македонија: како врз ваквите перцепции влијае роднинската поврзаност на граѓаните од Македонија со граѓаните од соседните држави и колкава е таа?

Едно од прашањата за граѓаните на Македонија во истражувањето, гласеше: Имате ли роднини во Србија, Бугарија, Грција, Албанија или на Косово? Иако за крвното сродство на Албанците можеше со поголема сигурност да се претпоставува, за одговорите на Македонците не можеше со сигрност да се постави ниту една хипотеза. Од одговорите (претставени во графиконот бр. 4) може да се види дека: граѓаните на Македонија најмногу роднини имаат во Србија (34%), потоа на Косово (12%) па во Бугарија (12%), во Албанија 7% и во Грција исто така 7%. Општо земено, граѓаните на Македонија се прилично добро роднински поврзани со своите соседи. Но постои една голема разлика во природата на роднинските односи на Македонците и Албанците. Роднините на Македонците во Грција, Бугарија па и Србија таму живеат како непризнаено или (во Србија) признаено национално малцинство, а роднините на Албанците во Албанија живеат во сопствена држава, па оттука, перцепцијата на Македонците, веројатно за политиките на државите кон Македонија е и дел од перцепцијата на политиките на тие држави кон Македонците, во Бугарија, Грција и Србија и Албанија, а перцепцијата на Албанците кои живеат во Македонија за политиката на Албанија кон Македонија е и дел од перцепцијата за политиката на Албанија кон нив во Македонија. Ако се погледнат податоците за роднинските односи на граѓаните на Македонија со соседните земји според етничката структура (прикажано во графиконот 5), се дознава следното: дека дури 41% од Македонците имаат роднини во Србија, 13% имаат роднини во Бугарија, 1% во Албанија, 2% на Косово и 8% во Грција. За разлика од нив, графикон бр.6), 42% од Албанците што живеат во Македонија изјавиле дека имаат роднини на Косово, 25% од нив имаат роднини во Албанија, 11% во Србија 4% во Бугарија и само 1% во Грција. Оттука е сосема јасно зошто кога доаѓа до судир меѓу Србите и Албанците на Косово или во врска со Косово, тоа не останува без видливо зголемување на тензиите и во Македонија.

ЕУ, НАТО И ГОЛЕМИТЕ СИЛИ. Според одговорите на сите анкетирани граѓани, (графикон бр.7) 44% од населението на Македонија има доверба кон политиката на ЕУ кон Македонија, а немаат доверба 36%. Кон политиката на НАТО имаат доверба 41% а немаат 36%, кон политикта на САД имаат доверба 37%, а немаат 39% и кон политиката на Русија имаат 28% а немаат 44%.

Македонците за разлика од Албанците се поскептични кон политиката на НАТО, ЕУ и САД кон Македонија, а во мал процент имаат поголема доверба во политиката на Русија кон Македонија. Така, на пример, ако се видат податоците (графикон бр.8) само 32% од Македонците имаат доверба во политиката на НАТО кон Македонија, само 36% од нив имаат доверба во политиката на ЕУ кон Македонија, само 27% имаат доверба во политиката на САД кон Македонија, а 34% се изјасниле позитивно за политиката на Русија кон Македонија.

Оваа состојба на свеста кај граѓаните од македонско етничко потекло и реално ова незадоволство и недоверба, се веројатно предизвикани од притисокот што Македонија и нејзините граѓани го чувствуваат во овој период околу името на државата. Сето тоа е пак, поврзано и со перипетиите околу влезот во НАТО, со започнувањето разговори за членство со ЕУ, со улогата на Грција во тие процеси, и со Резолуцијата за името во Конресот на САД. Довербата кон политиката на Русија, исто така, не е голема, но недовербата е малку помала од недовербата, веројатно токму затоа што таа меѓу првите ја призна Македонија под уставното име.

За разлика од Македонците, (графикон бр. 9) дури 74% од Албанците во Македонија имаат доверба во политиката на ЕУ кон Македонија, 70% имаат доверба во политиката на САД кон Македонија, 69% имаат доверба во политиката на НАТО кон Македонија и само 8% имаат доверба во политиката на Русија кон Македонија.

Секој може да извлече свој заклучок од овие податоци. Но, се наметнува впечатокот дека Македонија е под стрес, и граѓаните ја губат довербата во соседите, во големите сили па и во НАТО и во ЕУ. Дали е таа делумно и резултат на префрлање на вината за состојбите од македонските политички елити врз соседите, врз ЕУ, НАТО и големите сили или е само реакција на случувањата околу името на Македонија, нејзиното условување за членство во НАТО, строгиот визен режим што на граѓаните им го имааат наметнато земјите од Унијата - е прашање кое треба понатаму да се истражува. Но, факт е дека сето тоа негативно влијае врз нашата самодоверба и им дава шанси на евроскептицизмот и на изолационизмот во Македонија.

http://www.globusmagazin.com.mk/default.asp?ItemID=A00D75B480E9B549B51C70EA006C2918

RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - mara-popara - 31-12-2009

(30-12-2009, 03:59 PM)Pirinec-Vrhovist Wrote: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ

[Image: 0CFAF276B04E2340ADC29FEFD0E45FA3.jpg]

Секако Македонија е етнички поделено општество и од интерес на овој вид анализи се одговорите на граѓаните од двете најголеми етнички заедници, Македонците и Албанците. Како што може да се види од графиконот бр. 2 во кој се поместени само одговорите на етничките Македонци, нивната довереба во политиката на Србија кон Македонија изнесува 24%, кон политиката на Бугарија 16%, кон политиката на Албанија 10%, а кон политиката на Грција само 3%.

Оттука, дури 70% од Албанците во Македонија на пример, политиката на Албанија кон Македонија ја оцениле како добра, па дури и заштитничка, а политиката на Србија кон Македонија како лоша (дури 86%). За разлика од нив, само 10% од Македонците сметаат дека политиката на Албанија кон Македонија е добра или искрена, а 61% оцениле дека не е добра. За разлика од Албанците, 24% од Македонците рекле дека политиката на Србија кон Македонија е добра, а мнозинството, како и Албанците, исто така рекле дека таа политика не е добра.

Mnogu interesna anketa.
Prvo shto padja vo oci e nesrazmerot vo doverbata kon politikata na nashite sosedi. Koga se chitaat vesnici i se sledat Forumite se dobiva vpechatok deka doverbata kon politikata na Bugarija treba ba bide nula ili pod nulata. A doverbata kon politikata na Srbija pak bazirana na pishuvanje na vesnicite bi trebala da bide mnogu povisoka, okolu 80%.

Vtorata i mnogu pozastrashuvachkata rabota e koga ke se poglednat odgovorite za Albanija i razlikite vo odgovorite na Albancite i Makedoncite. Tuka najubavo se otslikuva gradeniot so godini antagonizam pomedju Makedoncite i Albancite. Ovaa mnogu jasno ukazuva shto bi se sluchilo i kavi posledici bi imalo po Makedonija vo nekoj iden konflikt, koj postoi kako moznost. Dali vo Preshevskta dolina, dali na sever na Kosovo vo Mitrovica.

RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - mara-popara - 31-12-2009

(30-12-2009, 03:59 PM)Pirinec-Vrhovist Wrote: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ

ЕУ, НАТО И ГОЛЕМИТЕ СИЛИ. Според одговорите на сите анкетирани граѓани, (графикон бр.7) 44% од населението на Македонија има доверба кон политиката на ЕУ кон Македонија, а немаат доверба 36%. Кон политиката на НАТО имаат доверба 41% а немаат 36%, кон политикта на САД имаат доверба 37%, а немаат 39% и кон политиката на Русија имаат 28% а немаат 44%.

Македонците за разлика од Албанците се поскептични кон политиката на НАТО, ЕУ и САД кон Македонија, а во мал процент имаат поголема доверба во политиката на Русија кон Македонија. Така, на пример, ако се видат податоците (графикон бр.8) само 32% од Македонците имаат доверба во политиката на НАТО кон Македонија, само 36% од нив имаат доверба во политиката на ЕУ кон Македонија, само 27% имаат доверба во политиката на САД кон Македонија, а 34% се изјасниле позитивно за политиката на Русија кон Македонија.

Оваа состојба на свеста кај граѓаните од македонско етничко потекло и реално ова незадоволство и недоверба, се веројатно предизвикани од притисокот што Македонија и нејзините граѓани го чувствуваат во овој период околу името на државата. Сето тоа е пак, поврзано и со перипетиите околу влезот во НАТО, со започнувањето разговори за членство со ЕУ, со улогата на Грција во тие процеси, и со Резолуцијата за името во Конресот на САД. Довербата кон политиката на Русија, исто така, не е голема, но недовербата е малку помала од недовербата, веројатно токму затоа што таа меѓу првите ја призна Македонија под уставното име.

За разлика од Македонците, (графикон бр. 9) дури 74% од Албанците во Македонија имаат доверба во политиката на ЕУ кон Македонија, 70% имаат доверба во политиката на САД кон Македонија, 69% имаат доверба во политиката на НАТО кон Македонија и само 8% имаат доверба во политиката на Русија кон Македонија.

Dali ludjevo vo Makedonija koga ke gi vidat rezultative od anketava i ke napravat sporedba kako razmisluvaat Makedoncite a kako Albancite ke razberat deka tuka lezi problemot a ne vo NATO, EU, SAD

RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - hristo - 02-01-2010

(31-12-2009, 12:48 AM)mara-popara Wrote:

Некои центри во Македонија, намерно ја шираат таа недоверба кон соседите. Креирање на внатрешни и надворешни непријатели е многу познат модел на создавање на услови на “ затворена келија’ каде ветрови од околината нема да се протната. А, во “ затворената келија“...рај за владетелите.

RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - mara-popara - 05-01-2010

(02-01-2010, 01:37 PM)hristo Wrote: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ

Некои центри во Македонија, намерно ја шираат таа недоверба кон соседите. Креирање на внатрешни и надворешни непријатели е многу познат модел на создавање на услови на “ затворена келија’ каде ветрови од околината нема да се протната. А, во “ затворената келија“...рај за владетелите.

Kako da veruvash na vakvi ponudi:

Белград подготвен да посредува во спорот за името
Сафет Бишевац Коментари (10)

05.01.2010 16:02
Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ се понуди да посредува во македонско-грчкиот спор околу името. „Подготвени сме да посредуваме во решавањето на спорот меѓу Грција и Македонија. Сакаме да бидеме дел од решението, а не како во минатото - дел од проблемот.“

Ова го изјави Тадиќ во обраќањето пред амбасадорскиот совет, чиј специјален гостин е грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Говорејќи за односите со Македонија, српскиот претседател изрази подготвеност не само да се решат меѓудржавните, туку и односите меѓу двете цркви - СПЦ и МПЦ.

Грчкиот премиер Папандреу вчера во интервју за белградскиот весник „Вечерње новости“ ја повика Македонија во решавањето на спорот за името да се најдат на половина пат.

Ние прифативме во името да биде содржан зборот „Македонија“, сега очекуваме Скопје да го направи својот чекор, изјави Папандреу.

Папандреу вчера, а Тадиќ денеска како реален го оценија планот на Грција - земјите од Западен Балкан да станат членки на ЕУ во 2014 година.

Локомотивата на експресниот воз кон Брисел за остатокот на Западен Балкан, каде припаѓа и Македонија, според Атина треба да биде Белград.

За Македонија тоа е прилично разочарувачки со оглед на фактот дека беше првата земја која ја потпиша спогодбата за асоцијација и втора земја кандидат во 2005 година.

Vesta od Belgardaskite glasila se razlikuva:

Tadić: Četiri prioriteta srpske spoljne politike

Tadić je istakao da je Srbija poslednjih godina postigla značajan napredak u odnosima sa Slovenijom, Mađarskom i Rumunijom, pomenuvši i tradicionalno prijateljstvo sa Grčkom.
On je rekao da u regionu ne smeju ostati zapostavljeni odnosi sa Albanijom, dok je povodom odnosa Srbije i Crne Gore rekao da je Srbija bila pogođena priznanjem nezavisnosti Kosova od strane crnogorske vlasti, ali je ocenio da većina građana Crne Gore to nikada neće podržati.
Tadić je u razgovoru s Papandreuom, naglasio da je Srbija spremna da posreduje u dve decenije dugom sporu između Atine i Skoplja vezanom za ime Makedonije, koji je već dva puta odložio evropske integracije bivše jugoslovenske republike.
"Srbija je uvek u prilici da posreduje u rešavanju pitanja koja muče Makedoniju", rekao je srpski predsednik u razgovoru sa grčkim premijerom, iskazavši spremnost vlasti u Beogradu da posreduju u sporu između Atine i Skoplja
http://www.pressonline.rs/sr/vesti/vesti_dana/story/95057/Tadi%C4%87:+%C4%8Cetiri+prioriteta+srpske+spoljne+politike.html

Грчка историјски пријатељ

Србија и Грчка су историјски партнери и пријатељи, оценио председник Србије Борис Тадић, после разговора са премијером Грчке Јоргосом Папандреуом. Грчка се залаже за то да се Западни Балкан нађе у ЕУ 2014. године, изјавио грчки премијер.

I eden komentar pod vesta:

Dobro došao prijatelju
Uvek dobro došli prijatelji iz Grčke.
Treba otvoreno reći prijatelju da mi nikad nećemo priznati ime BJRM kao Makedonija, toliko smo dužni prijatelju.
Kroz razne komentare u poslednje vreme, jasno se vidi stav gradjana Srbije, nemaju nikakav istorijski ni bilo koji drugi dokaz da Skoplje-državica zaslužuje ime Makedonija, i tako mora da ostane.
Nisam siguran koji je grčki predsednik, davno rekao, SRBIJA I GRČKA SU SE UVEK GRANIČILE I TAKO MORA DA BUDE...e, sad kako.
Još jednom, pomozimo prijatelju, a ovi, pogotovu posle priznavanja KiM, ne zaslužuju nikakvu pažnju.
Kao gradjanin Srbije, ne mogu mnogo da utičem na spoljnu politiku, ali hoću da se čuje moj glas, a nije jedini

http://www.rts.rs/page/stories/ci/story/1/%D0%A1%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0/411031/%D0%93%D1%80%D1%87%D0%BA%D0%B0+%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%99.html

RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - mara-popara - 06-01-2010

Dve viduvanja.
Javno iskazan zbor od :

Долгогодишната аналитичарка на македонско-српските односи Лилјана Јаковлевска вели дека е нескриена намерата на Белград да се промовира во регионален лидер, шанса што ја имаше Македонија, но ја прокоцка.

- Србија проценува дека Македонија никогаш не била поранлива и затоа го користи моментот да ја преземе улогата на клучен арбитар, кој ќе ги решава регионалните прашања на добрососедство. Иницијативата не е искрена, но е прагматична - да се употреби силната позиција на Грција во ЕУ и слабоста на Македонија за Белград да се наметне како лидер на Балканот. Пред да заземам дефинитивен став, љубопитна сум да го слушнам коментарот на премиерот Груевски, со оглед на тоа што оската север-југ е исклучително активна за нашето прашање. Ако треба да се избира помеѓу Солана и Тадиќ, би го избрала Солана, зашто мислам дека Тадиќ ја води истата политика кон регионот како Милошевиќ, само со други средства - вели Јаковлевска.

I anonimen :

Македонски дипломат, кој инсистира на анонимност, смета дека не треба целосно да се отфрла оваа идеја. Преговорите се водат под покровителство на Обединетите нации, но зошто да се испушти можноста да се отвори нов неформален канал за пренесување пораки, прашува тој и потсетува дека во изминатите неколку години имало примери на пренесување пораки меѓу властите во Скопје и во Белград за регионални прашања.

- Наместо да се плашиме дека ова е нов заговор против нас од традиционалните пријатели Грција и Србија, мислам дека претседателот Иванов веднаш треба да му се јави на Тадиќ и да го праша што навистина стои зад иницијативата и што разговарал со Папандреу. Мора да го правиме тоа затоа што сме дотерани до ќош. Тадиќ има коректен однос кон прашањето за името, пред се', поради заедничкиот живот во СФРЈ и тоа повеќепати го потврдил. Македонија мора да калкулира со фактот дека Србија отсега натаму ќе биде највидливата балканска држава во Европа - вели соговорникот на „Дневник“.

Zoshto anonimen,??? ako veruva vo toa shto go zboruva zoshto se krie. Ili pak .....

RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - hristo - 06-01-2010

Нашата мака околу спорот со Грција, ке ја користат и другите за афирмациј и промоции на свои интереси. Така е било и ке биде.

RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - mara-popara - 08-01-2010

(06-01-2010, 04:51 AM)mara-popara Wrote: Dve viduvanja.
Javno iskazan zbor od :

Долгогодишната аналитичарка на македонско-српските односи Лилјана Јаковлевска вели дека е нескриена намерата на Белград да се промовира во регионален лидер, шанса што ја имаше Македонија, но ја прокоцка.

- Србија проценува дека Македонија никогаш не била поранлива и затоа го користи моментот да ја преземе улогата на клучен арбитар, кој ќе ги решава регионалните прашања на добрососедство. Иницијативата не е искрена, но е прагматична - да се употреби силната позиција на Грција во ЕУ и слабоста на Македонија за Белград да се наметне како лидер на Балканот. Пред да заземам дефинитивен став, љубопитна сум да го слушнам коментарот на премиерот Груевски, со оглед на тоа што оската север-југ е исклучително активна за нашето прашање. Ако треба да се избира помеѓу Солана и Тадиќ, би го избрала Солана, зашто мислам дека Тадиќ ја води истата политика кон регионот како Милошевиќ, само со други средства - вели Јаковлевска.

I anonimen :

Македонски дипломат, кој инсистира на анонимност, смета дека не треба целосно да се отфрла оваа идеја. Преговорите се водат под покровителство на Обединетите нации, но зошто да се испушти можноста да се отвори нов неформален канал за пренесување пораки, прашува тој и потсетува дека во изминатите неколку години имало примери на пренесување пораки меѓу властите во Скопје и во Белград за регионални прашања.

- Наместо да се плашиме дека ова е нов заговор против нас од традиционалните пријатели Грција и Србија, мислам дека претседателот Иванов веднаш треба да му се јави на Тадиќ и да го праша што навистина стои зад иницијативата и што разговарал со Папандреу. Мора да го правиме тоа затоа што сме дотерани до ќош. Тадиќ има коректен однос кон прашањето за името, пред се', поради заедничкиот живот во СФРЈ и тоа повеќепати го потврдил. Македонија мора да калкулира со фактот дека Србија отсега натаму ќе биде највидливата балканска држава во Европа - вели соговорникот на „Дневник“.

Zoshto anonimen,??? ako veruva vo toa shto go zboruva zoshto se krie. Ili pak .....

Од Тадиќ не бива олеснувач

- Ја слушнав изјавата на Папандреу и добив впечаток дека понекогаш грчката страна го говори тоа што сака да го слушне Брисел, а го прави тоа што сакаат да го видат грчките граѓани - рече премиерот Груевски. Предлогот на Тадиќ аналитичарите го оценуваат како провокативен. Србија на тој начин сака да се самопромовира пред Европската унија како држава што е извор на стабилност во регионот. Според експертите, ваквата понуда има скриени намери имајќи го предвид односот на Србија кон Македонија во минатото. Поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ пред 17 години му понуди на тогашниот негов грчки колега, Константин Мицотакис Србија и Грција да ја поделат Македонија. Дека српско-грчкиот сојуз на сметка на Македонија не е мртов потсетија и неодамнешните изјави на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, кој рече дека неговата држава е на страната на Грција и дека „има целосно разбирање“ за грчките ставови во спорот за името. На оваа изјава реагираше македонскиот државен врв, по што следеше официјална изјава на Белград дека не ја променил политиката кон Македонија, односно дека ја признава под нејзиното уставно име. Македонија и Србија имаат отворено прашање во односите меѓу црквите, и тоа ја прави Србија неповолен „кандидат“ за посредништво, предупредуваат експертите. Неодамна, на средбите со македонскиот врв, Тадиќ се понуди и да посредува во црковниот спор меѓу МПЦ и СПЦ, но тоа помина без ефекти.
- Кога ќе видите дека ние и покрај добрите односи со Србија имаме едно поле на затегнатост што се нарекува Косово, кога ќе видите дека со Грција имаме ирационален проблем што го загрозува постоењето на државата, како можете да очекувате во еден таков контекст, кој било од двајцата, особено Белград, да ви се најде и да ви помогне - вели аналитичарот Слободан Чашуле.
Според него, играта на Тадиќ за сопствена потреба, „колку и да звучи наивно на едно ниво, ако фати корен, може да биде опасно“.
Celiot tekst :Од Тадиќ не бива олеснувач

Makedoncite poleka no sigurno se "treznat" od "pijanstvoto"......

RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - hristo - 08-01-2010

[/quote]

Quote:Од Тадиќ не бива олеснувач

За жал, во однос на Србија, некои Македонци станаа алкохоличари, што ке каже неизлечиви случаиParty1

RE: МАКЕДОНИЈА НЕ МУ ВЕРУВА НИКОМУ - mara-popara - 13-01-2010

(08-01-2010, 06:57 PM)hristo Wrote: За жал, во однос на Србија, некои Македонци станаа алкохоличари, што ке каже неизлечиви случаиParty1

Neznam Hristo dali si go videl tekstov i fotografijava:

Традиции: марионетски македонизам

Стисокот на “братската” српска прегратка

[Image: tadic-gruevski.jpg]

Заебаваат Србите. А што да се прави кога им се може. Српската политика сосема оправдано, тргнувајќи од авторските права што ги има врз едно од лицата на македонизмот, во нивниот случај она грдото “made by Novakovic, Garasanin, Pasic & co.“, минатата недела преку нивниот претседател Борис Тадиќ во истот, патем речено времеснки континуиран заебантски дух, ни се препорача како нов медијатор во македонско-грчкиот спор со нашето име. Дури при таквата препорака Тадиќ додал дека “и Србија сака да биде дел од решението“!? Овде, за волја на вистината се искоментира тука и таму по медиумите, не и од политичарите, за медијаторскиот предлог и со биран, ама строг речник предлогот дури беше отфрлен (Груевски и Црвенковски не бекнаа), додека за забелешката дека “и Србија сака да биде дел од решението“ не чувме ниту прочитавме некој овдешен став. Појела маца језик - што би рекле Србите. Секако цинизмот на предлогот на Тадиќ можеби не лежи во толкава мера во неговата (српска) желба да биде медијатор, колку во намерата тие да биле некакво решение на проблемот којшто токму српската политика, како своевиден духовен ментор на актуелниот македонистички систем (Грците ни доаѓаат како негов материјален дел, тело...), активно работи никако да не се реши! Добро што беше Тадиќ, оти ако го пуштеа оној јуноша Јеремиќ, кој веќе длабоко зафаќајќи се со кумството, можеше назочниот така забрефтан да го прекрсти и Скопје во, на пример, Букефал Сити. Нејсе, ваквите позици на актуелната српска политика се сосема разбирливи. Србија во изминативе неколку години успеа во голема мера да го редефинира својот меѓународен политички статус приближувајќи се до Западот, без којзнае колку во иста мера да се оддалечува од “стратешкиот“ (или подобро кажано зависничкиот) партнер Русија. Пред таа политика, која што истовремено е свртена и кон какво-такво внатрешно економско и политичко консолидирање, останаа отворени неколку важни прашања – Хашкиот трибунал, односно испорачувањето на генералот Младиќ, состојбата во дејтонска Босна и Херцеговина и најгорливото, Косовската независност. Тадиќ, во моментов како неспорен српски лидер, силно наметнувајќи ги евроинтеграциите како национален приоритет, сепак со овие прашања ќе мора да се соочи доколку сака да нема попречувања во евроинтегративната агнеда за неговата земја. Најоптимистичките прогнози на западноевропските аналитичари говорат дека тој процес на српско асоцирање во ЕУ би траел од пет до осум години. Но велиме тоа се најопстимистички предвидувања. Во таквите околности Тадиќ се одлучува на задржување на актуелното динамично или иницијативно темпо во односите со Западот балансирајќи меѓу внатрешните и надворешните коњуктури, по однос на главните препреки што се испречени пред таа држава. Српското влијание во Босна, Косово и Македонија, за Тадиќ е аргументација којашто тој, како што се гледа и од неговата посредничка понуда во нашиот случај, има намера максимално да ја исползува во рамките на натамошното приближување на Србија кон Унијата. Само наивните и неупатените, а такви, плус будали, има мнозинство во Македонија, можат да се сомничат во тврдењето дека ова што од почетокот на деведесетите наваму и се случува на Македонија не е плод, меѓу другото, и на конкретните српски политички замешателства во македонцките политички рабоќе. И тоа како сме им големи “должници“! Според тоа, посредничкиот предлог на Тадиќ треба да се разбере и како тренд, насока кон која што цели српската политика во регионот: додека Босна или Косово или Македонија се движат, ако воопшто се движат, во своите реформски, западно интегративни, процеси со брзина на полжав, Србија, тоа го прави, споредено со нив, далеку позабрзано, и на нивна сметка, демонстрирајќи истовремено сила да влијае и во пошироки политички контексти. Се разбира, евидентно е дека и меѓународната заедница е свесна за ваквите состојби и тенденции, па оттаму за српската политика е мошне важно како и со што ќе излезе на пазарење со Унијата. Во тој смисол, Македонија треба да се разбере како соодветна трговска марка чија што употребна вредност се обидува да ја исползува српската политика како своевиден регионален фактор. Затоа, јасно е дека “посредничката“ иницијатива на Тадиќ не е толку адресирана овде колку кон Брисел или Вашингтон – фино спакувана порака за регионалната “моќ“ на Србија (со разни фусноти внатре што кој како сака може да ги толкува, некои дури и како закана), по стариот руски (путиновски) рецепт за политичко пазарење на сметка на потенцијални политички проблеми. Што да се бафтаат со Младиќ кога имаат доволно “капацитет“ да им го свртат фокусот на интерес на Европејците кон падни-стани државата ФИРОМ или по нашки Република Македонија. На крајот на краиштата српските потези што во изминатиов период се прават на сметка на македонската иднина, токму се насочени во правец на дерогирање на овдешните евроинтегративни дострели и нивно ставање во редот на спрските проекции за тоа каков треба да биде редот во западниот Балкан.