Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Јаковлевски: ќе има промени во ВМРО-ДПМНЕ - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: ПОЛЕМИКИ (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=24)
+--- Thread: Јаковлевски: ќе има промени во ВМРО-ДПМНЕ (/showthread.php?tid=3572)



Јаковлевски: ќе има промени во ВМРО-ДПМНЕ - ЈорданПетровски - 30-12-2016

Quote:ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, политиките на Заев не пројдоа


Интервју Јаковлевски: Старото членство е незадоволно што изгубивме гласови, ќе има промени во ВМРО-ДПМНЕ


Критики од старото членство има и кон новите функционери кои не ни требаше да се доближат до партијата, а не да добијат високи позиции. Тие се одалечија од народот. Добар дел и на тие што најмногу им помогнавме ни го свртеа грбот.

[Image: 20161229023844.jpg]

29 Декември, 2016 
Манојил Јаковлески, како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, за време на изборите беше ангажиран како координатор на ветераните и старото членство на партијата. Токму тој испрати и пораки дека не треба да се игра со интересите на државата бидејќи правите патриоти ќе реагираат. Со него разговаравме за долгата политичка криза, за се поостриот тон кој го користи ВМРО-ДПМНЕ кон сите свои критичари, па дури и кон своите поранешни членови кои им се спротиставија на изборите. За формирањето на новата Влада, за реформи во државата но, и во самата ВМРО-ДПМНЕ, Јаковлевски вели дека има простор, но одговорност има и кај опозицијата. 

[Image: mane-jakovlevski1.jpg]

Фактор: Се надеваме дека тензијата од изборната кампања нема да се прелее и во овој постизборен период. Беа искажани многу тешки обвинувања, еден повисок тон кон странските амбасадори и за вклученоста на албанските гласови за опозицијата, дали тоа и наштети на партијата?
Јаковлевски: Ова се десети избори по ред и јас кажав ако вака продолжиме да го смениме Уставот секогаш кога вмро е на власт да има избори еднаш годишно за СДСМ да може да победи. За Албанците да разјасниме, јас имам многу повеќе вистински пријатели Албанци, а дел од нив и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Тие си ја сакаат Македонија како своја татковина, тука се родени нивните татковци и дедови. Тие не се согласуваа со кампањата на Зоран Заев за федерализација и двојазичност. Ние Македонците како поделена нација имаме само една македонска држава и тоа на мал процент на вистинската територија, затоа не може да дозволиме некој да ја подели. Им кажав јас и ветераните, старите, тврдокорните членови на ВМРО-ДПМНЕ да не си играат, за да не почнеме ние да правиме проблеми. Западните мешетари направија еден куп проблеми низ светот. Што? Тие ли ќе дојдат овде за да не смируваат, тогаш не ни требаат. Убеден сум дека тие имаат голем дел од вината бидејќи го храбреа Заев дека е Месијата и тој ќе ја води Владата. Тешко на Македонија ако ја води Заев бидејќи таа повеќе нема да биде каква ја познаваме. Народот покажа дека не се сложува со федерализација и двојазичност.

Фактор: Контра поента е дека СДСМ тврди дека кампањата за албанскиот јазик ја водеше за еден граѓански концепт за подобро меѓусебно разбирање. Од друга страна, вашиот коалиционен партнер ДУИ одржа средба со Алијансата на Албанците каде постави платформа за издигнување на албанскиот јазик заедно со други барања кои мора да ги прифати некоја македонска партија за формирање на влада. Дали ДУИ ќе бара премиер или претседател на Собрание, ќе биде ли тоа прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ?
Јаковлевски: Ако ДУИ притиска со овие барања и ја направи истата грешка како ДПА која излезе од Владата во 2008-ма, ќе стане една минорна незначителна партија. ДУИ самата бараше победникот од македонскиот и албанскиот блок да направат коалиција. Ако самата тоа го погази тоа ќе биде нивен крај. ДУИ не очекуваше дека со помош на „Чадорот“ на Заев ќе им биде направена една игра да изгубат гласови и тоа повеќе нема да го дозволат.

[Image: mane-jakovlevski.jpg]

Фактор: Дали се започнати преговорите со ДУИ?
Јаковлевски: Јас не сум во раководството и во тие органи на партијата кои се одговорни и тоа не можам да го знам, но би требало деновиве да започнат преговорите.

Фактор: Во кампањата се вели дека граѓаните најмногу се „пие“ од политичкиот отров. Многу лесно се прогласуваат предавници, па дури и ваши поранешни членови кои ви упатија голем број на критики. Може ли тоа да се смири?
Јаковлевски: Има неколку кои се отргнаа од ВМРО-ДПМНЕ и направија огромна штета за себе и за партијата. Ако во 90-тите влегле во ВМРО-ДПМНЕ со чесни намери, како нас поради идеологија и аманететот тогаш немаше така лесно да излезат и јавно да плукаат. Јас на изборите бев координатор на ветераните и старото членство и вистина е дека има незадоволни, има грешки кои треба да се поправат, не е се идеално. Односот кон старите членови треба да се подобри и се работи на тоа. Дел од старото членство сепак, излезе на изборите и гласаше за нас. Кекеновски, Љубе, Стојанче и Георгиевски ни одзедоа 24-25 илјади гласови и нанесоа штета, но не толку на партијата колку на државата. 

Фактор: Самиот збор федерализација многу лесно го користите, а речиси никој не го наметна како реална опција во кампањата ниту ДУИ, ниту СДСМ?
Јаковлевски: Не е така. Еве самиот Заев во Швајцарија збореше за кантоните. Јас сум живеел 30 години во Берлин, Германија. Тврдам дека нема ниту една европска земја која им дала толку права на малцинствата како Македонија. Зошто во Германија и Франција ги бркаат на пример Ромите? Ние имаме министри, градоначалници, директори од сите етнички заедници. Македонија е како мешана салата, ама со вкус. Ако нашиот парламент го има во било која европска земја таа ќе се распадне ви тврдам, ќе се испотепаат меѓу себе. Затоа тие не можат да ни држат лекции за демократија и нема никаква потреба од двојазичност или федерализација. 

[Image: mane-jakovlevski3.jpg]

Фактор: Политичката криза трае предолго, особено во последните две години, постои голема поделеност меѓу народот, особено внатре меѓу Македонците. За сите црни сценарија за кои зборите не би имало простор доколку постои единство, зошто тогаш го ширите овој страв?
Јаковлевски: Кризата точно е дека трае предолго, но решнието е едноставно. Јас го познавам Бранко Црвенковски, доаѓал во Берлин. Тој треба да го фати за уши Зоран Заев и да го тргне од партијата, него и уште десетина лица во партијата. Нас насушно ни треба квалитетна опозиција и ние не сме безгрешни, но ако има кој да ги детектира правилно и ние подобро ќе работиме. 

Фактор: Кога веќе го споменавте Црвенковски и некои млади кадри во СДСМ го критикуваат неговото време, па велат мора да постои кривична одговорност конечно во Македонија за некој политичар со што ќе се направи исчекор напред. Истото важи и за сомнежите за криминал во раководството на ВМРО-ДПМНЕ?
Јаковлевски: Јас велам кој се огрешил нека одговара пред законот, а друго е интересот на државата, сепак треба сомнежите да се докажат. Но, еве што направи СЈО, цела година постои, се партизираше и работи непрофесионално ниту еден предмет не им помина.

Фактор: Да, но критиките се дека не се обезбедени доволно услови, дека судството е под притисок и има бројни институционални пречки?
Јаковлевски: Ако СЈО навистина обезбеди квалитетни докази пред судот од тоа никој не може да побегне. Велат дека судството е партизирано, па да ве потсетиме дека токму СДСМ во еден ден смени 600 судиии, тие за кого работат сега, дали се независни. Јас не се сомневам дека судовите делуваат демократски. Не може кога пресудува во ваша корист да е добар и обратно, тоа се двојни стандарди.

[Image: mane-jakovlevski2.jpg]

Фактор: Груевски побара 63 пратеници но, не ги доби, каде ги гледате грешките. Во кампањата повеќе се насочи на неколку економски мерки, додека пак опозицијата говореше за демократски реформи, подобрување на јавната сфера, на медумите, правосудството. Ако немате правна сигурност, независни институции и критички медиуми, како би имале економска стабилност и прогрес?
Јаковлевски: Вистина е дека се фокусиравме во програмата на економските мерки. Целата програма на 500 страници е економска и тоа е добро за ова време кога невработеноста беше многу висока, со цел да го подобриме стандардот. Но, не се концетриравме на политиките, можеби не ги препознавме намерите на СДСМ да ја активира албанската дијаспора и да дава многу пари за гласови. Не дававме лажни ветувања и да даваме погрешни насоки на луѓето. 

Фактор: Во едно идеално сценарио за вас ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, но ќе има тесно мнозинство. Како ќе се искористи наредниот период, ќе има ли конечно реформи во области кои се нотирани како критични?
Јаковлевски: Постојано зборуваме за диктатура, ако е така како може Заев секоја вечер да излегува на телевизија и да критикува, па до сега би требало да биде уапсен, а него ни влакно не му фали. ВМРО-ДПМНЕ секако, ќе формира Влада, но таа нема да биде стабилна бидејќи немаме големо мнозинство како што баравме 63 пратеници, па можеби за година две ќе имаме нови избори. И во тој период државата ќе функционира ве уверуваме, ние сме навикнати на постојани проблеми. Не за џабе се викаме Македонија, мораме со маки. Ќе излеземе од оваа криза многу посилни. Проблемите со медиумите ќе се решат. Прво треба да се избрка СОРОС и Владата ќе обезбеди пари за помагање на медиумите но, со промакедонска политика, а не за странски интереси. 

[Image: mane-jakovlevski5.jpg]

Фактор: Треба ли ВМРО-ДПМНЕ да се демократизира, бидејќи има перцепција дека е премногу центристичка партија и нема внатрешна дебата, барем така ние ја гледаме однадвор. Има ли критики кон раководството, се бара ли одговорност за нив и промени?
Јаковлевски: Јас реков, не сум дел од раководните органи, но како член ги следам сите процеси. За гласовите кои ги изгубивме, тие што ни ги повлекоа партиите на Љубчо, Љубе и останатите, како и на гласови на кои ние не им посветивме доволно внимание мора да има промени. Критики од старото членство има и кон новите функционери кои не ни требаше да се доближат до партијата, а не да добијат високи позиции. Тие се одалечија од народот. Добар дел и на тие што најмногу им помогнавме ни го свртеа грбот. Некој да ти даде парче леб а, ти да плукаш на него не е христијански. Меѓутоа и самиот претседател Груевски најави дека по изборите ќе има големи промени кои ќе се случат, тие се за доброто на партијата и на државата. Функциите не се вечни, добро е што Груевски е многу ангажиран, има визија како да ја развие Македонија и треба да му оставиме простор да ја продолжи економската програма.

Автор: Христијан Станоевиќ

FAKTOR



RE: Јаковлевски: ќе има промени во ВМРО-ДПМНЕ - ЈорданПетровски - 01-01-2017

Quote:ИЗБОРОТ НА ГРУЕВСКИ БИЛ БОЖЈА ПРОМИСЛА, ВРЕМЕ Е БОГ ДА ЈА ИСПРАВИ ПОГРЕШНАТА ПРОМИСЛА

[Image: c19239c5413540b5ee1f19187e11115e_L.jpg]
 
Јордан Петровски 01.01.2017
На интервјуто на Манојил Мане Јаковлевски дадено за порталот ФАКТОР, кое според мене е ефтин пропаганден памфлет мора да одговорам во интерес на вистината. Бидејки, без да се осознае вистината неможе да се најде решение за излез од кризата во која западна ВМРО ДПМНЕ, а со тоа и Македонија.
Кризата која во партијата кулминира со тешкиот пораз на овие избори е последица на започнатото одалечување на партијата од идеологијата на ВМРО после Кичевскиот конгрес. Одалечување кое кулминира со преименување на партијата во ДВИЖЕЊЕ!
Од моментот кога СДСМ ги објави првите бомби и обидите на Груевски да го превентира тоа со, лаги за Странски служби, Жолти комбиња, "експресното признание" и пресуда без јавна судска постапка на еден вработен во V Управа, како и кој прислушкувал да го изманипулира, поточно излаже првин членството на партијата, а потоа и граѓаните на Р Македонија и со тоа целата партија да стане заложник на тесен круг на луѓе во врвот на партијата. Оваа партиска елита по се се дебело замешани во економски, политички и изборен криминал. Укажував на тоа дека Груевски мора да поднесе оставка од фунцијата Премиер, но и од функцијата Председател на партијата, и не само тој, туку сите членови на партијата кои беа споменати во бомбите се до судска завршница која мораше да се случи после објавата на бомбите. Причина на моите укажувања за оставките лежеше во фактот дека партијата мора да биде без товар во изборите кои ке следат.
Членовите на партијата кои станале дел од ДВИЖЕЊЕТО и кои му давале и даваат подршка на иницијаторот за преминување на партијата во ДВИЖЕЊЕ, по се никогаш и не биле блиски на идеологијата на ВМРО, а не пак да биле членови на ВМРО!
Да се вратам на интервјуто и да ги искоментирам според мене најбитните изјави на Манојила!

Quote:Јаковлевски: ... Меѓутоа и самиот претседател Груевски најави дека по изборите ќе има големи промени кои ќе се случат, тие се за доброто на партијата и на државата. Функциите не се вечни, добро е што Груевски е многу ангажиран, има визија како да ја развие Македонија и треба да му оставиме простор да ја продолжи економската програма.

Промени во ДВИЖЕЊЕТО нема да донесат ништо ново. ДВИЖЕЊЕТО мора да згасне и ВМРО ДПМНЕ повторно да стане партија. Гаснењето на ДВИЖЕЊЕТО го означува и крајот на Груевски на чело на ДВИЖЕЊЕТО, бидејки ДВИЖЕЊЕТО е негов измум, кој ја доведе партијата на губење на ВМРОвскиот идентитет.
Што поскоро треба да се избере привремено раководство, само во привременото раководство не би требело да влезе никој од луѓето кои го подржуваа Груевски.





Не би требело да влезат ниту ЉуПчо, ниту Љубе, ниту пак нивни блиски соработници и подржувачи. Не би требело да влезат ниту лажните "МАКЕДОНИСТИ", творци на аферата РАСКОЛ, афера која ја креираше УДБа! Тоа привремено раководство да организира избори во Општинските комитети. Тие избори мора да бидат слободни за да членството САМОСТОЈНО избере председатели. Во изборите би требело да учествуваат само членови на партијата од пред 1996 година!!
Изборот на председател на партијата неможе и несмее да биде на Конгрес. Изборот и на председателот на партијата МОРА да го прави членството и што е најбитно кандидатите да се самопредлагаат. Да понудат програма, да има отворени дебати померѓу кандидатите! Само така ке се дојде до избор на најдобриот.
Сега за онаа според мене најбитното: проблемот со тоа кои се навистина ОСНОВАЧИТЕ на ВМРО ДПМНЕ, односно како е формирана ВМРО ДПМНЕ. За да работите бидат јасни, треба да правиме разлика помеѓу ОСНОВАЧИ НА ПАРТИЈАТА, процес кој е завршен пред ОСНОВАЧКОТО собрание на 17.06.1990 година и оние кои ја формирале инфраструктурата на партијата, месните комитети, активности после ОСНОВАЧКОТО Собрание!!
Партијата ВМРО ДПМНЕ настанала со спојување на ДПМНЕ и ВМРО СДРМА ПРАВДА!
ДПМНЕ ја формирал Драган Богдановски.
Драган Богдановски според документите со кои јас располагам дури на  17.05.1990 година, со писмо го информира  Гојко Јаковлевски дека ја создал ДПМНЕ!!
ВМРО СДРМА ПРАВДА која е континуитет на ВМРО, ја преставувале нејзините осовачи, луѓето кои ја основале во 1947 година. Овластен преговарач за ВМРО бил Дане Поповски кој е сеуште жив!
Дане Поповски во име на основачите и членовите на ВМРО направил обид 1992 година, преку неделникот ПУЛС да ги истера работите на чистина, да стане јасно на сите кои се ОСНОВАЧИТЕ на ВМРО ДПМНЕ.
Дане покрај другото во писмото јасно кажал дека ВМРО ја раскинува спогодбата за спојување. Дане ја навел и причината. Дане напишал дека: "Мане и оние на кои им служат треба да ги остават четирите букви "ВМРО" чисти ..." и "да продолжат со "ДПМНЕ"" бидејки "четирите златни букви "ВМРО" се големи за вас"!

Писмотo на Дане кое можете да го прочитате до ден денеска нема одговор од прозваните!!
 
 

Quote:[Image: 4AK.jpg]

Затоа зачудува оваа говорење на Манојил Мане Јаковлевски во име на ВМРО, кога според сведочењата на троjцата основачи со кој сум имал можност да разговарам никогаш не бил член на ВМРО, ниту пак основачите го знаеле како симпатизер или подржувач на ВМРО!!
 

Quote:[Image: 20pvv3m.jpg]

Пораките од писмото кои ги цитирав, стануват видливи и за многу од членовите и подржувачите на ВМРО ДПМНЕ особено во периодот кој следи после Кичевскиот конгрес и доаѓањето за амбасадор на Србија во Македонија на Зоран Јаначковиќ.

Освојувањето на власт на вмро ДПМНЕ 1998 година, со начинот на практикувањето на власта и на слепите им ги отвори очите дека целта на рекомпонираниот партиски врв иопштинските раководства беше со цел да нема внатрешен отпор при одстапувањето од идеологијата на ВМРО. Отпор јавно манифестира луѓето кои учествуваа во градењето на партиската инфраструктура на ВМРО ДПМНЕ во Куманово таканареченото "Докторското Крило" кои се обидоа со петиција потпишана од близу 140 члена да се обидат да сменат нешто. Лажните ВМРО вци во врвот на партијата посегнаа по комунистичките мерки, исклучување од партијата. Кога и тој отпор после година и кусур замре, на лажните ВМРО вци веке никој не им стоеше на патот за исполнување на целатер валкање на четирите златни букви ВМРО!! За да читателите се уверат дека ова што го пишувам е точно доволно е да обрнат внимание на две работи, молкот на вмро ДПМНЕ на текстовите на МАКЕДОНОМРАЗАЧИТЕ, Милчин, Тричковски, Грчев, Трајановски, текстови полни со лаги и втората работа е неспроведувањето на лустрацијата според препораките во Резолуците за осуда на комунизмот на Советот на Европа!!
За крај го остави феноменот лустрација. Велам феномен лустрација, бидејки скоро сите кои се членови на ДПМНЕ велат дека биле следени од УДБа! Јас верувам во нивните изјави. Бројката на лицата за кои биле водени досиеа од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини во период после 1991 година, може да се изрази во неколку неколку десетици илјади. Се надевам набргу ке дојде ден, ден кога конечно ке се растури УДБа, па ке добијам и вистинска потврда за тоа .
Феноменот лусртрација е во тоа што никој од врвот и членството на ДПМНЕ не сакаше да се спроведе лустреација според Резолуцијата 1096 на Советот на Европа, лустрација која ке се води во едниствената по устав институција која носи правосилни пресуди со кои виновниците ги казнува а невините ослободува. Институција која дава еднакви шанси и на обвинетите и на обвинителите!
Се надевам Манојил, Доцев, Соколов, Гојко, Б. Змејковски..... ке ми одговорат зошто тие као "ОСНОВАЧИ" не вршеа притисок врз партискиот врв за спроведување на лустрација според препораките содржани во Резолуциите на Советот на Европа.