Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ДАЛИ Е ЧЕДО НА СЛУЖБАТА - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: МАКЕДОНСКО ДНО: ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НОВИНАРИ ДИРИГРАНИ ОД .... (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=29)
+--- Thread: ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ДАЛИ Е ЧЕДО НА СЛУЖБАТА (/showthread.php?tid=3645)



ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ДАЛИ Е ЧЕДО НА СЛУЖБАТА - ЈорданПетровски - 18-06-2017

Quote:  Се формира нова партија ''ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА''




17.06.2017
Нов политички субјект наскоро ќе се појави на политичкат сцена во Македонија.

Политичката партија ''Единствена Македонија'' ќе биде новата опција која ќе се појави на политичката сцена - дознава Охрид 1 од свои извори во потесниот круг на основачите и финансиерите.

Како што дознаваме процедурата за регистрирање на партијата е во тек, а веќе се остварени контакти со повеќе лица од Скопје и внатрешноста, а партијата трага по нови, неискомпромитирани и чисти лица.

Неофицијално зад оваа партија ќе застанат двајца покрупни бизнисмени од земјава, кои во јавноста се познати како филантропи, спонзори на спортски клубови, а едниот од нив е со двојно државјанство и е носител на една почесна титула и функција.

Партијата во својата политичка доктрина ќе ги има националните и традиционалните вредности како и економијата.

ПАТРИОТСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА ЗА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

Официјално регистрираните патриотски здруженија во земјава, кои се наклонети кон негување на ликот и делото на војводите и борците за слобода на Македонија и Православната вера, веќе се исконтактирани и даваат поддржка за ''Единствена Македонија''.